концет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 24 Mar 2019 14:30:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png концет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Како него нема друг“: Влатко Лозаноски пееше „Jако Jако“ пред македонската публика (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-nego-nema-drug-vlatko-lozanovski-peeshe-jako-jako-pred-makedonskata-publika-foto/ Sun, 24 Mar 2019 09:52:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79008

Некои можеби синоќа поминаa повеќе, а некои можеби помалку „Километри“, но сите патишта водеа кон Арената „Борис Трајковски“ каде што мегаѕвездата Влатко Лозаноски го одржа својот прв солистички концерт. Генерации од млади до возрасни  дојдоа во салата да ги слушат „чедата“ како што самиот Лозано ги нарече своите песни.
Публиката го поздрави со овации, а својот прв солистички концерт пред околу 8 000 присутни го започна со песната „Километри“.
„Надеж“, „Јако, јако“, „Сонце не ме грее“, „Жена како ти“, „Нема ден, нема нoќ“, „Мандарина“ се само дел од песните кои публиката ги пееше во еден глас со Лозано. На сцената  му се придружи и „Некст тајм“ и заедно со Влатко ја отпејаа „Ја излези Ѓурѓо“.
На крајот од концертот Влатко се заблагодари на присутните, но со овации беше вратен на бис и пејачот отпеја уште две песни за своите фанови.
Во публиката можеа да се видат и некои од неговите колеги меѓу кои Тамара Тодевска, Антониа Гиговска, Каролина Гочева, Весна Бејби Петрушевска....
Повеќе од двочасовниот концерт беше вистинско уживање за оние кои беа таму, а Влатко уште еднаш докажа зошто важи за најдобар машки вокал, но и дека добриот квалитет секогаш победува.
Така, тој синоќа победи пред полна сала, победи со музика, победи со енергија, победи со добри хитови. Се надеваме дека овој ќе е прв од низа успшени солистички концерти на македонската ѕвезда. [gallery link="file" ids="79011,79012,79013,79014,79015,79016,79017,79018,79019,79020,79021,79022,79023,79024"]]]>