концертна сезона – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 May 2022 08:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png концертна сезона – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Беквалац ги почести своите фанови со едноставен костим за капење, а потоа нешто си вети себеси (фото+Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-bekvalac-gi-pochesti-svoite-fanovi-so-ednostaven-kostim-za-kapenje-a-potoa-neshto-si-veti-sebesi-foto-video/ Wed, 04 May 2022 08:51:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248470

Пејачката Наташа Беквалац, со своите следбеници сподели нова фотографија во едноставен  костим за капење и напиша навистина охрабрувачка и мотивирачка порака под фотографијата. Пејачката со една реченица му се заблагодари на одморалиштето за  вниманието што го добива, а во исто време, таа си даде мотивациска порака себеси, а веројатно и за многу други жени. Фотографирана е направена во  Црна Гора каде пејачката седи на плетена клупа, во преден план  ги истакнала тенките долги нозе, а на неа носи само  едно парче едноставен  црн  костим за капење.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

„Во иднина, ќе бидам нежна и внимателна со себе ...“, напиша таа во описот на фотографијата. Беквалац во Будва ја отвори концертната сезона  со свои настапи во најпознатите клубови, а на Инстаграм исто така сподели неколку видеа од првиот концерт на море оваа година. Пејачката  беше  облечена во светкав  комбинезон  со долги ракавици , а публиката уживаше во атмосферата.
 
Фото:Принтскрин/Инстаграм/bekvalceva]]>

Во чест на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев: „Танец“ новата концертна сезона ја почнува во Делчево https://arhiva.vistina.com.mk/vo-chest-na-150-godishninata-od-ragjanjeto-na-goce-delchev-tanec-novata-koncertna-sezona-ja-pochnuva-vo-delchevo/ Thu, 10 Mar 2022 14:03:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242692

Со денешниот концерт во Делчево, по подготовките во сѐ уште важечките сложени епидемиолошки услови, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ја најавува својата богата и динамична домашна и меѓународна концертна сезона, насловена „Печат на времето“. Како што информираат од „Танец“, новата сезона, ансамблот ќе ја започне токму во Делчево, во чест на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со концептот наречен „Изворни минијатури“, кој ќе ја следи целата пролетна концертна серија низ државата. Во овој циклус посветен на изворите, Танец ќе изведува програма конципирана од фрагменти, односно автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот (песни и ора како Адана, Тоска, Трченица, Ситното, и неизоставно формите кои се заштитени во УНЕСКО, како пијанечкото оро Копачка и машкото двогласно пеење од Долни Полог). Со голем број на концерти кои се дел од неколку различни концепти – од изворни фолклорни творби до современи етно фузии, и во ова време-невреме, како и низ целиот период од 73 години од своето постоење, „Танец“ ќе се обиде да остави длабок печат на оваа временска отсечка од македонското културно битисување. Потоа следуваат гостувањата низ другите градови, пракса што Танец ја одржува во соработка со центрите за култура низ земјата, а тоа годинава се концертите во Радовиш (на 17.3.2022), Свети Николе (на 24.3.2022), Пробиштип (на 30.3.2022) и во Скопје (на 8.4.2022), во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“ во организација на Сојузот на композиторите на Македонија СОКОМ. Пред скопскиот концерт, Танец на 1 април ќе одржи уште еден целовечерен концерт и тоа со целиот капацитет на својот ансамбл во изведба на своите далеку познати кореографски постановки, во големата сала на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Уште еден ваков концерт, ансамблот ќе одржи и во летниот период, во Центарот за култура во Тетово, на 9 јуни. После циклусот „Изворни минијатури“ , Танец на 19 април ќе го одржи традиционалниот Велигденски концерт во големата сала на Националната опера и балет, а по периодот на интензивни подготовки, Танец од 8 до 23 мај ќе замине на северноамериканска турнеја и ќе одржи осум концерти во престижни концертни сали во Канада и САД, во Монтреал, Отава, Торонто, Детроит, Чикаго, Кливленд, Питсбург и Њујорк. По враќањето од Америка, во периодот од 13 до 18 јуни, по прв пат ќе се одржи „Летната академија ТАНЕЦ“ која е замислена како нов едукативен проект на институцијата во чии рамки во иднина сите заинтересирани љубители на македонскиот фолклор, но и сите идни професионалци од областа, ќе имаа можност низ еднонеделна интензивна теориска и практична настава која ќе ја изведуваат врвни експери од редот на вработените, но и надворешни соработници од областа на етномузикологијата, да навлезат поблиску во уникатниот репертоар на ансамблот. Оваа премиерна година ќе им биде целосно посветена на учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, за кои летната академија ќе биде одлична дополнителна практична настава од која ќе имаат повеќекратна полза. На овој начин, Танец и ДМБУЦ отпочнуваат и конкретна соработка, која во иднина ќе биде продлабочувана во повеќе сегменти. Потоа, на покана на организаторот на фестивалот „Лент“ во Марибор, Танец ќе се претстави со проектот Етно фузија, кој за прв пат го изведе на крајот од минатата година во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености 2021“. Станува збор на заедничкиот целовечерен концерт на Танец и Влатко Стефановски кој се најде и на ДВД издание, материјал кој содржи десет нови аранжмани на познати фолклорни теми специјално напишани од Дамир Имери. Проектот веднаш предизвика голем интерес кај домашната, но и кај јавноста во регионот и поканите за гостувања почнаа да стигнуваат од сите страни, а реализацијата на првата од нив е оваа во Марибор на 25 јуни оваа година. Со овој концерт, практично започнува и серијата на концерти на Танец на отворено, едни од најомилените и на ансамблот и на широката публика. Веднаш по враќањето од Словенија, ансамблот на 30 јуни традиционално, со вокално-инструментален концерт ќе настапи на фестивалот Скопско лето, а потоа веднаш започнува со подготовките за уште едно патување. Следното меѓународно претставување на Танец започнува на 13 јули, кога ансамблот ќе замине на еднонеделна турнеја во Хрватска, каде ќе одржи 3 заеднички концерти со хрватскиот национален ансамбл „Ладо“ во Славонски Брод, Сплит и Загвозд. После ова патување, Танец се враќа на прекрасните летни сцени во Битола и Охрид, каде повторно ќе настапи со својот атрактивен проект заедно со Влатко Стефановски и тоа на сцената на Хераклеа (27.7.2022) и на Долни Сарај (28.7.2022). Концертот на Хераклеа ќе биде во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“. Летото, ансамблот ќе го заокружи со своите неизоставни настапи на историските локалитети Пелинце и на Мечкин Камен, во одбележување на празникот Илинден. Концертната сезона продолжува и на есен за кога е предвиден редовниот концерт на Танец на манифестацијата „Есенски музички свечености“, а вообичаено за крајот на годината Танец за својата публика подготвува нешто ново и раскошно, како традиционалниот новогодишен концерт. Овој пат тоа е и планираниот голем музичко-сценски спектакл „Фолклорна симбиоза“, заеднички проект на две национални установи, Танец и Националната опера и балет, во кој се очекува вклученост на повеќе од 200 уметници.  
„Се разбира, Танец и оваа година продолжува со другите редовни активности посветени на чувањето, негувањето и унапредувањето на македонскиот музички и музичко-сценски фолклор, па во план е остварување на повеќе активности во доменот на едукативната, документаристичата и публицистичката дејност, меѓу кои е и издавањето на втората збирка партитури за оркестар на уште шест антологиски кореографии од едицијата „Од ризницата на Танец“, посочуваат од „Танец“.
]]>