концерти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Dec 2023 11:56:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png концерти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Не ја пеам таа песна, ме потсетува на тој несреќен филм“: Северина не изведува голем број хитови затоа што ја потсетуваат на п*рно аферата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-ja-peam-taa-pesna-me-potsetuva-na-toj-nesreken-film-severina-ne-izveduva-golem-broj-hitovi-zatoa-shto-ja-potsetuvaat-na-p-rno-aferata-foto/ Fri, 29 Dec 2023 11:56:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333027

Пејачката Северина Вучковиќ сними огромен број песни, но сега откри дека не изведува многу свои хитови на настапи бидејќи потсетуваат на тажни и стресни периоди од нејзиниот живот. Северина во едно интервју истакна дека не ги пее сите песни од албумот што го објави во годината кога изби нејзината п*рно афера. Истото важи и за песната „Роѓени мој“ која му ја посвети на синот, а која ја потсетува на уште еден тежок период. - Жал ми е што некои од песните што ги снимив не ги пеам на концерти. Тоа е затоа што секогаш го прилагодувам репертоарот на најширокиот круг на луѓе кои доаѓаат на концертите. Концертот треба да биде експлозивен, наполнет, компактен... Најважно за добар концерт е добар репертоар. Не се менува, тоа е како претстава. Нешто што вие како изведувач го претставувате – истакна таа. - Имам многу прекрасни балади кои не ги пеам како триесеттите, Направено е однапред, Брош, Парфем, Алкатраз, Што ме прашуваш сега, Што ми е, Кој е виновен.. но тоа е. И да пеев сè, концертите ќе траат четири часа. Ги сакам и песните Лоша и Далеко ти куќа, а ги пеев само на турнејата Меџик - изјави Севе. Не ги пеам песните од албумот „Севергрин“ бидејќи излегоа во 2004 година кога некој го пушти тоа несреќно видео. Тие песни ме потсетуваат на тој период, па ги „избришав“ од мојата глава. Затоа не ја пеам „Брош“. И не пеам песни од албумот „My thing“ од 1996 година затоа што татко ми почина додека го снимав албумот. Веќе не ја ни пеам „Роџено моје“ затоа што ме потсетува на периодот кога го одведоа син ми -  искрена беше пејачка. „Севергрин“ е деветти студиски албум на пејачката. Албумот содржи десет песни. Фото: Printskrin/Instgaram/severina]]>

Калиопи со солистички концерти во Белград и Сараево https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-so-solistichki-kontserti-vo-belgrad-i-saraevo/ Thu, 21 Sep 2023 10:58:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318893

Македонската поп дива Калиопи во октомври и ноември ќе одржи два големи концерти во два големи града на некогашната Југославија. Таа на 23-ти октомври ќе одржи концерт во Домот на младите во Сараево а на 4-ти ноември во МТС дворана (Дом на синдикатите) во Белград. Калиопи уживаа голема популарност во регионот а имајќи во предвид дека ова нејзин прв концерт во Белград по 3 години односно по 4 години во Сараево, интересот е очекувано голем.]]>

Три концерти и повеќе од 100 илјади евра: Теа Таировиќ уште наесен ќе ја накитат како елка https://arhiva.vistina.com.mk/tri-kontserti-i-poveke-od-100-iljadi-evra-tea-tairovik-ushte-naesen-ke-ja-nakitat-kako-elka/ Thu, 10 Aug 2023 10:32:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313323

Теа Таировиќ има закажано настапи во текот на годинава низ цела Европа, а летото и беше особено активно бидејќи пееше речиси секој ден. Но, за неа нема одмор ниту на есен. Таировиќ во текот на ноември ќе одржи три концерти во далечната Австралија од кои, како што дознаваат медиумите, ќе заработи 90.000 евра.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

-Директно од срцето на Балканот, конечно пристигна моментот што го чекавте! Теа Таировиќ, сензација која ја воодушеви публиката преку границите, е подготвена за прв пат да ја наелектризира Австралија. Резервирајте ги вашите термини за 3/11 во Перт, 5/11 во Сиднеј или 6/11 во Мелбурн – напишаа организаторите на прекуокеанската турнеја на Теа на Фејсбук.
 
Таировиќ во изминатите денови настапуваше на црногорското приморје, каде нејзините концерти беа многу посетени. фото:Инстаграм принтскрин/Теа Таировиќ]]>

Осум концертни настапи на 22-то издание на ОФФ-фест https://arhiva.vistina.com.mk/osum-kontsertni-nastapi-na-22-to-izdanie-na-off-fest/ Mon, 05 Jun 2023 12:17:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304972

Дваесет и второто издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда МИЗИЈА. Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица МАРИ КАЛКУН, во комбинација со раскошната интерпретација на македонската традиционална песна од страна на единствената ЗАРИНА ПРВАСЕВДА и нејзиниот состав, создаваат услови за беспрекорно фестивалско доживување. Оригиналниот микс од пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на италијанската Таранта на волшебниот тандем ЏАСТИН АДАМС И МАУРО ДУРАНТЕ, ќе ја пресретне софистицираната интроспективна лиричност и неодоливиот шарм, талент и визија на нашиот њујорчанец КРСТЕ РОЏЕВСКИ. За мистериозната аура на култната чешка двојка ИРЕНА И ВОЈТЕХ ХАВЛОВИ ќе сведочи нивното уникатно концертно патување, но и прикажувањето на документарниот филм „Little Blue Nothing: A musical portrait of Irena and Vojtech Havlovi”. ОФФ-ФЕСТ 2023 ќе го заокружат фуриозните настапи на две исклучително возбудливи музички појави: новата world-music атракција БАБ Л‘ БЛУЗ со својот психоделичен марокански фанк-рок звук, како и деветчлениот оркестар на легендарното име на конгоанската румба, гитаристот ДИЗИ МАНЏЕКУ & ОДЕМБА ОК ОЛ-СТАРС. МИЗИЈА е пионер, слободен дух, што успеа да изгради своја патека во жанрот и веројатно затоа го доби прекарот „анархист на фадото“. Првите успеси ги бележи во странство: прво во Шпанија и Јапонија, потоа во Франција и Германија. Набргу стекна и светска популарност, започнувајќи вистинска интернационална кариера. Во 1993 година таа стана втората пејачка по Амалија Родригез што го однесе португалското фадо на најголемите светски концертни подиуми. Безброј награди и одликувања, како и стотици илјади продадени плочи низ светот, добро ја илустрираат важноста на овој уметник во историјата на фадото, во португалската музика воопшто, во минатото и иднината. Нејзиниот уникатен глас одново и одново импресионира со својата театралност и авторитет, а уметнички стилизираната сценска продукција ја надополнува нејзината фасцинантна сценска појава, со која таа буквално ја маѓепсува публиката на своите концерти. Оваа уметница, пејачка на сонливото фадо, вокалистка-актерка и раскажувач на сопствените и на приказните на другите, е првата што признава дека е „сентиментално животно“. Овој израз служи како наслов на нејзиниот актуелен албум (Animal Sentimental), ново поглавје во кариерата којашто трае три децении. Музиката на МАРИ КАЛКУН, иако ја пее на јазик што малкумина го разбираат, создава медитативна и необична атмосфера која предизвикува многу емоции. Нејзините слободни музички аранжмани во основа ги детерминира звукот на канелот – традиционална естонска цитра. Во преден план е гласот на Калкун, кој е во исто време меланхоличен и радосен, нежен и спокоен. Мари признава дека за неа е клучно за кого и за што пее – многу од нејзините песни се посветени на блиски луѓе или на животни пресвртници како раѓање, смрт или свадба. Воедно, тие ја слават и чистата убавина на секојдневието, па оттаму таа често ги користи текстовите на локалните поети што го опишуваат руралниот живот, приказни и пејзажи. Мари Калкун има настапувано во повеќето европски земји, во САД и Јапонија. Има објавено пет албуми од кои најпознат е „Ilmamõtsan“ (2018), кој „Гардијан“ го вброи во својата годишна листа од 10 најдобри world music албуми. Нејзиниот последен албум е музика за театарската претстава „Petserimaa igatsus“ (2022), којашто говори за тешката историја на Печори, регион поделен меѓу Русија и Естонија. Годинава таа ќе го издаде долгоочекуваниот нов соло албум „Stories of Stonia“, кој ги поврзува древните митови, руно песните и современата поезија напишана на еден од најстарите светски јазици – Виру. На границата меѓу автентичноста и пренесувањето на културното наследство низ самоизразување, македонската уметница ЗАРИНА ПРВАСЕВДА го пронајде својот сопствен израз на долгоочекуваниот деби албум „Ехо“, издание што содржи 11 традиционални песни на 4 различни јазици. Објавен од Croatia Records, албумот ја сумира уметничката визија на Зарина низ слободата и талкањето меѓу сите влијанија од фолклорното наследство што ја инспирирале. Додека нејзините вокални техники се темелат врз источно-европските традиции, инструменталната и ритмичката разновидност дише низ целата плоча. Ова ниво на зрелост не може да се означи само како музика на светот – благодарение на нејзината социјална чувствителност, длабоките врски со природата и претходните соработки со сродни музичари и уметници од регионот, Зарина сè уште сака да ги собира и споделува приказните со кои се среќава. Учествуваше во борбата за прогласување на Шар Планина за национален парк, а патува од село до село за да се сретне со македонските баби и да ги истражува и снима нивните песни и приказни. Делата на Зарина веќе го дефинираат македонското наследство. Нејзините планови се да ја пренесе својата музика до пошироката публика додека постојано работи на нови песни и нови приказни за раскажување. ЏАСТИН АДАМС И МАУРО ДУРАНТЕ се врвни музичари со различен бекграунд кои ги обединува нивната длабока поврзаност со древната транс музика. Реномираниот гитарист, продуцент и композитор Џастин Адамс ја започна својата кариера во добата на пост-панкот, но во меѓувреме ги збогати своите интереси, внесувајќи стар блуз, арапска и африканска музика, фолк и многу други влијанија во своето свирење. Соработуваше, меѓу другите, со уметници како Џа Вобл, Tinariwen и Роберт Плант. Продукцијата на клучните албуми на Tinariwen и Рашид Таха го истакна неговото чувство за северноафриканскиот грув, a наградуваните проекти со гамбискиот маестро Џулде Камара ја поврзаа традицијата на гриотите со духот на сировиот блуз. Неговиот последен гитарско-атмосферичен соло албум „Ribbons“, беше вброен меѓу најдобрите 50 албуми во изминатата деценија според магазинот Songlines. Ова ново дуо со Мауро Дуранте, виолинистот/перкусионистот на групата Canzoniere Grecanico Salentino, создава жив, соголен звук кој се движи и маѓепсува, со едноставни мелодии и опсесивно-репетитивни обрасци, подеднакво соодветни за танцување и мечтаење. КРСТЕ РОЏЕВСКИ е македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена од неговата преселба во Њујорк во доцните деведесетти. По издавањето на трилогијата: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017) и „The Rabbit And the Fallen Sycamore” (2018), Роџевски ги снима „Hubris“ (2020) и „Fair Weather Friends” (2022). Станува збор за концептуални албуми со интроспективни текстови и електроакустичен звук, збогатен со експериментални и фри-џез елементи. Во нивното создавање, тој соработува со некои од најеминентните имиња на њујоршката експериментална и импро-џез сцена (Бил Ласвел, Томика Рид, Крис Дејвис, Икуе Мори, Мери Халворсон, Ингрид Лауброк и др.), како и со неколку врвни претставници на модерната чикашка сцена (Џеф Паркер, Никол Мичел, Кен Вандермарк итн.). Дури четворица од нив се добитници на престижната американска награда МекАртур, позната и како „грант за генијалци“. Творештвото на Крсте Роџевски добива извонредно позитивни рецензии во реномираните The Wire, Downbeat, Avant Music, All About Jazz, Stereogum… Новото, шесто по ред, издание на Роџевски под наслов „Black Earth“, продуцирано од Бил Ласвел, ќе излезе во втората половина на оваа година. На соло акустичниот настап на OFFest, тој ќе ги претстави своите песни во една чиста, наивна и соголена форма, ослободена од студиските дотерувања. Чешкото дуо ИРЕНА И ВОЈТЕХ ХАВЛОВИ (The Havels) има речиси 40-годишна заедничка уметничка кариера и партнерство зад себе. Започнаа да работат заедно кон средината на 80-тите како дел од експерименталниот ансамбл Capella Antiqua e Moderna, уникатна асоцијација на музичари чиј репертоар опфаќаше различни стилови на европската класична музика: од ренесансата до современата. Со текот на годините тие минаа низ неколку сопствени развојни фази, патувајќи долго и широко низ времето и просторот. Со својот инвентивен и неортодоксен пристап кон историските и модерните композициски техники и интерпретативни процеси, Хавлови развија уникатен и музички автономен јазик кој е тешко, ако не и невозможно, да се дефинира. Во изминатите 40 години тие бележат бројни значајни соработки. Прославениот независен режисер Винсент Мун сними документарен филм за нив. Композицијата на Брајс Деснер „Little Blue Something“, создадена во чест на музиката на дуото од Прага, која ги користи нејзините мотиви, ја снимиja Kronos Quartet на албумот „Aheym“. Музичарите од бендот The National, како и Суфјан Стивенс, се меѓу долгогодишните обожаватели на Хавлови. Нивната музика е отворена и сè уште расте добивајќи нови стимули. Директно од срцето на Магреб, БАБ Л‘ БЛУЗ (во превод: „порта на блузот“), го редефинираат традиционалниот северноафрикански блуз на нетрадиционален начин. Овој квартет, формиран во Маракеш во 2018 година, е инспириран од мароканските музички традиции, во комбинација со рок музиката, современите звуци и мароканскиот поп. Етикетирани како „психоделичен марокански рок бенд“, тие се истовремено древни и актуелни, традиционални и современи, фанки и ритмични, со моќни вокали и тешки бас грувови. Бендот го сочинуваат француски и марокански музичари, предводени од пејачката Јусра Мансур, која израснала во мароканскиот град-тврдина Ел Џадида, изложена на разновидни музички стилови, вклучувајќи ги оние на Џенис Џоплин, Уму Сангаре и Ерика Баду. Јусра, која главно твори на мароканскиот јазик Дарија, третира актуелни и општествени теми во нејзините текстови. Првиот албум на групата, „Nayda!“ (Real World Records, 2020), претставува глобален конгломерат на звуци, од американска психоделија до индиски ситар рифови, од валкан фанк до класична арапска поезија. Албумот доживеа фантастичен прием од музичката критика: беше вброен меѓу најдобрите албуми на годината во списанијата „Mојо“ и „Songlines“. Гитаристот ДИЗИ МАНЏЕКУ е жива легенда на конгоанската румба. Пред да стане член на славниот оркестар OK Jazz на Франко Луамбо Макиади во 60-тите и 70-тите, Дизи веќе предводи неколку бендови, настапувајќи со бројни великани на конгоанската музичка сцена. Во тоа време, Дизи и Сем Мангвана ги оформија African All Stars. Оваа формација, предводена од Дизи, имаше големо влијание на глобално ниво. Под уметничкото раководство на Дизи, Orchester African All Stars International објави три албуми, кои се сметаат за вистински конгоански споменици. Музичкото наследство и културното значење на Франко Луамбо Макиади и неговиот бенд T.P.O.K. Jazz е огромно. Конгоанската румба од неодамна е прогласена за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Легендарниот оркестар на Франко беше извонредно влијателен, а неговиот оригинален стил во румбата стана познат како „Odemba“. По смртта на Франко, Дизи го презеде водството на бендот и стана незаменлив дел од музичката елита на Конго, стоејќи рамо до рамо со Папа Ноел, Папа Вемба, Тшала Муана и Веркис. Подоцна, по преселбата во Брисел, Дизи ги формира ОДЕМБА ОК ОЛ СТАРС, негувајќи го уникатниот звук на традиционалната конгоанска румба. Документарниот филм LITTLE BLUE NOTHING е интимно патување низ светот на Ирена и Војтех Хавлови, пар таинствени виолисти што живеат во преградието на Прага, на маргините на цивилизацијата. Овој музички тандем во 1991 година го сними албумот наречен „Malé Modré Nic (Little Blue Nothing)“, кој останува целосно анонимен во тоа време. Петнаесет години подоцна, тројца режисери случајно го откриваат и – опседнати од неговата уникатната уметничка содржина – започнуваат да ја истражуваат приказната за двете мистериозни музички појави. Овој филм ја документира нивната средба, во сината магла на прашките преградија. дизајн постер:Зоран Кардула]]>

Камерниот оркестар на Битола со ексклузивни концерти го оживува сеќавањето на македонската фолк легенда Јонче Христовски (Фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kamerniot-orkestar-na-bitola-so-ekskluzivni-kontserti-go-ozhivuva-sekavaneto-na-makedonskata-folk-legenda-jonche-hristovski-foto/ Fri, 24 Mar 2023 13:31:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295069

„Камерниот оркестар на Битола“  на 4-ти април во Битола во Центарот за култура, а ден потоа, на 5-ти април во Скопје во Македонската опера и балет, ќе оддржи концерт посветен на Јонче Христовски, каде познати имиња од македонската музичка сцена ќе ги отпеат најпознатите и најубави песни од оваа наша позната музичка легенда. Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски од “Суперхикс”, Агни Авшар… се дел од оние музички имиња кои појавувајќи се на сцената ќе отпеат и донесат дел од музичките незаборавни песни на нашиот Јонче, кој создаде голем број на познати македонски хитови, кои се пееле, се пејат и ќе се пејат уште многу, многу години. Секако, сите овие музички имиња ќе бидат придружени од Камерниот оркестар на Битола. Не заборавајте! 04.04.2023 – Центар за култура – Битола 05.04.2023 – Македонска Опера и Балет – Скопје Почеток: 20:00 часот  ]]>

Камерниот оркестар од Битола со два концерти во чест на Тоше Проески и Пепи Бафтировски: „Засекогаш во срцата“ https://arhiva.vistina.com.mk/kamerniot-orkestar-od-bitola-so-dva-kontserti-vo-chest-na-toshe-proeski-i-pepi-baftirovski-zasekogash-vo-srtsata/ Mon, 20 Feb 2023 13:18:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289731

Два концерти во чест на нашите безвременски пејачи Тоше Проески и Пепи Бафтировски ќе одржи Камерниот Оркестар на Битола IW конект под насловот „Засекогаш во срцата”. Заедно со Камерниот оркестар хитовите на Тоше и Пепи ќе ги изведуваат: Бојан Маровиќ, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска. Концертите се закажани за 24-ти и 25-ти февруари во 20:00. Билетите се во продажба од понеделник (20.02) во 11:00ч. Продажбата е ограничена на четири билети по човек.]]>

Дарио Панковски потврди дека е „пејач за сто години“: „Меѓу сите ѕвезди“ вакви концерти можат да направат само најблесквите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-pankovski-potvrdi-deka-e-pejach-za-sto-godini-megu-site-zvezdi-vakvi-kontserti-mozhat-da-napravat-samo-najbleskvite-foto/ Mon, 20 Feb 2023 09:29:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289522

Најавуваните концерти со кои го одбележи својот јубилеј - 40 години на естрадата, Дарио Панковски викендов ( 17 и 18 февруари. 2023 г.) ги одржа и тоа во голем стил. Преполната сала на за нас, Македонската филхармонија и двата дена, покажа дека единствениот “превид“ на организторот и пејачот можеби бил стравот да се одлучат за поголем простор, како  салата СЦ „Јане Сандански“ или „А1 арената „Борис Трајковски“, кој без сомнение ќе беа доволно полни за еден ваков спектакл. Музички беспрекорно точно, прецизно како часовник, речиси совршено звучеа песните со кои Дарио и придружниот бенд „Миг 21“ како низ музички времеплов не вратија назад во времето. Со рефрените кои не те оставаат да седиш мирно и стиховите кои ја ежат кожата,  публиката два и пол часа патуваше како со временска машина во интервал од четири децинии... Од далечната 1984 и времето на првите песни на Дарио и неговиот тогашен бенд „Бон Тон“, кога сите бевме во заблуда дека „Добрите девојки не го прават тоа“, па се до последниве денови, кога некогашаната „Дупла водка“ од елитните скопски кафулиња во почетокот на 90-ите ја заменивме со боемските кафеани и едно, две... бокалчиња „Ракија“! Најголемата машка македонска ѕвезда и според кошаркарската височина, а секако една од најголемите и според рејтингот и популарноста, не потсети дека од она што ни остана, ни останаа само прашањето на сите нас: „Какви се ова времиња“? На дамите старата добро позната фраза: „Немам што да облечам“, на  кавалерите комплиментот на своите девојки и сопруги дека токму таа е: „Жена за сто години“. Новата постава на дванаесетчлената екипа  (заедно со пејачот) на „Миг 21“, составена од млади ултраталентирани деца и стари проверени мајстори на својот инструментално –вокален занает звучеше како плоча... Тие максимално уиграни и усвирени, песните како симнати од ЦД, а Дарио налик на најголемите не само регионални, туку и светски ѕвезди.  Сигурен во интерпретацијата, енергичен во сценските движења, интересен во најавите за песните, со куса воведна приказна за секоја од нив. За визуелниот впечаток да биде уште посилен кај ионака познатиот по својата стилска елеганција пејач, придонесе промената на сакоа од различни модели, дезени и во разновидни бои кои тој ги менуваше на секои неколку песни. Она што Дарио бесперкорно и го даруваше на својата публика со секоја нова песна, таа безрезервно му го враќаше станата од столчињата, таннцувајќи и забавувајќи се на секој негов рефрен, пеејќи го секој стих. Особено впечатливи беа баладите како: „Која ли си ти“, „Меѓу сите ѕвезди“ или „Зајди јасно сонце“ во кои енергијата ја заменуваа емоциите испреплетени со сеќавањата и спомените на „старите добри времиња“ кои секој од нас ги минал и во себе ги чува како што една „Армија“ ги чува придобивките на животот и слободата. А Дарио како врховен командант на својата „армија“ во публиката, командуваше со неа, диригирајќи со спонтаноста како по ноти... Пеешее тој заедно со неа, пееа тие самите без него, пеевме сите помислувајќи во себе: „Мајко моја роди ме, уште еднаш да ми е“... Животот како за час минува, а она што останува и заради кое вреди да се живее се меѓудругото и  ваквите моменти на радост, среќа, спонтаност, опуштање, духовна катарза, емотивно празнање... И на крајот што уште останува освен.. „Здравје боже“ да сме вака сплотени и единствени и во многу други посуштински работи, иако токму Дарио и неговите два брилијанти концерти ни ја покажаа поентата на животот... Колку малку ни треба за поединечна и колективна среќа. За крај општенародна веселба со... „Дајте една народна“, а по неа  и бис со „Дупла водка“... Овој пат во вокална, акапела верзија само тој и тие... Само Дарио и неговата верна „армија“ во публиката од чии усни заеднички течеше убавина, пресликана во емоција низ песна...! Едноставно Дарио Панковски потврди дека е  „пејач за сто години“.  „Меѓу сите ѕвезди“ вакви концерти можат да направат само најблесквите. И тоа без ничија финансиска помош, зашто „Што е твое ќе си дојде“, иако логично е и очекувано „помошта“ најмногу да дојде од оние на кои меѓудругото тоа им е и законска и морална обврска, кога се во прашање 40 години нечија успешна кариера. За жал, „девојките“ од Министерството за култура и Град Скопје кои од нашите даночни пари живеат, вредностите ниту знаат, ниту умеат да ги препознаат, за да ги помогнат, субвенционираат и стимулираат... И едната и другата - „Ладна како камен“, без  „чувство за осет“ дека... „Добрите девојки не го прават тоа“. Само на крајот, кога политичката кариера ќе заврши и сите грб ќе ти свртат засекогаш, да не биде како што по непишано правило завршуваат нивните начела... Со „Плачела, плачела“...! ]]>

Пет дена „Новогодишен базар 2022“ во Крива Паланка: Дедо Мраз, „Дајте музика“, Лозано, ДНК, „Некст тајм“, Слаткаристика, Пајак… https://arhiva.vistina.com.mk/pet-dena-novogodishen-bazar-2022-vo-kriva-palanka-dedo-mraz-dajte-muzika-lozano-dnk-nekst-tajm-slatkaristika-pajak/ Mon, 19 Dec 2022 06:35:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280620

Ќе се случува вистинска новогодишна магија. Крива Паланка годинава е подготвена за предновогодишно расположение не само на жителите на градот, туку и за многу други, кои ќе пристигнат од останатите градови во државава. Новогодишниот базар опфаќа содржини за сите генерации. Ова не е подарок само за жителите на градот, туку и за сите посетители, кои сакаат да бидат гости на градот. Дедо Мраз, „Дајте музика“, „Распеано симитче“, Пајак, маскоти, коњи со кочија и друга забава за најмладите, а многу, многу македонска музика за журка за возразните. Ете тоа ќе се случува во Крива Паланка пет дена пред да ја дочекаме Нова Година. Детските забави ќе почнуваат напладне од 12 часот, додека вечерните журки од 19 часот. Првата журка ќе се случи утре (вторник) кога е закажан настапот на  „Тајфата“, а веднаш по нив се ДНК. В среда се  „Браво бенд“, а по нив е закажан настапот на Слаткаристика.  Четврток е резервиран за „Артист бенд“ и Лозано. Во петок на радост на најмалите напладне  концерт ќе одржат „Дајте музика“, Дарко Ѓурчиновски Жонглер. Во петок во Крива Паланка во 13.30 часот ќе пристигне и Дедо Мраз. Во петок вечер од 19 часот, пак, забавата ќе стартува со „Брас брадарс“, а ќе продолжи со „Некст тајм“. Сабота, на последниот ден од оваа година, од 12 часот концерт ќе одржат дечињата од  „Распеано симитче“ и Пајак, а планирание се и маскоти, коњи со кочија и многу друга целодневна забава за најмладите. Возрасните, пак, ќе може да уживаат во греано вино, колачи, да си купат сувенири и други новогодишни лудории што се продаваат во куќичките, кои го красат градот, но и во кафулињата, кои веќе имаат организирано целодневна забава. Во попладневните часови завршува овој петдневен „Новогодишен базар 2022“, исполнет со многу забава и дружење на градскиот плоштад, кој од минатата недела е украсен.  ]]>

Драгана Мирковиќ категорично одбива да пее на свадби – ова е причината (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dragana-mirkovikj-kategorichno-odbiva-da-pee-na-svadbi-ova-e-prichinata-foto/ Mon, 10 Oct 2022 07:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270660

Познато е дека пејачите  најголем бакшиш заработуваат на приватни прослави како свадби, но Драгана Мирковиќ наводно категорично одбива да пее на вакви настани. Како што пренесуваат медиумите, Драгана наводно никогаш не сакала да пее на таков тип на забава. Таа ги одбила понудите без разлика за чија свадба станува збор. Како што се наведува понатаму, Мирковиќ наводно не сака да има ваков настап само затоа што сака концерти и ги пее само нејзините хитови. Драгана на почетокот настапуваше со „Јужен ветер“, а потоа откако стана популарна, ја продолжи соло кариерата во истиот правец. Исто така, многу ретко пее во клубови и барови. Речиси ретко се случува да ја видите во таква средина. А бидејќи е една од  најбогати пејачки, Драгана често истакнува дека со музика се занимава само поради љубовта и за својата публика. Фото:Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Ата Имаџес  ]]>

Проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите со бесплатни концерти во Штип и Битола https://arhiva.vistina.com.mk/proektot-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-so-besplatni-koncerti-vo-shtip-i-bitola/ Fri, 23 Sep 2022 12:34:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268504

По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект „Македонисимо“. По спектаклите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, в недела на 25 септември на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип и в понеделник на 26 септември на платото пред Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 19 часот, Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот „Македонисимо“ што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот. Проектот што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на „Македонисимо квинтетот“ во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. И оваа изведба, публиката ќе може да ја проследи бесплатно. Со оваа домашна турнеја се одбележува и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас. Концертите се организираат со поддршка од Општина Штип и Општина Битола.]]>