концерт кавадарци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 May 2018 10:49:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png концерт кавадарци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Концерт на Кокан Димушевски во Кавадарци https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-kokan-dimushevski-vo-kavadarci/ Wed, 16 May 2018 10:49:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27331

Вечерва, 16 мај 2018, со почеток од 20.30 часот, во Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, ќе  одржи концерт  легендата на македонската музика, некогашниот член на „Леб и сол“ – Кокан Димушевски. Музичарот со електронски инструменти и во придружба на Љубиша Кировски на виола, на љубителите на убавата музика од Кавадарци ќе и се претстави со концертот наречен „Private music“, со музички материјали од кои дел првпат ќе бидат исполнети токму во Кавадарци.
„Како да се дофати недофатливото? Да се искаже неискажливото? Да се улови неуловливото? Да се опише неопишливото. Празниот простор исполнет со смисла.Разделбата молчешкум. Ветувањето без цел и епилог. Како да се реши енигмата кон што стремеле мислителите од сите филозовски и естетички епохи, а да не се употреби немоќниот јазик на вербалниот израз. И да се остане, притоа свој, сопствен, личен и уникатен. И уверлив и прифатлив и разбирлив. Мојот одговор е овој. Неопишлив, но сфатлив за сите оние што се соочиле со мистериите на универзумот и со одгласот што се крие во секој нас. И којшто излегува некогаш. Во некој таен час, во тишината на ноќта или пред раѓањето на зората“, тоа е објаснувањето за „Private Music“, музичкиот проект на Кокан кој е компониран во 2016 и 2018 година. Билетите се веќе во продажба во билетарницата на Домот на култура во Кавадарци.]]>