комшиско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 19 Mar 2022 11:13:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png комшиско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Повели комшике на „комшиско кафе“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poveli-komshike-na-komshisko-kafe-foto/ Wed, 25 Sep 2019 09:52:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108909

Кафе... после водата најконзумираниот пијалак на светот. Кафе за добро утро, кафе за трезнење, за мамурлук после пиење, за неспиење, за после спиење, кафе за фајронт или таканарачено „сиктер кафе“, кафе на пауза на работа, кафе со другари(к)ите, кафе со колешките, бизнис кафе, кафе со познатите, кафе со непознати... Илјада и една варијанта за кафе дружба. По некои од варијантите дури и имињата на кафињита им ги дале. Како на пример  „Фиеста“... божем кафе за забава. Демек да го пиеш додека се забавуваш... Или да речеме „Добро утро“... Кафе за будење. Прво утринско, после станување, демек кафе за Добро утро... Арно ама кафе се пие и со соседите. Особено е меракот голем кога го пиеш со сосетките. Па уште рано наутро, уште додека „пилето ти пее рано насабајле“, стануваш, отвораш прозорец за да се проветри и ја гледаш комшиката од каршија како полуоблечена простира алишта на жица, па уредно ја поздравуваш: „Добро утро комшике, повели на едно комшиско кафе“? Ако те одбие со образложение: „Не - фала, пијана сум кафе“ - никому ништо, твое е да пробаш, ама ако прифати... Глеј после да не си пишман што си ја поканил... на комшиско кафе! Оти ако на комшиката и се погоди  кафето, после ќе треба секој ден да (и) го ставаш... Ѓезвето на шпорет!      ]]>