композитор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Jan 2024 13:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png композитор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Некогаш тој со неговиот татко, години подоцна неговиот син со него: Ова малечко момче, денес е еден од најценетите македонски композитори (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-toj-so-negoviot-tatko-godini-podotsna-negoviot-sin-so-nego-ova-malechko-momche-denes-e-eden-od-najtsenetite-makedonski-kompozitori-foto/ Sat, 13 Jan 2024 08:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332920

Денес тој е еден од најценетите и најпочитувани македонски композитори иако со години живвее и работи надвор од Македонија, „преку големата бара“ во САД. Во неговата биографија меѓудругото стои дека како и неговиот татко, некогаш познатиот гинеколог и композитор Тодор Бојаџиев и тој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде во 2001-ва година дипломирал на најпозатот музички колеџ на светот Беркли. Потоа се сели во Њујорк, каде и денес живее и работи. Долги години работи како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудската глумица Џина Гершон како музички директор и пијанист на нејзиното кабаре шоу во Њујорк, потоа со добитниците на Оскар Џонатан Деми и Данис Тановиќ, но и со македонскиот режисер номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел и на рекламните кампањи на големи фирми, како Мерцедес, Лореал, пежо, ланком... , но и како продуцент на ремикси на поп ѕведата пејачката Синди Лопер. Со свои соло концерти започнал од 2011 година, нешто што Дуке Бојаџиев го работи до денес. Токму во деновите пред Нова Година, Дуке сподели една стара сепија фотографија од дамнешните времиња на неговото рано детство. На неа тој како тригодишно детенце во прегратките на својот татко, Тодор Бојаџиев, кога ценетиот доктор и композитор бил на 27 годишна возраст. „Тој почина пред точно 14 години, остави многу убава музика и ме инспирираше да станам тоа што сум денес. Ти благодарам татко, почивај во мир“ - споделил Дуке покрај фотографијата со која ја одбележува годишнината од заминувањето на неговиот родител, ценетиот и почитуван Тодор Бојаџиев. Дека крвта не е вода, а гените не можат да се купат или монтираат, туку само можат да се наследат, е едно кусо видео од пред неколку години, кое многу потсетува на тазе споделената фотографија. Во клипот сега веќе познатиот и ценет Дуке Бојаџиев седнат зад еден од своите синтисајзери во домашна атмосфера, а во неговиот скут едно малечко детенце што ниеизмерно потсетува на она од претходно споменатата фотографија. Неговото синче Леон во прегратките на својот тако ги прави првите обиди да се запознае со музиката... Малиот Леон и тато Дуке, кој твори и зад себе остава многу убава музика и многу извесно го инспирира својот син и тој еден ден да стане она што е неговиот татко денес, а неговиот дедо некогаш... Случајна сличност со многу симболика, многу дарба и уметност и најмногу од се',  толку чиста љубов! Фото: Фејсбук/Duke Bojadziev  (Duke B)]]>

Почина Роберт Немечек, музичар, композитор, гитарист и основач на рок групата „Поп машина“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-robert-nemechek-muzichar-kompozitor-gitarist-i-osnovach-na-rok-grupata-pop-mashina/ Tue, 09 Jan 2024 12:49:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334246

Роберт Немечек, родоначалникот на прогресивниот рок во Југославија и голем иноватор во ТВ и филмската индустрија, почина на 75-годишна возраст, потврди неговиот пријател. Немечек остави голема трага во домашната и југословенската уметност.Тој беше основач и водач на групата „Поп машина“ кои во почетокот на 70-ите години од минатиот век беа основоположници на прогресивниот рок, особено со песните од нивниот албум „Киселина“ (1973). „Отсекогаш сум бил малку заинтересиран за она што ги окупирало моите врсници. Љубовта кон стриповите ја наследив од татко ми, а многу рано и кон филмовите, што беше под влијание на Кинотеката, која беше зад аголот. За разлика од другите, никогаш не се приклонував кон вестерните, ме фасцинираа старите, па дури и немите филмови“ - изјави своевремено тој. Љубовта кон музиката ја наследил од родителите и дедо му, кои биле многу талентирани. „Прадедо ми дошол од Чешка да свири во кралскиот оркестар на дворот на кралот Милан, бидејќи такво нешто во Србија немало. Бил млад и го сметале за чудо од дете, виртуоз на виолина за класична музика.Дедо ми Јосип имаше три деца, а беше и концерт - мајстор.Татко ми Јан го следеше неговиот пат и рано замина во странство каде што направи кариера, вујко ми Лудвиг ја заврши музичката академија, но се одлучи за џез-трубата, иако џезот не беше она што сега се подразбира под џез, повеќе големи ревијални оркестри и тетка Људмила цел живот била во белградските мадригалисти и патувала низ целиот свет. Дедо ми е еден од основачите на Музичката академија и еден од првите предавачи, а ја основал и Белградската филхармонија и свирел во белградската опера“ - раскажуваше своевремено Немечек. Местото и времето на погребот на големиот уметник, музичар и рок гитарист Роберт Немечек ќе бидат објавени дополнително. ]]>

По подолго боледување почина големиот македонски композитор Кире Костов https://arhiva.vistina.com.mk/po-podolgo-boleduvane-pochina-golemiot-makedonski-kompozitor-kire-kostov/ Thu, 27 Jul 2023 06:51:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311839

Денес (27 јули 2023)  по подолго боледување на 73 годишна возраст, во Скопје почина големиот македонски композитор Кире Костов. Беше долгогодишен член на Сојузот на композитори на Македонија. Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.Кире Костов таа година беше прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и беше избран да ја представува Југославија во тој оркестар.
Учесник е на Глазбената парада во Раденци, Република Словенија од почетокот до крајот (1974-1989). На оваа парада од музика Кире Костов учествувал со преку четириесетина наслови и со преку петстотини минути солистичка музика, како со Бидбендот на МРТ така и со други оркестри како гостин солист.
Како диригент на Танцовиот оркестар на МРТ (1988) за нејзините потреби имам реализирано снимки од преку триста наслови. Ги реализирал сите Скопски фестивали од 1991 наваму. Учествувал три пати со своја програма и еднаш со нашите гости Душко Гојковиќ и Џани Басо на Скопскиот џез фестивал. Исто така со своја програма настапил на Олимпос џез фестивал во Солун - Република Грција во 2000 год. кој што за нас и за нашата држава беше од голема значење.Со тој настап кој што беше директно пренесуван од грчката ЕРТ телевизија, а македонската телевизија го пушти во употреба нашиот сателитски канал.
Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот од кои би ги издвоиле ,,Акварел,,Бела ноќ,,Македоска суита 1 и 2 “Нени“, “Травелинг“, “Догледање“, “Алегорија“, “Лепе ти је Беле Вирје“, “Си заљубив едно моме“ и др
Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Од овај фестива произлегоја преку двестотини песни за деца и млади од кои половината од нив беа прогласени за хитови. Еве некои наслови од тој фестивал – “Наташа од трето три“, “Прва љубов“, “Супер бабичка“, “Фламенго“, “Заради тебе Зоране“, “Детство“, “Без другар тешко е“, “Визба стара и гитара“ и многу друри. Бил уметнички директор на Интерфест – Битола, фестивалот за популарна музика (1994-1996). Добитник е на бројни награди и признанија од кои би ги издвоиле -Три Гранприја на фестивалот Макфест (1986,1993, 1995 година), Два Гранприја на Скопскиот фестивал (1995 и 1997 година). Гранпри на Славјански базар во Белорусија ,,Тајно моја,,и,,Илузија во интерпретретација на Тоше Проески, второ место на Славјански базар – “Бела птица“,  во интерпретација на Каролина Гочева, втора награда на Славјански базар во Киев Украина – “Што те нема“ во интертретација на Лидија Кочовска, втора награда на фестивалот Сунчане скале – “Тајно моја“ во интерпретација на Тоше Проески, Гранпри на фестивалот Сунчане скале - “Рум, дум, дум“ во интерпретација на Калиопи и Наум Петрески, трета награда на фестивалот Пјесма Медитерана-Будва, Црна гора – “Љубовна религија“ во интерпретација на Јоце Панов и многу други.]]>

Поради фризурата на Мили кога бил  млад, „изгореа“ социјалните мрежи: Композиторот со пуштена коса и локни е вистински хит https://arhiva.vistina.com.mk/poradi-frizurata-na-mili-koga-bil-mlad-izgorea-sotsijalnite-mrezhi-kompozitorot-so-pushtena-kosa-i-lokni-e-vistinski-hit/ Tue, 28 Feb 2023 09:49:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290894

Познатиот композитор и член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на  Гранд“, Александар Милиќ Мили, на јавноста и е познат со децении, а одамна е целосно ќелав. Мили е секогаш во форма и се грижи за својот изглед, но не бил секогаш без коса. Имено, порано имал бујна коса, а сега одлучи на сите да им покаже како изгледал со неа. Тој на Инстаграм објави фотографија од почетокот на кариерата, а многумина се зачудија кога ја видоа. - Јас во 1990 година, Сараево. Мојот прв албум Милиграм насловен „Milly the kid“. „Кад Бого дано није“ стана голем хит и излегува денеска, а потоа излезе и „Не пијем“ што го направив со Хари Варешановиќ за дуетот Хари Мата Хари и Харис Џиновиќ, кој сѐ уште е несекојдневен хит. Милиграм засекогаш! И фризурата е топ, а? - напиша Мили.   Фото: Принтскрин/Оливер Буниќ/Милан Илиќ/Милиграм официал]]>

Почина Корнелије Ковач: Хитови за сите времиња – пишуваше за „Корни група“, Чола, Брена, Оливера… https://arhiva.vistina.com.mk/hitovite-na-kornelije-za-site-vreminja-pishuvashe-za-chola-brena-olivera/ Tue, 13 Sep 2022 11:50:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266679

Српскиот композитор Корнелије Ковач почина на 81-годишна возраст во Белград како последица на коронавирус. Корнелије Ковач беше композитор, пијанист, аранжер, продуцент. Тој ја напишал својата прва композиција „Пустински тротоари“ на четиринаесетгодишна возраст. Кариерата ја започнал во 1961 година, дипломирал на Музичката академија во Сараево и бил дел од многу оркестри. Во 1966 година станува член на познатата група „Индекси“. „Групата Корни“ ја основа во 1968 година во Белград. Корнелије соработувал со многу големи музичари, некои од нив се: Оливера Катарина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Јевремовиќ, Миша Марковиќ, Лепа Брена, Здравко Чолиќ... Неговиот креативен опус е голем, ги направи најголемите хитови кои го одбележаа минатиот век. Некои од најголемите хитови на Здравко Чолиќ ги направи Корнелиј и тоа: „Април во Белград“, „Живееш во облаци“, „Ја викав Емили“, „Една зима со Кристина“, „Једина“, „Унгарска“, Таа спие“, „Дење пеам, ноќе пеам“, „Сè можеш“, „Ти си во мојата крв“. За југословенската рок група „Генерација 5“ направи нумери по кои сите ќе го паметиме овој бенд и тоа: „Само биди доволно далеку“, „Уморен од сè“. Покрај тоа, тој направи музика и за многу филмови, како што се: „Луди години“, „Дојде време да се проба љубовта“, „Треска на љубовта“, „Волонтери“, „Чавка“, „Непобедливо срце“, „Липите цветаат на Балканот“. Фото:Принтскрин/Стефан Томашевиќ/Ата Имаџес  ]]>

Грчкиот композитор Вангелис почина од компликации од корона вирус во Франција https://arhiva.vistina.com.mk/grchkiot-kompozitor-vangelis-pochina-od-komplikacii-od-korona-virus-vo-francija/ Sat, 21 May 2022 07:50:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251589

Грчките медиуми објавија дека композиторот Вангелис починал од компликации од корона вирус во Франција, пренесува Јутарњи лист. Грчкиот композитор, најпознат по музиката за филмовите „Истребувач“ (“Blade Runner”) и „Огнени кочии“, Вангелис Папатанасиу, познат како Вангелис, почина на 79-годишна возраст, објави вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Вангелис Папатанасиу не е повеќе маѓу нас, напиша на Твитер премиерот Мицотакис. Музичкиот свет го изгуби светскиот (уметник) Вангелис, додаде Мицотакис. Тој самоук музичар, пионер на електронската музика, пронаоѓаше инспирација во истражувањата на вселената, природата, футуристичката архитектура, Новиот завет и студентското движење од 1968 година. За музиката за филмот „Огнени кочии“ добитник е на Оскар, а автор е на композициите на бројни филмови на режисерите Коста Гаврас, Роман Полански, Оливер Стон итн. Грчките медиуми пишуваат дека Вангелис починал од коронавирус во Франција каде престојувал кога не бил во Лондон или Атина.]]>

Посебно горд: На Димитар Андоновски му се оствари животниот сон (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/posebno-gord-na-dimitar-andonovski-mu-se-ostvari-zivotniot-son-foto/ Mon, 09 May 2022 08:39:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249229

Димитар Андоновски на македонската публика и е познат како пејач и автор, но веќе неколку години сè поактивен е и како композитор на театарска музика. Дека успешно плови и во овие води, доказ е и тоа што отиде чекор подалоку со компонирање и на филмска музика. Ова за Диме е остварување на животниот сон, отакако гордо и со право се пофали дека ја работел музиката на филмот „ Денот на жената“ чија промоција се случи во кино „Милениум“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dimitar Andonovski (@dimitarandon)

„Денес сум посебно горд бидејќи ми се оствари животниот сон да компонирам музика за Филм. Денес се одржа премиерата на филмот "Денот на жената", во режија на Гоце Цветановски. Му благодарам на довербата, задоволството и радоста е голема да си ја слушаш својата музика на големото филмско платно.Се надевам дека ова ќе биде само добар почеток во својата кариера во областа на филмската уметност, пишува Андоновски. Објавата се најде на неговите профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм каде деоби многу допаѓања и коментари со честитки што веруваме дополнително му го наполнија срцето. Инаку, во 2019 година Димитар ја доби наградата за најдобра музика на 54. издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. фото:Инстаграм принтскрин Димитар Андоновски]]>

Никој не би ги препознал како деца: Денес се популарни, познати и успешни во своите професии и среќна брачна двојка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikoj-ne-bi-gi-prepoznal-kako-deca-denes-se-popularni-poznati-i-uspeshni-vo-svoite-profesii-i-srekjna-brachna-dvojka-foto/ Sat, 12 Mar 2022 08:55:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232426

Момчето на фотографијата е еден од најпрепознатливите уметници на денешницата. Неговата професионална музичка кариера започнала кога имал само пет години, а од година во година се издигнувал како уметник, автор и изведувач чија популарност ги достигнува највисоките граници. Пресвртница во неговата кариера се смета за 2004 година, кога со композицијата „Лане моје“ победи на републичките избори за претставник на Србија и Црна Гора за „Евросонг“ и го освои второто место во вкупниот пласман на „Евровизија“ со истата песна. Таа пак како тинејџерка кариерата ја започнала на телевизијата БК во 2001 година, каде водела авторски емисии посветени на филмот „Трејлер“, а потоа и „Блокбастер“. На интервјуто за работа за БК телевизија, имала неполни 18 години и изгледала мирно, вистинска девојка со собрана коса, врзана во опавче. Не направила ниту една  пластична операција како што тоа го сторија многу нејзини колеги дури  и по две породувања, од кое едното со близнаци.   Жељко и Јована Јоксимовиќ се заедно 13 години, од кои девет се во брачна заедница. Имаат три деца, синот Коста и близнаците Срна и Ана. И двајцата се остварени во своите професии, Жељко какоавтор,  музичар и пејач, а од неодамна и сопственик на ТВ медиуми, а Јована како новинарка, уредничка и ТВ водителка. Фото: АТА имиџис/Фејбук/ Јутјуб/Кариќ компани фемили  ]]>

По долго и тешко боледување во Австралија: Почина композиторот и пејач Тоде Новачевски https://arhiva.vistina.com.mk/__trashed-11/ Thu, 10 Feb 2022 19:48:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238626

Почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, после долго боледување од рак на белите дробови. Новачевски беше синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас и песните како„Признавам“, испеани од сестрите близначки, пејачките Маријана и Росана. Тој повеќе децении беше во брак со Маријана, минатата година откри дека веќе две години се бори со карцином, но зборуваше и за подемите и падовите во бракот со Маријана и разводот. „Иако мојот карцином на белите дробови нема никаква врска со ковид-19, почетокот на проблемот пред две години и развојот на болеста беа скоро исти. Од страшна инфекција стекната заедно со грип и по лошо поставена дијагноза, за неколку месеци достигнав внатрешно крварење, карцином на крв и метастази кои максимално ме потресоа и физички и психички. Сепак, засега, барем низ оваа последна епизода од мојот живот, поминувам како да ми е почеток на нов, поубав и попросперитетен период, иако сум свесен дека е многу можно да не доживеам подлабока старост“ - говореше Новачевски во едно од своите последни интервјуа дадени лани летото за за Свет Австралија. Благодарен на Маријана што не дозволила нивното разделување и развод да влијаат негативно на врската која ја имаат со децата, свесен дека тие се најмалку виновни за недоразбирањата кои во кризниот период на нивнаата врска, не успеале да ги надминат. Тој најсреќните вести ги добил во најтешкиот период од животот. „Токму во најтешкиот период на живот, ми стигнаа и најубави вести, најпрво за моето мало дедино срцуле Ива, ќерка на мојот син Филип и снаата Анастасија, па веридба на моето големо срцуле, ќерката Магдалена и Ерик. Можете да замислите со колкава радост и гордост сме исполнети Маријана, јас и најбликите од двете страни на нашите семејства“ - оптимистички и со искреност истакна тогаш  композиторот, чиј живот згасна по борбата со тешката болест. Рековме Збогум. Сакам песно мојата да те испејам, сета болка моја како солза да ја слеам… Одетај, песно моја гулабице,  побарај ведро небо за мојот бол на срце... Почивај во мир Тоде мој... Таму некаде, каде болки и премрежја не постојат“ - се зборовите со кои неговата бивша сопруга пејачката Маријана Нoвачевска се прости од својот некогашен сопруг со кој и покрај се', очигледно останале во пријателски односи. „Нашиот композитор, еден и единствен композитор,  човек кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци, си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат, горе некаде заедно нека компонираат и музицираат, бидејќи музиката им беше живот. Голема благодарност и почит до него, спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живееше, тивко и си замина... Почивај во мир мој Тоде“ - со овие зборови на свокот Фејсбук се прости од нејзиниот некогашен зет и композитор на најубавите песни што ги испејаа, сестрата близначка на Маријана, пејачката Росана Сариќ Тодоровска. Маријана  како последно збогум ја постираше нивната заедничка песна „Ако не исчезнам“. Песна која со текот на годините стана еден од вечните македонски евергрини напишани од  сега покојниот Тоде Новачевски, а испеани од нив тројцата на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 1989 година. ]]>

Почина маестро Александар Џамбазов https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-maestro-aleksandar-dzambazov/ Tue, 25 Jan 2022 11:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236140

Почина македонскиот композитор, диригент и аранжер, маестро Александар Џамбазов. Веста за смрта на Александар Џамбазов преку социјалните мрежи ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години… од денес, конечно со својата Анче… Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој, пишува Џамбазов на социјалните мрежи.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори. Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. Александар Џамбазов беше зет за ќерка на легендата и еден од основоположниците на македонското глумиште, славниот Петре Прличко, чија ќерка Анче Џамбазова, односно сопруга на Александар и мајка на Игор Џамбазов беше исто така позната македонска глумица. Покрај Игор со неа маестро Џамбазов ја има и ќерката Татјана, која долги години живее надвор од Македонија. Ангелите нека ти го осветлат патот кон вечноста... Почивај во мир маестро!]]>