композитиор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 May 2021 09:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png композитиор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш Тодор Трајчевски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-makedonski-kompozitor-aranzer-i-harmonikash-todor-trajchevski/ Wed, 12 May 2021 09:00:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202200

Денес, среда 12 мај 2021 година  од компликации како последици на Ковид - 19 вирусот почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски. Тодор Трајчевски е роден 1954 година во Штип. Беше познат композитор, аранжер и врвен хармоникаш. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил  во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител  во 1988. Автор е на  повеќе од 200 песни од различни жанрови, над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија. Соработувал со најголемите македонски фолк ѕвезди, естрадни уметници и музичари, а за многу од големите пејачки имиња напишал хитови или аранжмани за нивните познати песни. Пишувал и класични композиции, главно за тромбон и клавир, во соработка со Дуото Рибарски. Трајчевски беше постојан учесник на речиси сите фестивали во Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=hePw8Cnmdvc]]>