компјутер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Apr 2023 10:16:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png компјутер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Начинот на кој се користи компјутерот го открива степенот на стрес на работа https://arhiva.vistina.com.mk/nachinot-na-koj-se-koristi-kompjuterot-go-otkriva-stepenot-na-stres-na-rabota/ Wed, 12 Apr 2023 10:16:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297937

Начинот на кој луѓето пишуваат на тастатурата и го користат компјутерското глувче, може да биде подобар показател за стрес отколку мерењата срцев ритам, посочуваат швајцарски истражувачи. Како што велат, нивниот модел може да помогне да се спречи хроничен стрес. Истражувачите од Швајцарскиот технолошки институт во Цирих (ЕТХЗ), набљудувале 90 учесници во лабораторија како извршуваат канцелариски задачи од реалниот свет, како што се закажување состаноци или снимање и анализа на податоци. Научниците го набљудувале користењето на глувчето и пишувањето на испитаниците, како и отчукувањата на срцето и редовно ги прашувале колку се тие под стрес. – Тоа кажува повеќе за нашето ниво на стрес отколку отчукувањата на срцето во работната средина, истакна математичарката и една од авторите на научниот труд, Мара Нажлин. На некои учесници им било дозволено да работат непречено, но половина од групата постојано биле прекинувани со пораки за разговор или повици за состанок. Истражувачите открија дека луѓето под стрес пишуваат и го движат глувчето поинаку од оние кои се опуштени. – Имено, луѓето под стрес почесто и понепрецизно го движат глувчето, вели Нажлин. Исто така, откриено е дека луѓето кои се чувствуваат под стрес во канцеларија прават повеќе печатни грешки и се склони да пишуваат нагло и брзо, со многу кратки паузи. Од друга страна, пак, опуштените луѓе прават помалку, но подолги паузи кога пишуваат и работат на своите компјутери. Врската меѓу стресот и употребата на тастатурата и глувчето може да се објасни со тн. теорија на невромоторна способност. – Зголеменото ниво на стрес негативно влијае на способноста на нашиот мозок да обработува податоци. Тоа влијае и на нашите моторни способности, објасни психологот Џасмин Кер. Се истакнува и дека секој трет вработен во Швајцарија страда од стрес на работа. „Засегнатите често не сфаќаат дека нивните физички и ментални ресурси се намалуваат, додека не е предоцна“, се вели во написот. Научниците сметаат дека треба да им се помогне на работниците брзо да го идентификуваат стресот, меѓу другото, и создавајќи алатки за следење на нивната работа. Извор: Курир.мк]]>

Три начини за борба против „дигиталниот замор“ https://arhiva.vistina.com.mk/tri-nachini-za-borba-protiv-digitalniot-zamor/ Mon, 05 Apr 2021 13:45:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197563

Поради пандемијата, многумина работат од дома, а работното време често трае подолго од вообичаеното. Како резултат, многумина се „залепени“ на мобилните телефони и компјутери и живеат во живот во кој нема јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот. Овој животен стил може да доведе до здравствени проблеми, па меѓу другото, потребно е да се ослободите од дигиталниот замор. Постојат три лесни начини како да го направите тоа. Научете да се исклучувате Откако ќе завршите, научете да правите дигитална пауза од сите уреди. Наместо тоа, ќе се фокусирате на нешто во што уживате, а тоа е читање книги, слушање музика, поминување квалитетно време со најблиските и слично. Водењето таков распоред ќе ви овозможи да имате контрола над вашиот секојдневен живот. Фокусирајте се на една задача Мултитаскингот се чини незаменлив во денешниот свет, сепак, неодамнешното истражување спроведено низ целиот свет покажува дека мултитаскингот не е навистина најдобриот начин да се постигне продуктивност. Иако можеби изгледате како професионалец во правење неколку работи одеднаш, во реалноста тоа не е така и вашата продуктивност се намалува. Поради долгото работно време и постојаната употреба на повеќе уреди за извршување на повеќе задачи, тешко е да се концентрирате. Постојат дури и проблеми со запомнување на задачите што мора да се завршат во текот на денот. Не заборавајте на реалниот свет Дигиталниот свет е модерен и можеме да направиме многу со едноставен клик на копче. Но, реалниот, физички свет нè поврзува и носи задоволство, чувство на припадност и меѓусебна поврзаност. Дури и во најфреквентниот распоред за работа, треба да најдете време за физички вежби. Дури и 20 минути пешачење ќе ги релаксира вашето тело и ум. Исто така, не заборавајте да се дружите со пријателите и да одржувате комуникација со нив. извор:кафепзауа.мк]]>

Додека Вељко меша манџа над шпоретот и пцуе, еве што прави Богдана: „Колку добро си се омажила, сонце ли ти е*ам…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-veljko-mesha-mandza-nad-shporetot-i-pcue-eve-shto-pravi-bogdana-kolku-dobro-si-se-omazila-sonce-ti-e-am-foto/ Wed, 18 Nov 2020 08:52:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176635

За Вељко Ражнатовиќ, младиот боксер и син на покојниот Аркан и пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, често се вели дека во боксрескиот ринг е вистински „ѕвер“. Но дома, по се' изгледа дека  приказната е сосема поинаква. Вељко не крие дека е заљубен во својата убава сопруга Богдана, која пред половина година му го подари синот Жељко. Младиот Ражнатовиќ, кој е многу активен на социјалните мрежи, честопати споделува моменти од  домашната атмосфера за своите следбеници, а со последното видео покажа дека е многу вреден и посветен сопруг, вистински домаќин за едни или вистински „папучар“, за други!? Имено, додека Вељко со дрвена лажица стои над шпоретот и го меша ручекот да не загори, Богдана седи на компјутер и се забавува играјќи видеоигри. „Колку добро си се омажила, сонце ли ти е*ам“ - опцу  Вељко, секако на шега, па ја сврти камерата за да  покаже што прави неговата поубава половина, додека тој изигрува „очајна домаќинка“. А пцовката? Колку да е на шега... Во секоја шега - половина вистина, велат!]]>

Преку глава ви е од постојано гледање во компјутер? Еве што ефикасно помага https://arhiva.vistina.com.mk/preku-glava-vi-e-od-postojano-gledanje-vo-kompjuter-eve-shto-efikasno-pomaga/ Mon, 24 Sep 2018 11:50:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49465

Се повеќе луѓе премногу време поминуваат пред компјутер. Ако сте во таква ситуација правете чести паузи и гледајте во билки. Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат оти тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите, тврди германскиот Сојуз на офталмолози. Пацинетите како проблеми ги наведуваат сушење на очите, загалување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите повеќе мали паузи отколку една долга, како и да држите билки во канцеларијата. Тие се добри за превенција на сушењето на очите зашто додаваат влажност. Освен тоа, мониторот држите го под прав агол во однос на прозорецот и светилките, избегнувајте индиректно осветлување, а очите држите ги 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот – со што ќе го намалите заморот и проблемот со очите.]]>

Предолго работите на компјутер – овие 6 совети помагаат за болката во рацете https://arhiva.vistina.com.mk/predolgo-rabotite-na-kompjuter-ovie-6-soveti-pomagaat-za-bolkata-vo-racete/ Fri, 20 Apr 2018 11:51:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22248

Ако по цел ден работите на компјутер, изложени сте кон појава на т.н. синдром на карпален тунел, болка која се јавува во затегнатиот канал кој го прават коските на раката, лигаментите и сврзното ткиво на рацете. Низ него поминуваат крвните садови и нервот medijanus, кои, кога ќе се притисне, предизвикува болка, вкочанетост на прстите и ограничено движење на раката. Најчеста причина е преоптоварување на тетивите во карпалниот тунел поради честите повторувачки движења или пролонгирано неправилната положба на рацете. Тетивите тогаш отекуваат и со тоа го намалува преминот на нервите во оваа област.
Симптомите почнуваат со минлива вкочанетост во прстите, обично во текот на ноќта и во утринските часови по спиење, а потоа се проширува и трае цел ден. Покрај тоа, може да има оток на палецот и прстите, кои можат да бидат придружени со болка. Со текот на времето се развива и мускулна слабост, која се манифестира како ослабен стиок на раката и ограничено движење и паѓање на предмети од рака. Затоа, луѓето кои работат на компјутер треба почесто да се одмараат и да се избегнат континуираните повторувачки движења, кои предизвикуваат болка и се неприродни за зглобот. Вежби за целото тело За сите оние кои во текот на работата ги повторуваат истите движења се препорачува дека секој час пауза од пет минути и да ги одморите вашите раце. Во текот на овој период се препорачува да ги раздвижите зглобовите и да се протегаат мускулите. Medijanus нервот започнува во областа на цервикалниот 'рбет, и затоа е многу важно да се направи вежби за целото тело, особено на горниот дел, да се задржи правилната позиција и тонусот на мускулите и да се намали можноста за негова дополнителна штета. Исто така, правилната исхрана и витаминот Б6 се важни за добра нервна функција. Одлични вежби за отстранување на болките Пакетче на книжни марамчиња за помалку болки Сите оние кои работат долго време треба да добијат специјална подлога за маус. За таа цел, одлично може да послужи и пакетче на книжни марамчиња, кое треба да се стави под рачниот зглоб. Доволно е меко што не постои притисок на тој дел од раката, но и доволно висок што не стои во неправилна положба. Кружно движење на раката Свртете ја раката над својата оска, тоа можете да го направите со отворена или стисната рака. Оваа вежба треба да се прави често, пред работа, но и пред тренинг, особено ако вежбате рачни вежби. Виткање на раката кон себе За оваа вежба ви треба една чаша. Свртете ја нагоре, а потоа свиткајте ја раката кон вас. Повторете ја вежбата од пет до десет пати. Истегнување на сите тетиви Полека свиткајте ја раката со притискање на другата рака, а потоа задржете 15-30 секунди. Втората вежба е виткање на раката полека со повлекување на прстите нагоре. Зајакнување на тетивите со повлекување на прстите Испружете ја дланката и прстите. Потоа свртете ги прстите надолу, ширејќи ги колку што можете. Потоа повлечете ги средината, а потоа до коренот на дланката. Вежба за зајакнување на зглобовите Земете чаша во вашата рака. Прво исправете го зглобот, а потоа повлечете ја чашата кон вас. Повторете ја оваа вежба пет до десет пати. Меко топче ќе го зацврсти стисокот Зајакнувањето на целата мускулатура на тупаницата и лактите ќе се постигне со притискање на сунѓерната топка. Покрај тоа, оваа вежба во голема мера ќе ве ослободи од акумулираниот стрес.]]>