компир со сирење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Jul 2021 12:09:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png компир со сирење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Рецепт за совршен печен компир со сирење https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-sovrshen-pechen-kompir-so-sirenje/ Thu, 22 Jul 2021 13:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212197

Ако сакате идеално печени компири од рерна со сирење и крем, исечете ги во многу тенки парчиња и печете ги подолго отколку што мислите дека треба … Овој рецепт за печен компир бара подолг термички третман, но гарантира совршено вкусни резултати.

Состојки:

  • 1 кг компири со висок процент на скроб
  • 400 мл крем за готвење
  • 400 гр топено сирење по желба
  • 200 мл пилешки булјон
  • 5 дебели парчиња сланина
  • 2-3 чешниња лук
  • 3 лажици путер
  • 3 лажици брашно
  • сол и бибер по желба
  • свежи пиперчиња по желба

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Исецкајте ја сланината на мали парчиња и пржете ги во тава на умерена температура.
  • Извадете ја сланината од тавата, додадете путер и пропржете го исечканиот лук на добиената маст околу една минута.
  • Додадете брашно, измешајте сè добро и варете уште една минута.
  • Постепено мешајте ги пилешкиот булјон и кремот и варете ги сите заедно уште пет минути, или додека сосот не се згусне. Додадете сол и бибер по желба.
  • Излупете го компирот и исечете го на тенки парчиња. Ако имате мандолина за сечење зеленчук, користете ја.
  • Ставете тенок слој сос во огноотпорен сад, на него наредете компири, рендано сирење и пржена сланина. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки.
  • Ставете го во загреана рерна и печете 75 минути, додека компирот не стане многу мек.
  • Послужете со сецкан власец и сезонска салата по желба. Добар апетит!
извор: курир.мк ]]>

Рецепт за печен компир полнет со сирење, јадење кое сите ќе го обожувате https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-pechen-kompir-polnet-so-sirenje-jadenje-koe-site-kje-go-obozuvate/ Tue, 02 Mar 2021 13:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192108

Количината е доволна за четири порции, може да ги јадете самостојно или пак како прилог во некое јадење.

Состојки:

– 8 поголеми компири; – 30 до 60 грама путер; – 80 милилитри кисела павлака; – 1 млад кромид, ситно исечкан; – свежо изрендано мускатно оревче; – 50 грама изрендан чедар; – сол и мелен црн бибер.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Компирите ставете ги на решетка во средина на рерната и печете ги околу 30 минути. Прободете го секој од компирите со вилушка, па печете уште 30 минути. Извадете ги компирите од рерната и намалете ја температурата на 190 степени Целзиусови. Пресечете го компирот по средината, за да направите форма на бротче. Извадете малку од компирот кој го исековте по средината, па истиот помешајте го со путерот и киселата павлака. Додајте го и младиот кромид, мускатното оревче и зачините. Наполнете ги компирите со смесата, па одозгора ставете го чедарот. Премачкајте ги со останатиот дел од путерот и зачинете, па ставете ги повторно да се печат околу 20 минути. извор: курир.мк ]]>