комит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Nov 2022 07:53:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png комит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ФК „Вардар“ славеше 75, навивачката група 35 години постоење: „Некст Тајм“ го „запалија“ стадионот со песна, „Комитите“ со пиротехничко шоу (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fk-vardar-slaveshe-75-navivachkata-grupa-35-godini-postoenje-nekst-tajm-go-zapalija-stadionot-so-pesna-komitite-so-pirotehnichko-shou-video/ Thu, 24 Nov 2022 07:53:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277180

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ одигра пријателски натпревар по повод 75. роденден и славеше над „Железничар“ од Сараево (2-0), исто така еден од најтрофејните клубови од Босна и Херцеговина. На овој дуел јубилеј славше и навивачката група „Комити“ - 35 години од своето постоење. На Арената „Тодор Проески“ во Скопје владееше вистинска славеничка атмосфера, пред нешто околу 15.000 љубители на фудбалот. Трибините пулсираа во име на „црвено-црните“, а се приреди и пиротехничко шоу во знак на јубилеите. Што се однесува до натпреварот, Вардар постигна по еден гол во двете полувремиња. Реализатори во победата беа Филип Јаневски и Ерен Парталко. Сите играчи кои беа во записникот, добија шанса. За Вардар настапија: Гачевски, Ристески, Глишиќ, Вецески, Мишковски, Мицевски, Јусуфи, Јаневски, Маркоски, Христов и Попзлатанов кои беа во стартниот состав, а од клупата влегоа Целески, Јовчев, Стоилевски, Дошев, Папули, Величковски, Николовски, Парталко, Велковски, Николов, Блажевски и Цветков. Покрај натпреварот најинтересен беше забавно-музичкиот роденденски дел во кој братското дуо „Некст Тајм“ имаше свој настап. Во свој стил, во духот на македонската патриотска традиција Мартин и Стефан со својата изведба н нивните познати изворни обаботки буквало го „запалија“ стадионот со песна, а „Комитите“ со своето пиротехничко шоу! „Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро, да ги и видиш комитите...“ - ечеше од грлата на петнаесетилјадната публика верни навивачи на „Вардар“ кои пееја во еден глас заедно со „музичките близнаци“ и сите заедно го увелеичаа спектаклот за двојно славје - 75 роденден на клубот и 35-иот на неговата верна навивачка група. Како изгледаше и звучеше  атмосферата во славеничкиот дел од спекталот на арената „Тоше Проески“, проследете во продолжение:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Next Time (@nexttimeband)

Извор: Гол.мк Видео и Фото: gol.mk/nexttimeband Инстаграм принтскин]]>