комисија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 19 Feb 2022 08:47:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png комисија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Министерството за култура е „глувонемо“ за македонска музика и нема „чувство за осет“ за домашната естрада: И „ДНК“ и „Last Еxpedition“ ги „извисија“! https://arhiva.vistina.com.mk/ministerstvoto-za-kultura-e-gluvonemo-za-makedonska-muzika-i-nema-chuvstvo-za-oset-za-domashnata-estrada-i-dnk-i-last-expedition-gi-izvisija/ Sat, 19 Feb 2022 08:47:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239783

Резултатите од конкурсот на Министерството за култура за финансиска поддршка на проекти од национален интерес во културата, како и секоја година и оваа кренаа многу прашина, предизвикаа бура од незадоволства, отворија многу дилеми: Дали, кој, колку, за какви проекти, по кои критериуми и приоритети... треба да биде финансиски помогнат и субвенциониран! Дали партискиата припадност, етничкиот клуч или личните вкусови и интереси одново не беа во прв план, на штета на уметничките квалитети, естрадната популарност, минатиот труд, остварените резултати, оставените заслуги, квалитетот на понудата на она, за што е барано да биде субвенционирано...? Едни задоволни „мудро молчат“ и триат раце, други нездоволни пукаат од сите орудиа по „непринципиелната распределба“ на финансиските средства. Најмногу од нив се чини се оние од македонската естрада или поточно од поп-рок сцената, од која повеќето што конкурираа беа „прескокнати“. Едни од оние што останаа „извисени“ од Министерството за култура се и макеонското ар ен би дуо „ДНК“. Панчо и Андреј најавувајќи го својот јубилеј - 20 години постоење, разочарани и лути испратија реакција до јавноста преку медиумите: „Оние кои не пратат и следат знаат дека оваа година како ДНК славиме еден (за нас) голем јубилеј од 20 години постоење, кое ќе го прославиме со голем солистички концерт во арената “Борис Трајковски”. Датумот наскоро ќе биде објавен, а до тогаш сакаме да споделиме една информација со вас целокупната јавноста и сите медиуми. Денес, (17 јануари 2022) штотуку ја добивме информацијата, која воедно е големо разочарување за нас. Официјално, без никакво образложение сме одбиени од страна на Министерството за култура каде што најчесно и со целосно коректно доставена документација конкуриравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на музичката и музичко-сценската дејност. Да не бидеме погрешно сфатени не се жалиме, туку само сакаме да ви ја доловиме ситуацијата како е третирана македонската поп индустрија и воопшто македонската музика. Затоа и сцената е таму каде што е и не гледаме светла иднина додека вака сме/се третираат македонските артисти. Станува збор за ЈУБИЛЕЈ од 20 години. Ако бенд со 20-годишна кариера, кој зад себе има преку 60 синглови, 3 албуми, 2 големи соло концерти (Скопски саем), еден анплагд концерт (Универзална сала) , безброј настапи низ државата и надвор од неа, презентирајќи ја државата, нѐ множат со НУЛА, што останува останатите за останатите наши колеги и оние млади артисти кои започнале кариера или планираат да ја започнат. Ова е тотално омаловажување, деградирање и непочитување на своето. За жал, секогаш сме биле деструктивни како нација и секогаш туѓото се ценело многу повеќе. Ние концертот ќе го направиме како и да е бидејќи, пред сѐ, тоа ѝ го должиме на нашата публика која нѐ следи изминативе 20 години и ќе бидеме среќни и радосни со секој еден што ќе ни направи чест да дојде таа вечер, која за нас ќе биде еден од најбитните денови во нашите животи. Жалиме што сме родени во оваа држава, но ја сакаме Македонија, бидејќи тука е нашата публика заради која сме тоа што сме денес и воедно која, според нас, е НАЈДОБРА на свет, а тука се и нашите СРЦА. Министерство за култура нека ви служи на чест. Се гледаме на концерт. Со почит,  Панчо и Андреј„ - напишаа во својата реакција членовите на македонското ар ен би дуо „ДНК“! Од рокерите, кои најчесто беа „изоставени од колачот“ реакција и од култната македонска алтер-рок група „Ласт Експедишн“, која на сцената постои повеќе од 30 години. Еден од нејзините лидери, вокалот на бендот Енис хаџиќ - Енко, јавно на својот Фејсбиук профил го прозва Министерството за култура и особено Комисијата за музичко - сценска дејност , во чија надлежност беа одлуките за доделување финансиска помош за проекти за кои конкурирале и членовите на „Ласт експедишн“, кои исто така „извисија“: „Втора година по ред како Министерството за 'култура' го одбива за средства еден од најзначајните македонски бендови икад LAST EXPEDITION. Претходните три години не ни конкуриравме бидејќи знаев каков ќе биде крајниот резултат. Знам дека сме прогласени за неподобни кај некои 'фаци' од повисоките кругови, ама од друга страна многу ми е ќеиф што немам ист вкус со доле наведените. 'Шефот' што знае за еден ден да напраи, оваа петорк (а од бендот) не е способна за цел живот. Сите останати ве сакам многу и бидете ми здрави, живи, позитивни и среќни“ - напиша Енко во своето обраќање јавно вперувајќи го прстот токму во споменатата комисија како најголем виновник за „немање слух“ за домашната поп-рок естрада и нејзиното музичко творештво, на чии членови истакнувајќи ги со име и презиме им порачал: „Не очекував ништо друго од луѓе со ваков 'капацитет'“. Ова се само двата најеклатантни примери, а нив ги има уште... Со право или не, децениите опстојување на сцената, резултатите во вид на албуми, песни, спотови, концерти... и конечно нивната публика се најдобрата „комисија“ која суди и оценува, кого за што го бидува и кој што и колку заслужува! Фото: Фејсбук принтскрин/Enis Hadjikj/Стефан Рајхл/Маја Аргакијева/ДНК]]>

Антонио Милошоски презентираше скандалозна aудиo снимка од Зоран Заев: „Му помагавме лично на Боки за телевизијата, плус земаше пари од Силјан Мицевски“ https://arhiva.vistina.com.mk/antonio-miloshoski-prezentirashe-skandalozna-audio-snimka-od-zoran-zaev-mu-pomagavme-lichno-na-boki-za-televizijata-plus-zemashe-pari-od-siljan-micevski/ Wed, 12 Feb 2020 10:57:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133826

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања презентираше аудио снимка на која е извесно дека може да се препознае гласот на екс - премиерот Зоран Заев. На снимката може да се чуе како Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски, кој пак е првообвинет за аферата „Рекет“ заедно со Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари, поточно околу маркетингот на телевизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски. Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време екс - премиерот бил во комуникација со првообвинетиот за “Рекет“, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки 13. Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме. Во продолжение интегрално текстот од аудио записот: Зоран Заев - Но, му требаат пари во тоа телевизијата и. Зоран Заев - Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации. Зоран Заев - Го прашав „Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата“? Ми вика: „Имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“. Зоран Заев - Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година. Извор:Курир.мк]]>

Итно формирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva.vistina.com.mk/itno-formiranje-na-komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/ Fri, 13 Dec 2019 12:40:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123872

Во мај 2019 година беше усвоен новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација со кој се создадоа нормативни претпоставки за подобрување на системот и институционалните механизми за заштита од дискриминација. Притоа, новиот закон предвидува значително подобрување на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, преку проширување на нејзините надлежности на полето на промоција на еднаквоста и подигање на свеста на јавноста, како и јакнење на нејзината независност, компетентност, транспрентност и отчетност. Меѓутоа, во пракса изостанува спроведувањето на новиот закон поради неформирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во законски предвидениот рок во август 2019 година. Ваквата ситуација придонесува за опстојување на дискриминаторните практики во нашето општество, при што лицата кои се дискриминирани немаат каде да се обратат за помош и поддршка за заштита на своите човекови права. За таа цел, апелираме до Собранието на Р.С.Македонија, односно Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, во најкус можен рок, да спроведе транспарентна постапка за избор на новите членови на КСЗД преку: – Распишување на јавен оглас за избор на членови на КСЗД во најмалку два дневни весника кои се издаваат на целата територија на државата, како и објавување во Службен Весник и на интернет страницата на Собрание; – Организирање јавна расправа со учество на сите засегнати страни, на која јавноста ќе биде информирана за пријавените кандидати и нивните биографии, по што ќе биде утврдена предлог-листа за усвојување од страна на Собрание на Р.С.Македонија; – Избор на членови на КСЗД врз основа на законските критериуми и почитување на принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество. Дополнителни податоци за уредникот: Здружението ЕСЕ во соработка со Институтот за човекови права и со поддршка на Британската амбасада во Скопје, подготвија Проценка на законскиот мандат и на надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во оваа проценка детално се утврдени сите предуслови за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работата на новата Комисија, кои треба да бидат преземени пред, како и непосредно по изборот на новите членови на ова тело. Повеќе информации за проценката и предусловите за ефективна имплементација на новиот закон може да најдете на следниот линк.]]>