комичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jul 2019 17:45:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png комичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој стигна го насамари: Зоран Заев е од оние политичари со кого мајтап си играат од лажни принцови и новинари, до руски комичари! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-stigna-go-nasamari-zoran-zaev-e-od-onie-politichari-so-kogo-majtap-si-igraat-od-novinari-i-lazani-princovi-do-ukrainski-komichari-foto-video/ Tue, 09 Jul 2019 09:06:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96778

Откако вчеравечер беа објавени разговори со македонскиот премиер Зоран Заев, во кои тој наседнува на шегата на светски познатите руски „пpaнkepи“, на социјалните мрежи тргна дебата, дали е можно Заев да е толку „наивен“? Еден статус кажува се':
Заев во еден час: „Им ги даде броевите на пола од лидерите во светот, ги озборуваше скоро сите дипломатии, се исмејуваше на руските служби и Путин, ги кажа тајните од Меркел и Макрон, ги кажа стратешките планови на Балкан, поверува дека Порошенко е директен потомок на Александар Македонски и нудеше 100К евра поткуп за Вартоломеј, сето тоа на руски комичари. Дајте му Нобел, заслужува“.
Ова не е првпат Зоран Заев да биде насамарен. Со него, во минатото, се мајтапеа и македонски новинар и  измамник кој се претставуваше како црногорски (лажен) принц.
Стефан Чернетиќ, кој тврдеше дека е принц од Црна Гора, Македонија и Србија, пред нецела година, се сретна со Заев и објави фотографии на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук. На фотографиите Чернетиќ го одликуваше Заев во просториите на Владата на Република Македонија. Само за потсетување, за Стефан Чернетиќ беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Ова тој наводно го правел, за да се стекне со финансиска корист. Во 2012 година, Заев исто така беше насамарен.
Видеото подолу претставува целосен телефонски разговор помеѓу Зоран Заев и македонски новинар на кој се претставува како Претседател на СДММ- Крива Паланка. https://www.youtube.com/watch?v=cbzXfQDYJ8k Извор: Курир.мк
]]>