комедија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Oct 2022 12:52:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png комедија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бранко Ѓуриќ- Ѓуро со хит комедијата „Ѓурологија“ доаѓа во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/branko-gjurikj-gjuro-so-hit-komedijata-gjurologija-doagja-vo-skopje/ Sun, 02 Oct 2022 07:20:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269606

„Познатиот босански актер Бранко- Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“ на 13 октомври од 20 часот во Домот на АРМ. Со својот препознатлив босански шарм и долгогодишното актерско искуство, што особено се отсликува во неговите култни проекти „Топ листа надреалистa“ и „Аудиција“, Бранко Ѓуриќ Ѓуро преку „Ѓурологија“ навистина го дава најдоброто од себе. Еден вид (анти)стенд ап шоу „Ѓурологија“, како што сака да го нарече самиот Ѓуро, е всушност збирка од неговите интимни размислувања и погледи на животот, кои ги раскажува на искрен и урнебесен начин, одржувајќи ја публиката воодушевена, и речиси со непрекинато смеење.
Харизматичниот сараевчанец со холивудска и интернационална кариера како актер, режисер, кантавтор и рок музичар, во претставата ги обединува сите негови уметнички улоги и на публиката и претставува неспоредливо шоу од 90 минути. Претставата веќе неколку години руши рекорди на гледаност во светот на театарот и стенд ап комедијата на нашите простори. Одиграна е повеќе од 450 пати и ја виделе преку 350.000 посетители, и сè уште продолжува да ја воодушевува публиката и да ги полни салите низ целиот регион. Затоа не пропуштајте уште еден незаборавен настап на Бранко Ѓуриќ Ѓуро со почеток во 20 часот. Билетите се веќе пуштени во онлајн продажба, достапни преку https://www.karti.com.mk.  
]]>

Театар Комедија распиша конкурс за комедија од македонски автор https://arhiva.vistina.com.mk/teatar-komedija-raspisha-konkurs-za-komedija-od-makedonski-avtor/ Thu, 21 Jan 2021 13:17:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186218

Театар Комедија – Скопје објави конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори. Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – македонски државјани Секој автор има право да конкурира со по една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана. Од пристигнатите комедии комисијата ќе одбере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар комедија во текот на 2022 година. Од Тетар Комедија информираат дека пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот). Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар Комедија – Скопје, бул. „Климент Охридски” бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.]]>

„Кој е тука идиот?“ во Домот на АРМ https://arhiva.vistina.com.mk/koj-e-tuka-idiot-vo-domot-na-arm/ Tue, 11 Sep 2018 09:50:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47367

Уште една хит - театарска претстава доаѓа во Скопје. „Кој е тука идиот“ ќе гостува во Домот на АРМ, а во неа главните ликови се познатите и популарни српски актери Милан Калиниќ и Срѓан Ивановиќ. Претставата е правена по дело на руската писателка Муза павлова, а шеговито раскажува настани од далечната 1903 година кога во Русија двојките за да стапат во брак морале да добијат различни потврди, меѓу кои онаа од психијатар.
Приказната започнува со забавата на ергенската вечер на идниот младоженец ( Милан Калиниќ) и барањето на споменатата потврда од психијатарот ( Срѓан Ивановиќ)...
Влезниците ќе можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за се“, „1/2 Југотон“ и цвеќарницата „Розе“ во супермаркетот Веро 2.      