комбе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Feb 2022 07:33:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png комбе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Полицијата тренираше строгост врз естрадата: Со лисици и буткање во комбе како најголем криминалец, пејачот Александар Тарабунов приведен по настап во Битола! https://arhiva.vistina.com.mk/policijata-trenirashe-strogost-vrz-estradata-so-lisici-i-butkanje-vo-kombe-kako-najgolem-kriminalec-pejachot-aleksandar-tarabunov-priveden-po-nastap-vo-bitola/ Mon, 21 Feb 2022 07:33:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239825

Пејачот Александар Тарабунов во неделата, рано утрото бил приведен во битолската полициска станица а во рамки на голема акција на МВР и државните инспекторати. Имено Тарабунов по концертот со Камерниот оркестар насловен „Засекогаш во срцето“, оваа година посветени на Тоше Проески и Аки Рахимовски, настапувал и во едн познат битолски локал, кој бил еден од 4-те објекти кои беа исконтролирани.
„Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици и со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот нè држеа до 8 сабајле, на крај нè пуштија така, слободни сте… Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, сè решено“- напиша Тарабунов на својот инстаграм-профил.
МВР вчера, недела 20 февруари 2022 год. веќе информираше за акцијата. Имено во периодот од 01.30 до 04.30 часот ноќеска полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола, соопшти МВР.
Како што се наведува во соопштението во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) и ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик, едно лице употребило лажен ковид сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби. Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани прекршоци и по законот за пушење. 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци. Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandartarabunov Видео: Јутјуб
]]>

Комбе претвориле во „соба на тркала“ и сега патуваат со стил низ светот https://arhiva.vistina.com.mk/kombe-pretvorile-vo-soba-na-trkala-i-sega-patuvaat-so-stil-niz-svetot/ Tue, 06 Oct 2020 11:21:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170255

Арон и Лаура од Англија, купиле сиво комбе за да можат со него да патуваат и да го истражуваат светот, но исто така и во него да одмораат и живеат. Тие прво ја промениле бојата на комбето, и тоа сами, затоа што понудата која што ја добиле од професионалец им била прескапа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Laura﹠Aaron𓇣Vanlife𓇣NatureFolk (@parkingonthewildside) on

Тие го бојадисале комбето најдобро што можат, со две бои - боја на цимет и крем. Арон и Лаура одлучиле комбето да го бојадисуваат со валјак. Тоа го направиле во нивната гаража, а сето тоа траело само неколку денови за на крајот да го постигнат тоа што го сакале.
 
Комбето одлучиле да го направат во рустикален стил со помош на ламинат, а за да продолжат во тој стил одлучиле да користат палети за кровот на самото комбе. Иако дрвото додало голема тежина на кровот, Арон вели дека тоа не го менува начинот на кој што истото се вози. Тие велат дека многу од работите со кои што го опремиле комбето ги купувале од локалните и од „second hand“ продавници.
 
извор: точка.мк]]>