комарец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Sep 2023 11:15:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png комарец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Знаете ли зошто најчесто не чувствувате кога ве каснува комарец? https://arhiva.vistina.com.mk/znaete-li-zoshto-najchesto-ne-chuvstvuvate-koga-ve-kasnuva-komarets/ Mon, 04 Sep 2023 11:15:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316563

Кога дел од телото ќе почне да ве чеша, сфаќате дека сте биле мета на комарци. Сепак, ретко ќе го почувствувате моментот на самиот убод. Докторот Сермед Межер од Лондон ја открил причината зошто не чувствуваме кога не каснува комарец. Имено, како што објаснил тој, причината е што плунката од комарец има слични својства како анестетик. „Со убодот од инсектот започнува и вбризгување на локален анестетик во кожата, така што нема да го почувствувате. Шест игли влегуваат во кожата, од кои едната ја пробива кожата, а другата служи за да пие крв“ изјавил тој. „Каснувањето од комарец е толку ефикасно што комарецот ќе го снема додека да сфатиме што се случило. Само женските комарци ретко каснуваат бидејќи им треба дополнителна храна за да ги нахранат своите млади. Комарците еволуирале за да имаат одлична способност да пронаоѓаат крвни садови и да цицаат крв без да предизвикаат значителна штета или непријатност“, додал тој. Колку и да се трудите да ги избегнете комарците и колку и да користите разни препарати, тие буквално се лепат до некои луѓе. Патот до „жртвата“ не е комплициран, а женските комарци ги следат издишувањата богати со јаглерод диоксид. Според експертите, комарците избираат кого да каснат врз основа на видот и количината на пот што ја лачиме. Важно е да се напомене дека комарците ги следат луѓето по мирис. Женките ги користат сите сетила за да одлучат дали сакаат да гризат некого или не. Јаглеродниот диоксид што луѓето го издишуваат заедно со разни хемикалии создава мирис што комарците го мирисаат дури и кога се оддалечени 30 метри од луѓето. извор:tocka.kom.mk]]>

Нема да ви влезе мува во домот- не го поднесуваат ова, ставете го до прозорците и вратите https://arhiva.vistina.com.mk/nema-da-vi-vleze-muva-vo-domot-ne-go-podnesuvaat-ova-stavete-go-do-prozorcite-i-vratite/ Wed, 22 Jul 2020 13:00:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159995

Мувите се многу досадни и тешко се бркаат кога ќе влезат дома, ја напаѓаат храната, а тоа секако сакаме да го спречиме, но за среќа има природно решение. Босилек е нешто што не можат да поднесат. Ставете го близу вратите и прозорците и нема да ви влезе мува дома. Не сакаат ни лаванда, па и таа е замена за босилекот. Oслободете се од комарците за секунда – потребни ви се само две состојки Со доаѓањето на летото доаѓаат и здодевните комарци, постојат различни препарати од кои некои делуваат навистина некои пак не. Ќе ви претставиме еден трик од природата, после кој ќе може да потонете во вашиот сон без здодевните, мали инсекти. Сè што ви е потребно е лимон и каранфилче. Лимонот исечете го на половина, па во секоја од неговите половини забодете ги каранфилчињата. Потоа, ставете го лимонот во собата во која што престојувате. Сите кои што го пробале овој трик велат дека помага, но не само кај комарците туку и кај мувите, а голем плус е тоа што лимонот и каранфилчето со својот мирис ја освежуваат просторијата. Биологот Барт Нолс објаснува дека комарците ги привлекува човековиот здив. Јаглендиоксидот што го издишуваме, во комбинација со разни хемикалии, создава мирис што комарците може да го почувствуваат и на 30 метри оддалеченост. Биологот тврди дека секој човек испушта над 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 од нив се наоѓаат во здивот. Женката комарец ги вклучува сите свои сетила за да одлучи дали некого ќе го касне или ќе го заобиколи. Уште еден битен фактор врз чија основа комарците одлучуваат дали ќе цицаат нечија крв е мирисот на кожата. Така, на пример, жолтите и тигрестите комарци ги привлекува млечната киселина, додека обичниот комарец е понаклонет кон масната киселина. Постои верување дека лицата што јадат лук и земаат витамин Б ги одбиваат комарците, но биологот Нолс вели дека нема доволно докази за тоа. Јапонските научници, пак, веруваат дека крвната група е пресудна за комарците. Па, така, лицата со крвна група 0 тие ги сакаат двојно повеќе од, на пример, оние со крвна група Б или АБ. А најмала веројатност дека ќе ги каснат имаат лицата со крвна група А. извор: курир.мк]]>

Убод од комарец – како да го ублажите иритирачкото чешање? https://arhiva.vistina.com.mk/ubod-od-komarec-kako-da-go-ublazite-iritirachkoto-cheshanje/ Wed, 02 May 2018 11:54:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20586

Скоро и да не постои човек кој не почувствувал на своја кожа колку е досадно и иритирачко чешањето предизвикано од убод од комарец. Доволен е само еден ваков мал инсект за да ви се уништи сонот во летните месеци и неколку дена да ве измачува непријатното чешање. Убодите од комарци најчесто се случуваат во периодот од зајдисонце до изгрејсонце, кога комарците се најактивни. За среќа, Македонија не е ризично подрачје и комарците не пренесуваат сериозни болести како маларија или жолта треска, па најголем дел од убодите не се опасни. Комарец

ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВА ЧЕШАЊЕТО?

Само женските комарци „касаат“ луѓе, бидејќи тие се хранат со крв. За разлика од нив, машките комарци најчесто се хранат со растителни сокови. Со помош на тенко долго рило женските комарци ја пробиваат човечката кожа и цицаат крв. Но, додека цицаат, тие на вашата оставаат кожа и дел од нивната плунка која содржи протеини чијашто цел е да го спречи засирувањето на крвта. Имуниот систем реагира на тие протеини и како резултат на тоа, местото околу убодот поцрвенува и потекува, а се појавува и чешање.

КОИ ЛУЃЕ ГИ ПРИВЛЕКУВААТ КОМАРЦИТЕ?

Научниците постојано спроведуваат експерименти за да утврдат што ги привлекува комарците повеќе кон едни луѓе, а помалку кон други. Познато е дека комарците ги избираат своите „жртви“ врз основа на многу фактори како миризбата и хемикалиите во потта. Досегашните истражувања укажуваат дека комарците повеќе ги привлекуваат мажи отколку жени, но и бремени жени, лица со крвна група 0, лица со високо ниво на холестерол и со прекумерна телесна тежина, лица кои консумираат пиво и лица кои носат темна облека.

КАКО ДА ГО НАМАЛИТЕ ЧЕШАЊЕТО ОД УБОД ОД КОМАРЕЦ?

Чешањето кое се појавува како последица на убодот од комарец не може да исчезне веднаш, па треба да бидете трпеливи. Најважно е да не го чешате зацрвенетото место за не да ја раздразните кожата и да не го зголемите времето на заздравување. Откако ќе забележите дека сте каснати од комарец, веднаш измијте го местото со вода и сапун или исчистете го со алкохол. Потоа можете да искористите некој од следниве домашни лекови, кои помалку или повеќе го намалуваат чешањето:
  • Паста од сода бикарбона. Измешајте вода со сода бикарбона за да направите паста, а потоа нанесете малку на зацрвенетото место;
  • Сок од лимон;
  • Јаболков оцет;
  • Алое вера;
  • Паста за заби;
  • Течност за плакнење на устата;
  • Сол. Протријте ја кожата со малку сол и вода;
  • Лушпа од банана. Протријте го „каснатото“ место со внатрешноста на лушпа од зрела банана;
  • Масло од чајно дрво;
  • Мраз.
Дополнително можат да ви помогнат и следниве малку чудни „лекови“:
  • Селотејп. Залепете парче селотејп. Многумина тврдат дека значително го намалува чешањето.
  • Проѕирен лак за нокти. Премачкајте го местото со малку лак за нокти. Но, не го правете ова ако претходно сте си направиле рана со чешање.
  • Сув сапун. Протријте го местото со сув сапун за да почувствувате олеснување.
  • Направете „Х“. Со помош на нокот направете „Х“ врз местото на убодот. Го спречува чешањето веднаш.
  • Плунка. На убоденото место ставете малку од сопствената плунка.

!

Внимание: Доколку убодот од комарец предизвика силна неподнослива болка, треска, силна главоболка, вртоглавица, гадење или потекување на грлото, веднаш одете на доктор.
]]>