колумна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Jul 2023 10:55:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png колумна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колумна: „Еуромакс Одлучно ПРОТИВ Рудници на Смртта!“ https://arhiva.vistina.com.mk/kolumna-euromaks-odluchno-protiv-rudnitsi-na-smrtta/ Sat, 22 Jul 2023 10:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311220

Пишува: д-р. Живко Груевски И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале. Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; против небезбедни брани за течни јаловишта, загадување на надземните и подземните води, дополнителни загадувања на плодните почви и воздухот; против застарено и неконтролирано користење на експлозивни материи, неподнослива бучава и неконтролирано создавање на облаци од прашина; Еуромакс е против принудно дислоцирање на постојни живеалишта и раселување на регионалното население, девастирање на природата и животната средина по истек на периодот за активна експлоатација... Да, ние сме одлучно против сите форми на шпекулативни и коруптивни договори помеѓу политичко-економски структури, секој вид на политичко влијание и притисок врз независните судски органи; против разни структури-странски служби, конкурентски бизнис компании или политички партии кои за своите лукративни интереси финансираат формирање и активности на лажно загрижени „граѓански активисти“ чија добро платена задача е да шират дезинформации и шпекулации. Тие злонамерно креираат хистерија и страв од катастрофични сценарија што треба да резултира со комплетен застој и назадување на државата, деструкција и економски колапс, континуирана политичка нестабилност и подгревање на целосната недоверба на граѓаните во капацитетите на системот, во секого, во се и сешто.... Токму затоа, ние сме апсолутно против сите форми на користење говор на омраза, сеопшти повици за радикален бунт и линчување на неистомислениците, против сите агресивни националистички изблици на етничка и религиозна дискриминација. За жал, морам да констатирам дека во изминативе пеколно топли денови во нашата држава, со неподносливо болна леснотија и со нагласено дилетантска трагикомичност кулминираа хистерично на отворена сцена поголем дел од горенаведените зла. Ваквата енормна доза на негативна енергија и фрапантна површност и неодговорност кај мноштвото на овие актери, само ја засилија мојата лична посветеност за аргументирано презентирање на ВИСТИНАТА за мега-Проектот, рударскиот комплекс Иловица-Штука. Да, сите ние од Еуромакс Ресоурцес недвосмислено сме одлучни ЗА реализација и долгорочно функционирање на рудникот за Подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш! Современиот рударски комплекс Иловица-Штука е стручно проектиран и ќе биде менаџиран по сите највисоки светски стандарди со примена на најнови техничко-технолошки методи и потврдено добри практики. Приоритетно се залагаме за целосно безбеден и еколошки одржлив индустриски капацитет со огромни придобивки за економијата, раст на извозот во просек над 200 милиони евра годишно, значително зголемени приливи на девизни средства што ќе придонесе за подобрување на структурата на билансот на плаќање и одржување на стабилниот курс на денарот, раст на БДП со приближно 4% годишно.... Веднаш во првите две години од изградба, Еуромакс ќе инвестира околу 350 милиони евра, од кои над 180 милиони евра ќе бидат исплатени на домашни компании кои активно функционираат во сектори како градежништво, транспорт, механизација, опрема, информатичка технологија итн. Во текот на целиот период од оперативното работење на рударскиот комплекс ќе се исплаќаат кумулативно по 75 милиони евра секоја година на повеќе локални кооперанти за тековно одржување, снабдување со неопходни производи и разни сервисни услуги. Зборуваме за најширок опфат на домашни компании кои се занимаваат со земјоделство и прехрамбена индустрија, угостителство, текстилна, хемиска и дрва индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање... Во согласност со актуелните законски прописи секоја година ќе се уплаќаат приближно од 25 милиони евра во државниот буџет, а над 3 милиони евра годишно ќе се слеваат директно во буџетите на локалните управи на оштините Босилово и Ново Село. Само вака реално ќе се обезбеди стабилно финансирање на локалните управи за да ефективно се реализираат нивните дефинирани проекти за заштита на животната средина, водоснабдувањето, локалната инфраструктура, поддшка на земјоделството, реновирање и изградба на нови училишта, културни и спортски објекти. Затскриени под маските на граѓанскиот активизам, добро платените кочничари на развојот упорно манипулираат со јавноста. Се обидуваат да ја игнорираат реалноста дека само богати и економски развиени земји можат ефикасно и приоритетно да инвестираат во заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето, во образованието, културата.... или воопшто во креирање на квалитетни параметри за достоинствено и среќно живеење. Рударскиот комплекс Иловица-Штука ќе создаде потреба од околу 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии, со што значително ќе се помогне на нашата држава за ефикасно намалување на долгогодишниот девастирачки тренд на економски мотивираната миграција. Секој рационален човек знае дека за да се постигнат подобри и повкалитетни животни услови и атрактивни перспективи за младите генерации, не се доволни само декларативни заложби. Неопходни се конкретни акции и дела. Само големи инвестициски проекти, отворање на нови капацитети во реалното стопанство, производство и извоз, можат брзо да создадат позитивни промени и напредок. Јасно и прецизно – сите ние од Еуромакс Ресоурцес сме одлучно против рудници на смртта, но уште поодлучно ЗА Проектот Иловица-Штука како современ рудник за подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш!]]>

„Мечтаам гола да парадира низ улиците“: Колумната на контроверзниот водител за Меган Маркл ги крена сите на нозе! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mechtaam-gola-da-paradira-niz-ulicite-kolumnata-na-kontroverzniot-voditel-za-megan-markl-gi-krena-site-na-noze-foto/ Wed, 21 Dec 2022 09:32:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281032

Англискиот ТВ водител и новинар Џереми Кларксон се најде на удар од жестоки критики откако напиша напис во „The Sun“ за неговата „омраза“ кон војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Повеќе од 6.000 поплаки доби регулаторното тело Ипсо за неговата статија, наведува Би-Би-Си. Написот набрзо беше отстранет од веб-страницата на „The Sun“, со порака: „По објавувањето на твитот на Џереми Кларксон, тој побара од нас да ја отстраниме минатонеделната колумна“. Во спорниот напис водителот на „Top Gear-a“ изјавил дека „од дното на душата ја мрази војвотката“. „Не можам да спијам навечер додека лежам во кревет, стискам заби и сонувам за денот кога ќе биде принудена да парадира гола низ улиците во секој британски град додека толпата скандира „Срамота! и фрла измет по неа“, напиша тој во шокантниот твит, мислејќи на познатата сцена од серијата „Игра на тронови“. Кларксон, исто така, напиша дека ја мрази Меган Маркл повеќе од Роуз Вест, озлогласениот  англиски сериски убиец која, заедно со нејзиниот сопруг Фред Вест, мачеше и уби многу млади жени, вклучително ја и нејзината ќерка, во текот на 1970-тите и 1980-тите. Шкотската премиерка Никола Старџен, која во написот се споменува и како една од луѓето што ги „мрази“ ,Кларксон, ја коментираше неговата изјава како едноставно „ужасна и грозна“ и го нарече „мазогинист“. „Мислам дека она што тој го рече за Меган Маркл е типично за голем женомрзец и тоа е само ужасно и грозно. Моите емоции кон момците како Џереми Кларксон се многу сожалувачки. Мислам, што прави некој толку омразен што на крајот пишува такви работи Мислам дека тоа ни дава увид во Џереми Кларксон и каква личност е тој навистина. Можеби треба да се повлече од работите и да размисли малку повеќе за својот живот“, рече премиерката.
На крајот се огласи и самиот Џереми Кларксон кој рече дека е „згрозен што со својот текст предизвикал толку голема болка“. „О, Боже. Не сакав да ја навредам. Во колумната што ја напишав за Меган, има несмасна референца на сцената од „Игра на тронови“ и толку многу луѓе ја сфатија на погрешен начин. Страшно е што предизвикува толку болка и ќе бидам многу повнимателен во иднина“, напиша Кларксон на Твитер. Додека, портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс одби да го коментира целиот случај, јавуваат странските медиуми. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

„АКО САКАШ ДА ПОБЕДИШ, НЕ СМЕЕШ ДА ИЗГУБИШ!“ https://arhiva.vistina.com.mk/ako-sakash-da-pobedish-ne-smeesh-da-izgubish/ Fri, 18 Mar 2022 10:38:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243549

Во последниве две години под жестоки удари на глобалната пандемија, се соочуваме со последици изразени како досега незапаметена здравствена, економска, енергетска, инфлаторна и социјална криза. Инвазијата на Русија врз Украина предизвика нова економска криза со потенцијал од епски пропорции. Влеговме во уште една поголема неизвесност која се заканува да биде катастрофална за нашата национална економија со енормно зголемени притисоци од неконтролираниот раст на светско ниво кај цените на храната, суровините и енергијата. Светските економии се соочуваат со нови несигурности и предизвици кои незапирливо брзо се прелеваат од една земја во друга земја, а тоа најмногу ги загрозува посиромашните економии затоа што тоа е „смрт“ за бизнисот и инвестициските активности. Новата геополитичка, економска, енергетска и социјална реалност наметнува потреба за нов и енергичен пристап за изнаоѓање на конкретни решенија за отворените, горечки прашања. Ова е време на вонредно тешки предизвици, а во период на криза со сите елементи на „виша сила“, неизбежно се менуваат и приоритетите со цел да се изнајдат најдобри и најефикасни решенија. Во услови на вакви драматично загрижувачки состојби, мојата совест не ми дозволува да бидам само пасивен академски набљудувач и „мудар сеирџија“ кој салонски анализира, говори и пишува популистички колумни. Како одговорен граѓанин недвосмислено алармирам дека нашата држава не смее и понатаму да си дозволи „економски мазохизам“ и упорно да го игнорира неоправдано стигматизираниот потенцијал за инстантно ефектуирање на стратешки круцијална поддршка за националната економија. Неопходно е, час поскоро, да се организира конструктивен дијалог со глобалниот деловен гигант – групацијата Трафигура која е и најголемиот инвеститор во мега инвестицискиот Проект на компанијата Еуромакс Ресоурцес. Имено, Трафигура е една од водечките независни трговски, дистрибутивни, логистички и производни компании во секторот на круцијално потребните „commodities“ или берзанските суровини како нафтата и нафтените деривати, природниот гас, „green“ минерали и метали неопходни за новите технологии со кои се намалуваат ефектите од глобалните климатски промени и се овозможува постепената транзиција кон декарбонизирани и обновливи извори на „зелена“ енергија. Да потсетам, неодамна групацијата Трафигура го објави годишниот извештај за финансискиот период на 2021, кој покажува рекордно високи резултати и одлична подготвеност за уште позасилен иден развој и нови инвестиции во светот. Вкупниот промет, тргуваниот волумен, приходите и чистиот профит во 2021 се највисоки во нивната историја со што се демонстрира структурна и квалитативна конзистентност на деловните и финансиските показатели. Нивниот приход (revenue) е зголемен за 57 проценти во однос на 2020 и изнесува 231.1 милијарди долари, што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП! Од највисокиот менаџмент на групацијата, во неколку наврати аргументирано ни порачуваат дека се целосно подготвени брзо и ефикасно да продолжат со ефектуирање на постојната инвестиција во рударскиот комплекс „Иловица-Штука“ која само за првите 2 години изнесува 350 милиони евра , а ќе обезбеди и околу 3200 директни и индиректни работни места! Доколку нашата држава и на дело манифестира реален „пријателски однос“ кон странските инвеститори , тие се веднаш спремни да стартираат и сосема нови мега-инвестициски проекти од интерес на Република Северна Македонија, посебно во стратешки важниот енергетски сектор. Во овие кризни времиња важно е да се нагласи дека тие несомнено имаат потенцијал (секако доколку нашата држава тоа би го побарала!) да помогнат со интервентно обезбедување и достава на неопходни енергенси и други круцијално важни суровини и производи!!! Во спротивно, за жал тие ќе бидат принудени неизбежно да ја покренат легитимната постапка за заштита на своите права како странски инвеститор, односно да ја активираат веќе одамна подготвената меѓународна арбитражна постапка пред „Интернационалниот центар за заштита на инвестициони спорови“ (ИЦСИД во Вашингтон), или пред ад хок Судот воспоставен во согласност со арбитражните правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите Нации (УНЦИТРАЛ). Со оглед на планираната долгорочна функционалност на овој Проект, искуствено би се очекувало огромно оштетно финансиско побарување кон нашата држава кое ќе треба сите ние како и нашите поколенија да го отплаќаме. Треба да бидеме рационално свесни дека и самиот чин на евентуалното покренување на ваков високо профилен арбитражен спор, гласно ќе одекне во деловните и финансиски кругови во Европа и светот, што значајно ќе ја руинира репутацијата на нашата земја и ќе ја маркира на светската мапа како непосакувана и несигурна дестинација за големите странски инвестиции. Едно е сигурно - не смееме да си дозволиме таков „луксуз“ и пасивно да чекаме олујното невреме да помине, туку активно да се потрудиме и научиме да „играме“ и на поројниот дожд и силниот ветер. Да, реалноста на животот повремено наликува на машина за перење облека која те превртува, полива, те гмечи и удира, но на крај од „програмата“ излегуваш почист, поцврст и поискусен за да можеш да се справуваш со старите и нови предизвици. Во кризни времиња пасивноста, игнорантноста и деструктивноста со својата „мртва тежина“ не притискаат и се всушност најголемата неправда кон нас самите. Додека ние и понатаму упорно пимпламе со односот кон нашата колективна иднина, развиениот свет незапирливо оди напред и постојано се менува. Неопходно е конечно да развиеме способности за адаптабилност за да ги препознаеме и прифатиме промените како можности... да успееме да управуваме со промените и преку нив да реализираме прогрес и поквалитетни услови за достоинствено живеење. За сите вас кои подолго паметите, сосема е јасно дека луцидната изрека искористена во насловот на овој текст – „АКО САКАШ ДА ПОБЕДИШ, НЕ СМЕЕШ ДА ИЗГУБИШ! “, е позајмена од ултрапопуларниот комично-сатиричен италијански стрип (креиран од Max Bunker & Magnus во печат од 1969 година) насловен по централниот лик на „агентот“ – „Алан Форд“, дел од незграпната агентска група „ТНТ“ која оперира од нивното седиште – комична цвеќара во Њујорк. Стрипот изобилува со нивни дијалози набиени со надреален црн хумор и саркастични коментари кои ги исмеваат социјалните деформации на американското општество, капитализмот и расизмот. Легендарните ликови на сите „агенти“ од групата се прикажани како первертирано некомпетентни и мрзеливи, но сепак интелигентни и лукави, посебно кога тоа им одговара на нивните лични интереси… Се надевам дека и во овие тмурни времиња, дел од нивните безвременски изреки ќе измамат насмевки на вашите лица :
  • „Кој не сака кога може, нема да може кога сака.“
  • „Имало и поголеми проблеми, па не сме ги решиле.“
  • „Да бидеме луѓе не е тешко, па и на мајмуните им успеало.“
  • „Подобро да си помалку глупав отколку помалку паметен.“
  • „Ова се моменти за големи одлуки! Подобро е да се живее 100 години како милионер, отколку 7 дена во сиромаштија и беда!“
… Драги пријатели, од мене толку во оваа прилика а што би забележал генијалниот преведувач на стрипот за поранешна Југославија, Ненад Брикси од Хрватска – „тко разумије, схватит ќе“. Д-р Живко Груевски]]>

Во потрага по СРЕЌА и благосостојба! https://arhiva.vistina.com.mk/vo-potraga-po-srekja-i-blagosostojba/ Fri, 10 Dec 2021 07:48:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230602

Д-р Живко Груевски Со Резолуцијата на ОН 65/309 од јули 2011, едногласно прифатена од Генералното Собрание , официјално е дефинирано дека стремежот и потрагата за постигнување СРЕЌА и благосостојба е фундаментална или базично легитимна ЦЕЛ во животот на човекот. Последователната Резолуција 66/281 од 2012, го установува и формално 20 март како „Меѓународен ден на среќата“. Акламативно е заклучено дека среќата на луѓето мора да биде инкорпорирана како главна цел во развојните државни политики на сите земји членки на Обединетите Нации, во духот на глобално усогласените цели познати како „Millenium Development Goals - MDGs“. Почнувајќи од 2014 година и базирајќи се првенствено на комплексните евалуации од  „Gallup World Poll“, редовно се публикува ранг-листа на државите по индексот на среќа, како „Светски извештај за среќа и квалитет на животот“. Согласно овие званични извештаи , последователно во последниве неколку години Финска е рангирана како најсреќна земја, а Финците како најсреќни луѓе во светот. За жал нашата држава во континуитет е рангирана во втората група на најмалку среќни земји во светот, а македонските граѓани се помалку среќни од сите други во соседните балкански земји. За ваквите навистина поразителни резултати , во најголема мера треба да им "заблагодариме" на нашите дежурни кочничари на развојот кои агресивно ги манифестираат своите лични фрустрации и комплекси изворно поврзани со нивниот „лузерски“ код на животна неисполнетост и нереализираност како вистински вредни личности. Овие хронично незадоволни и длабоко несреќни индивидуи упорно управуваат со своите активности гледајќи во ретровизорот и возејќи во „рикверц“, не прифаќаат промени и упорно одбиваат да ги отфрлат вкоравените предрасуди и песимистичкото чувство на губитници или судбински страдалници од памтивек кои ете никој не ги сака а странските инвеститори само ги искористуваат за нивните лукративни цели... (???) А сега да се вратам кај најсреќната земја на светот - Финска. Да, Финска е една од најзелените земји на Земјината топка... Во оваа далечна земја на северот на Европа, шумите претставуваат околу 72 проценти од територијата а езерата уште додатни 10 проценти. Воздухот, шумите, езерата и водата за пиење се еколошки извонредно чисти!!! Финска има развиено земјоделство, но исто така е и една од нај - рударските земји. Рударството таму има повеќевековна традиција и е суштински значаен сегмент на финското општество и националната економија. Во актуелниве времиња функционално оперираат со повеќе од 40 рудници на метали и неметали. Таа е водечки европски производител на никел и злато, но и значајно производство на бакар, цинк, кобалт, сребро, како и голем потенцијал за литиум. Еее, тука сигурно ќе се запрашате - како тоа Финска успеала истовремено еколошки да ја заштити својата природа , а отворила и оперира со најголемите европски рударски комплекси? Па според нашите дежурни кочничари тоа е „mission impossible“... На почетокот на овој век, како резултат на гласно изразената загриженост за зачувување на животната средина и стравот од можните трајни последици по локалните заедници, Финска поминувала низ период на силна кампања против рударството. Владата во 2012 година отворила јавен дијалог со вклучување на науката и граѓанскиот сектор , за дефинирање на националниот став и развоен правец кој Финска сака да го заземе во однос на секторот рударство. Преку конструктивен дијалог, рударството е јасно препознаено како најсигурен извор на огромни развојни можности, условено со примена на најдобрите современи технологии и стандарди. Консеквентно, Финците забрзано го усвоиле новиот акционен план со цел да ја постават нивната земја на водечката позиција - лидер за одржлива рударска индустрија на 21 век! Финскиот рударски сектор, заедно со извонредно силната индустрија на производители на рударска опрема, има одлична репутација во целиот свет. Тоа се должи пред сѐ на стриктната примена на највисоките технички, економски и еколошки стандарди, како и оние во однос на здравствената заштита. Голем број од рудниците се наоѓаат во „зелени“ региони, блиску до природни паркови, водени површини но и урбани центри. Несомнено, нивните технологии за користење на природните рудни ресурси на одржлив начин и заштита на екологијата и здравјето на луѓето, се помеѓу најнапредните во светот... Финците ги развиле до највисок степен „зелените технологии“. Од тоа , корист има целата планета затоа што Финска е одличен пример кој е јасен доказ дека современото одржливо рударство, економскиот развој и заштитата на животната средина, можат многу сложно и усогласено да се развиваат низ следните генерации!]]>

„Додека мазохистички пимпламе со нашата иднина, неповратно ги губиме младите и работоспособни граѓани“ https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-mazohistichki-pimplame-so-nashata-idnina-nepovratno-gi-gubime-mladite-i-rabotosposobni-gragjani/ Sat, 04 Dec 2021 09:33:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230015

Д-р Живко Груевски „Младите луѓе во континуитет заминуваат од регионот и тоа веќе не е ударна вест во медиумите... Минимум еден од тројца млади луѓе на возраст 18 до 24 години, од Западен Балкан, ја потврдува својата подготвеност да ја напушти татковината... Треба конечно да ја разбереме нивната порака, а тоа е дека изборот на дестинацијата покажува точно што им недостига во нивнтото општество... Мораме да гледаме со отворени очи, да ги слушаме внимателно и најважно од се' - ургентно да дејствуваме за да им дадеме реална „причина“ да останат во својата земја.“ Ова е само мал дел од драматичните пораки кои се слушнаа од генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) на Форумот на младите од ЕУ и Западен Балкан, што неодамна се одржа во Италија. На Форумот учествуваа релевантни претставници од сите 27 земји членки на ЕУ и 6-те земји од Западен Балкан. Конкретно, што се однесува до нашата држава, последиците од економски мотивираната миграција или од „белата чума“ на 21 век се и повеќе од трагични. Според податоците од ММФ и на Светската Банка, во последниве две децении повеќе од 500.000 македонски граѓани трајно се иселени во економски развиените западноевропски и прекуокеански земји, за да си ја бараат својата среќа. Недостатокот на реални странски и домашни инвестиции генерира хронично ниска понуда на квалитетни и добро платени работни места, чувство на безперспективност, непристојно низок животен стандард кој едвај овозможува само преживување или недостоинствено живуркање без јасно препознатливи можности за прогрес. Во актуелниве кризни времиња и девастирачките економски и социјални последици од пандемиското „цунами“, енергетската криза, инфлаторните притисоци и загрижувачкото зголемување на трошоците за живот, голем дел од тие што останаа мака мачат да врзат крај со крај и се почесто гледаме разочарани, „зомбирани“ луѓе загрижени за својата, но и за иднината на своето семејство. Причините ни се добро познати и темелно изанализирани, но не само што ништо конкретно не преземаме за да ги надминеме и за да ги стопираме и избегнеме штетните последици, туку ние упорно триесетина години по ред ги повторуваме. Хронично патиме од „импотентноста“ на празните ветувања и популистички флоскули заглавени во некој синдром на самоуништување, во говорот на омраза и деструктивните пораки на дежурните кочничари на развојот... И покрај нашите политички, етнички, верски и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во борбата против економската и енергетска криза, да се обединиме за прогрес, повисок животен стандард, посреќен и подостоинствен живот, или едноставно да се обединиме за ефикасно справување со реалните проблеми во животот на граѓаните!!! Да бидам конкретен и прецизен - Во актуелниве кризни времиња единствена реална, повторувам ЕДИНСТВЕНА мега странска гринфилд инвестиција која е веќе во нашата држава и е целосно подготвена веднаш да започне со оперативна реализација - е токму Проектот на Еуромакс Ресоурцес и глобалниот деловен гигант Групацијата Трафигура, за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука“!!! Ќе се отворат 3200 нови работни места; инвестициона изградба - буџет од 340 милиони евра; годишен извоз од 200 милиони евра; 24 милиони евра годишно во државниот буџет или кумулативно околу 500 милиони евра во вид на даноци, такси и концесиски надоместок; околу 70 милиони евра секоја година исплатени по комерцијални договори на локалните деловни партнери; зголемување на БДП за дополнителни 4% на национално ниво... Во спротивно, за жал, сосема извесно е дека државата, односно сите граѓани, ќе се соочат со најцрното сценарио - активирање на подготвениот процес за Меѓународната Арбитража со несогледливо високи финансиски штети но и дефинитивно „патосирана“ репутација на нашата држава како непосакувана и несигурна дестинација за големите странски инвестиции.]]>

„Македонската економија – да се биде или не“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-ekonomija-da-se-bide-ili-ne/ Fri, 19 Nov 2021 08:07:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227955

Д-р Живко Груевски Девастирачките економски и социјални последици од пандемиското „цунами“, само го мултиплицираа чувството на разочараност и бесперспективност, посебно кај младите генерации и дополнително го засилија разорниот тренд на економски мотивираната миграција. Покрај политиката, информации за неповолните економски текови, енергетската криза, инфлаторните притисоци  и загрижувачкото зголемување на трошоците за живот, нападно ги диктираат насловните страници и ударните прилози на сите медиуми. Недостатокот на реални странски и домашни инвестиции генерира хронично ниска понуда на квалитетни и добро платени работни места, непристојно низок животен стандард кој обезбедува само преживување или „живуркање“ без јасно препознатливи можности за прогрес.  Речиси и да нема семејство кај кое дел од нивните најблиски роднини, комшии и пријатели не се веќе иселени во некоја од економските развиени земји. Голем дел од нашата млада популација, едуцирани и во најдобра работоспособна кондиција, искрено и отворено потврдуваат дека во Македонија не ја гледаат својата иднина па затоа интензивно планираат да се иселат во странство барајќи можности за поквалитетен и посреќен живот. Сите сме помалку презаситени од напливот на мноштво аргументирани и академски елаборирани економски студии, анализи, статистички извештаи, експертски предупредувања и прогнози. Всушност, нам никогаш и не ни недостасувале стручни мислења со кои се дијагностицираат прецизно слабостите и проблемите во економијата. Но, ние хронично патиме од недостаток на храбро и одлучно соочување со реалноста и проактивно  преземање на конкретни акции и дела за позитивни резултати – Сега и Веднаш! Високите достигнувања за поквалитетен, подостоинствен и посреќен живот на сите наши сограѓани се практично остварливи само преку забрзан економски развој. И да бидам директен и прецизен – Во актуелниве кризни времиња единствено реална, повторувам ЕДИНСТВЕНА мега странска гринфилд инвестиција која е веќе во земјава и е целосно подготвена веднаш да започне со оперативна реализација, е токму проектот на Еуромакс Ресоурцес и глобалниот деловен гигант  Групацијата ТРАФИГУРА, за современ рударски комплекс за бакар „Иловица - Штука“!!! Да ве потсетам на фактот дека во изминативе петнаесетина години за подготвителна фаза на геолошки истражувања, проектирање, физибилити студија, изработка на меѓународно потврдена „Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти“, како и за сите други неопходни активности и професионално ангажирани домашни и странски експерти – кумулативно се инвестирани околу 50 милиони евра. Сега, за првите две години на интензивна изградба на рударскиот комплекс, обезбеден е инвестиционен буџет од околу 340 милиони евра. Во оваа фаза, околу 180 милиони евра ќе бидат исплатени по реализација на комерцијални договори со домашни компании, кооперанти од различни сектори на македонското стопанство. Во текот на планираниот период од 25 години за оперативно функционирање, по основ на „outsourcing“ сервиси, секоја година редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра на домашните кооперанти... само по овој основ, кумулативно за период од 25 години ќе бидат исплатени околу 1,87 милијарди евра. Секоја година редовно ќе се плаќаат приближно 24 милиони евра во националниот буџет по основ на законски давачки, даноци и такси. Околу 5 милиони евра на годишно ниво ќе се слеваат директно во општинските буџети на Босилово и Ново Село. Само богати и економски развиени општини, региони и држава, можат реално да си дозволат практично реализирање на сите приоритетно планирани инфраструктурни и комунални проекти, како и одржливо инвестирање во грижата за заштита на животната средина што е од интерес за сите жители независно од нивните политички, етнички, верски или културни различности. Веднаш по започнувањето со оперативното работење, овој рударски комплекс ќе се придружи на ТОП 3 извозните компании од нашата држава со проектиран просечен извоз (зависно од берзанските цени на бакарот!) од околу 200 – 250 милиони евра годишно. Значајните приливи на девизни средства во државава во голема мерка ќе помогнат во одржувањето на билансот на плаќање во услови на трговски дефицит поради повисокото ниво на увоз во однос на извозот, ќе допринесат за ублажување на инфлаторните притисоци, зголемувањето на девизните резерви и ќе помогнат за одржување на стабилноста на националната валута... За оперативно функционирање на овој рударски комплекс потребни се над 500 директни работни места со еднакви можности за сите кандидати од различни професии и правична „родова – балансираност“ кај сите позиции. Експертскиот тим ќе помогне преку организирање и финансирање на ефикасни теоретски и практични обуки, како и индивидуални интервјуа за професионална и непристрасна проценка на секој кандидат поединечно – личните квалификации, вештини и преференции. Согласно светските искуства, тука ќе има и реална потреба од околу 2700 „индиректни“ вработувања кај сите домашни деловни партнери – кооперанти кои по комерцијалните договори за „outsourcing“ во следните 25 години се обезбедуваат најразлични сервисни услуги и потрошни добра. Несомнено фактите потврдуваат дека оваа мега странска гринфилд инвестиција во југоистокот на нашата држава, претставува неповторлива шанса за СИТЕ жители и домашните деловни партнери. Веднаш остварлива прилика за локалните и регионалните институции и јавни претпријатија долгорочно да си обезбедат квалитетно партнерство и стабилна финансиска асистенција, но секако и уникатна можност за нашата национална економија за забрзан и одржлив развој, прогрес со одлучно чекорење победнички напред! И да, сепак морам да споделам со вас дека додека ги пишував овие редови, во главата упорно ми одѕвонуваа музичките акорди и безвременската порака во текстот на култниот евергрин отпеан од рок легендата Дадо Топиќ (1978) „Ја хоќу ЖИВОТ – Болји ЖИВОТ“ ... Стремежот за постигнување СРЕЌА и подобар ЖИВОТ (Резолуција на УН – Ден на Среќата, 20-ти март) е едно од фундаменталните човекови права и возвишена ЦЕЛ!]]>

По локалните избори – време за „отрезнување“ и соочување со стварноста на реалниот живот https://arhiva.vistina.com.mk/po-lokalnite-izbori-vreme-za-otreznuvanje-i-soochuvanje-so-stvarnosta-na-realniot-zivot/ Thu, 04 Nov 2021 09:58:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225965

Автор: Д-р Живко Груевски, директор за комуникации на Еуромакс Ресоурцес Кога ќе се изгаснат блескавите светла од адреналински потентните рефлектори за актерите на изборната сцена, сите повторно јасно ќе можеме да ги видиме нијансите кај темнината на ноќта и светлите колорити на денот. На овие локални избори во нашата држава, дежурниот „чувар“ ќе го исклучи главниот кабел за разнобојното осветлување и прегласното озвучување, ќе ги скине здодевните PR билборди на кандидатите а медиумите ќе си се вратат на нивното редовно известување за вистинските проблеми и предизвици од реалниот живот. Како и на сите претходни локални избори, кандидатите за градоначалник и советници во општинските совети, гласно ги промовираа и се натпреваруваа со многу ветувања или со подолги „листи на желби“ за приоритетни проекти кои би ги реализирале доколку го добијат мандатот од гласачите. Со мали разлики, кај сите кандидати најчесто се повторуваа ветувањата за почиста и поуредена општина, реформирана и ефикасна општинска администрација, нови или реновирани и добро опремени училишта, изградба на нови или асфалтирање на постојните локални патишта, еколошки безбедна депонија, пречистителна станица за отпадни води, реконструкција на дотраени дистрибутивни мрежи за чиста вода до сите домаќинства, урбан канализациски систем, канали за наводнување и континуирано чистење на речните корита, современо организиран развој на земјоделството и сточарството, како и ефикасни откупни центри, развој на руралниот и бањскиот туризам, поквалитетен социјален живот за младите, култура, спорт и ... Во последниве 30 години, едно големо „НО“ кое постојано се повторува е суровата реалност дека веднаш откако новоизбраната локална управа ќе биде „устоличена“, неизбежно ќе се соочи со бруталниот факт дека многу мал дел од слаткоречиво ветеното може и објективно да се оствари доколку брзо не се обезбедат стабилни и значително поголеми финансиски приходи за општинските буџети за да се обезбеди оптимално потребна само-одржливост на општините. Ноторен факт е дека успешноста на секоја локална власт не се проценува по атрактивноста на нивните ветувања и „списокот на желби“, туку само по реално остварените проекти, акција и дела од интерес за сите жители независно од нивните политички, етнички, верски и културни различности. Дури и на најквалитетните локални лидери кои ќе победат во изборниот процес, обезбедувајќи мнозинство гласови за поддршка на ветените проекти за подобар живот во општината, рацете ќе им бидат „врзани“ затоа што без директни приливи на оптимално потребни пари во општинските каси објективно нема да има можност за вистинска реализација. Всушност, само со конструктивна соработка и ефикасна координираност помеѓу локалните и централната власт, нашата држава може да обезбеди практични услови за забрзан развој во сите релевантни сектори и драстично да ги подобри и подигне на повисоко ниво реалните услови за достоинствено живеење на СИТЕ свои жители. Тука, локалното лидерство - градоначалниците и советниците во општинските совети, имаат извонредно важна улога за да помогнат во создавање на позитивна „пријателска“ средина и да понудат ефикасни решенија за да се привлечат домашните и странските инвестиции кои со себе носат нови и подобро платени работни места и повисок животен стандард. Атрактивно срочените изборни пароли и слаткоречивите ветувања имаат само краткотрајно дејство врз нашите емотивни реакции, но разумот брзо ќе не потсети дека само богати и економски развиени општини, региони и држава реално можат да си дозволат непречено реализирање на сите наведени инфраструктурни и комунални проекти, да инвестираат значително во неопходната грижа за заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето... Или воопшто, со акција и дела да креираат квалитетни параметри за современо и среќно живеење. Да, ваквата поддршка од локалното ниво на власт е неопходна за на национално ниво државата конечно да почне ефикасно да се справува со девастирачките последици од сѐ помасовниот процес на егзистенцијално мотивирано иселување кон економски поразвиените земји како неизбежна последица од пролонгираната економска стагнација и евидентното чувство на бесперспективност кај младите генерации. И навистина, не е потребен некаков „rocket scientist“, ниту научни анализи на врвни економски експерти за да се заклучи дека само робустно инвестициско трошење и отворање на реален бизнис, производство и мултиплициран извоз, може брзо и ефикасно да ја придвижи националната економија напред. Високите достигнувања за поквалитетен и посреќен живот на сите наши сограѓани се остварливи само преку забрзан економски развој. Никако не, доколку останеме заробени од нагласениот говор на омраза преку радикално деструктивен пристап кој мазохистички сугерира само пролонгирано „живуркање и преживување“. Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа (Сесија во Стразбур 26 - 28 октомври, 2021) расправа по Извештајот за Македонија во однос на „Европската повелба за локална самоуправа“ која нашата држава ја ратификуваше уште во 1997 година. Познато е дека во Извештајот е забележана позитивната клима во однос на реформата за понатамошна децентрализација и се поздравува важноста што се дава со усвојување на новата програма за одржлив локален развој 2021 - 2026. Конгресот оценува дека локалните власти реално немаат пристап до доволно финансиски средства за ефикасно извршување на нивните обврски и успешно остварување на приоритетните проекти. Затоа сугерира ургентно имплементирање на дополнителни реформски зафати за да се обезбеди соодветно и пропорционално финансирање, односно да се зголеми уделот на општините во приходите на локалниот буџет. Време е за „отрезнување“ и соочување со стварноста на реалниот живот, затоа што само со акција и дела може да стигнеме до подобар живот - Сега и Веднаш! Крајно време е сите да ги прифатиме неспорните факти - со конечна реализација на мега инвестицискиот Проект „Иловица-Штука“, Еуромакс Ресоурцес секоја година, само по основ на законски давачки, даноци и такси, ќе уплаќа приближно по 24 милиони евра во државниот буџет. Над 5 милиони евра годишно ДИРЕКТНО ќе се слеваат во буџетите на општините на чија територија функционира овој современ рударски комплекс! Речиси десеткратно ќе се зголемат даночните приходи кои директно се наплаќаат и општинските буџети на Босилово и Ново Село, со тоа, ќе бидат зголемени двојно. Дополнителните 5 милиони евра секоја година, ќе обезбедат стабилно финансирање за општините и ќе ја овозможат реализацијата на дефинираните проекти за заштита на животна средина, водоснабдувањето, инфраструктурата, образованието, поддршка на земјоделството, културата и сè друго кое ќе придонесе за брз просперитет! Безрезервно ги поддржуваме презентираните визии и приоритетните проекти од новоизбраните градоначалници на општините Струмица, Босилово и Ново Село затоа што нивната брза и ефикасна реализација ќе донесе добробит за СИТЕ жители, без разлика кому го довериле својот глас во изборниот процес. И во оваа прилика, како докажани партнери на заедницата, јавно се обврзуваме и гарантираме долгорочна финансиска и експертска асистенција убедени дека само со широка инклузивност, транспарентност, конструктивен дијалог и соработка со сите чинители ќе успееме заедно да го изградиме и оперираме современиот рударски комплекс како „win-win" капитална инвестиција со стратешко значење за прогрес и изградба на просперитетни и економски стабилни општини, регион и држава.]]>

Време е за нови херои за заштита на животната средина и нов економски развој https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-e-za-novi-heroi-za-zashtita-na-zivotnata-sredina-i-nov-ekonomski-razvoj/ Tue, 30 Mar 2021 08:21:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196593

Рударството и земјоделието се најдоа на крстосница, но, ако се инвестира во двете, економските параметри, науката и експертите недвојбено укажуваат дека тоа е најдобриот избор за брз економски раст во државата. Впрочем рударството и бенефитите од него не се новина во Македонија. Автор: Д-р. Живко Груевски Бесмисленото брендирање на новите инвестиции како извори на смрт во услови кога не само македонската, туку и глобалната економија се дави во рецесија предизвикана од Ковид - 19 пандемијата, покажува дека е време за нови херои за заштита на животната средина. Индивидуалци, здруженија и компании кои во своите настапи се аргументирани, со факти и  бескомпромисно се залагаат за почитување на правилата и законите за заштита на животната средина. Тие се залагаат да се користат бенефитите што ги носат индустриите, но со контрола. Затоа што знаат дека повеќето индустрии се опасни по животната средина само доколку инвеститорот го крши законот, доколку не се придржува кон примената на мерките за заштита на животната средина или доколку институциите му прогледуваат низ прстите.... Оваа опасност се наметнува од бројни индустрии, не само од рударството. Рударството и земјоделството се најдоа на крстосница. Стихијно, без идеја каде треба да оди едното, а каде се движи другото. Но, ако се инвестира во двете, економските параметри, науката и експертите недвојбено укажуваат дека тоа е најдобриот избор за брз економски раст во државата. Впрочем рударството не е новина во Македонија. Онаму каде веќе има рудници, населението покажува голема доверба и поддршка, а и државните институции отворено ги поддржуваат овие индустриски капацитети. Сепак, стравот и недовербата предизвикани од една малцинска група активисти, иако неосновани се наметнаа како пресудни за судбината на новите рударски проекти. „Аман не не браните, ве молиме!“, е очајнички крик на мнозинството жители во струмичкиот регион до творците на моронската парола „Рудник на Смртта“. Бараат од овие кои глумат загрижени еко-активисти, да не зборуваат во нивно име и да не им го одземаат неприкосновеното индивидуално право на личен избор за нивната иднина. Затоа што се свесни дека мега-инвестицијата во Рударскиот Комплекс за Бакар “Иловица-Штука“, е реална можност за подобар и посреќен ЖИВОТ - СЕГА И ВЕДНАШ! Впрочем, интелигенцијата може да се измери, но глупоста не! За жал светот, сẻ уште, не измислил вакцина против глупост! Разорните економски последици од Ковид-19 пандемијата, брутално нẻ убедија дека „ѓаволот ја однел шегата“ и дека е крајно време сите да се запрашаме - со кое право неколкумина запенавени, во континуитет, неаргументирано го демонизираат Проектот и сакаат на своите сограѓани да им го одземат правото на сопствен избор за подостоинствен и посреќен ЖИВОТ?! Каде е нивното чувство на одговорност за последиците доколку насилно ја истераме и ја изгубиме оваа најголема странска инвестиција од нашата држава!? Кој ќе ја понесе одговорноста за неизбежниот нов и засилен бран од економски мотивирана миграција на младите генерации!? Со што ќе се спротивставиме на разорните ефекти на рецесијата и застојот во економскиот развој!? Дали се живее од нивните манипулативни пароли „Рудник на Смртта“ и дали тоа ќе помогне да го спречи целосното руинирање на имиџот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација во Европа!? Кој ќе го преземе ризикот за огромните финансиски штети кои, по веќе се поизвесната меѓународна арбитража, СИТЕ НИЕ заедно со нашите следни поколенија ќе мора да ги отплаќаме!? Економската неразвиеност и „сиромаштија“ резултираат со зголемена желба и потреба за иселување, неисполнет и несреќен живот. Само богати и економски развиени општини, региони и држави можат сериозно да се грижат и инвестираат во заштита на животната средина, високи стандарди во заштита на здравјето на своите граѓани, во современа инфраструктура, нови училишта итн. Но, зошто се кочи развојот на нови рударски проекти и колку тоа е аргументирано? Уште поважно е од што се откажуваме како држава, поставувајќи кочница за новите рударски проекти, особено во период кога глобалната економија се справува со девастирачката моќ на пандемијата без најава за крај? Вложувањето во само еден од новите рудници Иловица – Штука директно ќе го подигне квалитетот на живеење на населението во Југоистокот. Во фазата на изградба на рудникот, која е предвидена да трае две години, ќе се инвестираат над 340 милиони евра и ќе се ангажираат околу 1000 лица. Околу 180 милиони евра од инвестицијата во оваа фаза ќе се исплатат на домашни компании. За цело времетраење со активно работење на рударскиот комплекс годишно ќе се исплаќаат над 70 милиони евра или за период од 20 години кумулативно околу 1,5 милијарди евра на локални компании за тековно снабдување со неопходни производи и сервисни услуги. Сите локални компании од различни стопански гранки како прехранбената индустрија, угостителството, градежништвото, транспортот, дрвната, хемиската и текстилната индустрија, како и многу други услужни дејности ќе имаат приоритетна можност за долгорочна деловна соработка. Еуромакс ќе уплаќа во државниот буџет приближно по 24 милиони евра секоја година за законски давачки, даноци и такси – од кои над 3 милиони евра годишно ќе се слеваат директно во буџетите на општините на чија територија се наоѓа овој рударски комплекс. Локалните општински раководства, невладините организации, спортски друштва и граѓанските здруженија од струмичкиот регион ќе имаат пристап и до посебниот фонд од по милион евра годишно, наменет за развојни проекти директно фокусирани за подобрување на социјалните и здравствените аспекти, како и генерално за подигнување на квалитетот на живеење за целото население од југоисточниот дел на нашата држава. Но, ете некои сепак тврдат дека не ни треба економски развој, затоа што „ние си го имаме нашето „ЗЛАТО“ – френки, чушки, корнишони и тутунот“. И секоја година протестираат за државни субвенции, додека младите се иселуваат. Во услови кога пред нив е можноста за рударскиот комплекс „Иловица-Штука“, која претставува уникатна прилика за струмичкиот регион брзо да се претвори во ново економско чудо на Балканот, атрактивен генератор за прогрес и развој достоен за 21 век!]]>

Евровизиски поглед од зад „шарениот политички витраж“ https://arhiva.vistina.com.mk/evroviziski-pogled-od-zad-shareniot-politichki-vitraz/ Tue, 21 May 2019 12:41:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88945

„Настапот на Тамара на последното издание на Евровизија во Израел го остави популарниот музички свет воодушевен: речиси се неподелени оценките на многу европски музички експерти дека таа ја имаше една од најдобрите песни на фестивалот, во секоја смисла, вклучувајќи ја не само нејзината пејачка интерпретација, туку и нејзиниот сценски и, воопшто, целосен настап на оваа меѓународна гала манифестација“  – пишува новинарот  на 1ТВ и колумнист Сашо Орданоски  во својата последна колумна насловена:  „Тамара во челустите на политиката“ за Цивил медиа.мк!
И ако не  100%, барем  80-90%  е така. Недостасуваа детали врзани за  осветлувањето, анимациите во видео делот, кореографија, придружните вокали кои не ги ни видовме во преносот, па слободно можеа да бидат и снимени во матрицата за да не правиме фазла трошоци, кога веќе не ги покажавме... На Евровизија постојано водиме екипа  и со неа  „100 беспотребни приврзоци“, а не носиме режисер кој ќе го осмисли и режира пакет -перформансот во тие 3 минути на сцената! Но, тоа е друга тема на муабет... Останатото беше маестрално и апсолутно кореспондира со констатацијата на Ордановски. Она што не е „црно-бело“ , поточно многу повеќе „црно“ отколку „бело“, а  Ордановски се обидува да ни го претстави „во боја“, секако гледано низ призмата на неговите „розови очила“ , се неговите немузички анализи „во челустите“ на неговата  колумна. Англичаните ни дадо 12-ка, а  „Би – Би – Си“  излезе со неколку свои констатации. Едната од нив  и онаа дека оние кои не знаеле каде географски се наоѓа нашата земја, вечерта научиле.  Очигледно, некој ептен споро учи...  Или барем баеги заостанува. А, тоа што тие ја измислиле поп музиката, ништо не значи. Да значеше, не ќе беа  последни! Впрочем,  истиот  тој  „Би-БИ-Си“ и  си го призна самиот тоа. Дека таканаречената „Голема евровизиска четворка“, оддамна веќе не е (толку) голема... Нивниот пласман, само ја потврди тезата.
А, признаа и уште нешто, што е многу поважно:  Дека Евровизија не може без политика! Таму, ама и дома! Се согласуваме дека е навредливо и недоветно да го славиш фактот дека таа вечер Тамара не победи само затоа што пееше за Северна Македонија, а при тоа истата таа Тамара го направила најголемиот успех за татковината. Та како и таа да се вика, по твоја волја или не, крстена како што сакаш, или прекрстена како што несакаш...  Таа е, твоја е! Наша! Македонија! Ама исто така е недоветно и уште посрамно да удриш со сета сила и жестина по оние кои не мислат како тебе, та биле дома или од дијаспората. Да биде уште пострашно, Ордановски ги заплеска само Македонците иселени од Македонија. Па нели сме мултикултурно општество,   исполнето со богатството на „прекрасниот витраж“ ( Папата Франциск –н.з.) што го претставува секоја современа, победничка државна заедница на граѓани? Тогаш зошто само кон Македонците иселени од Македонија го вперуваш прстот за „целата таа националистичка фрустрација?“  Зарем ширум Европа се немаат иселено и стотици илјади Албанци, на пример,  од заедничката татковина? Каде е тогаш нивниот  „патриотски“  СМС глас за Тамара? Или тие си гласаа за својата претставничка од Албанија? Зарем таковината не е заедничка за сите, па и за нив? Или тие заминале на гурбет од мака, а Македонците од  фрустрација? Или пак тука имаме „лична математика“  и овие факти е подобро да ги премолчиме, па најдобро е да удриме по оние кои никако не ни се вклопуваат во „математиката“?  Овие другите, исто така се тука кога треба да се гласа... Ама не на Евровизија, туку на избори! Само тогаш кога треба да се подели власта се вади „шарениот стаклен витраж“  полн со мултиетничко и мултикултурно шаренило?  Вака, кога  витражот се сведува на поглед- секој во своето огледало, најдобро е плукнеш во него. Ама ако подобро погледнеш, така плукаш и во својот одраз или поточно по себе! Конечно, можеби Македонците не гласаа за Северна Македонија, зашто пред да замнинат од Република Македонија  ги слушаа(т) само Лукас, Цеца, Јеца...? Зашто освен „Гранд“ и „Пинк“,  друг тип на забавно-музички шоуа и емисии од домашен карактер не им понудивме. Оти нема простор од  бесконечните турски серии и Вашите секојдневни, убиствено здодевни дебати... Речиси на сите национални телевизии!
„Чудна е оваа 2019 година. Македонија и Тамара шампионски поминаа на Евровизија“ – заклучува Ордановски. Како прв пат да ја откриваме Тамара која во оваа „прекрстенава“ како и во онаа „крстената“ Македонија егзистира цели 25 години на естрадната сцена и по трет пат се појавува на Евровизија. Ама како што вели и „Би-Би- Си“ – Евровизија не може без политика. Таму, ама и локално – дома. Па така, на успехот на Тамара и евровизискиот тим им се пришлепа половина влада. Немаше чочек, ама затоа имаше аеродромски дочек на пејачката од страна на министрите.  За први да се пофалат со големиот евровизиски успех на „Северна Македонија“... Демек видете, одма е друго... Ни тргна! Не дека ова не е успех, туку е и досега најголем, ама сите нас ќе остане да не мачи една голема недоумица: „Ќе беше ли ист пласманот на Тамара и евровизискиот тим, доколку се’ беше исто: и песната и екипата и пејачката и настапот..., а само името на државата и натаму „нерешено“ во спорот со јужниот сосед? Ќе ни делеа ли тогаш Британците и останатите „велики“ сили 12-ки како од ракав, ако и натаму бевме F.Y.R. Macedonia?  Или ова е само естрадно-забавното парче од „колачот на благодарноста“ на Европа кон нас, за спуштените гаќи? Пардон, за свитканата кичма?!“
Да, како што резимира Ордановски, веројатно и формално ќе станеме членки на НАТО. Оти им требаме. Беспрекорно го дочекавме Папата во Скопје. Прашање е само зошто Папата дојде токму сега? На демократски избори за прв пат добивме неоспорен претседател на Републиката... Секако, со по кој знае кој пат „гласовите од витражот“. Оти без нив, ќе беше претседателка! Датумот за почеток на преговори со ЕУ ни се насмевнува годинава… Иако шансите повторно да останеме „насмеани“ се исто толку големи! Ако се случи и Нобеловиот комитет да се истакне во декември, 2019 ќе влезе во Гинис за Република Северна Македонија. А и не мора... Зашто ние веќе сме во влезени во Гинис, како единствен пример во светот: Земја што самата себе си си го сменила името, си се „прекрстила“, против волјата на народот! Па, кој сака да сече вени – бујрум!  Кога веќе  „не се сечеа глави“... на време! Се разбира, не со гилотина!
 ]]>

Фолкерката Сани ги прозва колешките: „Во ред е да се вадат цицките, ама треба и малку да запеете“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/folkerakata-sani-gi-prozva-koleshkite-vo-red-e-da-se-vadat-cickite-ama-treba-i-malku-da-zapeete-foto/ Fri, 19 Oct 2018 06:57:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53647

Една од најзгодните фолкерки на ммакедонската естрада, Сања Сани Гроздановска, покрај својот глас и стас, меѓуостанатото е позната и по својот провокативен начин на облекување. Природата богато ја наградила со бујни атрибути, па раскошната фолкерка има што да покаже и истакне.
Нејзините обожаватели меѓудругото  „се нејзини“ и поради физичкиот изглед на фолкертаката која своите телесни атрибути вешто ги комбинира совокалните способности, па засега има успешна формула за успех во начинот на кој ја прави забавата на своите настапи и „тезги“.
Арно ама, пејат и други... Или барем се обидуваат. Патем и тие имаат што да покажат... Дури и повеќе од што треба. А денес, какво време дошло, музиката се повеќе „се гледа“ отколку што се слуша. Па, после некоја фрлена чашка алкохочл, ако му се погоди изгледот на пејачката, за нејзиниот вокал, кому му е гајле?
Е токму против таквите колешки од редот на „нелојалната конкуренција“, Сани реши да крене глас! Па ги подбра на Фејсбук со сликовит статус:
„Во ред е да се вадата цицките... Ама треба и малку да запеете“... и се обрати Сани на цицлестата конкуренција! На кого точно се однесуваше „јавната прозивка“, фолкерката не потенцираше. Веројатно сметајќи дека тие самите ќе си се препознаат.
Над се', веројатно дополнително инспирирана од текстот во колумната на една наша колешка,  новинарка на еден од македонските интернет портали, Сани си го кажа своето:
„Грака, чиниш верува колку повеќе вреска, толку подобро звучи... А тоа талент нула, глас ужас, музикалност во минус. Појдов на узо и шарска во кафеана, се вратив со ужасна главоболка гратис. Зошто газди на кафеани? Зошто ни го правите ова? Во ред е.. Гледам има долги нозе, а кратко фустанче, големи гради и мега деколте, но зошто ја ангажиравте? За да биде пејачка, така?“ - пишува новинарката С.С. во текстот на својата колумна.
Која разбрала - разбрала, која не - ќе разбере, има време!  Ако не се препознала самата, некој друг ќе и открие на кого се однесува и текстот во колумната и револтот на бујната „сестра по гради и микрофон“ - Сани Гроздановска! А, можеби Сани не мислеше само на една од нив?