колометри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 May 2018 07:42:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png колометри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новата песна на Влатко Лозаноски направи милион километри, но дали нова девојка ги прави првите чекори во врската со пејачот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/novata-pesna-na-vlatko-lozanoski-napravi-milion-kilometri-no-dali-nova-devojka-gi-pravi-prvite-chekori-vo-vrskata-so-pejachot-foto/ Wed, 16 May 2018 07:17:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27238

Влатко Лозаноски последниве години убедливо е нашиот најпопуларен машки вокал. Тоа го говорат фактите огледани во радиопреслушувања на неговите песни, која од која поголеми хитови, наградите за апсолутно најпопуларен хит и пејач на македонскиот радиски фестивал „МАРС“, прегледите на неговите видеа...
Така, последниот спот за најновата песна „Километри“ за рекордно кусо време веќе достигна еден милион прегледи на Јутјуб, што е своевиден рекорд и податок за гордеење.
На нашата „Србинка“  Тијана Дапчевиќ песната толку и се допаѓа, што веќе најави дека ќе ја препее за српскиот музички пазар и пошироко за регионот.
Лозано пак, ионака скромен и молчелив по природа, откако ја растури врската и веридбата со сега веќе бившата девојка Савка Грачанин, за својот приватен живот воопшто не зборува. Овој пат љубовта и емоциите ги крие како змија нозете.
Сепак, понекогаш, понекоја постирана фотографија на некој од профилите на социјалните мрежи може да ги открие или барем наговести нештата...
Тогаш, дали девојката од фотографијата која пиејќи го кафето го крие својот лик со летното капче е таа, која ги прави првите чекори во новата љубовна врска со пејачот?  Дали на Лозано му фали, тој мирис душа да му гали, или...?
Дали фотографијата е најава за безброј нови заеднички „километри во животот“ или само најава на нешто сосема друго, а сепак ново? Како на пример, новата песна и видеото кои треба да се појават наскоро по „Километри“!?
   ]]>