коло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 May 2020 13:00:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png коло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Состанок на фолклорните ансамбли од Македонија, Србија и Хрватска: „Шоуто мора да продолжи“, но како? https://arhiva.vistina.com.mk/sostanok-na-folklornite-ansambli-od-makedonija-srbija-i-hrvatska-shouto-mora-da-prodolzi-no-kako/ Tue, 12 May 2020 13:00:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149259

„Шоуто мора да продолжи“, но како? – беше темата на денешниот прв работен онлајн-состанок на раководствата на трите најголеми сродни национални институции од регионот, кои го негуваат музичко-сценскиот фолклор, за побрзо справување со актуелната состојба и подготовка за безбедно враќање на работа на уметниците во ансамблите. По иницијатива од НУ „Танец“ се одржа првиот онлајн-состанок со раководствата на српскиот „Коло“ и хрватскиот „Ладо“. Впечатокот на сите соговорници беше дека овој начин на здружено барање решенија за надминување на проблемите во заедничката сфера на дејствување е од непроценливо значење и сите безрезервно ја поздравија иницијативата. На дневниот ред беа и размислувањата за формите на концертирање на отворено, големите ограничувања на настапи во затворени сали, проблемот со веројатниот скептицизам и кај уметниците и кај публиката за учество на концертите и сите можни сценарија за јавни настапи во услови на различни рестриктивни мерки.
Притоа, не смее да се заборават и оригиналните традиционални носии, кои во зависност од концептот на сценското претставување ги менуваат меѓу себе многу членови на ансамблите и кои бараат посебни услови за чување и дезинфекција. На крајот беше разговарано и за најделикатниот сегмент, програмата и репертоарот на новите претставувања, кои директно навлегуваат во природата на материјата со која се занимаваат институциите, а тоа е фолклорната традиција. Сите беа согласни дека на тој план не смеат да се направат отстапки што ќе ја сквернават традицијата и директно ќе се одразат на естетиката и стилот на фолклорните творби. Во сите три култури доминира колективната форма на изразување и камерното претставување на игрите не може да биде опција. Оттука, размислувањата на сите учесници на состанокот беше дека првите јавни настапи на институциите треба да се насочат кон вокални и инструментални концерти во помал обем и тие да се случуваат главно на отворено. Но за да може да се дојде до оваа фаза, прво треба владите и ресорните министерства да овозможат и да гарантираат безбедни услови за почнување со работа на овие, од многу аспекти, специфични и комплексни колективи од областа на културата.
]]>