колач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:19:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png колач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Направете чоколаден колач без шеќер и брашно https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-chokoladen-kolach-bez-sheker-i-brashno/ Mon, 04 Mar 2024 14:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324099

Чоколадните колачи и торти знаат да бидат вистински „калориски бомби“. Но, овој колач се прави без брашно и дополнителен шеќер, што го прави идеален десерт кога сакате да избегнете големи количини на рафиниран шеќер. Она што е одлично кај овој рецепт е неговата едноставност во подготовката, а особено ќе ве воодушеви неговата мека структура и сочниот вкус. Потребни состојки: - 2 банани - 2 јајца - 30 гр. какао во прав - половина ќесичка прашок за печиво Прелив: - 100 гр. црно или млечно чоколадо - 1 лажичка масло за јадење Начин на подготовка: Најпрвин вклучете ја рерната на 180 степени. Ставете ги јајцата и бананата во блендер или изматете ги со миксер, а потоа додајте го какаото во прав и прашокот за печиво. Продолжете да блендирате или да матите додека не добиете хомогена смеса. Смесата префрлете ја во помала тава или калап со пречник околу 15 центиметри. Кога рерната ќе се загрее, ставете го колачот да се пече некои 30 минути. Кога ќе биде готов, истопете го црното чоколадо со 1 лажица масло и прелијте го преку колачот. Можете да оставите да се излади или да го јадете топол. извор:точка.ком.мк]]>

Рецепт за сочни чоколадни коцки во кои не треба да ставите јајца https://arhiva.vistina.com.mk/retsept-za-sochni-chokoladni-kotski-vo-koi-ne-treba-da-stavite-jajtsa/ Mon, 26 Feb 2024 13:46:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340151

Подолу можете да најдете рецепт за чоколадни коцки без јајца кои можете да ги печете во калап, квадратен плех или како мафини. Подготовката е брза и лесна, а овој колач содржи и џем што го прави особено сочен. Може да се чува долго време, децата го сакаат, а останува сочен и неколку дена по подготовката.
Состојки: За бисквитот: 200 гр брашно 2 лажички сода бикарбона 4 лажици какао 4 лажици мелени ореви или лешници 250 мл течен јогурт 100 мл масло 8 лажици шеќер 4 полни лажици џем по желба За преливот: 100 гр маргарин или путер 100 гр чоколадо 3 лажици какао 3 лажици шеќер 100 мл млеко Дополнително: 4 супени лажици џем Подготовка: Во сад ставете ги шеќерот и сите влажни состојки: јогуртот, џемот и маслото и сè убаво измешајте. Додадете брашно измешано со сода, какао и јаткасти плодови и кратко измешајте со миксер. Смесата истурете ја во тавче (20 x 28 см) обложено со хартија за печење и печете околу 30 минути на 180 степени. Внимавајте колачот да не се препече – готов е штом почне да се одвојува од рабовите на тавата. Додека колачот се пече, подгответе го преливот. На оган растопете го путерот, додадете шеќер, млеко, какао и чоколадо искршено на коцки. Топлата торта избоцкајте ја со вилушка, обилно намачкајте ја со џем, па покријте ја со чоколаден прелив. По желба посипете со чоколадни трошки или изрендајте чоколадо. Извор: Попара]]>

Мек и сочен колач со вишни и гриз: Лесно се подготвува, а ќе го обожува целото семејство https://arhiva.vistina.com.mk/mek-i-sochen-kolach-so-vishni-i-griz-lesno-se-podgotvuva-a-ke-go-obozhuva-tseloto-semejstvo/ Tue, 13 Feb 2024 14:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304952

Овој колач од вишни брзо и лесно се подготвува, а потребни ви се едноставни состојки кои најчесто ги имате во кујната. Главните состојки покрај вишни се јогурт и гриз, што гарантира дека колачот ќе биде мек и сочен. Рецептот е идеален за периодот кога имаме свежи вишни на пазарот, но можете да го направите во било кое доба од годината со замрзнати вишни. Потребни состојки: - 5 јајца - 120 гр. шеќер - 200 мл. јогурт - 100 мл. масло за јадење - 200 гр. брашно - 150 гр. гриз - половина ќесичка прашок за печиво - 500 гр. измиени и исчистени вишни - шеќер во прав за посипување (по желба) Начин на подготовка: Белките изматете ги во цврст снег. Во жолчките додајте го шеќерот и матете додека не се соединат. Потоа, во жолчките додајте го маслото и јогуртот и кратко изматете со миксер. Во смесата додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и гризот и соединете. Потоа, додека мешате со шпатула додавајте го шлагот од белките. Намастете еден сад за печење и распоредете ја подготвената смеса во него, а одозгора ставете ги измиените и исчистени вишни. Колачот печете го во рерна загреана на 180 степени, 40 минути. По желба, пред сечењето посипете шеќер во прав одозгора. извор:точка.ком.мк]]>

Торта со бисквити: Десерт готов додека да трепнете! https://arhiva.vistina.com.mk/torta-so-biskviti-desert-gotov-dodeka-da-trepnete/ Tue, 17 Oct 2023 12:28:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322725

За подготовка на оваа торта потребни се најмногу 20 минути, почекајте секако да се соединат вкусовите и состојките и целата работа убаво да се стегне, па послужете за неколку часа, а можете да ја декорирате на различни начини. Вкусот е неодолив и лесен и го препорачувамe и во денови кога не постите. Состојки: – 800 гр посен бисквит – 2 кесички пудинг од ванила – 200 гр шеќер – 1 литар вода – 200 гр посен маргарин – 200 гр посно чоколадо – 200 гр мелени ореви (малку повеќе за декорација) Подготовка: Во 200 мл вода се мешаат пудингот и шеќерот и се варат во 800 мл зовриена вода. Гответе само една минута или додека не се згусне. Тргнете го од шпорет и брзо измешајте ги маргаринот и чоколадото да се растопат. Подгответе мала тава, обложете ја со фолија или кесичка, наредете 200 гр бисквити, премачкајте со две до три лажички фил, повторно бисквити и така до крај. На крајот не премачкувајте, туку оставете филот да се премачка подоцна. Горниот бисквит намачкајте го со малку вода, а потоа покријте го со фолија или кесичка и чувајте го во фрижидер неколку часа да се стегне. Потоа превртете ја тортата на плехот, покријте ја со филот и вратете ја во фрижидер еден час. Посипете со мелени ореви или рендано посно чоколадо, или декорирајте по ваша желба и приликата за која е наменета. Извор: Попара]]>

Рецепт за „превртен“ колач од јаболка чиј вкус долго ќе ви „шета“ по мислите https://arhiva.vistina.com.mk/retsept-za-prevrten-kolach-od-jabolka-chij-vkus-dolgo-ke-vi-sheta-po-mislite/ Wed, 27 Sep 2023 13:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320020

Кога ќе се спомнат десертите од јаболко, гурманите и љубителите на слатко главно се сеќаваат на оние стари рецепти. Еден таков рецепт во којшто главната состојка е токму јаболкото, е т.н. обратен колач. Рецептот е многу едноставен, а се подготвува од основни состојки. Состојки: - три јајца; - 150 грама брашно; - една лажица прашок за печиво; - 70 грама шеќер; - една ќесичка ванилин шеќер; - 100 грама стопен путер; - три јаболка; - три лажици шеќер; - цимет. Подготовка: Во еден сад со миксер матете ги јајцата, ванилиниот шеќер и обичниот шеќер. Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво и повторно матете со миксер. На крај додадете го стопениот путер и матете додека не добиете еднаква смеса. Потоа излупете ги јаболката и исечете ги на коцки. Калапот обложете го со хартија за печење. Распоредете ги јаболката, посипете ги со шеќер и цимет и измешајте. Потоа прелијте ги со смесата која претходно ја матевте. Печете го колачот на 180 степени Целзиусови во претходно загреана рерна, околу 30 минути. Кога колачот ќе биде готов, внимателно извадете го калапот од рерна, па свртете го на другата страна и вратете го во рерна да се пече уште 3 минути за колачот да добие крцкава кора. На здравје! извор:точка.ком.мк]]>

Ледени коцки со праски: Освежувачки летен колач на кој нема да можете да му одолеете https://arhiva.vistina.com.mk/ledeni-kotski-so-praski-osvezhuvachki-leten-kolach-na-koj-nema-da-mozhete-da-mu-odoleete/ Thu, 31 Aug 2023 12:35:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316213

Доколку сакате вистински летен десерт кој е лесен и освежувачки, ви предлагаме да ги направите овие ледени коцки со праски. Потребни состојки: – 200 гр. пишкоти – 200 мл. млеко За фил: – 500 мл. слатка павлака – 100 гр. шеќер во прав – 200 гр. праски За декорација: – 300 гр. праски – 250 мл. вода – 15 гр. желатин извор:курир.мк]]>

Колач кој не се пече во релна: Готов е за 15 минути, а вкусен е како да сте го правеле со часови https://arhiva.vistina.com.mk/kolach-koj-ne-se-peche-vo-relna-gotov-e-za-15-minuti-a-vkusen-e-kako-da-ste-go-pravele-so-chasovi/ Thu, 20 Jul 2023 12:00:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310986

Потребно е: 300 гр плазма бисквити 3 пудинзи од ванила 9 лажици шеќер 1 литар млеко 200 гр путер 4 лажици кисела павлака 4 банани 200 мл слатка павлака за шлаг Подготовка: Во малку млеко измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот. Остатокот од млекото сварете го и кога ќе зоврие сварете го пудингот. Гответе со мешање додека пудингот не се згусне. Се трга од оган и во него додека е врел се става путерот, се меша додека целосно не се соедини со пудингот. Потоа се додава павлаката и убаво се меша. Додадете ги бисквитите искршени на парчиња (скршете ги со раце) и измешајте. Половина од смесата истурете ја во тавче премачкано со тенок слој путер, одозгора ставете сечкани банани, покријте со остатокот од смесата и оставете да се излади и да се стегне. Врз изладената торта премачкајте го шлагот. Извор: Курир.мк]]>

Брз колач со кајсии! Слатко задоволство без граници https://arhiva.vistina.com.mk/brz-kolach-so-kajsii-slatko-zadovolstvo-bez-granitsi/ Mon, 17 Jul 2023 12:17:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310513

Со овој рецепт ќе ги воодушевите семејството и гостите со неговата едноставна подготовка и одличниот резултат. Состојки: три поголеми јајца
седум лажици шеќер десет лажици млеко осум лажици масло седум лажици брашно три лажици гриз кесичка прашок за пециво 500 гр исчистени кајсии шеќер во прав Подготовка: Измешајте ги брашното, гризот и прашокот за пециво. Белките со шеќерот изматете ги со миксер, а жолчките со млекото и маслото. Во смесата со жолчките додадете ја смесата со брашно, а потоа и изматените белки. Лесно соединете со шпатула и истурете во калап обложен со хартија за печење. Во тестото ставете ги сечканите кајсии и печете во рерна на 170 степени 15-20 минути. Изладете, посипете со шеќер во прав и послужете. Извор: Курир.мк  
]]>

Освежувачки летен колач со бисквити: Неодоливо кремаст и готов за 20 минути https://arhiva.vistina.com.mk/osvezhuvachki-leten-kolach-so-biskviti-neodolivo-kremast-i-gotov-za-20-minuti/ Thu, 13 Jul 2023 11:57:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310157

Одличен колач за лето бидејќи не се пече! Кремаста торта со мелени бисквити ќе го воодушеви целото семејство. Брзо и лесно се подготвува, а вкусот е навистина феноменален. Се состои од два слоја и можете да го декорирате со шлаг и малку прелив по избор. Долен слој: 300 гр мелени бисквити 100 гр шеќер во прав 100 гр путер 200 мл млеко Горeн слој: 100 гр шлаг во прав 200 мл млеко 400 гр павлака 20% 300 гр мелени бисквити шеќер во прав по желба Подготовка: Се мати путерот со шеќерот во прав, се додаваат мелените бисквити и повторно се мати. Потоа додадете млеко и соединете сè. Смесата треба да е густа. Во тава со димензии 30 x 20 см се става целата смеса за кората и потоа со шпатула рамномерно се распоредува. Изматете го шлагот со млеко, додадете павлака и шеќер по желба и се матете. Потоа додадете мелени бисквити и соединете. Оваа смеса треба да биде фил. Додадете шлаг по желба и оставете убаво да се излади. Пријатно! Извор: Курир.мк]]>

Готов за 20 минути: Рецепт за неодолив колач од кокос којшто се топи во уста и не се пече https://arhiva.vistina.com.mk/gotov-za-20-minuti-retsept-za-neodoliv-kolach-od-kokos-kojshto-se-topi-vo-usta-i-ne-se-peche/ Fri, 07 Jul 2023 11:02:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309440

Во текот на летните месеци најмногу сакаме рецепти за десерти кои не ни одземаат премногу време, а уште повеќе ги сакаме оние поради кои не мораме да ја вклучуваме рерната. Денеска ви пренесуваме рецепт за кремаст колач од кокос којшто се топи во уста, а кој е готов за 20-на минути. Состојки: – 300 грама бисквити; – 500 грама маскарпоне; – 500 милилитри крем за шлаг; – 200 грама бело чоколадо; – 200 грама кокос; – Малку млеко. Подготовка: 1. Бсквитите натопете ги во млекото и распоредете ги во сад (20х28 сантиметри). 2. Во садот ставете го маскарпонето и белото чоколадо кое сте го стопиле, па матете со миксер. 3. Посебно изматете го кремот за шлаг, но да не биде многу цврст. Шлагот додадете го во маскарпонето и полека мешајте со лажица. 4. Додадете го кокосот и соединете сѐ. 5. Половина од смесата распоредете ја над бисквитите, останатиот дел од бисквитите повторно потопете ги во млеко и ставете ги над кремот. 6. Останатиот крем распоредете го над бисквитите. 7. Колачот ставете го во фрижидер, најдобро е да отстои во текот на цела вечер. На здравје! Извор: Курир]]>