кокос – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Dec 2023 12:20:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кокос – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Чоколадна торта со кокос (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/chokoladna-torta-so-kokos-video/ Tue, 26 Dec 2023 13:30:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332522

Доколку сте љубители на кокос, тогаш ќе се воодушевите кога ќе направите чоколадна торта со оваа состојка и додаток на кисело овошје. Доколку сте љубители на кокос, тогаш ќе се воодушевите кога ќе направите чоколадна торта со оваа состојка и додаток на кисело овошје. Состојки: 3 јајца 1 лажичка ванилин шеќер 60 гр шеќер 50 мл масло 150 мл млеко 160 гр брашно 30 гр какао 1 лажичка прашок за пециво 70 гр рикота сирење 40 гр кондензирано млеко 100 мл слатка павлака 100 гр вишни Повеќе: 120 гр чоколадо 70 мл слатка павлака кокос Подготовка: фото:Printscreen / Youtube / Hearty food извор:курир.мк]]>

Чоколадни кокос коцки: Вкусни и готови за неколку минути https://arhiva.vistina.com.mk/chokoladni-kokos-kotski-vkusni-i-gotovi-za-nekolku-minuti/ Wed, 09 Aug 2023 12:42:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313207

Доколку сте љубител на комбинацијата чоколадо и кокос, нема сомнеж дека ќе уживате во овој сладок и вкусен десерт. Потребни ви се само неколку минути за да ја измешате смесата (без миксер), а кога ќе биде готова, треба само да го стопите чоколадото за глазурата, да ја прелиете и да почекате да се испече колачот. Самото чекање веројатно е најтешкиот дел од подготовката … Потребни состојки 1 чаша јогурт 1 чаша млеко 1 чаша масло 1 шолја кокосово брашно 1 ванилин шеќер 2 шолји шеќер 2 шолји брашно ½ прашок за печиво 2 лажици какао Глазура 100 грама чоколадо 3 лажици масло Подготовка Измешајте ги сите состојки (освен какаото), а потоа додајте какао во прав во половина од смесата. Темната смеса истурете ја во набрашнета тава и премачкана со масло, па прелијте ја со остатокот од смесата. Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу половина час (проверувајте со чепкалка). Направете глазура од чоколадо и масло, па прелијте ја врз испечениот колач. Извор: Курир]]>

Готов за 20 минути: Рецепт за неодолив колач од кокос којшто се топи во уста и не се пече https://arhiva.vistina.com.mk/gotov-za-20-minuti-retsept-za-neodoliv-kolach-od-kokos-kojshto-se-topi-vo-usta-i-ne-se-peche/ Fri, 07 Jul 2023 11:02:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309440

Во текот на летните месеци најмногу сакаме рецепти за десерти кои не ни одземаат премногу време, а уште повеќе ги сакаме оние поради кои не мораме да ја вклучуваме рерната. Денеска ви пренесуваме рецепт за кремаст колач од кокос којшто се топи во уста, а кој е готов за 20-на минути. Состојки: – 300 грама бисквити; – 500 грама маскарпоне; – 500 милилитри крем за шлаг; – 200 грама бело чоколадо; – 200 грама кокос; – Малку млеко. Подготовка: 1. Бсквитите натопете ги во млекото и распоредете ги во сад (20х28 сантиметри). 2. Во садот ставете го маскарпонето и белото чоколадо кое сте го стопиле, па матете со миксер. 3. Посебно изматете го кремот за шлаг, но да не биде многу цврст. Шлагот додадете го во маскарпонето и полека мешајте со лажица. 4. Додадете го кокосот и соединете сѐ. 5. Половина од смесата распоредете ја над бисквитите, останатиот дел од бисквитите повторно потопете ги во млеко и ставете ги над кремот. 6. Останатиот крем распоредете го над бисквитите. 7. Колачот ставете го во фрижидер, најдобро е да отстои во текот на цела вечер. На здравје! Извор: Курир]]>

Бајадера со кокос: Омилените ситни колачи на поинаков начин https://arhiva.vistina.com.mk/bajadera-so-kokos-omilenite-sitni-kolachi-na-poinakov-nachin/ Thu, 16 Feb 2023 12:48:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289278

Нема кој не сака бајадери, а овие мали колачи се незаменливи на секоја празнична трпеза. Време е да пробате бајадера со кокос. Состојки: 400 гр бисквити 200 гр кикирики 50 гр шеќер 150 мл млеко 150 гр путер 40 гр кокос 100 гр чоколадо За глазурата: 100 гр чоколадо 1 лажица масло За декорација: 80 гр чоколадо (по избор) Подготовка: Изблендирајте ги бисквитите и кикириките, па измешајте ги во еден сад. Во тавче истурете ги шеќерот, млекото и путерот и варете додека не се стопат и не се соединат. Потоа додадете го во смесата со бисквити и кикирики и сè убаво измешајте. Ако смесата е сува, додадете уште малку млеко. Поделете ја смесата на 2 еднакви дела. Во едниот дел додадете кокос и убаво измешајте, а во другиот чоколадо растопено на пареа и добро соединете. Тавата обложете ја со хартија за печење, па истурете половина од црната смеса и израмнете ја, па прелијте ја половина од белата смеса и повторно израмнете. Потоа истурете ја преостанатата црна смеса, израмнете, па преостанатата бела и повторно израмнете. Чоколадото растопете го на пареа со масло и прелијте го врз колачот. Ставете во фрижидер 1-2 часа. Ако сакате, можете да стопите уште малку чоколадо, па истурете го во кесичка за замрзнувач и исечете мала дупка, па украсете го колачот. Вратете го во фрижидер да се стегне чоколадото. извор:popara.mk]]>

Ова масло е единственото кое ви е потребно: Хранливо и лековито, можете да го користите на милион начини https://arhiva.vistina.com.mk/ova-maslo-vi-e-edinstvenoto-potrebno-hranlivo-i-lekovito-mozete-da-go-koristite-na-milion-nachini/ Thu, 11 Aug 2022 12:30:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262308

Покрај тоа што е здраво, кокосовото масло е одличен сојузник за нега и убавина на жените. Корисен е за нега и на косата и на кожата на целото тело, па токму затоа денес ви претставуваме неколку трикови и начини како да го искористите кокосовото масло: Отстранување шминка Кокосовото масло можете да го користите како и секое друго средство за отстранување шминка, со помош на памук и ќе ви помогне да ја отстраните дури и водоотпорната шминка без многу мака. Освежувач на здивот Кокосовото масло можете да го „држите“ во устата околу 20 минути и на овој начин да си обезбедите свеж здив, побели заби и поздрави непца. На кого му треба уште стоматолог?! Лосион за тело Едноставно нанесете кокосово масло на кој било дел од телото и уживајте во мека, нежна и хидрирана кожа – на сосема природен начин! Производ за нега на нокти Со помош на кокосово масло, вашиот маникир може да трае подолго, а освен тоа, масажата на ноктите со кокосово масло е одлична за спречување и лекување на кутикулите. Средство за чистење четки за шминка Измешајте антибактериски сапун со кокосово масло и ќе добиете сосема природна алатка за ефикасно чистење на четките за шминкање. Балсам за усни Бидејќи кокосовото масло може да се користи за нега на кожата на целото тело, нема причина да не се грижите за вашите усни со него. „Сместете го“ во шишенце со балсам за усни со тарог и уживајте во негувани и хидрирани усни каде и да сте. Лек против стрии и лузни Кокосовото масло не може да ги избледи постоечките лузни, но може да помогне да се спречи нивното формирање. Служи за превенција од стрии и какви било лузни. Крем за очи Кажете им збогум на темните кругови и фините линии околу очите веднаш штом почнете да користите кокосово масло за нега на оваа област.]]>

Неодолив десерт: Карипски пудинг од манго и кокос https://arhiva.vistina.com.mk/neodoliv-desert-karipski-puding-od-mango-i-kokos/ Tue, 11 May 2021 13:40:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202081

Пудинг од гриз со вкус на манго е едноставен, но крајно декадентен пролетен десерт. Направен со готвење гриз со слатка пулпа од манго и кокосово млеко, овој златен десерт е задоволство за сите сетила! Состојки: јајце 400 мл кокосово млеко манго лимон 200 мл сок од портокал 6 лажици шеќер 1/2 лажиче цимет 80 гр гриз 2 лажици кокосово брашно Подготовка: Измешајте ги жолчките со четири лажици кокосово млеко. Сварете го преостанатото кокосово млеко со сок од портокал. Додадете четири лажици шеќер, цимет и кора од лимон. Измешајте гриз и жолчки измешани со кокосово млеко и варете додека мешате пет минути. Тргнете го од оган. Изматете ги белките и по десет минути вмешајте во гризот. Гответе ги парчињата манго пет минути на средна топлина со две лажици шеќер и четири лажици вода. Направете ги во пире. Послужете го гризот со пире од манго и трошки од кокос. извор:попара.мк]]>

Чоколаден сутлијаш со кокос, здрав, брз и многу вкусен десерт https://arhiva.vistina.com.mk/chokoladen-sutlijash-so-kokos-zdrav-brz-i-mnogu-vkusen-desert/ Fri, 19 Mar 2021 14:45:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195126

Сутлијаш во сосема друга варијанта – измешајте чоколадо, ориз и кокос и уживањето е загарантирано! Состојки: 1 чаша ориз 2 чаши вода 0,5 литри млеко 5 лажици кокос 3 четвртини чаша шеќер (може да биде кафеав или некој друг природен засладувач) 1 жолчка од јајце 100 гр чоколадо 100 мл неутрална павлака Подготовка: Ставете чаша ориз во тенџере и истурете две чаши вода и ставете да се вари. Во меѓувреме, во друго тенџере ставете 5 лажици кокос и 0,5 литри млеко, кои ќе ги варите на средна температура, за млекото да добие арома. Кога водата ќе испари од оризот, исцедете го млекото и истурете го во оризот. Секако, потоа додадете ¾ чаши шеќер и прстофат сол. Постојано мешајте и не дозволувајте да загори. Кога оризот ќе се свари, тргнете го од оган и додадете една жолчка. Добро промешајте и истурете ја смесата во чинии или теглички. Додека пудингот се лади, загрејте 100 ml неутрална павлака до точката на вриење. Потоа ставете 100 гр црно чоколадо, кое претходно сте го исецкале за полесно да се стопи, во сад во кој ќе истурите топлата павлака. Мешајте ја смесата додека убаво не се соединат чоколадото и павлаката. Истурете ја оваа чоколадна смеса во садовите со оризот. Резултатот е лесен десерт кој изгледа одлично ако се сервира во проѕирни чинии. Пријатно! извор:попара.мк]]>

Колачиња со вкус на кокос кои им успеваат на сите https://arhiva.vistina.com.mk/kolachinja-so-vkus-na-kokos-koi-im-uspevaat-na-site/ Fri, 12 Mar 2021 14:20:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193943

Бидејќи нема подобри десерти од оние направени со наши напори, подолу издвоивме еден одличен рецепт што сигурно ќе ве освои на почетокот! Потребни состојки: 220 гр пченично брашно тип 00 или тип 550 110 гр кокосово брашно 100 гр шеќер 1 ванилин шеќер 8 гр прашок за пециво 2 јајца 90 гр масло (кокосово или сончогледово) 30 гр млеко прстофат сол За глазура: 4-5 лажици ситен шеќер 4-5 лажици шеќер во прав Начин на подготовка: Во сад, измешајте го пченичното брашно, брашното од кокос, прашокот за пециво, солта, шеќерот, ванилиниот шеќер и додадете две изматени јајца, млеко и стопено масло и измешајте со вилушка. Потоа рачно измесете го тестото. Тестото ќе биде малку лепливо (ако е премногу лепливо додадете уште една или две лажички брашно, но не претерувајте). Од измесеното тесто откинете парчиња тесто со тежина од 12-13 гр и со дланките формирајте топчиња, кои прво ќе ги превртите во ситен шеќер, а потоа во многу шеќер во прав. Топчињата распоредете ги на плех покриен со хартија за печење, оставајќи простор од околу 3-4 см помеѓу секое топче, бидејќи тие малку ќе се рашират за време на печењето. Ставете го плехот во загреана рерна на 180 °C и печете помеѓу 13-15 минути. Колачињата мора да останат целосно светли. Извадете ги од рерна и оставете да се оладат. Послужете веднаш или чувајте ги во херметички затворена кутија до 10 дена. Од овој рецепт ќе добиете околу 55-60 колачиња. извор:кафе пауза.мк]]>

Брз десерт од кокос и чоколадо https://arhiva.vistina.com.mk/brz-desert-od-kokos-i-chokolado/ Wed, 14 Oct 2020 13:20:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171419

За овој вкусен десерт не ви е потребен миксер ниту вага. Нема егзотични состојки, а ако сакате, можете да си играте и да додадете суво грозје, јаболка или круши. Потребни состојки: 120 милилитри павлака 120 милилитри јогурт 240 милилитри млеко 80 милилитри масло 130 г кокосово брашно или кокосови струготини 1-2 ванилин шеќер 250 г брашно 1 лажица гриз 1 лажичка прашок за пециво Глазура: 100 г црно чоколадо 2 лажици масло Начин на пдготовка: Измешајте го шеќерот во малку млеко за да се стопи. Одделно измешајте ги сувите и влажни состојки, потоа измешајте ги заедно и префрлете ги во помал сад за печење или калап за помали колачи кои ќе ги посипете со брашно за да не се залепи тестото. Печете околу 25-30 минути на 180°C и користете чепкалка за заби за да проверите дали вашиот десерт е готов. Ако е чисто, без трошки од тесто, подготвено е да се извади од рерна. Кога колачот ќе се испече, извадете го и прелијте го со чоколадната глазура додека е уште врела. Направете чоколадна глазура со топење на чоколадните коцки за готвење на пареа и со мешање со маслото. извор:кафепауза.мк]]>

Торта „Тропикана“ – освежувачки десерт со ананас, кокос и ореви https://arhiva.vistina.com.mk/torta-tropikana-osvezuvachki-desert-so-ananas-kokos-i-orevi/ Mon, 10 Aug 2020 12:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162618

Оваа овошна торта е идеална за освежување во текот на топлите летни денови.

Потребни состојки:

За кора:
  • 180 грама брашно
  • 280 грама шеќер
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 2 конзерви ананас
  • 2 јајца
  • 40 грама кокос
За фил:
  • 250 грама маскарпоне сирење
  • 100 грама путер
  • 65 грама шеќер во прав
  • 120 грама сечкани ореви
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  • Изматете ги јајцата, додајте малку шеќер и сокот од ананас од конзервата.
  • Додајте ги брашното, сода бикарбоната, сечканиот ананас, кокосот и оревите и измешајте. Поделете ја смесата во 2 подмачкани плехови и печете околу 40 минути, на температура од 170 °С до 180 °С.
  • Колачот ќе биде многу влажен и најдобро е да стои во фрижидер цела ноќ.
  • Измешајте ги состојките за фил и нанесете го на двата дела од тортата, а потоа украсете ги страните и горниот дел.
  • Одозгора украсете со ананас или со друго овошје по желба.
извор: Кафепауза ]]>