коко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 01 May 2022 12:04:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png коко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ќе го препознаете ли ова дете, денес е македонска музичка легенда: „Кој се насмее ќе јаде ќотек!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-go-prepoznaete-li-ova-dete-denes-e-makedonska-muzichka-legenda-koj-se-nasmee-kje-jade-kjotek-foto/ Mon, 02 May 2022 07:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220100

Времето ги менува луѓето, годините сите не трансформираат во секој поглед... И како личности, но најмногу физички. Многумина не можете да ги препознаете како изгледале како деца или момчиња, или пак обратно - кога ќе ги видите нивните некогашни фотографии нема шанси да препознаете за кого се работи. Ова момче кое можеби некои и веднаш го препознаа, денес е вистинска македонска музичка легенда. Музичар, композитор, автор, клавијатурист или поточно мултиинструменталист... Долги години вработен во Музичко-касетната продукција на МРТВ, член и повремен диригент на Танцовиот оркестар, но најмногу познат по неговата кариера како еден од членовите на најголемата македонска џез/рок група на сите времиња - „Леб и сол“. Мајстор и виртуоз зад клавијатурите, композитор и аранжер, концерт мајстор автор на некои од култните композиции на бендот... Еден од најголемите и најпознатите македонски музичари на сите времиња, вистинска македонска музичка легенда. Или поедноставно кажано Кокан Коко Димушевски. Фотографијата која Коко ја споделил на својот Фејсбук датира од неговите училишни денови. Дотеран, стокмен, серизоен, вистинско примерно дете. Настрана што тој самиот „не си се бендисува“ или ептен се бендисува, па на сите што ќе се насмеат кога ќе налетаат на фотографијата им порачал:  „Кој се насмее ќе јаде ќутек!“ Коментарите „фрштат“, а некои од најинтересните се како овие подолу, на пример: „Ко да те терале хармоника да вежбаш“; „Лепотан... Дотеран ко за на доктор“; „Мајсторе, оргинал главна ролја во Сиви Дом“... Кој знае дали после ова некој „ќе јаде ќутек“ или со задоволство ќе мези  и пие од ликот од фотографијата?! Фото: Фејсбук принтскрин/Kokan Dimushevski]]>

Почина Коко, горилата која комуницираше преку знаковен јазик https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-koko-gorilata-koja-komunicirashe-preku-znakoven-jazik/ Fri, 22 Jun 2018 12:54:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33971

Светските медиуми соопштија за смртта на горилата Коко која умееше да се разбира со луѓето со помош на знаковен јазик.
Коко, 46-годишна женка горила која е позната по многу документарни филмови, починала во вторникот во резерватот во Калифорнија, соопштила фондацијата "Горила".
Женката е родена во зоолошка градина во Сан Франциско, а знаковниот јазик го научила од д-р Франсин Питерсон, што станало дел од проектот на универзитетот Стенфорд во 1974 година. Фондацијата навела дека способноста на горилата Коко за изучување на јазикот и емпатијата ги изненадило и освоило срцата на луѓето ширум светот. На насловната страница на списанието "National Geographic" од 1978 година е објавена фотографија од горилата која се фотографирала во огледало.
Коко, за која се зборуваше дека има високо IQ, меѓу 75 и 95, можела да разбере дури 2.000 зборови на говорен англиски јазик. Просечното IQ на луѓето на многу тестови е 100, а повеќето имаат резултат меѓу 85 и 115. извор:точка.мк
]]>