коки јанков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Aug 2023 12:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png коки јанков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 15 септември во „Дом на млади“ – Штип: Коки Јанков со голем концерт во чест на Дуле, за десетгодишнината од неговото заминување https://arhiva.vistina.com.mk/na-15-septemvri-vo-dom-na-mladi-shtip-koki-jankov-so-golem-kontsert-vo-chest-na-dule-za-desetgodishninata-od-negovoto-zaminuvane/ Wed, 30 Aug 2023 12:52:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315986

Познатиот виолинист Никола Јанков – Коки во чест на својот пријател и колега, прерано починатиот  Душан Љубисављевиќ познат и како Дуле на 15 сепетември ќе одржи концерт во Домот на млади во Штип. Концертот ќе започне во 20 и 30 часот, а билетите ќе можат да се набават во tickets.domnamladi.mk. Коки со Дуле беа едни од најпопуларните музичари на почетокот на 2000 години. Двајцата оставија белег на музичката сцена со хитовите „Виолина и гитара“, „Марама“, „Колку треба да се плати“ и други. Дуле почина во 2013 година на 38 години, а потоа Коки почна да свири со „Тајфата“, за потоа да продолжи како соло изведувач се до денес. ]]>

Коки Јанков има да ви каже еден – „Муабет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koki-jankov-ima-da-vi-kazhe-eden-muabet-video/ Fri, 10 Mar 2023 12:02:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292806

После подолга пауза, со нов музички проект изненади познатиот музичар, виолинистот  Коки Јанков, некогаш член на мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“. На социјалните мрежи тој ја промовираше неговата најнова песна со наслов „Муабет“. Станува збор за музичка тема на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму самиот Коки, додека пак аранжманот е на Дејан Георгиевски - Ѕене. За новата песна Коки сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на познатиот Дарио Јанковиќ. „Се надевам дека ќе и се допадна на публиката, а искрено верувам дека ќе биде така. Вакви песни не се „раѓаат“ преку ноќ, за вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота... Лесно е денеска да извадите песна, симнете битови, напишете две реченици и наречете го тоа песна“ - вели Јанков, а на прашањето дали е ова можеби негова автобиографска песни, тој ќе каже: „Не би сакал да откријам, ете вие сами процнете дали е или не е. Се шегувам, мислам дека многу луѓе би можеле да се пронајдат во неа, па ете, зошто да не и јас“  - накусо искоментира познатиот музичар. Доколку сте љубопитни да ја слушнете песната и погледнете спотот, КЛИКНЕТЕ ТУКА и  уживајте во музичкиот „Муабет“ со Коки: ]]>

Коки Јанков од некогашното дуо „Дуле и Коки“ покажа што значи да си гладен, а да не си вакциниран: „Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koki-jankov-od-nekogashnoto-duo-dule-i-koki-pokaza-shto-znachi-da-si-gladen-a-da-ne-si-vakciniran-koskite-gi-ostavi-vo-kafeana-a-sega-vo-nea-ne-moze-ni-da-rucha-foto/ Fri, 20 Aug 2021 06:31:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216052

Новите рестриктивни Ковид мерки на Владата и Комисијата за заразни болести не само што се „ќорец во празно“ кој не дава никакви ефекти, зашто ем се небулозни, нехумани, селективни, понижувачки... ем тотално задоцнети. Или што би рекол народот: „После свадба, џабе тапани“. Луѓето не само што се соочуваат со стотици глупави парадокси и прашања на кои никој нема одговор, туку понекогаш доаѓа до непријатни, а понекокогаш и до комични ситуации. Коки Јанков, македонскиот музичар, естраден уметник, некогашен член на мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“, сега член и основач на бендот „Тајфата“, деновиве се соочи или поточно се најде  токму во една таква комична ситуација, која всушност не е нималку таква, зашто е само мал показател, одраз на апсурдот кој ни го наметнаа и во кој сме приморани да живееме. Имено, музичарот бил гладен, арно ама кога сакал да седне во кафеана да руча - го вратиле! Коки не бил вакциниран, а нема ниту прележано Ковид -19, па по ниту еден основ по новите правила и протоколи нема право да седне во ниту еден локал! Видел не видел, виолинистот замолил да му спакуваат нешто од менито за да го понесе со себе, ама да се враќа дома за да јаде очигледно немал време, па видел- не видел, сакал-нејќел, Коки морал да се снаоѓа. И тоа на првата клупа во паркот откаршија, која му послужила као трпеза за неговиот оброк. За да биде парадоксот уште поголем, како и иронијата на судбината, Коки целиот свој живот, целата кариера ја мина во кафеана, свирејќи и со својот покоен другар и компањон Дуле и сега со „Тајфата“, но и со многу други колеги - естрадни уметници во разни локали ширум Македонија, а и самиот беше газда и држеше неколку скопски кафеани... за сега во кафеана да не може ни да припириса! „Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча, па кутриот својата „вакцинална гастрономија“ ја опиша сликовито, разочарано споделувајќи фотографија на социјалните мрежи како обедува на клупа, покрај која напишал: „После 30 години во кафеана, на клупа пред Драмски...Па јас ли сум виновен што немам прележано, немам ни антитела... Те, така“ - напишал Коки опишувајќи го својот пример како дел од парадоксот на денешното наше живеење, наметнат од неразумното и неспособно владеење на Заев, Филипче, Караџовски... и целата „килава“ влада! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/kokijankov]]>

На седум години од смртта на Дуле, Коки му посвети емотивно писмо – „И кажи сега ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели… добро е таму?“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-sedum-godini-od-smrtta-na-dule-koki-mu-posveti-emotivno-pismo-i-kazi-sega-gore-si-e-gore-neli-dobro-e-tamu/ Fri, 25 Sep 2020 07:32:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168544

Велат дека времето лечи сè, дека сè се заборава, но тоа не важи за оние саканите кои повеќе не се меѓу нас. Колку години и да поминале, празнината во срцето останува. Навршија 7 години откако од овој свет си замина музичарот, Душан Љубисављевиќ, или попознат како Дуле од дуото „Дуле и Коки“. Неговиот колега Никола Јанков-Коки на својот профил на Фејсбук напиша емотивно писно за Дуле кое на почеток од пишувањето кажа дека ќе биде последно, но на крајот се премислим кога силно го навјасаа спомените и емоциите од поминатите години со Дуле и оние откако го нема.
Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте во главата и викам да ти напишам уште едно писмо... ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш, абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави. Брат, не знам дали да се смеам, дали да плачам. Знаеш, се ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто кога свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Моќжеби, па сеа дури сфаќа дека стварно те нема, а...? Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката... ја темпирам „Колку треба да се плати“, ќе стиснам заби, им ја пеам, и оние пејат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, гледам они плачат... На овој ден кога ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли... не сум и го кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно и Сале е со нас. Ти стално, кога ќе го спомнев Господ, се викаше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сега ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели... добро е таму. Овде е зезнато малку, може малку повеќе. Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умираш, ама некои ќе го фатат и ништо не им е... поима немам... ваљда си чул. Макфест првпат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не во Домот на културата, заради тој вирус, 35 години јубилеј... Таму пак не заборавија и двајцата, ама нема врска. Со Марија, сесра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, пет внучиња имаш. Не им ги паметам имињата, едното од брат ти се вика Душан Љубисављевиќ, знам, по тебе. Да знаеш дека е престанувам со музиа, а ми има дојдено многу пати да баталам, ама има пет песни бе брат што треба да се пеат и свират. Помладите поима немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат, глеаш. Не знам што сакав друго да ти кажам... Знаеш што... нема да биде ова последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време...
Во спомен на Дуле во продолжение слушнете ја „Виолина и гитара“ од 1996 со која победија на „Макфест“. ]]>

Само што заплива во вториот брак, доживува нов „брачен бродолом“: Коки Јанков по втор пат се разведува? https://arhiva.vistina.com.mk/samo-shto-zapliva-vo-vtoriot-brak-dozivuva-nov-brachen-brodolom-koki-jankov-po-vtor-pat-se-razveduva/ Mon, 11 Nov 2019 08:46:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117683

Никола Коки Јанков, познат како една половина од некогаш многу популарното штипско дуо „Дуле и Коки“, по прераната смрт на својот компањон Дуле, остана на свои плеќи да го носи бремето на сето она што заедно го создадоа низ годините наназад. Но, за Коки по смртта на Дуле, повеќе ништо како да не беше исто. Оттогаш и во професионалната кариера и во бракот почнаа да се јавуваат осцилации, потреси, бури... Професионалниот крах со екипата од „Тајфата“ (која подоцна се спои со пејачот Димитар Андоновски и се' уште така функционираат), како да беше само наговестување за она што ќе следи во приватниот живот на виолинистот - брачниот бродолом! Со новинарката и портпароило на АМСМ,  Росана по 10 години брак „ненадејно“ објавија развод и тргнаа секој на своја страна. Единственото нешто што остана да ги врзува е нивната ќеркичка Лара. Но, Коки не чекаше долго, па дали не можејќи сам да турка понатаму во животот  тогаш самиот изјави во една емисија: „Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој  живот е за храбрите, не е за плачковци“. Веројатно затоа  храбро и се врати на старата љубов, девојката со која биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, скопската адвокатка Маја Парговска. Двојката набргу ја обзнани својата врска која по неколку месечно „враќање во минатотот“ реши да ја заснова својата иднина врз темелите на нова брачна заедница - за Коки втора! И колку бргу да дојде новиот брак, само неколку месеци по разводот на првиот, уште побргу деновиве доаѓа и веста за новиот развод на Коки!? Имено, како што веќе објави естрадниот магазин од зд сцената „Бекстејџ“ Коки Jанков и неговата нова сопруга Mаја се разведуваат,  по низата расправии и несогласувања на кои наводно сведочеле дел од нивните соседи!? Епилогот - втора бракоразводна парница за Коки која е во постапка! Дали навистина „каде што има чад, има и оган“, па виолинистот се најде среде уште еден „брачен пожар“ и кој и колку од него ќе излезе „изгорен“, останува отворено и Коки, но и неговата понежна брачна половина, сега веќе во заминување да појаснат, потврдат или демантираат! Како и да е, едно е сигурно: На нежните звуци на неговата виолина, со сигурност ќе им остане верна само една женска душа... Неговата ќеркичка Лара! https://www.youtube.com/watch?v=HxCOL4Ld4yA  ]]>

По бурата од разводот Коки Јанков ужива со најдрагата личност: „На топло место без сеќавања“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-burata-od-razvodot-koki-jankov-uziva-so-najdragata-lichnost-na-toplo-mesto-bez-sekjavanja-foto/ Fri, 09 Aug 2019 07:25:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101182

Пред неколку месеци во медиумите како бомба се појави веста  дека се разведува  македонскиот музичар Коки Јанков и сега веќе поранешната сопруга Росана. Потоа, по веста за разводот се појавија вести дека Коки се вратил на својота поранешна љубов со која била четири години во врска пред бракот со Росана.
Ова информација тогаш ја потврди и Коки кој истакна дека е точно дека се разведува. „Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки. Тој не ги откри деталите за разводот ниту пак не сакаше многу да зборува за тоа. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека наводно Коки повторно е во брачна заедница со својата стара љубов, но тој овие написи не ги коментираше. https://www.youtube.com/watch?v=O12r5G8Cc6Y&t=50s Како и да е, по овој турбулентен период од приватниот живот, Коки одлучи да се опушти и да ги наполни батериите. Тој го искористи слободно време и летниот период за да замине на одмор со својата ќерка Лара. Коки на својот „Фејсбук“ објави фотографија со ќеркичката.
Во описот на фотографијата каде што е сам на плажа напиша: „На топло место без сеќавања....почни да живееш или почни да умираш“ напиша Коки.
За потсетување, Коки и Росана беа 10 години во брак, а заедно ја имаат ќерката Лара.]]>

Само неколку месеци по разводот, Коки Јаноков тајно се ожени по вторпат https://arhiva.vistina.com.mk/samo-nekolku-meseci-po-razvodot-koki-janokov-tajno-se-ozeni-po-vtorpat/ Tue, 14 May 2019 06:57:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87574

Пред неколку месеци во медиумите како бомба се појави веста  дека се разведува  македонскиот музичар Коки Јанков и сега веќе поранешната сопруга Росана. Коки наводно, по крајот на брачната заедница се иселил од заедничкиот дом каде живееја.
Набрзо потоа, во ТВ емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ  сосема неочекувано се појави уште една информација поврзана со приватниот живот на виолинистот, односно дека Коки не чекал многу време да биде соло, туку и се вратил на својата поранешна девојка со која бил во врска пред бракот. Тогаш беше откриен и идентитетот на дамата, односно Маја Парговска од Скопје која е адвокатка по професија.
Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а извесен период по разделбата од Росана, почнале да живеат заедно. Оваа информација во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и самиот Коки. „Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки. На прашањето зошто се разведе од Росана, Јанков одговори: „Ќе треба да направиме едно 5,6 емисии за да се објасниме. Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој  живот е за храбрите, не е за плачковци“ вели Коки. Сега пак, естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ има нешто ептен тазе кога е во прашање љубовниот живот на Коки Јанков.
Во најавата за емисијата стои наслов дека Коки тајно се оженил по вторпат, a деталите за неговиот нов брак, како и коментар од првата сопруга, најавуваат наскоро. Инаку, на профилот на социјалната мрежа Фејсбук, љубовниот статус на Коки е дека е во брак, со што дополнително се потврдува дека музичарот е во функционална брачна заедница.
За потсетување, Росана и Коки беа во брак 10 години, а од бракот ја имаат ќерката Лара.  ]]>

„Какви ѓубриња сме ние луѓето“: Она што во доцните часови му се случи на Коки Јанков ќе ве натера да се замислите! https://arhiva.vistina.com.mk/kakvi-gjubrinja-sme-nie-lugjeto-ona-shto-vo-docnite-chasovi-mu-se-sluchi-na-koki-jankov-kje-ve-natera-da-se-zamislite/ Thu, 25 Apr 2019 07:19:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84855

"Малите" луѓе имаат големи срца и голема душа, гласи коментарот на еден од следбениците на македонскиот музичар Коки Јанков за статусот што тој сподели на својот Фејсбук профил. Имено, токму оваа објава и коментар ќе ве поздамислат за трката во која секојдневно живееме, негативната енергија, избрзаното лошо однесување и непочитување на другиот... Една секојдневна случка  која Коки ја раскажа, навидум сосема обична, а му се случила на една скопска улица, има поента која на стотици им се допадна и ги натера да се подзамислат.
Сите добро знаеме дека малите нешта и добрината во себе, може да направат да се чувствуваме подобро и исполнето, а за тоа треба многу малку. Ова е неговиот статус:
На една не толку широка улица, навечер, пред мене во спротивен правец налетувам на камион за собирање ѓубре. Пуштено беше жолтото ротационот и застанав и си чекам. Луѓето ги тресеа контејнерите  во камионот, а позади мене веќе застанаа во ред повеќе коли. Чудно, никој не свирна нит трепна за тие 5-6 минути (многу е и тоа). Одеднаш се појави возачот на камионот(бил позади) и пред да се качи во кабината ја крена раката како за полу поздрав, во рикверц и свирна, како да сакаше да се извини, а немаше потреба од тоа. По него и луѓето што ги тресеа контејнерите, се закачија на рачките од камионот, не поздравија и си отидоа како да брзаат по некоја нова нарачка...Насмеани сите. Свирнав и јас, ги поздравив. Беше касно навечер. Какви ѓубриња сме ние луѓето. Кој нас да се собере (таква мисла ми дојде, не знам зошто). Си викам џабе се, кога не знаеме ни да се насмееме како нив. Од таа вечер, секогаш кога ќе се разминам со таков камион, ќе им свирнам, ќе им дигнам рака за поздрав. Пробајте, поздравете ги некогаш, некоја вечер, па ќе видите што ќе се случи -раскажа Коки.
Едноставно, доволна е само малку воља за да тргнеме кон промена, и најважно, најпрво од себе.]]>

По разводот од Росана, Коки Јанков се врати на својата поранешна девојка (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/po-razvodot-od-rosana-koki-jankov-se-vrati-na-svojata-poraneshna-devojka-video/ Wed, 13 Mar 2019 08:08:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77259

Пред неколку месеци во медиумите како бомба се појави веста  дека се разведува  еден од најскладните бракови на естрадата, македонскиот музичар Коки Јанков се разведува од неговата сопруга Росана. По разводот Коки се иселил од станот каде што живеел со неговата поранешна сопруга и  се пресели на друга локација. Меѓутоа, како што пренесува естрадниот магазин Ексклузив, Коки се вратил на својата стара љубов односно девојката со која била во врска пред Росана.
Имено, тој веќе неколку месеци е во врска со неговата поранешна девојка, адвокатка  Маја Парговска од Скопје.
Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а како што пренесува и магазинот тие веќе месец дена живеат заедно. Оваа информација во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и самиот Коки. „Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки.
На прашањето зошто се разведе од Росана, Јанков одговори: „Ќе треба да направиме едно 5,6 емисии за да се објасниме. Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој  живот е за храбрите, не е за плачковци“ вели Коки.
За потсетување, Росана и Коки беа во брак 10 години, а од бракот ја имаат ќерката Лара. Во продолжение погледнете ја емисијата каде Коки потврдува дека повторно е во љубовна романса. https://www.youtube.com/watch?v=3npXijV6lMc]]>

Не потсетува на она што е денес: Погодувате ли кој македонски музичар е на фотографијата? https://arhiva.vistina.com.mk/ne-potsetuva-na-ona-shto-e-denes-pogoduvate-li-koj-makedonski-muzichar-e-na-fotografijata/ Fri, 31 Aug 2018 07:09:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45425

Кога сме мали сакаме да бидеме големи, кога пак ќе пораснеме, не ретко евоцираме спомени од детството барем на оние моменти на кои се сеќаваме. Нашите познати јавни личности досега објавија доста фотографии од тоа како изгледале како деца. Едни потсетуваат на она како изгледаат денес, додека пак за други е малку потешко да ги препознаеме. Меѓу нив е и ова златокосо детенце кое и ако добро го загледате, тешко би претпоставиле за кој македонски музичар станува збор. Имено, тој во описот на фотографијата која ја постави на својот Фејсбук профил напиша: :Чив син си ти бе мали?, напиша Коки на што доби многу коментари секако дека е син на мама и тато.
фото:фејсбук]]>