кокало – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Jul 2020 12:10:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кокало – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонските „new еdge номадки“ – „Перија“ го издадоа „Кокало“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-new-adge-nomadki-perija-go-izdadoa-kokalo/ Tue, 21 Jul 2020 11:22:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159552

Независниот музички издавач „Шарла“ го издаде своето 50-то јубилејно издание – новото EP „Кокало“ на составот „Перија“. „Перија“ се три девојки од Скопје – Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ и Филис Синаноска, а како „Перија“ постојат од 2015 година. „Музичката позадина на овие њу ејџ номадки е во балканските традиции под силното влијание на музиката на Ориентот. Сепак, современиот, стилизиран израз го прави ова трио уникатно во својата мисија да го реконструира културното минато преку стари песни и приказни за љубовта и страдањето“ - стои во соопштението за „Кокало“. Свирачки, девојките располагаат со завидна вештина креирајќи прекрасна атмосфера во која ги сместуваат своите епско-лирски искуства од патувањата низ улиците на историјата на овие простори. „Автентичниот звук на уд, тамбура, бендир и кемане, надополнет со пријатните вокали на Кате, Леа и Филис и нивните нежни мелодии лесно ќе ве транспортираат во време-просторот каде се случувале секојдневијата на нашите предци“ - се вели во соопштението.   Перија – „Кокало“ ЕР може слободно да се преслуша и бесплатно да се симне на следниот линк.]]>