која сум јас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Mar 2019 12:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png која сум јас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Теа Трајковска Ви го претставува новиот спот за „Која сум јас“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-trajkovska-vi-go-pretstavuva-noviot-spot-za-koja-sum-jas-video/ Mon, 18 Mar 2019 12:04:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77994

„Која сум јас“, носечката нумера од деби-албумот на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска е конечно екранизирана и тоа во една приказна која дефинитивно ќе го привлече вниманието на публиката.

Снимањето на спотот заврши пред неколку дена, а како режисер на истиот се јавува и овој пат Бане Поповиќ и неговата „Томато – Продукција“.

  Мислам дека оваа песна е најискреното нешто што сум го сработила и најблиско до тоа која сум навистина, имено затоа е албумот насловен по неа. Во видеото се обидовме да го оживееме каверот/омотот на албумот и со едноставна симболика да ја претставиме таа борба за идентитет после одредени случувања и состојби во животот на еден млад човек – вели Трајковска за ова музичко дело.

Соработката на младата пејачка со композиторот Лазар Цветковски продолжува, а и овој пат негови се музиката и аранжманот, додека текстот е на Теа.

Ова е нејзиниот видеоспот: https://www.youtube.com/watch?v=FGvECePHzc4&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1RWGn9JOVTnwgzNylCQLQYf0Obvw4ky4mnDXBnHQcg9veta0BvlY9u5oI  ]]>

ТЕА со „Кога најдобро те познавам“ го промовираше албумот „Која сум јас“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-so-koga-najdobro-te-poznavam-go-promovirashe-albumot-koja-sum-jas-video/ Thu, 13 Dec 2018 12:30:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62946

Младата македонска поп пејачка Теа Трајковска, заедно со промоцијата на своето дебитантски дискографско остварување - албумот „Која сум јас“, таа промовираше и нова песна заедно со видеото за неа.
Станува збор за темата насловена „Кога најдобро те познавам“, чии стихови си ги напишала самата, а музиката, аранжманот и продукцијата се на проверениот македонски хитмејкер, Лазар Цветкоски, додека за реализација на видеото беше задолжена „Томато“ продукција.
Албумот содржи вкупно 10 песни, чиј автор е  Лазар Цветкоски, со кого Теа соработува од самиот старт на нејзината кариера, како и неговата сестраМагдалена Цветкоска – Ена, која ги напишала стиховите за дел од песните.
„Целиот албум е доста биографско парче бидејќи повеќето текстови се мои. Долго време го подготвував и навистина е опфатен еден добар дел од мојот живот и тоа како сум созревала како уметник, така што едвај чекав да го затворам ова поглавје“ - ќе изјави Теа на неодамнешната промоција.
„Веќе 5-6 години работиме и мислам дека имаме добар албум и навистина сум задоволен од сработеното. Теа е специфичен лик што има некоја своја различна нота и сето тоа ме мотивира да работам. Ние, сепак, црпиме инспирација од изведувачите“ - додаде Цветкоски на промоцијата.
А, Вие можете да го проследите видеото за песната „Кога најдобро те познавам“ во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=NZxz0J8gZFE Извор: РадиоМК
]]>