кој не полуди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 30 May 2020 07:32:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кој не полуди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој не полуди, не е нормален! https://arhiva.vistina.com.mk/koj-ne-poludi-ne-e-normalen/ Sat, 30 May 2020 07:20:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151860

Го отворија „трлото“ и... „кланицата“ тргна! 25, 42, 58... Секој ден се повеќе нови позитивни! Најмногу од овие се е „ифтарски“, оние, кафанските, допрва ќе ги броиме. Како тврдеа министерот и здравствените  експерти, пикот околу 1500, 2000 ќе беше? Со ова темпо за една недела, не дај Боже,  ќе го достигнеме.  Ама така е кога ќе си го погазиш знаењето и ќе си плукнеш на дипломата, па за да ги задоволиш апетитите на  ненаситните „неразбрани трговци“, ќе тргнеш по нивниот  ум...   Како кога ќе тргнеш по мува, па знаеш на што ќе те однесе... Епа сега таму сме... До гуша!  До душа, до италијанското или шпанското „дно“ има уште, ама на добар пат сме брзо да го стигнеме, ако брзо нешто не преземеме. Демек, дојде слободата?! Да, дојде, ама како? Исто како да те пуштат  бос да трчаш по росна ливада, а всушност ливадата е... минско поле! Па кој  нагази-нагазил... Повеќе среќеа во идниот живот! Тоа ли е цената на слободата? Отворени кафеани, гратис  јавен превоз, а всушност обете стапици...  За тинејџери, зрели луѓе или пензионери, сеедно.  Заради неколку  „недоделкани“   сега одново може да трпи целиот сектор. Зашто отворањето со чочеци на маса го дочекаа,  а утре може со посмртен марш да ги испраќаат.  Иако, рака на срце, тешко е да се спроведуваат асоцијални мерки во социјална „установа“, како што е кафеана, колку и газдите и персоналот од петни жили да се трудат.  На секој што барем еднаш седнал „на по една“ јасно како бел ден му е дека речиси никогаш социјалната дружба не завршува само „со една“, па една по една... А кога човек е малку повеќе расположен, ем му се плетка јазикот, па завлекува, пелтечи и плука кога зборува. За гушкање, прегратки и  муабети в лице од типот: „Вии бе брат, ја сеа да ти кажам...“ и да не зборуваме. Или не дај боже кавга кој е попаметен и кој е во право... И оди ти после спречи го „блискиот контакт“, да те видам! За небулозите со лична карта и проверка на семејните релации за четворица на маса и да не зборуваме. Очигледно оној што  ги измислил ваквите прописи, во неговото село нема кафеана!  Фали уште келнерите да почнат извод од матично или венчаница да ти бараат на врата, а кафанџиите да даваат 10% попуст на сметката ако дојдеш со швалерка, 20% со жената, а ако ги донесеш  и двете на иста маса – куќата чести! Она со јавниот превоз е посебна приказна. Итоа научно-фантастична... „Осми патник“ – не знам кој дел!  Ама за некои ќе биде за жал, последен. Демек социјална дистанца во кафеана важи, ама во градски – јок бурда?  А внатре воглавном социјалата и пензионерите... Токму оние, најризичните и  најзагрозените, натискани како сардини! Метар и пол – два дистанца? Па на два метра во градски 10 луѓе има, ако не сте знаеле градионачалниче скопски и ти ЈСП директоре, што уште и се фалите дека гратис превоз сте пуштиле. Гратис, ама за каде? За пат во еден правец, ли? И сега кога секој ден бројчаникот на новозаболени и починати врти нагоре, а на бројките на економската пропаст и мизерија катаден одат надолу, уште што ни фали? Да ги отворите уште и спортските сали, стадионите, дискотеките... и разбира се, сите заедно онака, рака под рака, што побргу, среќни и весели да одиме на избори. А после тоа единственото што ќе  му остане на изборниот победник,  е да направи  „реприза на Пиколомини на Скопје“... Овој пат, на цела територија на државата! Тоа ли е цената на вашата цел? Или целта ги оправдува средствата? Како што средствата  бескруполозно и крвнички со години ги цицате од џебот на овој народ со помош на вашите „Луј Витон“ пајташи, заштитени како мечки под закрилата на „Сваровски судството“! И после се прашуваме зошто нема држава? Или има каква што ја има, ако ова воопшто и може да се нарече држава?!  Затоа што овде важи само едно правило: Кој не полуди, не е нормален!          ]]>