код 369 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Mar 2023 09:19:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png код 369 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За „Код 369“ секој ден е нова – „Револуција“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-kod-369-sekoj-den-e-nova-revolutsija-audio/ Wed, 29 Mar 2023 06:06:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295610

Битолската група „Код 369“  чии членови потекнуваат од некогашните „Памперс“, ги израдува своите фанови со објавата на нов сингл, насловен „Револуција“, песна која е препеана од англиски на македонски јазик. „Револуција“ е тема која инспирира со позитивниот текст и ведрата и динамична музика и истовремено поттикнува на размислување за општествени промени и промените кои човештвото мора да ги превземе, порано или подоцна, за да го задржи блиското и непосредното, паралелно со сѐ поприсутното виртуелно живеење. Синглот е проследен со слика на ѕидот, авторско дело на битолскиот уметник Виктор Лозанов. Сликата е претставена во форма на графит на кој вокалистката на „Код 369“, Ирена Димовска-Митревска, повикува на интелектуална револуција. Истиот е инспириран од делата на глобално познатиот графити уметник Бенкси. Битолската група „Код 369“ реализираше извонреден успех на музички план минатата година, а потпишаниот договор со „Кроација рекордс“ и објавата на албумот „Stages of Love “ (Стадиуми на љубовта) им ги отвори вратите кон целиот регион. КОД 369 се формирани во 2020 година. Членови на бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). КОД 369 се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски), Петгодишниот ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“ беше потпишан минатото лето, после што КОД интензивно почнаа да ја освојуваат хрватската музичка сцена. Код 369 по новиот сингл „Револуција“ во понатамошната соработка со Кроација Рекордс, ги очекуваат и нови албумски изданија, фестивалски настапи и и секако широка медиумска промоција во регионот. Во меѓувреме, слушнете како звучи нивната „Револуција“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Деби албумот „Stages of Love“ на битолскиот бенд „CODE 369“ во издание на „Кроација рекордс“ https://arhiva.vistina.com.mk/debi-albumot-stages-of-love-na-bitolskiot-bend-code-369-vo-izdanie-na-kroacija-rekords/ Tue, 30 Aug 2022 10:27:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264639

Битолскиот состав „CODE 369“ викендов настапи во Славонски Брод, во рамките на традиционалниот Славонија фест – CMC 200.

На градската тврдина Брод тие во живо го промовираа својот деби-албум „Stages of Love“, објавен под закрилата на најголемата регионална издавачка куќа „Кроација Рекордс“,

Пред фестивалот, на конференција за медиумите, заедно со уште неколку регионални состави, тие пред новинарите дојдени за фестивалот го представија своето првенче.

Албумот „Stages of Love“ содржи дванаесет песни, и тоа е првиот албум што го создадоа и снимија под името „CODE 369“ (КОД 369). Нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музиката, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардни идеи на првите категории и прифатливоста на другата.

Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечка сила кон најдоброто во себе – порачуваат од „Кроација Рекордс“.CODE 369“ е македонски бенд од Битола, формиран во 2020 година. Тие се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на „Памперс“: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали) и Иле Лулевски (тапани, придружни вокали).

Во музиката на „CODE 369“ се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации, кои проткајуваат во препознатливата рок-основа и влијанија на современата музика во домен на поп и рок.„Добиваме навистина убави реакции од публиката за нашите песни, тие го сакаат тоа што го компонираме и нашата музика ја прифатија како своја. Уживаат да не слушаат и тоа е нашата омилена награда“, изјавува пејачката на бендот, Ирена Димовска.

Летово, пред сите овие случувања, „CODE 369“ потпиша петгодишен ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“. На нивната работна посета во Загреб тие го снимија и првиот сингл на хрватски јазик, со наслов „Права љубав“.

]]>