коцка за супа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Nov 2020 12:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png коцка за супа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Направете домашна коцка за супа – неспоредливо е подобра и поздрава https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-domashna-kocka-za-supa-nesporedlivo-e-podobra-i-pozdrava/ Wed, 18 Nov 2020 14:40:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176768

Коцката за супа е прилично едноставна за правење, а вкусот може да се прилагоди според вашите желби – малку повеќе зеленчук, помалку сол... Во продолжение ви претставуваме рецепт за домашна коцка за супа по ваш вкус! Потребни состојки: - 1 помал компир - 1 поголем морков - 1 помала тиквичка - 1 помала главица кромид - половина врзоп магдонос - 100 гр. сол - 1 лажица масло Начин на подготовка: Сите состојки ситно исечкајте ги и ставете ги во тефлонско тавче во кое нема да се залепат за дното. Ставете малку вода и продинстајте сè додека не испари сета течност што ќе ја испушти зеленчукот. Додајте сол и масло и продолжете да мешате уште неколку минути. Сомелете ги сите состојки и вратете ги во тавче за да се исушат малку. Кога ќе добиете смеса густа како тесто, тргнете го тавчето од оган и распоредете ја смесата на хартија за печење. Од неа направете правоаголник со дебелина од 1 центиметар и замрзнете го 12 часа. Потоа, исечкајте ја смесата на коцки. Секоја коцка завиткајте ја во хартија за печење и ставете ја во фрижидер – тоа е правилниот начин на нивно чување. Од оваа смеса се добиваат 9 коцки, а зеленчукот може да се измени по желба и вкус. извор:точка.ком.мк]]>