клупа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 20 Aug 2021 06:35:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png клупа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Коки Јанков од некогашното дуо „Дуле и Коки“ покажа што значи да си гладен, а да не си вакциниран: „Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koki-jankov-od-nekogashnoto-duo-dule-i-koki-pokaza-shto-znachi-da-si-gladen-a-da-ne-si-vakciniran-koskite-gi-ostavi-vo-kafeana-a-sega-vo-nea-ne-moze-ni-da-rucha-foto/ Fri, 20 Aug 2021 06:31:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216052

Новите рестриктивни Ковид мерки на Владата и Комисијата за заразни болести не само што се „ќорец во празно“ кој не дава никакви ефекти, зашто ем се небулозни, нехумани, селективни, понижувачки... ем тотално задоцнети. Или што би рекол народот: „После свадба, џабе тапани“. Луѓето не само што се соочуваат со стотици глупави парадокси и прашања на кои никој нема одговор, туку понекогаш доаѓа до непријатни, а понекокогаш и до комични ситуации. Коки Јанков, македонскиот музичар, естраден уметник, некогашен член на мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“, сега член и основач на бендот „Тајфата“, деновиве се соочи или поточно се најде  токму во една таква комична ситуација, која всушност не е нималку таква, зашто е само мал показател, одраз на апсурдот кој ни го наметнаа и во кој сме приморани да живееме. Имено, музичарот бил гладен, арно ама кога сакал да седне во кафеана да руча - го вратиле! Коки не бил вакциниран, а нема ниту прележано Ковид -19, па по ниту еден основ по новите правила и протоколи нема право да седне во ниту еден локал! Видел не видел, виолинистот замолил да му спакуваат нешто од менито за да го понесе со себе, ама да се враќа дома за да јаде очигледно немал време, па видел- не видел, сакал-нејќел, Коки морал да се снаоѓа. И тоа на првата клупа во паркот откаршија, која му послужила као трпеза за неговиот оброк. За да биде парадоксот уште поголем, како и иронијата на судбината, Коки целиот свој живот, целата кариера ја мина во кафеана, свирејќи и со својот покоен другар и компањон Дуле и сега со „Тајфата“, но и со многу други колеги - естрадни уметници во разни локали ширум Македонија, а и самиот беше газда и држеше неколку скопски кафеани... за сега во кафеана да не може ни да припириса! „Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча, па кутриот својата „вакцинална гастрономија“ ја опиша сликовито, разочарано споделувајќи фотографија на социјалните мрежи како обедува на клупа, покрај која напишал: „После 30 години во кафеана, на клупа пред Драмски...Па јас ли сум виновен што немам прележано, немам ни антитела... Те, така“ - напишал Коки опишувајќи го својот пример како дел од парадоксот на денешното наше живеење, наметнат од неразумното и неспособно владеење на Заев, Филипче, Караџовски... и целата „килава“ влада! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/kokijankov]]>

Спомен обележјето на Горан Стефановски денеска ќе биде поставено во Дебар Маало: „Добредојде дома стари, едвај чекам да седнам до тебе пак…“ https://arhiva.vistina.com.mk/216034-2/ Thu, 19 Aug 2021 12:17:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216034

Спомен обележјето на Горан Стефановски денеска ќе биде поставено во Дебар Маало, но како што информира неговиот син поради ковид мерките нема да има јавен настан за отворањето.

Конечно, после една година изработка, долги ковид-месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало!

За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Така што, еве и овој пат, во текот на денот (здравје), Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите.

ДОБРЕДОЈДЕ ДОМА СТАРИ! Едвај чекам да седнам до тебе пак…

]]>

Елена Стефановска – од „Живот со стил“, до живот на клупа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stefanovska-od-zivot-so-stil-do-zivot-na-klupa-foto/ Fri, 08 May 2020 07:58:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148524

Коронавирусот го смени светот и животот во него... веројатно засекогаш. И нипшто повеќе ниту е, ниту ќе биде исто, уште помалку  поубаво од претходно... наместо напредок - уназадување, наместо прогрес - регрес, наместо живот со стил - едвај живот... Стилот само ќе го сонуваме и со носталгија ќе се сеќаваме на него и тоа по се' изгледа уште долго време. На сите ни е тешко, особено на оние кои беа навикнати на малку „полабав и полагоден“ живот од другите, а имаа можност, умеење, знаење, снаодливост... или што ли веќе, да си го приуштат. „Избраните“ се' уште ќе можат да го прават тоа, секакоп во затворени кругови, ама тие се малку. Ние останатите - снајди се па живеј... на нов начин, со нов животен стил, кој принудно ќе мора да го изградиме одново, од почеток! Една од оние чија емисија не само фигуративно го имаше тој наслов, туку и самата се обидуваше и воглавно успеваше да живее „Живот со стил“ е и водителката Елена Стефановска. Русокосата ТВ барбика не само што со стил низ својата емисија ги водеше гостите, извлекувајќи  од нив и тие да го покажат својот животен стил, туку со начинот на облекување, однесување, посетата на егзотични дестинации, луксузни ресорти, скапи патувања, модерен аутфит... изгради имиџ во очите на својата ТВ публика на вистинска „дама со стил“. Корона карантинот и го промени животот, забави кариерата, ама не и стилот... Убавото време ја намами водителката онака средена, апдејтирана, намонтирана со новите нокти, модерно дотерана да излезе да прошета... Носталгијата по навиките да се пие кафе во дневната скопска шема и покрај тоа што кафулињата се' уште се под клуч! „Сакам кафе, сонце, летна тераса, сакам луѓе наоколу, да уживаме сите заедно на сонце! Од ова сите ќе излеземе посилни. И повторно... Скопје радост ти ќе бидеш!“ - напишала Елена покрај споделената фотографија на која седната на клупа карши закатанченото кафуле во Центарот на македонската престолнина, го пие своето „нескафе за носење“ впивајќи ги пролетните сончеви зраци! Од „живот со стил“, до живот на клупа... Принудно, и веројатно уште не за долго, ама... Ако во иднина треба вака да изгледа „стилот на животот“, веројатно кафето повеќето од нас ќе го пијат дома... Зашто, ако нема социјална дружба по сопствен избор, а не со наметнати правила и норми, нема ни лезет, ни атмосфера... Едвај ќе има живот, а стилот ќе може само да го сонуваме. И ние и водителката... А и вакво Скопје, и не само Скопје, тешко дека радост пак ќе биде(ш)...!?       ]]>