клоца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Apr 2022 11:38:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png клоца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 36 години помладото момче „доби клоца“ од дома: Мадона го избркала љубовникот! https://arhiva.vistina.com.mk/36-godini-pomladoto-momche-dobi-kloca-od-doma-madona-go-izbrkala-ljubovnikot/ Wed, 27 Apr 2022 11:38:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247807

Пејачката Мадона и нејзиното момче, познатиот танчер Аламалик Вилијамс, решија да ја прекинат врската по четири години заедно. Иако нивната врска траеше подолго отколку што многумина предвидуваа, сепак  не траеше  за цел живот. Мадона (63) и Аламалик (28) се во врска од 2018 година, а се запознаа на нејзината турнеја каде Вилијамс беше дел од танцовиот тим. Иако разликата во годините е огромна, тоа не беше причина да ја прекинат нивната љубовна романса. Извор близок до двојката неодамна изјави дека за време на локдаунот , Мадона и Аламалик се дистанцирале и се „истрошиле“ еден со друг, бидејќи биле принудени да го поминуваат целиот ден заедно. И двајцата брзо сфатија дека ќе им биде многу тешко да ги надминат сите разлики и работи кои не им одговараат, па решија да ја прекинат врската. Американските медиуми пишуваат дека Мадона го потврдила раскинувањето со мистериозна порака на Инстаграм, кога спомнала карма и Бог. „Кармата вели, кога некој во животот не е добар за тебе, Бог ќе го искористи повторно за да те повреди, додека не собереш сила да го оставиш“ - напишала кралицата на поп музиката. Фото: Принтскрин/Инстаграм/madonna/ профимедиа
]]>

Шокантна сцена: Познатата српска глумица снимена како го клоца кучето среде бел ден во центарот на Белград (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shokantna-scena-poznatata-srpska-glumica-snimena-kako-go-kloca-kucheto-srede-bel-den-vo-centarot-na-belgrad-video/ Fri, 20 Nov 2020 12:28:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177230

Една од  најпознатите српски актерки, Слобода Слоба Миќаловиќ, луѓето едноставно ја обожаваат, но по оваа сцена, веројатно многумина ќе го сменат своето мислење за неа. Имено, Слобода неодамна зеде домашно милениче, а сега беше снимена на улица каде може да се види како го „воспитува“. Додека го шеташе своето крзнено милениче среде бел ден низ Белград, таа ја преминуваше улицата, во еден момент таа застана за да мине еден автомобил, а кучето продолжи да оди, а таа малку го повлече каишникот.Бидејќи песот не реагираше, актерката брутално го шутна со нога, на очиглед на сите минувачи! Кучето преплашено од страв само легна среде улица, а кога автомобилот помина тие продолжиле да одат. Слобода не покажала претходно вакво однесување, но, на видеото подолу, снимено од екипата на популарната емисија „Папарацо лов“ јасно може да се види како го клоца недолжното кутренце. ]]>

Љубовната романса на Игор Џамбазов и Илина Арсова „заврши“ со клоца во глава: „Извини злато“… ама кај го пикаш носот, кај што не му е местото? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubovnata-romansa-na-igor-dzambazov-i-ilina-arsova-zavrshi-so-kloca-vo-glava-izvini-zlato-ama-kaj-go-pikash-nosot-kaj-shto-ne-mu-e-mestoto-video/ Tue, 04 Aug 2020 07:01:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161597

Македонскиот шоумен и мултиталентиран уметник Игор Џамбазов и врвната планинарка и сестрана спортистка Илина Арсова се во љубовна романса која достигнува кулминација. Жешките летни денови вљубените осаменици решија да ги минат на  некое помирно и попријатно место кога се пеколните горештини во прашање, па „гулапчињата“ ја одбраа Мијачијата. Прекрасната дивина на реканскиот крај, недопрената природа и нејзините убавини се како создадени за она што двајацата вљубени ги прави среќни. И додека Џамбазов најмногу визуелно ужива во убавините на природата на село Јанче и околината, каде што се лоцирани, Илина верна на своите спортски навики и начинот на здрав живот, не ги пропушта своите физички активности. Ако денот по утрото се познава, секое утро заго започнува со гимнастика. За онаа пред станување не знаеме, па нема да коментираме, ама она што се знае и гледа, не изгледа нималку лесно да се изведе, зашто Илина мома е вистинска Спартанка. Како и секое, така и тоа предилинденско утро таа станала рано, па денот решила да го започне со  вежби - „стој на раце“... Или поточно, склекови, во такава позиција, свртена наопаку, со нозете нагоре, кревајќи се горе-долу само на мускулите од рацета со сета тежина на телото. Можеби некому му изгледа лесно, ама оние што разбираат, знаат колку таа вежба е  тешко и мачно да се изведе. Џамбаз пак, пустиот љубопитен да види одблизу како тоа изгледа, да ѕирне како тоа се прави, како се изведува и пријде на дамата преблизу, на „непрописно“ и небезбедно растојание во желба да го овековечи моментот... И го овековечи! Сопствениот нокаут! Нејзиното „стој на раце“  заврши со клоца во глава на љубопитниот Џамбазов! Зашто така свртена наопаку, Илина немала добра перцепција колку далеку од неа е „љубопитниот снимател“, а и не очекувала дека „ќе ја пикне главата каде што не му е местото“ и  утринската вежба за малку ќе завршеше со хаварија! Или поточно заврши, ама за среќа со незначителни последици... Се разбира по љубопитниот љубовник, кој беше „нокаутиран во еден потег“ со еден шут во глава - на нејќење!  За утеха, „шутираниот“ доби едно: „Извини злато“!
 
View this post on Instagram
 
Од стој на глава до клоца у глава......

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Детали за насилствоито на српскиот рапер врз неговата братучетка: Ручале во сендвичарница, па се скарале, по што и удрил шлаканица и ја клоцал во стомакот! https://arhiva.vistina.com.mk/detali-za-nasilstvoito-na-srpskiot-raper-vrz-negovata-bratuchetka-ruchale-vo-sendvicharnica-pa-se-skarale-po-shto-i-udril-shlakanica-i-ja-klocal-vo-stomakot/ Tue, 18 Feb 2020 09:23:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134697

Виола С. (39),  прва братучетка на раперот Иван Ивановиќ - Џус, во неделата пријавила во полиција дека тој ја претепал пред еден локал  во Нов Белград. Според неофицијални информации, Џус и неговата братучетка  ручале во сендвичарата каде меѓу нив избувнала расправија. Братучетката на раперот во неделата дошла во полициската станица во Мирјево и пријавила дека била жртва на насилство. Како што пишува во пријавата, таа и нејзиниот брат Иван Ивановиќ Џус биле во еден сендвич-бар во Нов Белград, каде дошло до расправија меѓу нив. Кога излегле на кејот, Џус прво ја удрила во лицето со шлаканица, а потоа ја удрил со клоца во стомакот“ - тврди извор аа српски Курир. Според него, братучетката го пријавила Џус во полициската станицата во Мирјево затоа што таа живее во оваа населба. „Тој треба да биде сослушан, по што ќе се донесе одлука дали да се поднесе кривична пријава против него“, вели соговорникот и додава дека Виола С. не отишла на лекар по физичкиот напад и нема лекарски извештај за евентуално нанесени повреди.]]>

По една клоца и по некоја „заушка“… за среќно и со Норвешка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-edna-kloca-i-po-nekoja-zaushka-za-srekjno-i-so-norveshka-foto/ Wed, 08 Nov 2017 07:55:43 +0000 http://vistina.mk/?p=2932

Македонската репрезентација вчера попладне ги почна подготовките за пријателскиот натпревар со Норвешка кој не очекува в сабота (11. ноември) на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Па, како по обичај, и првиот тренинг во новиот собир мина со вообичаените „среќни честитки“ за успесите или новините кај дел од репрезентативците… По една клоца и по некоја „заушка“ денеска добија дел од репрезентативците за среќно и со Норвешка! Најмногу го „крка“ оној што бил најдобар во својот тим во изминаттото коло викендов! Таков е редот во непишаното правило! Го нема Илија Несторовски кој остана во Палермо, па најмногу го „окрка“ Езџијан Алиоски!
Во секој случај, во крајно ведра атмосфера одработен тренингот и покрај неколкуте откажувања поради повреди. Како што е познато, од првичниот објавениот список, селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на Илија Несторовски, Висар Муслиу, Љупчо Дориев, Никола Ѓоргев…, и најверојатно и на Кире Ристевски и Аријан Адеми… Но, и сето тоа не значи, дека се намалени амбициите со триумф против Норвежаните да се заврши годината!
Извор: Екипа.мк