клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Sep 2023 09:19:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатиот ТВ водител заврши во болница: Јанко Илковски – „Јади бурек“ опериран по тешката повреда (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-tv-voditel-zavrshi-vo-bolnitsa-janko-ilkovski-jadi-burek-operiran-po-teshkata-povreda-foto/ Thu, 14 Sep 2023 09:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317904

Познатиот ТВ водител, некогашен ДЈ и музичар, Јанко Илковски е сепак најпознат по своето долгогодишно ТВ ток шоу – „Јади бурек“. И нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него во  „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од љубопитност да види и слушне кој ќе биде  ставен на тапет, кој од страв да не биде спомнат... Јанко покрај ТВ етерот е мошне активен и на социјалните мрежи каде што секојдневно споделува разни нешта: Од сите можни аномалии во општеството, политката, секојдневниот живот, светски чуда и достигнувања, но и работи од својот приватен живот. Токму затоа многумина не изненади, ама затоа сите ги шокираше со последната Фејсбук објава од вчеравечер, среда, 13 септември 2023 година, кога Јанко споделил една непријатна  информација. Имено, овојпат водителот се огласи од болничкиот кревет на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, , откривајќи дека доживеал тешка повреда на ногата, каде прстите за среќа, едвај му ги спасиле. Јанко споделил фотографија од повредената нога, покрај која со кус пост појаснил за што се работи, без да преецизира кога, од што и како дошло до тешката повреда?! „На клиника сум за пластича хирургија. Имав лоша, многу лоша, повреда, а др. Туџарова ме оперираше и успеа да ми ги спаси прстите. Некое време ќе отсуствувам од програмата. Фала за поддршката“ - споделил Јанко кој доби стотици пораки на поддршка со желби за брзо и успешно закрепнување, кон кои се придружува и редакцијата на Вистина.ком.мк откако се обидовме да стапиме во контакт со водителот,  кој не можејќи многу да зборува, само кусо ни го потврди она што е веќе познато:

„Повреда, нога, опериран... Заздравувам... Со Господ...“ -  ни возврати Јанко, појаснувајќи дека во моментов му е тешко да говори за деталите за случката. Нека е со помин! Фото: Фејсбук/Janko Ilkovski  ]]>

Зоки – „Фаци“ заврши в болница: Познатиот естраден новинар и ТВ водител на пластична хирургија, но не заради естетски зафат (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-faci-zavrshi-v-bolnica-poznatiot-estraden-novinar-i-tv-voditel-na-plastichna-hirurgija-no-ne-zaradi-estetski-zafat-foto/ Thu, 02 Dec 2021 09:40:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229678

Контроверзниот македонски естраден новинар и познат ТВ водител, а во последно време и локал менџер Зоран Василевски, попознат под прекарот Зоки - „Фаци“ заврши в болница. Поточно на клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија. Многумина помислија дека Фаци решил да направи на себе некаква естетска корекција, па дури некои и нагаѓаа дека решил да ги зголеми усните, други велеа дека се работи за корекција на носот, трети глава даваа дека е во прашање „сосема трет орган“, испадна дека никој од љубопитните душегрижници не бил во право. Не била во прашање никаква естетска корекција, никаков хируршки зафат за разубавување или корекција на одреден дел или орган на телото заради естетско-функционални причини, туку заради здравствени. Иако Фаци онака како што дал Господ „откачен“, објави неколку фотографии уште од болничката постела, правејќи шега на сопствена сметка од типот: „Близнаци... која сака може да честита“, работата испадна дека не е нималку шеговита и смешна, туку напротив - мошне сериозна.  Имено, по враќањето дома Зоки се јави со видео на приказните на својот Инстаграм профил и потврдувајќи го престојот в болница и хируршкиот зафат кој му бил извршен, обзнани дека му бил отстранет тумор на ногата. За каков и колку сериозен тип се работи, остана тајна во доменот на медицинската дијагностика. Сепак едно е сигурно, тој сега се чувствува добро, има само мали болки, што се нормална појава по постоперативниот зафат и полека закрепнува. А шегата...? Неа ѓаволот ја однел, како што се надеваме и дека ќе ја однесе и дијагнозата на познатиот естраден новинарски ТВ лик, кој во домашни услови закрепнува од операцијата. Нека е со помин! Фото: Фејсбук принтскрин/Zoran Faci Vasilevski]]>