клавир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 May 2021 08:09:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png клавир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андријана Јаневска одново во соработка со странски автор, овој пат ја отпеа баладата – „Longings“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-odnovo-vo-sorabotka-so-stranski-avtor-ovoj-pat-ja-otpea-baladata-longings-lirik-video/ Tue, 23 Mar 2021 12:37:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195605

Македонската виолинистка, пејачка, автор и педагог Андријана Јаневска, не престанува да биде активна во професијата. По последната своја авторска песна „Летај“, чиј комплетен автор (музика, текст и аранжман) е самата таа, а која ја промовираше неколку дена пред карај на 2020-та година, сега одново отпеа нова тема. По ланското учество во проектот „Togeather is beautiful “ на „Планетарниот оркестар“ во кој учествуваа музичари од СИТЕ 197 земји во светот, а таа беше претставена како виолинистка од Македонија и соработката со американскиот музички продуцент и ДЈ – Jawfre, во необичната тема, во модерен техно-денс ритам, отпеана на на англиски јазик со наслов „Take me“,  Андријана Јаневска одново соработува со еден странски автор. Имено, овој пат во прашање е нејзината нова песна „Longings“ отпеана на Англиски јазик, во соработка со германскиот композитор Tonio Th. Fruehauf. Тема која всушност преставува една прекрасна акустична балада, обоена само со звуците на клавирот и сугестивниот моќен и прецизен вокал на Андријана. За песната е направено и едноставно лирик видео во кои се испишани стиховите, а овој свој најнов проект Андијана Јаневска самата го најави и промовираше деновиве на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Во продолжение преслушајте како звучи македонската врвна музичка и вокална уметница во изведбата на темата „Longings“: ]]>

Жика – екс „Браво бенд“ отиде на одмор во Анталија, па откако на хотелот му ја спаси вечерта, доби понуда за работа (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zika-eks-bravo-bend-otide-na-odmor-vo-antalija-pa-otkako-na-hotelot-mu-ja-spasi-vecherta-dobi-ponuda-za-rabota-foto-video/ Fri, 18 Sep 2020 06:48:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167459

Отакако замина од еден од најбараните и најпопуларни „ол раунд“ бендови во Македонија, бившиот басист и вокал на „Браво Бенд“, струмичанецот Живко Динев или како што сите го викаат Жика, тргна да ја гради својата кариера како пејач во соло водите. Неколку снимени песни, по некој дует со познати македонски ѕвезди, како оној со Миле Кузмановски, на пример, бројни кавер верзии со обработки на познати македонски и регионални хитови и популарниот Жика глава не може да крене од тезги. И како соло изведувач и како дел од новата група „Мерак Тајфа“. Дури и во време на корона пандемијата, откако мерките малку попуштија, Жика има доволно работа, зашто каде што е тој и неговото име, таа вечер забавата е загарантирана. Сепак Жика најде малку време за себе, па реши да ја искористи „последната можност“ да го фати крајот на летото и да замине некаде на море. Со оглед на здравствените околности и можности за беспречено патување, изборот беше Албанија или Турција, а Жика и неговата понежна половина, сопругата Ана ја избраа Анталија. Сместени во еден од најлуксузните ресорти, во амбиент што потсетува на вистински летен рај како од филмовите, пејачот и неговата сакана уживаа во убавините и понудата што избраната дестинација ги нуди. Прекрасни отворени базени со слатка и солена вода, рајска градина за прошетки и уживање, неограничена понуда на најразновидна храна и пијалаци и секако, богата забава! Амфитеатрална сала во која се случуваат најразлични мултимедијални програми, претстави и концерти... ...Но и хотелско фоаје со шанк-бар и концертен клавир за оние кои уживаат во добар пијалак и избрана тивка музика, во звуците на акустиката и префинетиот музички вкус. И токму тука се случило она што ретко, но ете, сепак се случува. Нашиот Жика си седнал преку ден покрај клавирот да го проба, па нешто онака од срце за душа си засвирел и запеал. Тоа го забележало острото око на хотелскиот менаџер, кому ваквата забелешка веќе другиот ден или поточно вечер, ќе му дојде како „кец на десетка“. Имено, пијанистот кој ги забавувал гостите ненадејно бил спречен да дојде и да се појави на работа. За да не пропадне вечерта, менаџерот преку ден го сретнал Жика и го замолил за кус разговор. Откако му објаснил за што се работи, го прашал дали би можел, дали би сакал и колку тоа ќе чини, тој да го замени отсутниот пијанист и да ги забавува гостите зад клавирот. Македонскиот музичар и пејач без проблеми и без надомест прифатил и му излегол во пресрет, спаувајќи му ја вечерта и на менаџерот и на хотелскиот ресорт. Секако, претходно преку ден, додека гостите се на плажа, седнал малку „да ги размрда прстите и почувствува дирките на пијаното“, пред вечерта да ги забавува гостите. Откако, виделе и слушнале за каков забавувач се работи, менаџментот сега на Жика му нуди работа за следната година. Во меѓувреме, Живко Динев и неговата поубава половина биле почестени со гратис услуга и продолжен престој. Дали популраниот Жика ќе го прифати предизвикот за следното лето, останува да видиме?! Сепак едно е сигурно: Каде што е Живко Динев - Жика, таму забавата е загарантирана. Та била таа и непланирана!  ]]>

Бугарската фолк ѕвезда Марија во еротско или музичко видео: Седната на клавир со широко раширени нозе и меѓуножјето во лицето на пијанистот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-spot-na-bugarskat-folk-dzvezda-marija-e-povekje-erotsko-otkolku-muzichko-video-sednata-na-klavir-so-shiroko-rashireni-noze-i-megjunozjeto-vo-liceto-na-pijanistot/ Mon, 15 Jun 2020 11:43:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153759

Бугарската фолк ѕвезда Марија одлучи да покаже неколку кадри во вид на фотографии  од нејзиниот најнов видеоспот насловен „Стој на страна“. Од она што го сексапилното фолк мињонче го сподели на својот Инстаграм, станува јасно дека се работи за уште еден мошне провокативен спот, кое според количината на разголените кадри, повеќе наликува на еротско, отколку на музичко видео. „Една од моите омилени снимки за видеото!“ - напиша Марија за фотографијата, во која ја навлекла машката кошула на себе, додека на главата носи сламена шапка.  Во преголемата желба да го подобри нејзиниот тон на кожата и ефектот на силно нашминкани очи, во кои ставила светло сини леќи, конечниот ефект е шокантен, забележува Бугарија денес. Сепак, Марија е „глува“ на сите критики и продолжува да се споредува со холивудските sвезди. Во спотот за песната „Стој на страна“ со Рико Бенд, пејачката и понатаму се потпира на пренагласениот мејкап, фотошопираните фотографии и видео и секако, неизмерната еротика во секој втор кадар. Гола во када, однапред, одзади или лежејќи во еротска облека од црна проѕирна тантела, сеедно... Марија така пожелно го нуди сиот свој сексапил на увид, што брзо заборавате на сите недостатоци и критики.  Особено впечатлива е сцената во која пеачката е „лице в лице“ со младиот пијанист. Тој зад клавирот, а таа седната на него, со широко раширени нозе на дирките и меѓуножјето во лицето на пијанистот... Таа толку „настрана“, а ти „Стој на страна“...  мирен ако можеш?!  https://www.youtube.com/watch?v=tWX78cBOcHc  ]]>

Познатата светска пијанистка Лола Астанова речиси гола со „Halloween“ честитка: „Не ме нарекувај ангел!“ https://arhiva.vistina.com.mk/poznatata-svetska-pijanistaka-lola-astanova-rechisi-gola-poracha-ne-me-narekuvaj-angel/ Tue, 29 Oct 2019 10:56:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115050

Познатата светска пијанистака Лола Астанова, која наскоро треба да има мини турнеја по Балканот каде ќе одржи неколку концерти во Софија, Загреб и во Скопје, уште еднаш ги израдува своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи. Атрактивната ултрасекси пијанистка, овој пат во разголено издание на своите фанови им го честиташе претстојниот празник  Halloween или кај нас попознат како „Ноќ на вештерките“. Иако се работи за празник кој не е православен и кај нас нему му се радуваат само најмладите и тоа најмногу заради страшните маски и костими кои ја разгоруваат нивната фантазија, сепак Лола реши да го искористи тој повод. Облечена како сески ангел, само по бел градник, гаќички од тантела и високи свилени бели чорапи кои исто така завршуваат со апликација од тантела и дијадема на главата, Лола седната крај клавирот отсвире еден сегмент од својот концертен репертоар. И додека нејзините долги прсти танцуваат по црно-белите клавирски дирки, бујните гради се прелеваат од припиениот градник, вие не го симнувате погледот од нејзиниот ангелски лик или долгите секси нозе... зависи кому што повеќе му се допаѓа или кој каков фетиш има. Нејзиниот е очигледен... Со широко раширени ангелски крилја, сексапилната Лола речиси гола ви го честите „Halloween“ со пораката: „Не ме нарекувај ангел“!
 
View this post on Instagram
 
Don’t call me angel ??? Happy Halloween!?? • • • • #piano #pianist #angel #vsangel #wings #halloween? #costumes #angelic

A post shared by LOLA ASTANOVA (@lolaastanova) on

]]>

Различни инструменти, а само еден глас: Влатко Лозаноски во сите варијанти! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/razlichni-instrumenti-a-samo-eden-glas-vlatko-lozanoski-vo-site-varijanti-video/ Thu, 21 Mar 2019 09:52:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78604

Влатко Лозановски е пред еден од своите најголеми предизвици во кариерата. Големиот солистички концерт на 23 март 2019 во ВИП арената Борис Трајковски во Скопје. Тест кој ако го положиш, велат стануваш мегаѕвезда. А тој е на најдобар пат да го стори тоа. И предизвикот и шансата се огромни., зашто нема втора шанса за прв впечаток!
Затоа Лозано сериозно го сфати предизвикот па ја искористи секоја можност да спои убаво и корисно. Се' е маркетинг ама и тренинг, па затоа Влатко не престанува да биде активен како на социјалните мрежи, така и во медиумите, а при тоа да си го провери знаењето, умеењето и вокално-инструменталната вештина. Седнат сам зад клавирот, само пиано звук и вокал и... „Мајко“ звучи како да е класика, а не поп песна! Акустична анплагд варијанта, подеднакво моќна како и оригиналот.
 
View this post on Instagram
 
#Majko ?❤ . ?23 Март | ВИП Арена "Борис Трајковски" - Скопје Билети | Tickets: @avalon.produkcija

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski) on

Малкумина можеби знаат дека на Лозано фолклорот не му е непознат. Со него како и со фудбалот е од мали нозе. Музиката во вените како страст, пасија, љубов... а и едукација и животна определба уште од средното музичко училиште во Битола.
Затоа Лозано неговата „Мајко“ умее да ја запее и со звуците на хармониката. Овој пат таа во рацете на младиот Војче Петрушев од групата „Маестро“. За потребите на снимањето на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, иако верзијата не е народна.  Соло придружбата на ниво, а воклаот на Влатко звучи одново маестрално.
Како и самиот инструмент, кога Лозано ќе го земе во своите раце.. Зашто, кого го бива, го бива за се'.
Впрочем, како што самиот Петрушев напишал во својот пост крај објавената фотографија и видео: „Безброј хитови, а само еден глас“! Ние во случајов би додале:„Различни инструменти, а само еден глас“. Маестрален. Оној на Лозано. Затоа никако не пропуштејте го неговиот голем концерт.
Убедени сме дека е на добар пат за голема кариера и надвор од границите на Македонија!  ]]>