клавијатурист – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 11:32:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png клавијатурист – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во очи на својот роденден почина Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бело дугме“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ochi-na-svojot-rodenden-pochina-vlado-pravdik-klavijaturistot-na-belo-dugme/ Tue, 05 Dec 2023 11:14:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329953

Синоќа во Сплит почина Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бело Дугме“, пренесува „Аваз“. За споменатиот медиум смртта ја потврди неговата блиска пријателка. Правдиќ, како што се наведува, починал во пресрет на својот 74-ти роденден на 6 декември. Во последните месеци тој се бореше со тешката болест. Правдиќ последните години живееше во Сплит. „Бело дугме„ е најпознатата југословенска рок група, основана во Сараево во 1973 година. Објавија девет албуми во периодот од 1973 до 1989 година. Водач и единствен постојан член на групата беше гитаристот Горан Бреговиќ, додека Жељко Бебек, Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ се менуваа како пејачи. Басистите Зоран Реџиќ, Јадранко Станковиќ, Санин Кариќ и Љубиша Рациќ, тапанарите Горан Ивандиќ, Милиќ Вукашиновиќ и Драган Јанкелиќ и клавијатуристите Владо Правдиќ и Лаза Ристовски дојдоа и ја напуштија групата од различни причини. фото:Facebook/ Ljubisa Racic/ You tube printscreen/ NOVA S]]>

Џејла Рамовиќ конечно го покажа новото момче (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/dhejla-ramovik-konechno-go-pokazha-novoto-momche-foto/ Wed, 12 Apr 2023 09:55:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297904

По сите скандали кои ја следеа Џејла Рамовиќ, младата ѕвезда на Гранд конечно објави слика со своето ново момче. Познато е дека пејачката го крие приватниот живот и никогаш не зборувала за својот љубовен живот, а сликите од Дубаи открија дека таа сега е многу заљубена. Нејзиното срце го освои младиот клавијатурист Исак од Сараево, кој веќе извесно време ја придружува Џејла на сите нејзини настапи. "Џејла е прилично затворена и сите ги изненади со  ликите од Емиратите кои ги објави. Веднаш се дозна кое е ова момче бидејќи е во нејзиниот бенд и ја следи на секој чекор. Имаат исти интереси и желби. Тие често се заедно, но никој не знаеше дека се во тајна врска.Никогаш не се држеле за рака во јавност, до сега биле на дистанца бидејќи не сакале да се дознае нивната љубов“, вели една од колешките на пејачката. „Таа потекнува од такво семејство и не сака да се експонира, секогаш се бранела со молчење, па ни сега нема да потврди дека е во врска со Исак, иако оваа љубов трае веќе  неколку месеци, а нејзините родители ги поддржуваат затоа што го запознале и многу им се допаднал затоа што внимава на неа и се грижи за неа на нејзините настапи“, заклучил изворот. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

По гласините и написите дека се бори за живот, се огласи и самиот Бора Ѓорѓевиќ: Еве што изјави рок легендата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-glasinite-i-napisite-deka-se-bori-za-zivot-se-oglasi-i-samiot-bora-gjorgjevikj-eve-shto-izjavi-rok-legendata-foto/ Wed, 09 Dec 2020 11:18:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180051

По смртта на познатиот музичар и бас гитарист на „Рибља чорба“, медиумите прашуваа зошто пејачот и фронтмен на групата, Бора Ѓорѓевиќ не се појави на погребот на својот другар и колега? Бора живее со своето семејство во Љубљана, а не дошол на погребот на својот долгогодишен пријател затоа што се наоѓа во многу тешка состојба, осамнаа написи во некои портали од кои веста бргу се прошири во јавноста во целиот регион, па дури и некои македонски медиуми непроверено ја пренесоа. Наводно на Бора минатата година му било дијагностициран рак на простата, а неодамна неговата состојба се влошила. „Бора води битка за живот. Неговата здравствена состојба значително се влоши, ракот се прошири на белите дробови, па Бора редовно оди на хемотерапија. Лекарите прават се што е во нивна моќ да ја стабилизираат состојбата и токму поради таа причина тој одлучи да не доаѓа на погребот на Миша. Коронавирусот претставува дополнителен ризик, што би било фатално за Бора, која и онака е во лоша состојба“ - гласеа написите. По веста за сериозната здравствена состојба на фронтменот на „Рибља чорба“,  пејачот се јави, проговори и испрати јасна порака до јавноста. „Среќна Нова година на сите, со нетрпение го очекувам претстојниот голем белградски концерт. Вака Бора Ѓорѓевиќ,  ги коментираше наводите во медиумите во петокот вечерта (04.12.2020) дека тој е во сериозна здравствена состојба и дека ракот му се проширил на белите дробови, наведуваат „Новости“. И клавијатуристот на  „Рибља чорба“, Никола Зориќ, се огласи по веста дека  Бора моментално се наоѓа во тешка здравствена состојба, па ги демантираше овие шпекулации. Еве што рече Зориќ за неговата здравствена состојба. „Не, информациите дека Бора има рак на простата не се точни. Тој се чувствува добро. Секојдневно се слушаме“ - рече Зориќ и откри дека на Ѓорѓевиќ и другите музичари од групата им е тешко поради смртта на басистот и нивен другар Мирослав Миша Алексиќ.]]>

Ружица Кериќ, вдовицата на клавијатуристот кој го возеше Шабан Шаулиќ: Му течеа солзи додека го исклучуваа од апаратите https://arhiva.vistina.com.mk/ruzica-kerikj-vdovicata-na-klavijaturistot-koj-go-vozeshe-shaban-shaulikj-mu-techea-solzi-dodeka-go-iskluchuvaa-od-aparatite/ Wed, 06 Mar 2019 10:32:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76135

Ружица Кериќ, сопругата на починатиот Мирсад Кериќ професионалниот музичар кој загина во сообраќајната несреќа заедно со Шабан Шаулиќ, собра сила по погребот да ги раскаже последните моменти од животот на нејзиниот сопруг, кого лекарите морале да го исклучат од апаратите што го одржувале вештачки во живот. Шабан инсистирал Мирсад да ги вози. На негова  иницијатива тргнале на патот кон аеродромот, иако за тоа биле задолжени луѓето кои се одговорни за тоа, истите оние кои  и ги однеле од аеродромот. Затоа, Мирсад морал да ја  премести клавијатурата зад неговото возачко седиште, за кумот Боби да може да седне назад, зад Шабан. „Таа иста клавијатура која ја преместил и го уби. Она што по семејството го сакаше најмногу на светот, она со што пари за живот заработуваше и го уби“ -  раскажала Ружица и се присетила низ каква агонија и болка  морала да мине кога и рекле дека ќе мораат да го исклучат Мирсад од апаратите кои го одржувале вештачки во живот. Пред болницата ме чекаше брат ми и посака да запалиме по една цигара, а јас во тој момент бев тотално изгубена. Кога стигнавме во одделот, докторот ни пријде и ме покани во собата. Потоа ме погледна и ми кажа дека мојот Мирсо не издржал, дека неговиот мозок е мртов и само вештачки го одржуваат во живот, па затоа ќе мораат да му извршат еутаназија. Ја удрив главата од ѕидот и му реков да не ги гаснат апаратите, бидејќи јас контактирав со најдобрите невролози во Германија, со еден во Берлин и друг во Диселдорф. Сакав да го проверат, да го вратат, но ми рекоа дека тоа не е можно. Неговата глава беше отворена бидејќи јавниот обвинител тоа го побарал. На сопствена совест лекарот не го послушал  јавниот обвинител и мојот Мирсо го одржувале во живот, додека ние не пристигнеме таму и не се збогуваме со него. Кога влеговме во собата, на Мирсад од левото око по образот почнаа да му се слеваат солзи. Нашиот син му ги избриша солзите и сакаше тие да останат засекогаш во неговата дланка. „Паднав на колена и молев лекарите да не ги гасат апаратите, но не бев свесен дека тие само вештачки го одржуваат во живот. Апаратите беа исклучени во 22.35, потоа Мирсо засекогаш замина“ - ќе рече Ружица Кериќ. „Музиката беше неговиот живот. Тој  со само четири години почнал да свири на сајзер, а таа иста клавијатура висеше на ѕидот во нашиот стан. Со четири години на неа совршено свирел три кола. Тој играше фудбал во ТУС Кобленц, каде што потпиша и професионален договор, но неговата мајка потоа мораше да плати парична казна од 20.000 марки, бидејќи  го прекршил договорот само за може да и се посвети на музиката. Нашата куќа беше музичка куќа, нашите деца пораснаа со музика , нашата љубов бешее посилна со музиката. Клавијатурата го уби, музиката го уби и нека музиката го придружува на вечниот пат. Никој не треба да не обвинува што го испративме со песна, затоа што јас сум сигурна дека тоа ќе беше и неговата последна желба“ - ќе изјави неутешната вдовица за српски Курир. Фото: westfalen-blatt.de/ приватна архива
]]>

Почина и клавијатуристот: Не трабало да свири на кобната вечер – Шабан го молел да настапи https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-i-kavijaturistot-ne-trabalo-da-sviri-na-kobnata-vecher-shaban-go-molel-da-nastapi/ Tue, 19 Feb 2019 09:24:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73508

Музичарот Мирсад Кериќ, кој ја доживеа тешката сообраќајна несреќа со Шабан Шаулиќ – почина, пренесуваат српските медиуми. Тој ја изгубил битката за живот вчера во попладневните часови во болницата каде бил примен по несреќата. И покрај сите напори на лекарите да го спасат, тој го загуби животот. Тој зад себе ги остави двата сина, ќерката и сопругата Ружица Кериќ, која до последен момент верувала дека нејзиниот сопруг ќе преживее. Таа во разговор за српски Курир открива дека нејзиниот сопруг не требало да биде со Шабан на настап, но сепак не можел да го одбие својот голем пријател.
-Мирсад 17 години работеше со шабан, се дружеа, беа блиски. Шабан имаше многу доверба во мојот сопруг. Мирсад не требаше овој викенд да оди на настап, туку да оди во Кобенц, бидејќи татко му е во кома веќе десет дена. Меѓутоа, Шабан го замоли да оди со него на настап, само него му веруваше. Нажалост, по концертот се случи страшната несреќа. Како што слушнавте, Мирсад не е виновен за сообраќајката, тој пијан човек ги удрил одзади, многу брзо возел. Тоа ми го кажаа од полицијата како официјален извештај за несреќата, кажува потресената Ружица. Неутешната сопруга на музичарот раскажува како изгледала борбата за живот на сега нејзиниот покоен сопруг, кој беше зад воланот на „Сеат Ибицата“ во која удри пијаниот возач на „Мазда“, кој притоа немал ниту возачка дозвола.
-Мојот сопруг од саниот прием беше во тешка состојба. Нон-стоп бев во контакт со лекарите, ми јавуваа за секоја промена, го следеа постојано. Првата вечер бев до доцна во болницата, тогаш состојбата беше малку подобра. Ги прашав лекарите дали има уште некои тешки повреди, внатрешно крварење, ми кажаа само дека главата е повредена. Сите се надевавме дека ќе се извлече. Вчера му правеа тестови за рефлекси за да видат дали тоа е во ред – вели низ солзи сопругата на клавијатуристот. извор:курир.рс    ]]>