класична музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Jun 2023 12:03:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png класична музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За првпат во Македонија се одржува детски камп за класична музика во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/za-prvpat-vo-makedonija-se-odrzhuva-detski-kamp-za-klasichna-muzika-vo-bitola/ Tue, 13 Jun 2023 12:03:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306122

Проектот “Kids Classical Music Camp” се реализира од 12 – 16 јуни во Битола. Главен организатор и лидер во овој проект е Здружението Пијано од Битола, а партнери во проектот се Здружението ” Gradus Ad Parnassum” од Сремска Митровица, Србија и музичкото училиште ” Tefta Тashko – Koco ” од Корча, Р. Албанија. Раководните лица на здружението „Пијано”, Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска истакнуваат дека на овој петти повик од Western Balkan Fund и втор повик кој што е поддржан од Европската Унија, од вкупно 347 апликации, избрани се 36 проекти, по 6 од секоја земја членка на Западен Балкан, меѓу кои и проектот ” Kids Classical Music Camp” на здружението “Пијано”. Освен културна размена и споделување на искуства, во овој проект е предвидено и споделување на знаења, па така во текот на проектот ќе бидат реализирани 4 работилници и тоа 2 од страна на земјата домаќин – Македонија, една од гостите од Србија и една од гостите од Албанија. Првиот ден во Државното музичко училиште во Битола измина во претставување на учесниците и самиот проект. Во истиот покрај едукативните работилници предвидени се посети на Битолскиот Завод и Музеј, Хераклеја, Охрид, Пелистер, со што проектот придонесува и кон туристичка промоција на нашата земја. На 14.06. во КИЦ – Офицерски Дом ќе се одржи концертот на учесниците во овој проект, кој како круна на деновите поминати заедно во меѓународна културна симбиоза, ќе блесне и ќе го заокружи настанот, со што Битола ќе се збогати со уште еден културен настан за паметење. Самиот проект структурно коципиран е врз идејата за што поголема мобилност и размена на култури помеѓу земјите од Западен Балкан. Целната група во проектот се децата, кои се наши музички амбасадори и класичната музика. „Голема е благодарноста и среќата што европските организации ја препознаа нашата идеја, која што ќе се потрудиме да ја реализираме најдобро што можеме и со тоа да ја направиме нашата земја и нашиот град уште побогат со културни настани и случувања” – изјавуваат од Здружението Пијано. Проектот е реализиран со поддршка од Western Balkan Funds и EU. Здружението на пијанисти и музички педагози Пијано Битола е формирано 2018 година од професионални педагози по пијано како и од група ентузијасти и љубители на класичната музика. Целта на здружението е да се подигне нивото на музичка култура, културата на слушање на класична музика во нашиот град, како и да се имплементира еден нов начин на едукација на нашите млади таленти кои што треба во иднина да ја продолжат музичката традиција, преку интернационални проекти, семинари, работилници, мастеркласи и сл. Извор: Радио МОФ]]>

Елена Петреска се повлекува од естрадата: „Потрошив многу енергија стоејќи на погрешна врата“ https://arhiva.vistina.com.mk/elena-petreska-se-povlekuva-od-estradata-potroshiv-mnogu-energija-stoejkji-na-pogreshna-vrata/ Fri, 28 Feb 2020 08:14:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136597

Пејачката Елена Петреска во интервју за точка.ком.мк потврди дека се повелекува од естрада и дека ќе се посвети на класичната музика. Таа вели дека потрошила многу енергија на погрешна врата. Сум правела од ништо - нешто. Сум си правела фустани од марами за на фестивал, сум фарбала сандали со аутолак, сум победила на фестивал, а притоа сум немала пари за автобус да се вратам во Скопје, сум пеела и правела најдобри забави, сум се трошела до максимум, целата енергија ја оставав на публиката, на моите настапи со бенд. Сум прифатила и лоши песни кои ни сама не сум сакала да ги слушнам, но и многу добри кои за жал никој не пројавил желба да ги пушта. Искрено, (секоја чест на исклучоците), на новинарите очигледно им бев интересна за интервјуа во врска со мојот живот, а кога се работеше за мојата музика сите ми вртеа грб, тоа се потврди и со мојот последен настап на Макфест. Немав среќа да имам добар менаџер, а сама за себе не знев да бидам. Јас сум уметник, и фала Богу што барем на моите настапи имав можност да бирам како ќе се изразам себеси, без да морам да прифатам било каква песна зошто сум немала спонзори за да платам поубава. Затоа, веќе немам ниту мотив, ниту желба. И не се лутам на никого, едноставно тоа биле знаци кои одамна требаше да ги прифатам, а не упорно како што кажав да тропам на погрешна врата. Горда сум на мојата одлука. Уште погорда што секојдневно се повеќе сум инволвирана во класичната музика каде што уживам и искрено немам потреба никому да се допаднам, едноставно се препуштам на енергијата и магијата која ја носи во себе операта“ вели пејачката На прашањето дали има простор во иднина да сними повторно некоја поп песна, пејачката вели: Немам причина зошто да оставам простор. Може ќе си снимам понекогаш по некој кавер по дома, онака кога ќе ми се припее. Но дефинитивно веке нема да снимам песни. И секако веќе нема да се повторувам со приказната за моето повлекување од естрада, ова е моја прва и последна изјава на таа тема. Благодарна сум на сите со кои сум соработувала, и благодарна за сето животно искуство што го стекнав преку оваа професија која со својата динамика и контакти со многу луѓе, разни приказни и искуства, ме направи богат човек“ вели таа за точка.ком.мк Инаку, Петреска  работи во Македонската опера и балет и стана бренд амбасадор на еден центар за убавина. ]]>

Хуманитарен концерт – класична музика https://arhiva.vistina.com.mk/humanitaren-koncert-klasichna-muzika/ Mon, 18 Mar 2019 13:40:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78108

На 25 март – понеделник во Македонски народен театар ќе се одржи хуманитарен концерт – класична музика. На концертот ќе настапат Слободанка Ничевска – виолина, во пијано придружба на Магдица Манасиева. Специјален гостин на концертот ќе биде познатитот и еминентен виолинист, професор Михаило Куфојанакис . Да бидеме хумани, да им помогнеме на оние на кои најмногу им е потребно. Да се собереме сите на 25 март – понеделник во мала сцена во МНТ. Влезот е бесплатен, а билетите може да се подигнат од благајната на МНТ на 25.03. од 19-20 часот. Концертот почнува во 20:00часот. Концертот ќе има и хуманитарен карактер, ќе има кутија за донации. Собраните средства ќе бидат за Тоше Илиевски кој боледува од рак на линфни јазли. Влезот е слободен, гратис картите можат да се подигнат на денот на одржување на концертот, во период од 19-20h од билетарата на МНТ.]]>