кларинет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Jul 2021 11:36:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кларинет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андријана Јаневска и Благојче Трајковски со взаемна љубов на виолината и кларинетот во инструменталот – „Трепет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-i-blagojche-trajkovski-so-vzaemna-ljubov-na-violinata-i-klarinetot-vo-instrumentalot-trepet-video/ Fri, 16 Jul 2021 11:36:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211406

Кларинетистот Благојче Трајковски ја промовира песната „Трепет“, која ја направи во соработка со пејачката и виолинистка Андријана Јаневска. „Трепет“ претставува емоционално богата инструментална музика каде што кларинетот на Благојче и виолината на Андријана изразувајќи меѓусебна љубов не оставаат рамнодушен ни еден слушател. Посебните емоции произлегуваат и од прекрасната придружба од камерниот оркестар составен од врвни македонски музичари и неколкутемина гости инструменталисти, меѓу кои уникатниот гитарист од Бугарија Петар Миланов, како и најдобриот перкусионист од Македонија Ратко Даутовски. Сите тие префинети звуци маестрално ги склопи големиот диригент и композитор Димитар Христов.   „Ова претставува композиција создавана во духот на класичната музика, но со елементи од македонската староградска музичка традиција. Автор сум на музиката, а маестрално ја аранжираше големиот композитор и диригент Димитар Христов. Аудиопродукцијата е производ на Дејан Момироски, а дел од композицијата се снимаше во Софија, во студиото на Алекс Нушев. Видеото за ова парче музика го направи екипата на Веста продукција, а спотот е снимен во прекрасното издание на Завод и музеј во Битола. Покрај прекрасните млади музичари кои се дел од Камерниот оркестар, во спотот значаен придонес даваат младите танчери Мила Димовска и Томи Марох, кои со својот прекрасен перформанс му даваат една посебна уметничка димензија на целиот музички и визуелен производ. За изгледот во спотот на нас како артисти се погрижи македонскиот моден дизајнер Папаз. Инаку, сакам да истакнам дека подготвувам албум кој треба целосно во етер да излезе на есен ќе биде еден исклучителен придонес во развојот на целокупната балканска музика“ - вели кларинетистот Благојче Трајковски. Благојче Трајковски го поседува најуникатниот звук на кларинетот и е единствениот интерпретатор кој знае да ја интерпретира македонската музика во вистинската смисла на зборот. Еден од најактуелните инструменталисти и музички педагози на Балканот, кој неуморно го дава својот придонес во вистинскиот музички професионализам. Андријана Јаневска во македонската музика се докажа како еден многу сериозен и префинет комплетен музичар, вокален солист, солист на виолина, оркестарски интерпретатор, композитор и аранжер.   ]]>

Made in Macedonia – концерт на Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/made-in-macedonia-koncert-na-makedonskata-filharmonija/ Mon, 12 Mar 2018 12:07:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15811

Made in Macedonia е наслов на концертот што ќе се одржи во Македонската филхармонија на 15 март во 20 часот.
  Концертот ќе биде под диригентство на маестро Борјан Цанев, а на подиумот како солист ќе застане првиот кларинетист на Македонската филхармонија, Здравко Ангелов, во чии раце ќе прозвучи виртуозниот Концерт за кларинет и оркестар бр. 1 од Луис Шпор, а на програмата е и инспиративното дело „Лет“ од Мајкл Бакрнчев, како и познатата симфонија „Јупитер“ од музичкиот гениј Моцарт. Билетите се веќе достапни и може да се набават на билетарницата во Македонската филхармонија, да се резервираат на телефонот 02/3238 182 или да се купат преку веб-страниците www.mktickets.mk и http://www.karti.com.mk.  
]]>