китање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Jul 2020 11:44:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png китање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве што се случува кога читате секој ден https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-se-sluchuva-koga-chitate-sekoj-den/ Tue, 21 Jul 2020 12:20:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159755

Секојдневното читање може да направи чуда кога станува збор за меморијата, здравјето, па дури и односот кон останатите. Најдоброто нешто што може да го направите за вашиот мозок денес бара малку пари, простор и време – само земете добра книга. Експертите велат дека читањето е еден од докажаните методи за подобрување на разни функции на мозокот, од меморијата до квалитетот на спиење. Кога редовно читате, го подобрувате работењето на мозокот исто како за време на вежбање или со секојдневна здрава исхрана. Ова се некои поволности кои ги нуди секојдневното читање. Може да го зголемите коефициентот на интелигенција Истражувањата покажуваат дека децата кои читаат редовно може да станат интелигентни возрасни. Едно истражување кое траело цела деценија, спроведено од британското Здружение за истражување на развојот кај децата, го анализирало когнитивниот развој на речиси 2.000 пара идентични близнаци. Резултатите покажуваат дека близнаците со подобри способности за читање во раното детство имале подобри резултати на тестовите за интелигенција како тинејџери отколку нивните браќа или сестри кои читале помалку. Може да го намалите стресот Доколку сте под стрес, читањето книга може да биде најдобриот лек. 30-минутното читање релаксира исто како и 30-минутно вежбање јога, тврди едно истражување од 2009-та година. Британски истражувачи на Универзитетот во Сасекс откриле дека читањето во период од само шест минути дневно го намалувало нивото на стрес кај учесниците за 68%. Пешачењето, пиењето чај или кафе и слушањето музика биле помалку ефективни. Може да го збогатите речникот Дали љубовта кон читањето води кон богат речник или обратно? Во 1990-те, истражувачот Кит Станович и неговите колеги го тестирале ова прашање. Тие ја мереле способноста за читање на група учесници и откриле дека луѓето кои читаат редовно просечно имале околу 50% побогат речник и 50% поголемо знаење засновано на факти во споредба со учесниците кои не читаат. Може да си го продолжите животот Истражувачи од универзитетот Јејл следеле илјадници возрасни на возраст над 50 години во период од 12 години и откриле дека учесниците кои читаат книга 30 минути дневно живееле речиси две години подолго отколку оние кои читале списанија или весници. Заклучокот? „Меѓу поволностите од книгите е и подолгиот живот за нивно читање“, напишале истражувачите. Може да ја развиете емоционалната интелигенција Освен што го подобрува коефициентот на интелигенција, читањето може и да ја подобри и емоционалната интелигенција. Едно истражување спроведено на Харвард открило дека волонтерите кои читаат фикција подобро ги препознаваат емоциите кај останатите отколку оние кои читаат стручна литература или не читаат ништо. Читањето е вежбање за мозокот Заборавете ги крстозборите. Едно истражување од 2013-та, објавено во списанието „Брејн конективити“ покажува дека студентите кои читале фикција имале зголемена активност во делот на мозокот поврзан со јазикот и меморијата до пет дена подолго од оние кои не читале. Исто како што создавате мускулна меморија кога трчате, секојдневното читање може да го тренира вашиот мозок за да ги активирате и подобрите вашите когнитивни функции, тврдат истражувачите. Може да се зближите со вашите деца Не е тајна дека читањето на децата може да влијае на нивната писменост, интелигенција, па дури и идно вработување. Но, верувале или не, видот на книгите кои ги читате со нив, исто така прави разлика. Според едно истражување од 2019 објавено во списанието „Педијатрикс“, родителите кои им читале на децата од печатени книги наместо од таблети или електронски читачи имале подобар невербален однос и биле поблиски со нивните деца. Може да го намалите ризикот од деменција Богатиот речник може да го чува вашиот мозок во староста, тврди еден тим на Универзитетот во Сантигајо де Компостела во Шпанија. Според тестирање спроведено на над 300 учесници на возраст над 50 години, луѓето со побогат речник имаат три до четири пати помал ризик за когнитивно нарушување отколку оние со послаб речник. извор:кафепауза.мкчитање,книгу]]>

Зошто китиме елка и што тоа китење значи? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-kitime-elka-i-shto-toa-kitenje-znachi/ Thu, 19 Dec 2019 12:40:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124866

Дочекот на Новата година и Божиќ е незамислив без накитена елка и без шарените лампиони на неа. Патот на елката од зимзелено дрво до симбол на празниците бил долг и полн со интересни факти. Зимзелените билки веќе илјада години се користат во прославите на христијанските и паганските обичаи. Паганите ги користеле за украсување на домот во зимскиот период, додека Римјаните ги користеле за украсување на храмовите за време на фестивалите. Христијаните зимзелените билки ги користеле како знак на вечниот живот со Бога. Не постојат податоци кои точно можат да одредат кога елката за првпат била употребена како дел од божиќната традиција. Се верува дека тоа почнало пред илјада години во северна Европа. Оние кои не можеле да си дозволат елка редела исечени дрва во форма на пирамида и ги украсувале со хартија, јаболка и свеќи. Во Викторијанската ера свеќите закачени на елката означувале ѕвезди, а во некои делови на Европа сеуште се користат како украси. Сепак, поради страв од пожар, во 1895 година се направени првите електрични сијалички како замена за свеќите. Лампиони се користеле како украси уште откога се почнало со китење на елките, но за разлика од денешните лампиони, тие биле направени од вистинско сребро. Оние кои не можеле да си дозволат такво украсување со сребро, елките ги кителе со црвени, зелени и жолти јаболки. Употребата на елката во божиќните и новогодишните прослави првпат е документирана во 1510 година во Летонија. Се знае само дека на крајот на прославата луѓето ја запалиле елката. Во Германија е сочувана слика од бискуп нацртан покрај новогодишна елка, а елката ја носат луѓе низ градот. Се верува дека тој бискуп го претставувал Свети Никола. Прва личност која елката ја однела дома, по обичаите кои денес ги славиме, бил свештеникот Мартин Лутер. Во Германија елките биле украсувани со колачи, зашеќерени јаболки и сладок леб. Подоцна почнале да прават стаклени украси слични на денешните. Првата божиќна елка во Британија е поставена за време на владеењето на принцот Алберт. Во 1848 година кралската божиќна елка била објавена во весниците. Затоа култот на божиќната елка бргу станал популарен и во Америка. Вештачките елки станале популарни во раниот 20 век. Со години ваквите елки биле правени од метал, хартија, пердуви и различни видови на пластика. фото: Макмода]]>