киселина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Nov 2023 13:15:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png киселина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто не треба да пиете вода за време на оброците? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ne-treba-da-piete-voda-za-vreme-na-obrotsite/ Fri, 17 Nov 2023 14:00:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327540

Иако е важно да останете хидрирани и да консумирате минимум два литри вода дневно, сепак водата не треба да ја пиете додека јадете. Имено, доколку внесувате течност заедно со храната, може да се наруши нивото на концентрација на киселината во желудникот и во жолчката, кои се неопходни за правилно варење на храната. Овој совет особено важи за пиење ладна вода, бидејќи таа дополнително го успорува процесот на варење на храната и чувство на тежина во стомакот ќе биде поголемо. Најдобро би било да пиете вода 30-15 минути пред јадење. По оброкот, почекајте најмалку половина час, а уште подобро и еден час, за да пиете вода. „Моја препорака е да испиете два литри вода во текот на денот и да ги пиете постепено, за никогаш да не го преполните и оптоварите желудникот. Преголемо количество вода го нарушува варењето, а покрај тоа, може да се случи вишокот на храна да остане во организмот и да го наруши нивото на инсулин, што доведува до зголемен ризик за дијабетес“, изјавила нутриционистката Ању Сод. извoр:точка.ком.мк]]>

Британската водителка, автор и инфлуенсерка Кејти Пајпер минала низ пекол: Била преубава пред бившото момче да ја силува и полие со киселина в лице (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/britanskata-voditelka-avtor-i-influenserka-kejti-pajper-minala-niz-pekol-bila-preubava-pred-bivshoto-momche-da-ja-siluva-i-polie-so-kiselina-v-lice-foto/ Wed, 06 Oct 2021 11:17:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221963

Британската водителка, авторка и инфлуенсерка Кејти Пајпер на социјалните мрежи откри дека била итно хоспитализирана откако се задавила од храна. Таа била подложена на операција на хранопроводот, и објаснила дека го има овој проблем бидејќи не може добро да голта поради лузните што ги имала во пределот на вратот. Со селфи без трошка шминка од болничкиот кревет, Кејти рече дека сега се чувствува добро, а потсети и дека споменатите лузни се последица на страшна несреќа што ја погоди во 2008 година. На ова селфи, таа се покажа сосема отворено, без филтри и шминка, што секако бараше многу храброст, нешто што ја краси оваа позната 37-годишна жена. Имено, во 2008 година, оваа дама имаше се' што може да посака една млада девојка - слава, убавина, добра кариера, пари ... Но, истата година, се соочи со траума по која ништо не беше веќе исто! Таа кобна година, таа беше жртва на нејзиното тогашно момче Даниел Линч, кој го организираше нападот врз неа - ангажираше професионалец кој истури сулфурна киселина врз лицето на Кејти. Како резултат на овој монструозен чин, Кејти ослепе на едното око, а кожата на лицето и беше целосно уништена ... Година и пол по инцидентот, таа се повлече од јавноста, обидувајќи се да застане на нозе и лекува траумите и раните, како физички, така и психички. После тоа, таа одлучи да не се крие и да зборува за се' со цел да им помогне на жените кои исто така беа жртви на некаков вид насилство. Кејти беше на почетокот на нејзината манекенска и водителска кариера во моментот кога беше нападната. Таа ја освои титулата Мис Винчестер и имаше големи планови, кога го запозна гореспоменатиот Даниел, со кого наскоро влезе во врска. По само две недели врска, тој брутално ја силувал и малтретирал точно осум часа, по што испратил познаник да и истури киселина врз лицето. Сепак, раката на правдата стигна по него и тој беше уапсен и осуден на доживотен затвор, а минимумот што мора да го служи, дури и ако добие помилување е 16 години. Денес, Кејти успеа делумно да го реконструира своето лице благодарение на бројните естетски зафати. Имала повеќе од 200 операции со цел да го врати своето здравје, но и да го реконструира лицето. Напишала три книги за своето искуство, таа е многу социјално активна, ја следат речиси милион луѓе на Инстаграм и дури успеала повторно да се најде пред камера - често е ангажирана како водителка на телевизиски емисии. Сега е среќна  во брак со градежниот изведувач Ричард Џејмс Стант од 2015 година, а двојката има и две ќеркички. Фото: Инстаграм принтскрин/katiepiper_/Profimedia]]>

Бившата девојка на новото момче на Цеца ја нападнал манијак полевајќи ја со киселина: „Жива сода“ во очи, оштетен вид, страотни изгореници и унакажано лице (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bivshata-devojka-na-novoto-momche-na-ceca-ja-napadnal-manijak-polevajkji-ja-so-kiselina-ziva-soda-vo-ochi-oshteten-vid-straotni-izgorenici-i-unakazano-lice-foto/ Fri, 05 Feb 2021 10:59:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188433

Богдан Срејовиќ, новото момче на балканската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, по разводот со мисицата Зорана Тасовац, со која беше оженет и со која  има ќерка, бил во врска со архитектката и дизајнерка Владана Радосављевиќ, со која се забавуваше до 2018 година. За неа се слушна во јавноста кога медиумите кон крајот на 2016 година објавија дека непознато лице ја нападнало Владана во близина на нејзината зграда во белградската населба Дорќол и и' истурило киселина врз лицето.  Богдан ја оставил пред зградата, а додека тој го паркирал автомобилот, манијакот ја искористил можноста и ја нападнал од одзади. Само што  ја видел како лежи на подот, Срејовиќ веднаш  ја однел Владана во Ургентниот центар, каде таа беше задржана во болницата со изгореници од шести степен и оштетен вид. Инаку, во тој период непознато лице напаѓало девојки во центарот на Белград и им правело идентични работи, па се претпоставува дека Владана била една од неговите случајни жртви. После тешкиот период  на рехабилитација таа успеа да се опорави, а Богдан и бил за цело време голема поддршка. Две години по инцидентот, во 2018-та година таа ќе се присети на овој настан и ќе објави на Инстаграм како изгледала по нападот. „Месец декември (велат месец на прошка), точно две години од нападот и истурање киселина (жива сода) врз мене од страна на „напаѓачот Н. Н. Треба да се ослободам од секоја физичка и психичка болка, како и од последиците што ми ги остави овој настан. Фала му на Бога што ме одржуваше во живот и што речиси се опоравив. Повеќе не се гледам себеси како жртва, туку како победник. Во оваа прилика, се обидувам да му простам и да го жалам тој кутар маж / жена што можеше да помисли на вакво нешто. Се надевам дека го / ја усреќило секое мое изгорено делче од шести степен,  изгорената коса, секоја рана, оштетениот вид и секоја голтка храна на цевка. Но, сè поминува и се лекува и се обновува, само злото останува во таквите луѓе“ - напиша тогаш Владана. Фото: Инстаграм принтскрин]]>