кисела вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Sep 2023 12:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кисела вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стенд ап комедија со Бојан Велевски во сабота во Кисела Вода https://arhiva.vistina.com.mk/stend-ap-komedija-so-bojan-velevski-vo-sabota-vo-kisela-voda/ Tue, 19 Sep 2023 12:21:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318687

Општина Кисела Вода ги кани сите оние кои ја користат секоја прилика да го збогатат своето секојдневие со моменти на среќа и смеа, оваа сабота, 23-ти септември да дојдат во паркот „Македонија” (кај домот на култура „Билјана Беличанец”), каде свој стенд ап настап ќе има Бојан Велевски, еден од најактуелните комичари кај нас периодов. Човекот кој има инспирација секогаш да нѐ насмее, миленикот на сите генерации, Бојан Велевски, подготвува прекрасна саботна вечер во која сите присутни ќе можат да се опуштат, и насмеани и расположени да уживаат. Настанот е закажан за во 20 часот и за него не се потребни влезници. Истиот е дел од неговата голема турнеја, најголемата стенд ап турнеја во Македонија, но и дел од стратегијата и заложбите на Општина Кисела Вода за обезбедување квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани. -Поканете ги вашите пријатели и семејство и оваа сабота дојдете да се насмеете и забавувате во паркот Македонија! Ова е одлична прилика за заедничко дружење и добро расположение и смеа, велат од општината.]]>

Откако СДСМ државниот празник си го претворија во партиска журка, пејачите решија да не им дојдат: Јордан Митев, Адријана Кеш, екипата на „Мерак меана“… им го откажаа својот настап (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-sdsm-drzhavniot-praznik-si-go-pretvorija-vo-partiska-zhurka-pejachite-reshija-da-ne-im-dojdat-jordan-mitev-adrijana-kesh-ekipata-na-merak-meana-im-go-otkazhaa-svojot-nastap-foto/ Thu, 07 Sep 2023 07:59:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317054

Да се настапи за 8-ми Септември денот на независноста на Македонија е веројатно голема чест за секој пејач. Впрочем и во далечната 1991 година кога на Градскиот плоштад во Скопје се прогласуваше независноста на слободна, самостојна и суверена Република Македонија, се пееше. Независноста беше прогласена со звуците на верзијата на песната „Македонија“  на култниот македонски рок бенд „Меморија“. На 8-ми септември се пее и денес... Кога се прославува еден од најголемите државни празници во Македонија. Само што денес ниту Македонија за некого е свето име, за некого е прекрстена со она фалсификуваното - „Северна“. А, „фалсификаторите“  како по навика решиле и годинава да направат „фалсификат“. По повод 8 Септември - Денот на независноста  традиционалниот народен пикник Пеленица во манастирот Св. Руса во Драчево, општинската организација на СДСМ - Кисела Вода, решила да си го претвори во „партиска журка“. Повикале некои од најпознатите македонски фолк пејачи како: Сузана Гавазова, Благоја Грујовски, Сања Цинцева - Барбика, Виолета Пандовска,  екипата на ТВ фолк шоуто Мерак Меана, Јордан Митев, Адријана Ацевска - Кеш... ама не им кажале дека прославата ќе  биде политизирана и обележана со партсиски симболи, небаре е партсики собир, а не празнична државна прослава. Патем и ги најавиле на плакат на кој ги налепиле и своите партиски обележја. Ваквиот обид за „подвала“ кај некој од пејачите предизвика револт и откажување на нивното учество од „партиската СДС журка“, скриена под плаштот на државната празнична прослава. Така фолк пејачот Јордан Митев прв јавно одби да настапи во Пеленица на Денот на независноста, иако неговото гостување беше најавено, бидејќи, како што тврди, сфатил дека се работи за партиски одбележан настап, кој имал партиска цел. „Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8-ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека нема да учествувам на 8-ми Септември во Пеленица“ – информираше Митев во изјава за „Фокус“. Веста дека го откажал гостувањето ја објави на својата Фејсбук страница, појаснувајќи дека Денот на независноста според него е празник на сите граѓани кој не смее да се политизира и одбележува со партиски симболи. Веднаш по него од учеството на „латентната партиска СДС забава“ се откажа и фолк пејачката Адријана Ацеска, попозната како Адријана Кеш која очигледно како и Митев „ни за пари“ не сакала да настапи на нешто што за неа и нејзината татковина Македонија е најсвето, а истото се присвојува и партизира. „Сакам да се обратам во врска со настанот кој треба да се одржи на Осми Септември. Во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламниот плакат каде ги има деталите за организацијата го добив утрово… Не сум партиски определена, ниту ќе бидам некогаш. Поради тоа, јавно се откажувам од овој настап, за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски настап“! – ќе порача пејачката напреку својот ФБ профил. Во текот на денот таа на својот ФБ својата одлука ја дополни со уште едно појаснување: По неа уште едни од учесниците повеќе ги нема на листата и рекламниот плакат на партиските организатори од СДСМ - Кисела Вода. Имено, На првобитната објавена верзијаа убаво се гледа дека меѓу најавените се и дел од пејачите на најпопуларното музичко ТВ фолк шоу „Мерак меана“ кое оди на ТВ Сител. Арно ама, во новата верзија и „Мерак меана“ на плакатите повеќе ја нема! На местото на оние што се откажаа почитувајќи си ја многу повеќе родната татковина отколку „партиската фешта“ или парите, осамнаа нови имиња, па сега листата на учесници изгледа вака: Ако воопшто и оваа е конечна, зашто ова не им е на СДСМ прв пат „да излажат“ дека се слави едно, а во позадина да се крие нешто сосема друго, што не е од општонароден, туку од нивни личен, партиски интерес . Така на пример во 2018 година Владата на Зоран Заев доживеја дебакл откако „фрли“ милионска сума за божемната прослава на поканата на Македонија за влез во НАТО, па доби очајна посетеност, откако народот тогаш не ја проголта лагата. Организацијата на прослави во 15 градови доживеја вистинско фијаско, зашто пред сцената речиси насекаде имаша „двајца без тројца“. Но, лагата тогаш не ја проголтоа и некои од македонските музички и естрадни уметници, па така на пример Влатко Лозаноски и групата „Љубојна“ демонстративно ги откажаа своите настапи. Помалку  од 300 луѓе тогаш имало во Струмица, не повеќе од 70 луѓе во Кочани, по 100 во Тетово и во Струга. Празни останале плоштадите и во останатите градови, па така на пример  едвај 20-ина луѓе го следеа настапот на тогаш најголемата македонска поп ѕвезда Владо Јаневски во градот на неговото семејно потекло – Кичево. Нешто слично се случи и во 2022 година на фестивалот насловен Peace festival“,чиј фокус беше одбележувањето на 21 година од „Охридскиот рамковен договор“. Како организтори на овој фестивал кој во превод го именуваа  „фестивал за мирот“, беше Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби од ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ. Тогаш младата македонска пејачка Антониа Гиговска откако се почувствувала „измамена и изманипулирана“, го откажа својот настап за кој претходно била ангажирана без да и биде кажано со каква цел се организира настанот. „За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман...“ - порача на социјалните мрежи тогаш меѓудругото Гиговска, во своето објаснување за откажувањето. Веднаш по неа, со свое соопштение во јавноста настапот го откажа и поп ѕвездата Владо Јаневски кој исто така беше најавен дека ќе пее на истиот настан. П.С. Во меѓувреме, списокот на „измамени“ естрадни уметници - најавени учесници на традиционалниот пикник „Пеленица 2023“ кои ги откажуваат своите настапи се шири... Откако ја сфатиле „партиската игра“ на СДС-мовската општинска организација од Кисела Вода, и брачната естрадна двојка Татјана Лазаревска- Новица Василевски јавно го откажаа својот настап на оваа „партизирана“ прослава, со порака преку социјалните мрежи. Фото: Архива/Инстаграм и Фејсбук
]]>

Од утре фестивал на инклузија во општина Кисела Вода https://arhiva.vistina.com.mk/od-utre-festival-na-inkluzija-vo-opshtina-kisela-voda/ Wed, 06 Sep 2023 11:21:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317013

Од утре, четврток, 07 до 10 септември 2023 година, во паркот Македонија, пред Домот на култура „Билјана Беличанец” ќе се одржи Фестивал на инклузија на тема “Културни политики за инклузија”. Настанот е во организација на Здружението за едукативни и хуманитарни активности ВИЗИЈА ПЛУС – Скопје, во соработка со Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост – Икуалити. Програмата вклучува различни изложби, дискусии, работилници, проекции на филмови и концерти. Фестивалот ќе биде отворен утре, на 7-ми септември во 20 часот, со изложбата на уметнички фотографии на Драги Неделчевски и Небојша Гелевски, насловена „Запознавање и прифаќање” и музичкиот концерт на македонскиот трап-изведувач Пајак. Следните два дена ќе бидат исполнети со неколку работилници за деца и млади, изведба на инклузивен хор на деца со и без попреченост како и  концерт на македонскиот фанк/алтернативен бенд „Funk Shui“, проекции на неколку филмови, инклузивна театарска претстава на танцовото студио Еурека Катерина, ретро музичка забава со Ламбе Алабаковски и пријателите „Македонија во 90-2000-тите”, забава со ди-џеј и уште многу други интересни настани.]]>

Со спектакуларен концерт на “Нокаут” Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден https://arhiva.vistina.com.mk/so-spektakularen-kontsert-na-nokaut-kisela-voda-go-proslavi-svojot-68-mi-rodenden/ Sat, 01 Jul 2023 10:36:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308463

Со спектакуларен концерт на Нокаут, како незаборавна завршница на Културното лето, Општина Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден. Преку 30 000 жители дојдоа во Расадник и заедно ги пееја најголемите хитови со бендот кој и самиот има историско значење во македонската музика. Во навистина незаборавна атмосфера, “Фатална опсесија”, “Лебедот бел”, “За нас”, “Знаеш каде да ме најдеш” и многу други одекнуваа два часа во чест на славеничкиот ден на нaјстарата скопска општина. “Нокаут” уште еднаш покажа зошто веќе 26 години го држи тронот во македонската забавна музика, а Кисела Вода уште еднаш покажа што значи квалитетен избор на програмските содржини и сериозен пристап при нивната организација. На настанот публиката ја поздрави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Го честиташе роденденот на општина Кисела Вода, и’ се заблагодари за целата поддршка и за тоа што сите заедно направија бескрајната приказна за Кисела Вода да биде се подобра. Инаку, на “Нокаут” претходеше сет на одличниот DJ Mats. Интеракцијата со публиката, хитовите, фантастичната атмосфера, направија просторот пред Расадник да изгледа као огромна дискотека на отворено. Претходно, во “Битката на бендови”, жири комисијата во состав Дани Димитровска, Мишко Парушев и Сашо Стојановски одлучи дека титулата најдобри треба да ја понесе “Егзибит А” кои добија награда концерт организиран од страна на општина Кисела Вода и снимање на албум со 100 цд-а. Награда имаше и за второнаградените “Арте-факт” кои исто така ќе добијат снимање на албум и 100 цд-а, а третонаградениот, Матеј Николовски доби снимање на авторска песна како гостин на победничкиот албум. Додека се чекаше одлуката на жири комисијата, одличен настап имаа ”Д Далтонс”. Паралелно, од 17 часот, на друга локација, во паркот Шопен се одржуваше хуманитарна “Коријада”, организирана од страна на Здружението на пензионери од Кисела Вода кои исто така имаа своја културно-уметничка програма. Роденденскиот ден беше исполнет и со повеќе други содржини-свечена седница на Советот на Општина Кисела Вода, статуетки-клучеви за 25 заслужни жители, награди за најуспешните ученици, спортисти и наставници, како и промоцијата на 8 крупни инфраструктурни проекти во чест на 68-миот роденден на оваа локална самоуправа. Се’ на се”, манифестацијата “68 години Кисела Вода-бескрајна приказна која станува се’ подобра” која ги обедини роденденот на Општина Кисела Вода и Културното лето, со вкупна бројка од околу 80 000 посетители на музичките концерти на Петар Грашо, на Жаре Бербер, 2 Бона, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, КУД “Китка”, како и на веќе споменатите Нокаут и DJ Mats, и атмосфера која може само да се доживее, трајно ќе остане запишана во сеќавањата жители на општината и сите нејзини пријатели.]]>

Вчеравечер над 15 000 луѓе на Културното лето во Кисела Вода кое вечерва продолжува https://arhiva.vistina.com.mk/vcheravecher-nad-15-000-luge-na-kulturnoto-leto-vo-kisela-voda-koe-vecherva-prodolzhuva/ Fri, 23 Jun 2023 09:38:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307556

Преку 15 000 посетители вчера вечер уживаа во фантастичната атмосфера на првата вечер од Културното лето на Општина Вода. Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни. Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на  преполниот простор пред салата Расадник, уште еднаш покажаа зошто DJ Mats беше одличен избор за отворањето на неделата во која Кисела Вода го слави и својот 68-ми роденден и новото Културно лето. Веднаш по него незаборавен концерт одржаа 2 Бона, чии песни наизуст ги пееше целата публика. Во редици се чекаше за фотографија со ѕвездите на вечерта кои во моментот работат на химна за Кисела Вода. Паркот во Расадник ечеше од добра музика и одлично расположение по кое ќе се памети оваа вечер. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше присутен во публиката веќе најави дека вакво расположение и посетеност се очекува сите 4 фестивалски вечери кои од синоќа до 29 јуни ќе се одвиваат на две локации. Денес, петок 23 јуни, Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер. Од 20 часот настапуваат КУД Китка, од 21 часот Сузана Спасовска, додека од 22 часот сѐ до крајот на вечерта концерт ќе има Миле Кузмановски. Во “Бескрајната приказна која станува сѐ подобра” во сабота ќе се запишат и Жаре Бербер и хрватскиот романтичар Петар Грашо, а следниот четврток и групата Нокаут, на која ќе претходи музички сет на DJ Mats.]]>

Започнува Културното лето на Кисела Вода: 68 години-Бескрајна приказна која станува се’ подобра https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-kulturnoto-leto-na-kisela-voda-68-godini-beskrajna-prikazna-koja-stanuva-se-podobra/ Mon, 19 Jun 2023 09:19:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306754

Со слоганот 68 години-БЕСКРАЈНА ПРИКАЗНА КОЈА СТАНУВА СЕ ПОДОБРА, Општина Кисела Вода следната седмица го започнува Културното лето и одбележувањето на својот роденден. Се работи за низа културно-забавни случувања кои започнуваат во четврток на 22 јуни и финишираат со роденденската забава на 29 јуни. За незаборавна забава годинава ќе се грижат низа македонски изведувачи, уметници и за крај, големата балканска ѕвезда Петар Грашо! Кутурното лето ќе се одвива во три фестивалски вечери, на 22, 23 и 24 јуни, на две локации- во Расадник (просторот спроти ООУ “Кирил Пејчиновиќ”) и на Три круши во Драчево. Отворањето е закажано за четврток, 22.06. во Расадник. Од 21 часот Диџеј сет ќе има DJ Mats, а по него, од 22 часот следи концерт на Два Бона. Следејќи го концептот за шареноликост на музичките стилови и константност во однос на квалитетот на понудата, Културното лето на Општина Кисеа Вода, утредента, на 23.06., петок, продолжува на Три Круши во Драчево, каде ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски. Последниот ден, сабота, 24. 06. во Расадник, денот ќе започне со богата детска програма во која се вклучени аниматори, забавувачи, децата од сите детски градинки, а во игрите без граници ќе можат да се приклучат и децата кои ќе одлучат да дојдат на настанот како публика. Ќе има и многу музика, хитови и хип хоп танци за сите присутни. На истата локација, во Расадник, од 21 часот стартува финалната вечер. За одлична журка ќе се погрижи познатиот Жаре Бербер со Галама бенд, а по него следи голем концерт на една од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори. По Сплит арената, по преполнетата Загребска арена, Петар Грашо ќе ги пее своите безвременски хитови пред жителите на Кисела Вода и пред сите оние кои можеби не се од нашата општина, но уживаат во музиката на овој хрватски романтичар. Пет дена подоцна, на 29 јуни, Општина Кисела Вода ќе го одбележи својот 68-ми роденден за кој се предвидени манифестацијата Битка на бендови, а вечерта, после сетот на DJ Mats, на сцената во Расадник, концерт ќе има групата Нокаут, која преку своето 25 годишно постоење испиша историја во македонската музичка приказна. Во меѓувреме, ја задржуваме традицијата отпочната минатата година, па во деновите помеѓу културното лето и роденденот, да бидат промовирани, отпочнати или завршени голем број на поголеми инфраструктурни проекти. Како локална самоуправа, сакаме да истакнеме дека ова е само дел од она што ќе го одбележи месец јуни во општина Кисела Вода. Многу повеќе детали, иненадувања, како и целосната листа на изведувачи ќе биде презентирана во среда, на прес конференција. Она што сакаме да го порачаме до сите љубители на квалитетната музика, на сите кои минатата година беа дел од 30 000-ната публика на Културното лето, на сите жители на општина Кисела Вода, но и на сите граѓани и од другите општини и градови да си ги забележат овие денови во својот календар, да дојдат и да бидат дел од оваа големо случување кое секако ќе им остане во убаво сеќавање. БЕСКРАЈНАТА ПРИКАЗНА СТАНУВА СЕ ПОДОБРА, А СИТЕ НИЕ СМЕ ДЕЛ ОД НЕА!]]>

Градоначалникот на општина Кисела Вода ја слави љубовта во бракот со сопругата: „13 години јас сум среќен човек“ https://arhiva.vistina.com.mk/gradonachalnikot-na-opshtina-kisela-voda-ja-slavi-lubovta-od-brakot-so-soprugata-13-godini-jas-sum-sreken-chovek/ Tue, 13 Jun 2023 11:16:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306088

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски прослави 13 години брак со својата сопруга Мартина. Тој на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија за која во описот напиша колку е среќен за сите овие години со сопругата за безрезервна љубов и разбирање, а за целото тоа сакаше да обзнани јавно. -Пред 13 години на овој ден, започна нашата приказна, чиј најголем и највозвишен плод е нашиот син Ведран. 13 години безрезервна поддршка, ветер во грб и мотив. 13 години безрезервна љубов и разбирање.Ти благодарам! Јас сум среќен човек. Нека ни е среќна годишнината!- пишува Ѓорѓиевски. Уште кога беше кандидат за градоначалник, во своите интервјуа тој говореше дека неговата сопруга Мартина му е најголема поддршка за се’, и дека голем број од идеиte доаѓаат токму од неа, а таа истовремено се грижи за нивниот син и обврските околу домот. фото:Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски]]>

Само (една има) вистина, на све баш и не иде тегет чорапа: Градоначалниче на Кисела Вода, врска да се немало од мода! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/samo-edna-ima-vistina-na-sve-bash-i-ne-ide-teget-chorapa-gradonachalniche-na-kisela-voda-vrska-da-se-nemalo-od-moda-foto/ Wed, 06 Oct 2021 20:17:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222063

Кампањата за претстојните локални избори во полн замав. Медиумите преплавени, особено телевизиите со реклами, дуели, дебати... Среда, 6-ти октомври, Канал 5 телевизија и емисијата „Само вистина“, а во неа лице в лице, еден спроти друг двајца градоначалнички кандидати. Од една страна актуелниот градоначалник на скопска Кисела Вода од редовите на СДСМ, Филип Темелковски и кандидатот за градоначалник и претендент да му ја земе градоначалничката функција, Орце Ѓорѓиевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И додека обајцата во дебатата полека ја вжештуваа атмосферата,  отвора широк кадар камерата и веднаш гледаш кој  ја утнал работата. Овој пат на моден план... Палто и панталони или што би рекле костум, кошулче, црни чевли а во нив, прочуената „тегет чарапа“! И тоа прошарана со по некоја апликација во вид баклава, налик на знакот на спортската марка „Умбро“... Небаре дошол на фудбалче на пољанче у маало, а не на политичка дебата на телевизија. А можеби имиџот комплетирал според онаа прочуената на К15: „Тегет чорапа иде на све... Темно тегет чорапа за секоја пригода...“! Арно ама,  не е баш така! Само (една има) вистина, на све баш и не иде тегет чорапа, а ти градоначалниче на Кисела Вода, врска да се немало од мода! За она другото нема потреба ниту од дебати ниту од нови мандати... Градоначалничкото знаење, умеење и вештини, веќе ги видовме во изминативе четири години! ]]>