кирил џајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Apr 2023 09:29:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кирил џајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џајковски ја објави музиката од новиот филм на Иво Трајков – „Piargy“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhajkovski-ja-objavi-muzikata-od-noviot-film-na-ivo-trajkov-piargy-video/ Mon, 17 Apr 2023 09:29:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298292

По успешната соработка на филмот „Големата вода“, композиторот Кирил Џајковски повторно работеше на музика за филм на режисерот Иво Трајков. Станува збор за неговото најново остварување наречено „Piargy”, впечатливо кинематографско дело работено во црно-бела техника. Иако не помина многу време откако филмот го започна својот фестивалски живот, тој веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го опишува како исклучително дело. Последно во низата признанија што „Piargy” ги доби е вклучувањето на филмот во трката за годишните награди на Словачката Академија за Филм и Телевизија, на кои оваа година филмот на Трајков е номиниран дури во шеснаесет категории, вклучувајќи ја и категоријата за најдобра музика. „Piargy” ќе ја има својата македонска премиера во јуни, а албумот со музиката од филмот веќе може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси. Директни линкови до изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната адреса. Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови од овој саундтрак  кои можете да ги погледнете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Музиката од филмот „Големата вода“ стана достапна на сите дигитални сервиси во светот https://arhiva.vistina.com.mk/muzikata-od-filmot-golemata-voda-stana-dostapna-na-site-digitalni-servisi-vo-svetot/ Tue, 17 Jan 2023 13:34:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284664

По објавувањето на музиката за филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски кон крајот на минатата година, Филтер Лабел продолжува со изданија од серијалот филмска и театарска музика создадена од еден од нашите најплодни и меѓународно најуспешни современи композитори, Кирил Џајковски. Музиката од ремек делото „Големата вода“ на Иво Трајков стана достапна на сите дигитални сервиси во светот. Овој материјал на Џајковски е едно од највпечатливите сведоштва за неговиот раскошен талент како композитор на филмска музика и потврда на неговата креативна зрелост. На петнаесетте композиции од ова издание, авторот успеал да прикаже подеднаква елоквентност во динамичните, драматични, перкусивни теми (“Chasing Lem”, “Blood Brothers”) и во нежните, елегантни, интроспективни нумери (“The Great Water”, “Forgiveness”, “Farewell”). Материјалот е мајсторски напишан, аранжиран со исклучително чувство за детали и отсвирен со неверојатна прецизност. Богатите оркестарски текстури и силната емотивност на композициите не се во контраст, туку напротив совршено се дополнуваат. „Големата вода“ ја освои наградата за најдобра музика на Филмскиот фестивал во Валенсија. Албумот со музиката од филмот „Големата вода“ од денеска може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси. Директни линкови до изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната адреса.Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови.]]>

Кирил Џајковски го претопи „Тешкото“ во „Врбина зора“ или „Willow Dawn“ (Саундртак – „Врба“) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-go-pretopi-teshkoto-vo-vrbina-zora-ili-willow-dawn-saundrtak-za-vrba/ Wed, 04 Dec 2019 12:28:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122336

По првиот сингл „Ред Сафари“ од саундракот за филмот “Врба“, кој неодамна беше промовиран, промовирана е уште една музичка тема која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски. Филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги урива рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата. Инаку, идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) на Џајковски е еден вид претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам. Така се претопуваат и кадрите специјално избрани за видеото во кои всушност се претопуваат сенките од минатото со духот на времето и сегашноста, проклетството на страста и искушението,  желбата по секоја цена да се има она што најмногу се сака и цената која мора за тоа да се плати со подготвеноста сето тоа да се издржи и во сето тоа да се истрае до крај! „Идејата за „Willow Dawn“ тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на „Тешкото“. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација ми се чини излезе интересен спој, каде што интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога на некој начин интимно, а сугестивно доловуваат момент на страсна и важна пресвртница во приказната на главните ликови на филмот“ - се сеќава Џајковски. Наскоро излегува икомплетниот  саундтрак за филмот, а дотогаш погледнете го видеото за „Willow Dawn“  со извадоци од филмот. ]]>

Кирил Џајковски и Лион Д. на – „Ред Сафари” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-i-lion-d-na-red-safari-video/ Wed, 06 Nov 2019 08:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116789

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Инаку, синглот „Ред Сафари” е дел од саундтракот за филмот „Врба” на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим. По филмовите „Прашина” и „Сенки”, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во култната македонска техно-поп фанки група „Бастион”, каде Џајковски беше зад синтисајзерите, а манчевски ги осмисли и режираше нивните арт видеа. По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Преслушајте ја темата „Ред Сафари” визуелизирана со инсерти од филмот „Врба“ на Манчевски. https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=aE7XKbeulVI]]>

Кирил Џајковски и Lion D го промовираат нивниот „Music Man“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-i-lion-d-go-promoviraat-nivniot-music-man-video/ Thu, 11 Jul 2019 13:15:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97287

Познатиот македонски музичар  Кирил Џајковски го претстави својот нов сингл насловен „Music Man“, во кој повторно гостува вокалистот Дејвид Лајон или Лајон Ди, а во официјална дистрибуција ќе се појави на 12 јули, во издание на „Филтер лејбл“.
Станува збор за уште еден потенцијален хит со реге и џангл-влијанија, што дополнително ја вжештува атмосферата на настапите во живо.
Музичарите заедно ќе настапат и на претстојниот „Д фестивал“ кој ќе се одржи во Дојран (12-14 јули), а Џајковски е најавен како главна ѕвезда за првата фестивалска вечер. Покрај Лајон Ди, како специјална гостинка ќе настапи и долгогодишната соработничка на Џајковски, Ти-Кеј Вондер. https://www.youtube.com/watch?time_continue=48&v=h-V7boXY-zk]]>

Кирил Џајковски се враќа со – „Reminder“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-se-vrakja-so-reminder-video/ Fri, 21 Dec 2018 12:07:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64431

Македонскиот DJ, композитор и продуцент Кирил Џајковски по подолга дискографска пауза, се враќа на сцената со нов сингл насловен „Reminder“,кој проследен и со одличен видео спот, кој премиерно беше претставен денес,петок, 21 декември, точно на пладне.
Новата песна ја претставува и првата соработка на Џајковски со вокалистот Дејвид Лајон (David Lion), кој е нов член во неговиот концертен бенд и е прво издание во низата синглови со нова музика на најпопуларниот македонски електронски артист што ќе бидат објавени во текот на следните месеци.
Синглот „Reminder“ ќе го објави „Филтер лејбл“, а од денес е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.
Премиерно слушнете ја песната и погледнете го видеото: https://www.youtube.com/watch?v=58Xgxk2G5Mw]]>