кире костов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Jul 2023 12:56:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кире костов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По подолго боледување почина големиот македонски композитор Кире Костов https://arhiva.vistina.com.mk/po-podolgo-boleduvane-pochina-golemiot-makedonski-kompozitor-kire-kostov/ Thu, 27 Jul 2023 06:51:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311839

Денес (27 јули 2023)  по подолго боледување на 73 годишна возраст, во Скопје почина големиот македонски композитор Кире Костов. Беше долгогодишен член на Сојузот на композитори на Македонија. Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.Кире Костов таа година беше прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и беше избран да ја представува Југославија во тој оркестар.
Учесник е на Глазбената парада во Раденци, Република Словенија од почетокот до крајот (1974-1989). На оваа парада од музика Кире Костов учествувал со преку четириесетина наслови и со преку петстотини минути солистичка музика, како со Бидбендот на МРТ така и со други оркестри како гостин солист.
Како диригент на Танцовиот оркестар на МРТ (1988) за нејзините потреби имам реализирано снимки од преку триста наслови. Ги реализирал сите Скопски фестивали од 1991 наваму. Учествувал три пати со своја програма и еднаш со нашите гости Душко Гојковиќ и Џани Басо на Скопскиот џез фестивал. Исто така со своја програма настапил на Олимпос џез фестивал во Солун - Република Грција во 2000 год. кој што за нас и за нашата држава беше од голема значење.Со тој настап кој што беше директно пренесуван од грчката ЕРТ телевизија, а македонската телевизија го пушти во употреба нашиот сателитски канал.
Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот од кои би ги издвоиле ,,Акварел,,Бела ноќ,,Македоска суита 1 и 2 “Нени“, “Травелинг“, “Догледање“, “Алегорија“, “Лепе ти је Беле Вирје“, “Си заљубив едно моме“ и др
Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Од овај фестива произлегоја преку двестотини песни за деца и млади од кои половината од нив беа прогласени за хитови. Еве некои наслови од тој фестивал – “Наташа од трето три“, “Прва љубов“, “Супер бабичка“, “Фламенго“, “Заради тебе Зоране“, “Детство“, “Без другар тешко е“, “Визба стара и гитара“ и многу друри. Бил уметнички директор на Интерфест – Битола, фестивалот за популарна музика (1994-1996). Добитник е на бројни награди и признанија од кои би ги издвоиле -Три Гранприја на фестивалот Макфест (1986,1993, 1995 година), Два Гранприја на Скопскиот фестивал (1995 и 1997 година). Гранпри на Славјански базар во Белорусија ,,Тајно моја,,и,,Илузија во интерпретретација на Тоше Проески, второ место на Славјански базар – “Бела птица“,  во интерпретација на Каролина Гочева, втора награда на Славјански базар во Киев Украина – “Што те нема“ во интертретација на Лидија Кочовска, втора награда на фестивалот Сунчане скале – “Тајно моја“ во интерпретација на Тоше Проески, Гранпри на фестивалот Сунчане скале - “Рум, дум, дум“ во интерпретација на Калиопи и Наум Петрески, трета награда на фестивалот Пјесма Медитерана-Будва, Црна гора – “Љубовна религија“ во интерпретација на Јоце Панов и многу други.]]>

Драгана Јовановска почна да ја открива – „Тајната на љубовта“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragana-jovanovska-pochna-da-ja-otkriva-tajnata-na-ljubovta-video/ Tue, 09 Feb 2021 13:42:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188932

Младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска деновиве го промовираше спотот за нејзината најнова песна “Тајната на љубовта”. „Песната првпат е изведена на меѓународниот фестивал ,,Ѕвездички ” каде што освоив Гранд При. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Миодраг Врчаковски, a музички продуцент е Александар Митевски. Песната доби и видеоспот кој го снимивме  со ИН Продукција. Јас сум навистина презадоволна од производот кој го добивме, а на на 6-ти Февруари на YouTube каналот на Драгана беше и официјалната промоција - рече Драгана за естрадниот магазин Естрада плус. Иако е релативно млада, Драгана има 5 свои авторски песни: “Роденденски концерт”, “Мојата мајка”, “Светилка”, “Тој ден”, “Сакам овој ден да трае” и секако најновата песна за која неодамна излезе и видео записот „Тајната на љубовта”. Инаку на младата Драгана музиката и е во генитем, зашто музичкиот талент го наследила од нејзините родители, кои се познати македонски музичари. Имено, нејзината мајка е македонската фолк пејачка Тања Јовановска Трајкова, а таткото на младата талентирана пејачка Младен, свири синтисајзер и е музичка придружба на неговата сопруга на заедничките настапи. Оттаму Драгана има и потенцијал и можност да научи како се пробива патот до успехот на естрадата, по кој доволно добро чекори. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/makedonskata-folkerka-doma-ima-seriozna-konkurencija-dragana-jovanovska-e-na-dobar-pat-da-i-go-ukrade-shouto-na-mama-tanja-video/   Во продолжение погледнете го видеото за “Тајната на љубовта”... https://www.youtube.com/watch?v=Y8RGs2Bwv84]]>

Сефедин Бајрамов ни ги враќа спомените на убавите времиња во – „Животот и јас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sefedin-bajramov-ni-gi-vrakja-spomenite-na-ubavite-vreminja-vo-zivotot-i-jas-video/ Mon, 21 Dec 2020 12:28:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181899

Македонската легенда на забавната музика, битолскиот пејач Сефедин Бајрамов неодамна ја промовираше својата нова песна „Животот и јас“ со која според амбиоентот и атмосферата што ја отсликува, не враќа во убавите стари времиња на незаборавните македонски забавни рефрени од некогашните фестивали кон крајот на 60-ите, 70-ите па и 80-ите години на минатиот век. Песната е визуелизирана и со видеоспот сниман во еден убав предел на Јонското море. Музиката и аранжманот се на маестро Кире Костов, текстот на Валентин Соклевски, спотот е во продукција и режија на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ. Аудиото е снимено во студио „Анастасија“, на кое како тон мајстор и човек што го изработил миксот и мастерингот е потпишан Љупчо Павловски, а музички продуцент бил одново Кире Костов.

За жал, поради состојбата со коронавирусот Сефедин се одлучил на ваква промоција, но како што вели кога ќе се создадат услови за одржување на концерти и промоции ќе има и промоција во живо.

Во меѓувреме, проследете го видеото за неговото последно музичко остварување „Животот и јас“.

https://www.youtube.com/watch?v=EC7juRf-DoY]]>

Влатко Илиевски и хорот на „Златно славејче“ – „Божиќна песна“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-ilievski-i-horot-na-zlatno-slavejche-bozikjna-pesna/ Sat, 19 Dec 2020 14:06:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181706

Нашата голема музичка ѕвезда Влатко Илиевски, која нѐ напушти пред две години, остави многу хитови зад себе, но и нови песни, кои не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа. Една од нив е и „Божиќна песна“. На радиостаниците во Македонија премиерно беше пуштена „Божиќна песна“, која Влатко ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега не беше објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски. Пред извесно време беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста. Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови. https://www.youtube.com/watch?v=9WAi6LXf3x0&feature=emb_logo]]>

Тања Кочовска се врати со песна за Тоше – „Светулка божја“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-kochovska-se-vrati-so-pesna-za-toshe-svetulka-bozja-audio/ Fri, 18 Oct 2019 11:06:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113407

Покрај тоа што е позната како долгогодишна успешна актерка во „Театарот за деца и млади“ и МНТ, Тања Кочовска претходно со години беше успешна пејачка на забавна музика. Позната и призната, со грст фестивалски настапи и победи, дузина награди и неколку безвременски евергрини како макфестовската „Твоите очи сине“, на пример. Како и не би кога потекнува од едно од најпознатите македонски музички семејства, родителите Невена и Панче Кочовски членови на легендарните „Мањифико“ и сестра и Лидија... Но, откако ја започна актерската кариера, таа полека ја напушташе естрадата, за на крај сосема да се повлече и посвети на актерството и театарот. Иако со години многумина композитори посакуваа и ја убедуваа да се врати, да испее нивна песна, Тања остана верна на својата цврста одлука да остане само во театарските води... Се до неодамна. Имено, токму по повод 12 годишнината од трагичната загуба на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, Тања Кочоска му посвети, или поточно му испеа песна, со која се врати на естрадата. Автори на баладата „Светулка божја“ посветена на Тоше се токму дел од луѓето кои му го трасираа патото во музичките ѕвездени височини на почетокот на кариерата, пишувајќи за него некои од неговите најголеми хитови или поточно безвременски песни како „Тајно моја“ на пример. Кире Костов, овој пат автор на аранжманот и продуцент на песната, Др. Миодраг Врчаковски - кој ги напишал стиховите, додека музиката за „Светулка божја“ ја компонирал Роберто Панчевски. Тања Кочовска како и секогаш маестрална, беспрекорна во својата интерпретација, вдахновено, со многу чувство и сопствена експресија ја донела песната, која иако можеби делува старомодно од времето на фестивалските шансони од 80-ите и 90-ите, нејзиниот вокал звучи моќно и суверено царува. Слушнете како звучи песната посветена на Тоше, на нашата „Светулка божја“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=66&v=ieMGNMahfUQ]]>