кинотека на македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Oct 2023 12:28:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кинотека на македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нека остане меѓу нас“ во Кинотека на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/neka-ostane-megu-nas-vo-kinoteka-na-makedonija/ Mon, 09 Oct 2023 06:26:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321759

Во рамките на проектот „Art for public speech“ подржан од Европскиот фонд за Балкан, а со логистика на СПОНА, Скопје е дел од регионалната турнеа на кабарето „Нека остане меѓу нас“.
Настанот е закажан за 13. октомври (петок), 20 часот во Кинотека на Македонија. Во рамките на турнеата, Кабарето од Бања Лука ќе гостува и во Белград и Сараево.
]]>

Филмови за Том Вејтс и за Брајан Ино на „Скопје синема сити“ https://arhiva.vistina.com.mk/filmovi-za-tom-vejts-i-za-brajan-ino-na-skopje-sinema-siti/ Fri, 27 Aug 2021 12:40:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217100

Филмскиот фестивал Скопје синема сити организира дводневен летен филмски настан, Chill Out, во отворениот простор на Кинотека на Македонија, на 27 и 28 август 2021. Настанот ќе се отвори со изложба на визуелниот уметник Стефан Шашков „Мешање звуци“, која е инспирирана од музиката на авангардните амбиент-музичари Брајан и Роџер Ино, Џон Хасел, Харолд Бад и Роберт Фрип.  Во продолжение, првиот ден ќе бидат прикажани документарни филмови за Брајан Ино, „Имагинарни пејсажи“ и „Џон се обидуваше да контактира со вонземјани“, како и „Приказни од искршениот џубокс“ за музичарот и поет Том Вејтс. Вториот ден ќе се прикажат филмовите „Гранд Хотел Барбес“ и „System K.“ Брајан Ино е една од најважните фигури во светот на музиката и визуелните уметности како во 20., така и во 21. век. Иновативен, експанзивен и контроверзен, Ино, во кој било момент од неговата богата кариера наидувал на топол прием и признанија поради своите идеи, емотивен интензитет и музички иновации. Сето тоа ќе биде прикажано во филмот „Имагинарни пејсажи“, заедно со изложбата на Шашков „Мешање звуци“. Настанот е организиран во соработка со Кинотека на Македонија и со Францускиот културен центар. Тој ќе биде реализиран според актуелните здравствени протоколи кои се одобрени од Министерството за здравство за организација на јавни настани на отворено. Авторка на визуелното решение е Дијана Димитриевска. Редовното 7. издание на Скопје синема сити е планирано да се отвори на 19 септември 2021.]]>

„Недела на јапонски филм“ во Кинотека на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/nedela-na-japonski-film-vo-kinoteka-na-makedonija/ Fri, 04 Jun 2021 12:10:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205738

Со проекцијата на филмот „Покажи ми го патот до станицата“ вечерва во Кинотеката на Македонија ќе стартува 14. издание на „Недела на јапонски филм“. Оваа година повторно, два филма ќе се прикажуваат и во НУ Центар за култура – Битола. Првпат публиката ќе ужива во јапонските филмови „под ѕвездите“ на отворено во кината во Скопје и во Битола. Овогодинешната „Недела на јапонски филм“ ќе ја отвори амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори. Манифестацијата ќе понуди селекција на пет долгометражни филмови и четири стоп-анимации од сите жанрови за сите возрасти. Од вечерва па заклучно со среда ќе бидат прикажани: „Покажи ми го патот до станицата“, „Ресторан од небото“, „Само мачката знае“, стоп-анимации на Такеши Јаширо“, „Ручекот на тато“ и „Секој ден е добар ден“. Во Центарот за култура – Битола ќе биде прикажан „Покажи ми го патот до станицата“ (на 10 јуни) и „Ресторан од небото“ (на 11 јуни). Проекциите се бесплатни, но заради Ковид-19 протоколите, местата се ограничени. Задолжително е носење на заштитна маска за време на проекциите.]]>

Во Кинотека на Македонија: Почнува Неделата на италијански филм (17-23 мај 2021) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-kinoteka-na-makedonija-pochnuva-nedelata-na-italijanski-film-17-23-maj-2021/ Mon, 17 May 2021 12:53:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202818

Со проекција на играниот филм „Леб и чоколадо“ (Pane e cioccolata/Bread and Chocolate) на Франко Брусати на 17 мај на сцената на летното кино „Мирно лето“ во Киноттека со почеток во 20 часот почнува Неделата на италијански филм, која ќе се одржи до 23 мај. Од Кинотека информираат дека циклусот италијански филмови опфаќа наслови и теми поврзани со емигрантството – пред сè од економска природа или печалбарството, кои се реализирани од врвните автори во период од половина век, од 70-тите до поновата продукција од првата деценија на новиот век. Истата вечер, пред отворањето на овој филмски циклус амбасадорот на Република Италија ќе го одликува директорот на Кинотеката Владимир Ангелов со значка и плакета на Витешкиот ред Ѕвезда на Италија – одликување кое го доделува италијанскиот претседател по препорака на министерот за надворешни работи на Италија за особени заслуги во промовирањето на италијанската култура и кинематографија во Македонија. Ангелов, инаку добро познат на културната јавност како уредник и селектор на филмски програми и во Кинотеката и на низа филмски фестивали во земјава, автор на многубројни стручни написи на полето на филмската критика, историја и теорија, со ова одликување ќе стане Витез на Витешкиот ред Ѕвездата на Италија (Cavaliere Dell’Ordine della Stella di Italia / Knight of the Order of the Star of Italy). Во горчливата комедија „Леб и чоколадо“ на Брусати од 1973 се обработува сторијата за неприлагоденоста на италијански економски емигрант во Швајцарија (улогата ја толкува Нино Манфреди), кој се обидува, но никако не може да се вклопи во швајцарскиот менталитет и постојано е во судир со полицијата бидејќи со неговиот нескротлив јужњачки темперамент ги вознемирува „студените“ Швајцарци, е вовед во тематската недела на италијанската кинематографија со емиграцијата како мотив. Љубителите на филмот во рамки на програмата ќе имаат можност да ги гледаат и филмовите „Да ви се претставам? Роко Папалео“ (Permette? Rocco Papaleo/My name is Rocco Papaleo, 1971) на стариот добар мајстор од епохата на неореализмот Еторе Скола со Марчело Мастројани во насловната улога; реалистичната драма во манир на „шпагети-вестерн“ „Сако и Ванцети“ (Sacco e Vanzetti) на Џулијано Монталдо; наградуваниот „Новиот свет“ (Nuovomondo/Golden Door, 2006) на Емануеле Криалезе, визуелно стилизиран во фелиниевски клуч; социјалната комедија „Убав, чесен емигрант во Австралија би се оженил со чесна сограѓанка“ (Bello, onesto, emigrato in Australia sposerebbe compaesana illibata/A Girl in Australia, 1971) на Луиџи Ѕампа, со актерските ведети Алберто Сорди, Клаудија Кардинале и Рикардо Гароне во главните улоги; уште една комедија, овој пат современата приказна „Тробојката оди на гласање“ (Bianco, rosso e Verdone) на Карло Вердоне; како и еден од најгледаните филмови во Италија последнава деценија „Добредојдовте на југ“ (Benvenuti al sud/Welcome to the South) на Лука Минеиро , кој се занимава со т.н. „внатрешна емиграција“, односно вечниот судир меѓу италијанскиот Север и Југ. – Туѓина-јабана со неповторливиот италијански шмек, горчиво-комични приказни? Одличен предизвик за филмските сладокусци! Коректно е и да ги известиме сите посетители, љубители на филмот и пријатели на Кинотеката дека во овој период на променлива временска состојба, го задржуваме правото да ја промениме локацијата на било која од филмските проекции, со цел истите да бидат одржани, а не одложени до некоја метеоролошки поповолна прилика. Оттаму, во случај на дожд, некои од проекциите наместо во дворот и летното кино МИРНО ЛЕТО на Кинотеката, ќе се одржат на затворено, во кино-салата на Кинотеката, посочуваат од Кинотека. Билетарата ќе биде отворена секој ден од 19 часот и проекциите се бесплатни и почнуваат во 20 часот. Информираат дека проекциите се одвиваат со целосно почитување на препораките за заштита од КОВИД-19.]]>

Вечерва во Кинотека на Македонија омаж за Љупчо Тодоровски – Упа https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-kinoteka-na-makedonija-omaz-za-ljupcho-todorovski-upa/ Wed, 31 Mar 2021 12:48:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196946

Вечерва, 31 март, во Кинотека на Македонија ќе се одржи омаж за актерот и продуцент Љупчо Тодоровски-Упа, кој на 65 години почина во јануари од компликации од ковид-19. Во чест на Упа, кој беше и кастинг-директор, сценарист и продуцент, ќе биде прикажан мини-документарец подготвен од неговите пријатели и соработници, краткиот игран филм „Налепница“ на Георги М. Унковски (една од последните улоги на Упа), и „Јазол“ на Кирил Ценевски, во кој Упа дебитаираше на филм. Глумел на осум јазици во над 30 филма и ТВ-серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи во цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи. Љупчо Тодоровски – Упа е роден во Скопје на 2 мај 1956 година. Тој беше актер и кастинг директор. Занимавањето со глума го доживувал како фрлање зрак светлина во туѓите животи. Тој е еден е од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапува во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, заминува за Белград, каде останува 10 години… Го „пече“ занаетот крај искусни и водечки југословенски актери настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 година покрај актерството, се бави со филмска и ТВ продукција, пишување на сценарија и избор на актери… „По Академијата, воден од творечкиот немир и можността за почесто играње на филм, заминува за Белград, каде останува цели 10 години. Играл покрај искусни и водечки југословенски актери, настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997, покрај актерството, се занимава и со филмска и ТВ продукција, пишува сценарија и работи кастинг директор“, велат од Кинотеката. Една од последните главни улоги му е во филмот „Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи, но неостварен сон му останал реализацијата на долгометражниот филм „Мајсторот“, за кој го напиша сценариото пред 11 години. Режисер на овој филм требаше да биде Иво Трајков, а проектот имаше и начелна согласност за соработка со легендарниот кинематографер Виторио Стораро кој во 2005 ја доби Златната камера 300 за животно дело на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Седи дома и гледај филмови од Кинотека на Македонија: „Среќна нова ‘49“, „Дае“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“… https://arhiva.vistina.com.mk/sedi-doma-i-gledaj-filmovi-od-kinoteka-na-makedonija-srekjna-nova-49-dae-tetoviranje-dzipsi-medzik/ Tue, 24 Mar 2020 13:49:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141228

Филмските остварувања на  македонскиот режисер Столе Попов, „Среќна нова ‘49“, „Дае“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“ и филмови од браќата Манаки се дел од филмските наслови кои Кинотека на Македонијаим ги предлага на граѓаните да ги погледнат за време на изолацијата поради коронавирусот. Оттаму споделија дел од онлајн архивата со домашни филмови. Поддржете ги здравствените работници во борбата против вирусот КОВИД -19. Седете дома и гледајте македонски филмови, стои во известувањето од Кинотека. Филмовите може да се погледнат на следниов линк: http://maccinema.com/info/splash.html?fbclid=IwAR3pEYLx_D_EwYVKJiQXkKLZMXgU3TWLivR-mLwE2tfEaBsFhU7s51nrag]]>

Фестивал за слика и филм за деца и млади – БУФ https://arhiva.vistina.com.mk/82265/ Wed, 10 Apr 2019 11:43:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82265

Гете институт Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија по седми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ). Фестивалот ќе се одржи од 15 до 20 април 2019 во Кинотека  и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади. На програмата се наоѓаат пет актуелни и возбудливи играни филмови. Сите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.
Ова е распоредот на програмата по денови: Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета 15.04., 12:00 17.04., 18:00 Џим Копче и Лукас машиновозачот 16.04., 14:00 20.04, 12:00. Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката 17.04., 12:00 19.04., 12:00 20.04., 14:00 Венди 2 – другарство засекогаш 15.04., 14:00 18.04., 10:00 Помош, ги смалив родителите 16.04., 12:00 18.04., 14:00]]>

Кинотека на Македонија прогласена за едно од најдобрите арт-кина во Европа https://arhiva.vistina.com.mk/kinoteka-na-makedonija-proglasena-za-edno-od-najdobrite-art-kina-vo-evropa/ Tue, 03 Jul 2018 11:35:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35903

Кинотека на Македонија прогласена за едно од најдобрите арт-кина во Европа од блогот Spotted by locals. На блогот се објавени водичи за 71 град кои се создадени од вистински локалци кои живеат во градот за којшто пишуваат, го зборуваат локалниот јазик и пишуваат за нивните омилени места во градот.   Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и ги посетуваат локациите препорачани од нив. „Скопје има прекрасно арт-кино во кое се чувствувате како во Музеј на филмот. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност“, се вели во извадокот на статијата на блогот посветен на Кинотеката чиј автор е Бојана Трајковска.