кино око – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кино око – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Шведска и Норвешка, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува и на националните телевизии во Данска и Финска https://arhiva.vistina.com.mk/po-shvedska-i-norveshka-tv-serijata-zoki-poki-kje-se-emituva-i-na-nacionalnite-televizii-vo-danska-i-finska/ Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196054

Телевизиската серија „Зоки Поки“ ќе се емитува на националните телевизии „ДР“ во Данска и „ЈЛЕ“ во Финска, соопшти продуцентката куќа „Кино Око“. Претходно, од „Кино Око“ соопштија дека постигнале договор и серијата ќе биде прикажана на националните телевизии „СВТ“ во Шведска и „НРК“ во Норвешка. „Емитувањето на овие четири национални телевизии значи потенцијал за огромна гледаност на „Зоки Поки“. За македонската кинематографија, пак, ова е успех од историско значење. „Зоки Поки“ е единствената македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала на јавните сервиси во овие четири земји“ - велат од „Кино Око“. Од дистрибутерот „Видеоплагер“ од Лондон силно веруваат во светскиот потенцијал на серијата, нејзината моќ да го збогати детскиот свет и да ја развие детската имагинација, особено во време кога нивните активности се значително намалени. „Кога Роберт Насков ни ја покажа оваа убава серија, веднаш знаевме дека треба да ја споделиме со светот. Квалитетот на фотографијата, глумата и приказните ѝ даваат филмски квалитет на серијата, што е реткост во детските програми снимани за телевизија. ʻЗоки Покиʼ ќе продолжи да ги поминува меѓународните граници“ - вели Емануеле Галони, извршен директор на „Видеоплагер“. И покрај големиот интернационален успех на серијата, втората сезона на „Зоки Поки“ е во неизвесност, зашто државата се' уште не пројавува интерес за финансирање..]]>

Детската ТВ-серија „Зоки Поки“ работена според најпознатата книга на Оливера Николова тргна на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/tv-serijata-zoki-poki-rabotena-spored-najpoznatata-kniga-na-olivera-nikolova-trgna-na-mrt/ Tue, 05 May 2020 12:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148060

Телевизиската серијата „Зоки Поки“ започна со емитување од понеделник, 4 мај, на Македонската радио-телевизија (МРТ). Серијата е работена според најпознатата лектира и книга на македонската писателка Оливера Николова. Вкупно ќе се емитуваат десет епизоди од ТВ-серијата, секој понеделник и четврток во 20: 15 часот, а по емитувањето на МРТ, наредниот ден епизодите ќе бидат достапни и на веб-страницата зокипоки.мк и на официјалниот Јутјуб канал. Главните ликови ги оживуваат: Матеј Настевски ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков го глуми Гоки. Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на „Кино око“, во копродукција со Македонската радио-телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Главен продуцент е Роберт Насков. Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Серијата се снимаше лани во август и септември на повеќе локации во Скопје. Директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф е Иван Бартлинг, костимите се на Жаклина Крстевска, композитор на музиката е Александар Пејовски, а на песните Александар Митевски. Монтажата е на Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Драган Алексов и Софија Самоиловска.]]>