кинеска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Jul 2021 07:34:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кинеска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов се вакцинираше со ваксајна, маде ин Чајна: „Илина, Илина… Илина Арсова, нешто чудно ми се случува?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-se-vakcinirashe-so-vaksajna-made-in-chajna-ilina-ilina-ilina-arsova-neshto-chudno-mi-se-sluchuva-foto/ Thu, 22 Jul 2021 07:31:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212043

Вакцинација за секоја генерација; Вакцина за сите за безбедно и безгрижно да ви минат дните,  Не шегувај се - вакцинирај се; Со здравјето не играј играчки, вакцинирај се и не кажувај гачки; Што се фолираш, што не се вакцинираш; Кој не примил вакцина, затворен ќе седи дома цела зима... И вака можеме да редиме до бескрај. Не, не е реклама, ниту кампања, ама апели, повици и препораки за вакцинирање, секојдневно слушаме и гледаме. И од медиумите и од политичарите и од лекарите и од СЗО... Вкцинацијата - чаре за спас на нацијата од опакиот вирус...!? Веројатно засега друго решение и нема! И речиси сите или поголемиот дел од населението тргна да се вакцинира, се разбира уште само доволно вакцини за сите да има. А, „Каде сите Турци, таму и гол Асан“ - вели една стара поговорка, па меѓу сите обични луѓе се вакцинираат и оние познатите... А меѓу нив и тој - Игор Џамбазов! Ем возраста му е „критична“, ем здравјето уште оддамна „начнато“, па  како превентива за не дај Боже, Џамбазов реши да прими вакцина и да се заштити колку што може. Иако живее прилично изолирано, сепак се движи и дружи со многу луѓе, па што си е сигурно-сигурно, да не биде после „погубно“. Затоа Џамбаз отиде да се вакцинира... Со онаа вакцина што во моментот најмногу ја има - кинеската! Арно ама, другиот ден откако се вакцинираше почна да забележуваа дека  „поинаку се чувствува“, па ја повика својата сакана да и се пожали и запраша: „Илина, Илина Арсова, нешто чудно ми се случува?“ Како доказ, Џамбазов сподели фотографија со „искосени очи“ затегнати од женски прсти ( погодете чии)  и со нам познатата шапка од трска на глава... Се разбира сето ова само како шега, која Џамбазов ја сподели само колку „да се пофали“ дека и тој примил ваксајна... И тоа „Маде ин Чајна“!
Арно ама, коментарите под неговата објава:  „Откако ја примив кинеската ваксајна, нешто чудно ми се случува“... предизвикаа вистинска поплава од шеговити „јадачки и закачки“ во вид на коментари на сметка на шоуменот. -„Ти си супер Игор, мајка ми пак веќе цел месец запнала да студира на Кембриџ на своите 82 години. Таа со АстраЗенека се вакцинираше...“; -„Пази Емилија ( мачката на Игор - н.з.) да не ја изедеш“ -„Среќа што нема африканска вакцина“ -И јас се вакцинирав со Синовак, па затоа изгледа чудно ме гледаат кучињава во последно време“ -Да, па нормално....ти се случува Илина!“  - се само некои од коментарите под фотографијата од кои може да се заклучи само едно: Дека овој последниов, најмногу „држи вода“! Реакција има... Ама не ќе да е од аплицираната кинеска вакцина. Оваа „вакцина“ друго име има - Илина!!! Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>