километри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Nov 2019 09:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png километри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хитот на Лозано украден од косовски пејач: „Километри“ заврши на Косово па на фестивал во Албанија, како песна од туѓ автор! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/hitot-na-lozano-ukraden-od-kosovski-pejach-kilometri-zavrshi-na-kosovo-pa-na-festival-vo-albanija-kako-pesna-od-tugj-avtor-video/ Thu, 14 Nov 2019 08:39:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118375

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната „Километри“, која е еден од најголемите хитови на во моментов најпопуларниот македонски пејач, Влатко Лозаноски – Лозано. Овие написи осамнаа во неколку македонски медиуми, откако песната со наслов „Феномен“, отпеана на албански јазик беше „откриена“ на интернет каналот Јутјуб, а при нејзиното преслушување станува повеќе од јасно дека неодоливо потсетува на хитот на Лозано. Познато е дека автори на песната кај нас се  композиторот Лазар Цветковски - музика, додека стиховите ги напиша неговата сестра Магдалена. Но, со нејзината копија или поточно „плагијат“  косовскиот пејач се натпреварувал на најреномираниот музички фестивал во Албанија – „Kenga Magjike“.
И ништо во тоа не би имало страшно доколку претходно истиот не ги прашал за одобрение или не ја откупел песната од македонскиот братско-сестрински авторски тандем Цветковски. Вака, за срамот да биде уште поголем за косовскиот пејач, а неговиот чин окарактеризиран како класична „интелектуална кражба“, е фактот што во описот на песната стои дека токму тој заедно со извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера. Факт е дека „Феномен“ личи како „брат близнак“  на „Километри“, колку и да е „секоја сличност случајна“. Оваа, по се' изгледа ќе да е „намерна“! Затоа Вистина.ком.мк  го побара композиторот Лазар Цветковски за мислење и коментар. Тој ни одговори дека заради презафатеност со снимањата и густиот распоред на терминити во студиото, не стигнал да ја преслуша „позајмицата без покритие“, но дека ќе го стори тоа, па ќе го каже своето мислење и ќе ни одговори на прашањето дали се работи за „класична кражба“ и ќе има ли случајот судска разрешница? Инаку ова не е прв случај „странци“ да „позајмат без прашање“ музичко авторско дело на македонски композитор или пак песна која ја испеал македонски пејач. Во најсвежо сеќавање ни е последниот случај во јули годинава, кога  се откри дека рускиот поп-рок бенд „Земљане“ наводно го украл некогашниот голем хит „Боже, чувај ја од зло“ на  македонската поп икона Тоше Проески, а нивната верзија носи наслов „Боже“! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/boze-chuvaj-ne-od-zlo-ama-i-od-gluposti-aleksandar-belov-prv-ja-otkri-krazbata-ama-dali-onie-na-koi-site-pokazaa-so-prst-se-i-aramii/ На руската верзија како автори беа потпишани  Владимир Трушин - музика , додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев, наместо вистинските автори Миро Буљан кој е композитор и Антонија Шола која е текстописец на оригиналот! Но, остана мистерија дали се работи за дрска „интелектуална кражба“ од страна на Русите или  за „интелектуална трговија“ помеѓу нив и Хрватските автори, кои можеби им ги продале правата? Години наназад пак беше познат спорот на нашиот доајен меѓу композиторската фела, Григор Копров и светски познатата и популарна музичка ѕвезда, шпанскиот пејач Хулио Иглесијас, чија песна Kопров тврдеше дека е украдена од него, од страна на композиторот на Иглесијас. Следуваша најава за судски спор или спогодба по пат на медијација. Копров подоцна тврдеше дека е задоволен од исходот, без пточно да прецизира што, кога, како и со кого се судел или договорил и за која сума!? Дали помеѓу нашите автори Лазар и Магдалена Цветковски и косовскиот „Феномен“ од пејач, во случајов потпишан како автор - Кораб Шаќири ќе има судски спор или само „џентлменски договор“ со некакво обесштетување, останува да видиме?! Во меѓувреме, преслушајте ги уште еднаш двете верзии и направете самите споредба и проценка: ]]>

Живеам да се вратам… Тијана ја промовираше српската верзија на „Километри“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ziveam-da-se-vratam-tijana-ja-promovirashe-srpskata-verzija-na-kilometri-video/ Thu, 11 Oct 2018 08:13:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52464

Македонската поп пејачка,  водителка, а пво последно време и актерка со белградска адреса на живеење Тијана Дапчевиќ штом ја слушна песната „Километри“ на Влатко Лозановски, и јавно најави дека сака да ја има! Или поточно, да ја преработи на српски јазик, за да може подобро да мине кај северниот сосед и во регионот воопшто. Не помина долго време, а Тијана веќе се најде во студио за да ја отпее и сними својата верзија на „Километри“ во која сесрдно и помогнаа самите автори: композиторот Лазар Цветковски, авторот на македонските стихови - неговата сестра Магдалена, кои заедно со Лозано и ги отпеале придружните вокали, додека српската варијанта на текстотја адаптирал Милан Милетиќ.
Продукцијата на темата е на Лазар Цветковски додека виолината во песната ја свири уште едно познато македонско име, Димитар Андоновски, чија вештина на прстите и умешноста со гудалото обвој пат ги замениле неговите вокални способности. По аудио делот, Тијана го најави и видеото на „Километри“ зад кое застана видеопродукцијата на уште македонец од Белград - Антонио Павловски и неговата „Сторителер“ кој на прекрасен начин ги визуелизирал емоциите и целата патина и тежина која во себе ја носи пораката на стиховите на овој македонски музички „бестселер“.
Очигледно Тијана и самата се нашла во него, односно стиховите ја допреле за да ја извади целата своја експресија и во вокалната изведба и во актерската глума во видеото, кои популарната „Ула“ ги направила на маестрален начин. Затоа и стои можноста, што е ретка прилика во последниве години кај нас, еден комплетно македонски аудиовизуелен производ да успее да направи вистински бум не само кај јужниот сосед, туку и во регионот,а со тоа и ширум да ги отвори и онака веќе подотворените врати кои Дарко Димитров со својата работа и соработка со балканските ѕвезди како Марија Шерифовиќ, Емина Јаховиќ, Анастасија Ражњатовиќ, Јелена Розга... успеа прв да ги отклучи.
„Живеам да се вратам“ - пее во своите „Километри“ Тијана, а ние живееме да го дочекаме денот кога ќе остане само разликата во километри, а не и во популарноста и успехот на македонските автори и изведувачи во однос на останатите од регионот! https://www.youtube.com/watch?v=VSrSiyPsbDQ  ]]>

Александра Јанева и „2ВЕ“ ја препеа „Километри“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-i-2ve-ja-prepea-kilometri-video/ Thu, 26 Jul 2018 09:52:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40108

Александра Јанева го продолжува новиот летен проект заедно со нејзиниот бенд „2BE“, кој го стартуваше на календарскиот почетокот на летото. Имено, таа преку социјалните мрежи од обожавателите побара идеи за преработки на песни.
Второто видео од летниот проект #summerjam  по „Херој“-от на Лоба  е  „Километри“ на Лозано, со што оваа преработка ја прави уште поинтересна, односно ни дава можност истата да ја слушнеме во женска варијанта.
Членовите на бендот „2Be“ повторно се погрижија за комплетниот звук и тоа, аранжманот е на Тино Стојановски, кој ги свири и гитарите, Синиша Зукиќ е на кахон, а Љупче Стојановски ја придружува Александра како вокал.
„Видеото е обично, но симболично за песната. Баш вака ги минуваме нашите празници и викенди, патувајќи низ Македонија“, вели Александра Јанева, а како изгледа и звучи овој  хит во нејзина изведба, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=oGNKgAC-Og0  ]]>

Влатко Лозаноски на Македонците во дијаспората им ги посвети своите „Километри“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-lozanoski-na-makedoncite-vo-dijasporata-im-gi-posveti-svoite-kilometri-video/ Mon, 02 Apr 2018 08:16:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18829

„Километри бројам, дале-далеку од себе, километри одам, дале-далеку од тебе, далеку од дома, далеку од сè што имам, од сè што имам“, пее  Влатко Лозаноски во штотуку објавената нова песна насловена едноставно „Километри“, чии автори се неговите долгогодишни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски.Километри“ е визуелизирана со видео што го изработи битолската продукција „Веста“, а е снимано во струшкиот хотел „Изгрев“.
„Текстот на песната е доста емотивен и сигурен сум дека во неа ќе се пронајдат многу луѓе, особено оние кои не живеат повеќе во својата татковина“ - вели Лозано.
Инаку новата песна ќе биде сместена на претстојниот, трет по ред студиски албум, симболично насловен „Десет“ по повод јубилејот од 10 години кариера на кичевчанецот со златно грло, која започна со учеството на музичкиот натпревар  „Мак ѕвезди“. Изданието ќе содржи 10 песни, дел од нив веќе познати за јавноста, а за една од песните стиховите ги потпишува неговата сестра Марија Лозаноска. „Десет“ ќе ги наследи „Преку седум мориња“ од 2012 и првенчето „Лозано“ од 2010 година. https://www.youtube.com/watch?v=ibi5Acfecc4    ]]>

Елена Велевска и Панчо ДНК јавно истакнаа што му мислат на Лозано! https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-i-pancho-dnk-javno-istaknaa-shto-mu-mislat-na-lozano/ Mon, 02 Apr 2018 07:00:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18794

За секој еден естраден уметник најголемото задоволство доаѓа кога публиката ти ги сака и слуша песните, а особено ако тоа се случува уште по самата промоција. Сепак, драго им е и кога колегите несебично ќе ги поддржат, ќе им ја споделат и коментираат песната, спотот, албумот. Деновиве поп-пејачот Влатко Лозански ја промовираше својата најнова песна насловена „Километри“, која наиде на позитивни реакции не само кај публиката туку и кај колегите од музичката фела, но први кои сакаа јавно да истакнат што мислат за новата песна на Лозано, беа Панчо ДНК и пејачката Елена Велевска.
Панчо освен тоа што го сподели спотот, посочи дека треба да се поддржува македонската музика, а пак Елена во дополнување на линкот напиша дека новиот сингл на Лозано е „мастерпис“ и во продолжение аплаузи.
Ако едосега не сте ја слушнале „Километри“ тоа може да го направите од линкот подолу, па и Вие да го споделите вашиот коментар и да ја поддржите македонската музика. https://www.youtube.com/watch?v=ibi5Acfecc4&index=1&t=0s&list=PL-j8Bp0ausdu0pmStpco0bSC_qGeckHdI]]>