кик бокс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Oct 2021 11:52:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кик бокс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димитар Ѓоргиев е нов светски шампион во кик-бокс! https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-gjorgiev-e-nov-svetski-shampion-vo-kik-boks/ Fri, 22 Oct 2021 11:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224221

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик. Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3-0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славепе и против Никола Николов од Бугарија. За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.]]>

Кога Емилија Розман ќе крене нога… може да боли глава! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-emilija-rozman-kje-krene-noga-moze-da-boli-glava-foto/ Fri, 29 May 2020 07:54:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151741

Позната македонска мисица, манекенка, модел... Убава, згодна, стројна, сексапилна... Наизглед тивка, нежна, неизбежна - така барем личи и за таква важи македонската убавица Емилија Розман. За разлика од многумина други кои од долгиот престој во изолација од карантинот излегоа здебелени и запуштени, таа  „слободата“ по полицискиот час  ја дочека во полн сјај. Ослабена, разубавена, средена, дотерана, госпоѓица „Розмантична“  бујна и расцветана едноставно блескаше на првата „постполициска“ фотографијата од својот балкон! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ne-izlegoa-site-zdebeleni-i-zapushteni-od-karantinot-emilija-rozman-bujna-i-rascvetana-ja-docheka-slobodata-foto/ А другиот ден, кога конечно забраната престана да важи, а угостителите ги отворија кафулињата, кафеаните и сите останати угостителски објекти, сите очекуваа дека токму тие ќе бидат првото „зборно место“ за обновување на социјалната дружба на нацијата, арно ама... „За некого отворија кафеани, за некого...“ - напиша во новата споделена фотографија на својот Инстаграм македонската убавица. На фотографијата Емилија, онака згодна убава и стројна со високо крената нога... “до плафон“! А, кога „Розмантична“ ќе крене нога, некого може да го боли глава... И тоа во буквална смисла! Зашто, наместо во кафеана, Емилија замина во спортска сала, каде по принудната пауза, девојката со лице на убавица, а сила и боречка вештина на гладијатор, одново имаше тренинг по кик бокс! Затоа, ако можеби некаде ја начекате во ваква или слична поза, како во случајов, каде што чепка под кренатата хауба на автомобилот марка БЕМ-ВЕ, колку и да ви паѓаат „секакви мисли“ на ум... Или културно понудете се да помогнете или останете си понастрана. За потоа да не ве боли глава... Па да се каете и проколнувате: „Да ти е Бем - Ве... и останато се', кој  ѓавол ме тераше...!“ ]]>