киев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Apr 2022 08:15:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png киев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве како изгледа ноќниот живот во Киев среде војна: Дискотеки во бункери, забава во скривници и подруми (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-izgleda-nokjniot-zivot-vo-kiev-srede-vojna-diskoteki-vo-bunkeri-skrivnici-i-podrumi-video/ Thu, 07 Apr 2022 08:13:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245585

Антон Птушкин, блогер кого на Јутјуб го следат 267.000 луѓе, сними видео за актуелниот  ноќен живот во Киев за време на руската инвазија во Украина. Тој шета низ градот и вели дека се чувствува како да е во паралелна реалност додека поминува покрај урнатини на продавници и аптеки што ги посетувал последните десет години. Антон исто така интервјуира луѓе што се кријат во тунели на подземни железници, во подруми, но и во ноќни клубови каде што пијат и танцуваат за да се релаксираат во овие тешки времиња. Антон посетил и болница, каде што сретнал деца што биле повредени и чии родители починале штитејќи ги. Видеото на Јутјуб набргу се прошири на социјалните мрежи. Твитерџиите пишуваат дека видеото на Антон е важно и поучно. ]]>

Некогашната победничка на Евровизија, украинската пејачка го напушти Киев: „Четири дена со децата патувавме без храна“ https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashnata-pobednichka-na-evrovizija-ukrainskata-pejachka-go-napushti-kiev-chetiri-dena-so-decata-patuvavme-bez-hrana/ Mon, 28 Feb 2022 11:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240937

Украинската пејачка која пред шест години победи на Еврвовизија со песната „1944“ со своите деца го напушти Киев. Таа на Инстаграм објави снимки и напиша како со семејството одлучиле дека треба да ја напуштат својата земја откако Русија ја нападна Украина. -Пети ден е како окупаротите од Русија ја нападнаа Украина. Ноќта на 24 февруари со децата тргнавме од Киев, четири дена поминавме во автомобил, бевме без храна, од состојба на шок не ни помисливме да земеме. Нашето движење изгледаше како два километри да ги возиме четири часа, опиша пејачката низ солзи. По четири дена поминати на пат, пејачката еден дел до Румунската граница го поминала пешки. -Милион жени и деца ги напуштаат своите домови, ги оставаат своите сопрузи да ја бранат државата. Украина е голема и убава. Мислам дека тоа е важно. Верувам во нашиот претседател, војска, во нашите силни храбри мажи и жени. Ние ќе победиме, вели пејачката. -Верувам во својата публика која зборува руски, луѓето кои доаѓаа на концерти од цела Русија. Знам дека не е лесно, голем е ризикот. Но, може да влијаете да се променат работите, порача пејачката. Кога пред шест години настапуваше на Евровизија, Русите побараа Јамала да биде дисквалификувана, но ЕБУ но не најде ништо спорно во песната, па на крајот Јамала победи и ја однесе Евровизија во Украина. ЕБУ ја дисквалификуваше Русија од годинешното издание на Евровизија. фото: инстаграм/reuters]]>

Шеф Влатко Огненовски „легна на брашно“, подготвен да „рипне во тавче“: Убавата Украинка Олга му го зачини животот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shef-vlatko-ognenovski-legna-na-brashno-podgotven-da-ripne-vo-tavche-ubavata-ukrainka-olga-mu-go-zachini-zivotot-foto/ Wed, 13 Mar 2019 10:11:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77299

Требаше да биде банкар... По теркот  на неговите родители... Да ја продолжи семејната традиција, ама... Наместо зад шалтерот или крај сефот, заврши крај шпоретот во кујната! А таму, како што е банкарот на Лила  најпознатиот и најпопуларен банкар, така и Шеф Влатко Огненовски стана најпознатиот готвач  во Македонија, а можби и пошироко... Волшебник во кујната, чии раце намирниците и зачините ги претвораат во вистинска гастрономска уметност, чиј изглед, мирис и вкус ги опиваат сетилата, мамејќи ги и очите и душата.
Секој што ја пробал неговата магија од кујната пренесена на трпезата, знае дека вкусил дел од светската кулинарска традиција, преточена во еден сегмент од неговиот гастрономски мозаик на знаења, искуства и кулинарски вештини.
Сепак, времето тече, годините минуваат, а Шеф Огненовски опиен од кулинарските мириси во неговиот свет, несебично животот ќе и го посвети на својата љубов и пасија претворени во професија... Но, љубовта кон она што професионално те преокупира и исполнува не е доволна, ако е празна душата...
Пропатувал низ многу земји по светот, среќавал многу различни традиции, националности, религии, различни луѓе, различни кујни, убавини и убавици... Арно ама, ниту една до сега, до неговата 45 година не успеала да му влезе под кожа, да направи да му зоврие крвта во вените, а срцето да му заигра до таа мерка, за да може да каже дека ете, таа е ТАА - вистинската! Изборот на неговиот живот, неговиот омилен љубовен специјалитет!
Се до неодамна... До пред еден месец кога на едно од многуте патувања при престојот во Киев, Украина не ја запознал неа... Зачинот на неговит живот, зашто, како што и самиот вели, љубовта тоа и е... Особено кога истата ќе се роди на прв поглед!
Русокосата украинска убавица Олга Кошченко, која ќе му ги побрка „љубовните лончиња“, потикне сетилата, активира хемијата... Тогаш се' друго станува неважно... Освен таа, љубовта на неговиот живот, неговата „дјевушка блондинка“ без која секоја ноќ е проклето долга како Волга... неговата Олга! Зашто како што самиот еднаш ќе изјави: „Без љубов си никој и ништо“! Во кујната, ама и во животот!
Убавата Украинка за миг ќе го маѓепса, па Шеф Влатко по дружбата со неа и доаѓањето дома, има само една мисла во главата: Како да ја види повторно? И одлуката е донесена... Рецептот за животна среќа е пронајден! Олга мора да биде негова, да стане македонска снаа!
Свршенички прстен и повратен билет за првиот лет во правец Скопје - Киев - Скопје... Зашто кога душата е гладна, а срцето празно, кујната не е доволна, а уште помалку комплетна. Доволен е само еден бакнеж, неговото парашање ДАЛИ... и нејзиното... ДА! И шармантната Украинка од април е новата македонска „шефица“... Или поточно, најдрагоцениот и најскап зачин во кујната на неговиот живот. Најубавиот и најслаткиот специјалитет во животното мени на Шеф Влатко Огненовски! Дјакују! Нека им е среќно и вечно!]]>