кенија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Dec 2023 11:36:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кенија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не се нејзини, ама исто како да се, зашто… можеа и да бидат: На Ноне за миг и проработи мајчинскиот инстикт? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-se-nejzini-ama-isto-kako-da-se-zashto-mozhea-i-da-bidat-na-none-za-mig-i-proraboti-majchinskiot-instikt-foto/ Fri, 29 Dec 2023 11:31:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332969

Некогаш најпопуларна млада македонска пејачка, денес  најшетаната велешанка повторно е на нова егзотична дестинација. Работата на прекуокеанските крузери на кои последнава деценија работи и е таква што патувањата по светот и овозможуваат да го спои убавото со корисното, што покрај добрата заработка е и невидена предност. Она што е секако хендикеп е немањето ниту време, ниту можност за споделување љубов и емоции, зашто додека ги крстари светските океани како морнарка, тешко дека некој денес би ја чекал повремено да се укотви дома. Од друга страна прописите и правилата на крузерите се толку строги и ригорозни што не дозволуваат баш легални врски меѓу членовите на персоналот или посадата, а со гостите и да не зборуваме, па овој хендикеп некако тешко паѓа секому. Затоа тајните врски и  „илегалната љубов“ се тука да ја пополнат празнината... Онаа, емотивната, секако! Токму Ноне Неделковска една таква врска имаше со својот бродски колега. Со црномурестиот Рајан по потекло од Јамајка, но околностите очигледно си го направија своето, па наместо Велес да добие Јамајка зет, нивната љубов доби отказ! Сега Ноне Неделковска е на ново патешествие. Во средиштето на мајка Африка, на нејзиниот источен брег во Кенија. Нејзиниот крузер укотвен во пристаништето на вториот најголем град Момбаса, сместен на брегот на Индискиот океан, познат како мека на туризмот во овој регион. А таму Ноне секој слободен миг го користи за одмор и уживање, колку што е допуштено и колку што се може. Крај океанската крајбрежна шир или покрај базенот под палмите, „малечката сирена“ со полни гради го впива она што го нуди убавината на бенефитот од професијата. Егзотични места, егзотични дестинации,, нови луѓе, култури и нации... Но една споделена фотографија на џепната венера предизвика љубопитност овде дома... Не на сламената фотелја во блискиот бар на плажата и во нејзините прегратки една, па уште една малечка црномуреста убавица. Нема сомнеж, не знаеш која од која е послатка, иако сомнежот во нешто друго - исплива за миг... Дали тоа на Ноне и проработи мајчинскиот инстикт? Зашто ниту едната, ниту другата малечка „црномуреста кукличка“ секако не е нејзино дете, ама исто како да се, зашто... всушност, можеа и да бидат! Ама ете, не било пишано и судено, но ако мајчинското чувство навистина е разбудено... Тогаш, никогаш не е доцна за убави нешта. Можеби токму новата 2024-та  радосните вести ги чека со раширени раце, да ги смести во нечии топли прегратки!?   Фото: Инстаграм/nona.nedelkovska]]>

Совршенство вредно милиони: Наоми Кемпбел го покажа својот домашен рај (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sovrshenstvo-vredno-milioni-naomi-kempbel-go-pokaza-svojot-domashen-raj-video/ Wed, 21 Apr 2021 11:27:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199919

50-годишната Наоми Кембел ја отвори вратата на нејзиниот рај во Кенија, кој го одзема здивот. Погледот на неверојатниот имот и просториите на отворено ги полуде сите што погледнаа барем дел од видеото направено ексклузивно од списанието Architectural Digest. По посетата на Малинди во Кенија во текот на 90-тите години, Наоми, која потоа доминираше на модните писти носејќи брендови како Шанел, Вивиен Вествуд и Версаче, беше воодушевена од местото. Не размислуваше многу, па купи идилична вила во споменатиот заспан приморски град, што ја користи за нејзино бегство и одмор повеќе од 20 години. – Тоа е многу смирувачко место – рече поранешната манекенка во интервју за мајското издание на списанието. – Не сакате да бидете на телефон и не сакате да гледате телевизија. Само сакате да читате и да бидете сами. Убаво е да се слуша само тишината и свиркањето на штурците – објасни таа. Наоми истакна дека сака да задржи што е можно поавтентичен мебел во куќата. „Всушност, порано имавме работилница во задниот дел од куќата“, откри таа и посочи дека всушност има покрив над главата, но сè е исто така под отворено небо. Како што рече Наоми, таа најмногу сака да доаѓа во Африка во посебен период од годината. – Прекрасно е да отидеш во јули. Сите животни преминуваат од Кенија во Танзанија и гледате сè. Неверојатно е. Тоа е како National Geographic да заживува пред вас – истакна убавицата за Architectural Digest. https://www.youtube.com/watch?v=KIqQ0gowzt4]]>