кец на десетка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2017 11:40:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кец на десетка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тања, Дац, Нина, Микиќ и Ивица имаат… „Кец на десетка“ – насловната тема од истоимената претстава на МНТ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-dac-nina-mikikj-i-ivica-imaat-kec-na-desetka-naslovnata-tema-od-istoimenata-pretstava-na-mnt-video/ Thu, 16 Nov 2017 11:40:33 +0000 http://vistina.mk/?p=3858

Во новата комедија на МНТ  насловена „Кец на десетка“ од Митко Бојаџиски, а во „колективна“ режија на Драган Спасов Дац, Јордан Симонов и ... други, играат актерите Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ. Токму тие и ја исполнуваат насловната тема работена според музиката на легендарните Yazoo и нивната „Only You“, за која текстот, адаптација и аранжманот ги направил Александар Митевски, а  продуценти се  Александар Митевски  и Бобан Василески, кој ги свири и  гитарите. Армоника свири Војче Петрушев, на  кларинет е Зоран Крагуевски. Фотографиите и  видеото ги потпишува  Драган Гајиќ, додека монтажата е на  Бобан Стоименовски. Зад сето ова како проект стои PIKADO creative collective и Македонски Народен Театар од Скопје, а како звучи насловната тема од „Кец на десетка“,  слушнете и погледне од видеото во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=TbjcDJVoSCw&feature=share  ]]>

„Кец на десетка“ во МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/kec-na-desetka-vo-mnt/ Thu, 16 Nov 2017 11:10:30 +0000 http://vistina.mk/?p=3838

На Македонски народен театар, во деновите од претстојниот викенд, ќе му се случи комедија. На малата сцена премиерно ќе биде изведена „Кец на десетка“ од струмичкиот писател и драматург Митко Бојаџиски. Работена како претпоследна премиера од програмата за тековната 2017 година, во петок, на 17 ноември, во 20 часот, на Малата сцена на Македонски народен театар, ќе биде изведена комедијата „Кец на десетка“ од Митко Бојаџиски.
Режијата на овој проект е „колективна“ (Драган Спасов Дац, Јордан Симонов и ... други), а играат актерите: Александар Микиќ како таткото Доксе, Тања Кочовска – мајката Грациела, Нина Деан,како Ана и Ивица Димитријевиќ – идниот зет Тоше. Сите заедно се убедени дека потпишуваат проект што ќе ја разгали и насмее публиката, а Кочовска ќе рече дека актерите и не милуваат многу да појаснуваат туку она што го имаат да го кажат го кажуваат на сцена.]]>