кеација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Aug 2022 12:48:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png кеација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стомакот и виси, но таа се облече како топ модел: Ешли Греам горда на вишокот кој прелева од тесниот фустан (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/stomakot-i-visi-no-taa-se-obleche-kako-top-model-eshli-gream-gorda-na-vishokot-koj-preleva-od-tesniot-fustan-foto/ Tue, 30 Aug 2022 12:48:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264706

Плус-сајз манекенката Ешли Греам, која се испроба и во улога на презентер на церемонијата, а на црвениот тепих на  „MTV Video Music Awards“ прошета во многу смела и по малку ризична креација. Славната 34-годишна манекенка се појавила во црн, провокативен фустан со миди должина кој го потпишува брендот „Houghton“, а неговата цена е околу 3.000 евра. Оваа секси тоалета ги истакнала бујните облини на Ешли, а ја красат прорези во горниот дел и шпенагли украсени со светкави циркони. Еден од прорезите јасно ги истакнал и стриите на стомакот на Греам, што е уште еден потсетник за тоа колку женското тело се менува во текот на бременоста или флуктуациите во тежината од некои други причини.
Но, Греам е позната по тоа што отсекогаш ги прифаќала своите ситни недостатоци и им пркоси на нереалните стандарди, покажувајќи нѝ колку се жените привлечни дури и кога „не е сè на свое место“. Таа целата комбинација ја заокружила со сандали со ременчиња и циркони и ефектни висечки обетки, а имала гламурозна шминка и бујна фризура. За потсетување, Ешли се породи пред 7 месеци, а на свет донесе близнаци. Таа во повеќе наврати со гордост ги покажа своите стрии, нарекувајќи ги „дрво на животот“ и спомен дека женското тело е способно да донесе нов живот.
Инаку, славната убавица минатата година признала дека и ден-денес води фрустрирачки разговори за својот изглед, токму како и на почетокот на кариерата, иако многумина веруваат дека ги помести границите на моделингот. „Луѓето често ме прашуваат како успевам да блескам од самодоверба и го коментираат мојот стил на облекување. Тоа што носам конфекциски број 16 (американска големина), имам повеќе од 90 килограми и снимам кампањи за долна облека не значи дека постојано сакам да водам разговори за тоа што е потребно за да имам толкава самодоверба. Тоа што сум голема девојка не значи дека морам постојано да водам ваков вид разговори. За мене тоа е по малку шокантно бидејќи истите прашања не се поставуваат на послаби жени. На крајот, навистина не е сè во изгледот“, порачала Греам. фото:Instagram]]>