казна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Dec 2023 11:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png казна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Злосторство и казна: Народот ја бара правдата во свои раце, социјалните мрежи експлодираа, македонските јавни личности сочувствуват со болката и се простуваат од малата Вања https://arhiva.vistina.com.mk/zlostorstvo-i-kazna-narodot-ja-bara-pravdata-vo-svoi-ratse-sotsijalnite-mrezhi-eksplodiraa-makedonskite-javni-lichnosti-sochuvstvuvat-so-bolkata-i-se-prostuvaat-od-malata-vana/ Mon, 04 Dec 2023 09:04:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329654

Монструми, убијци, крвници, психопати... Има ли зборови што не беа кажани и напишани на социјалните мрежи по страшната и тажна вест која пристигна дека малата Вања е убиена. Јавноста  згрозена и шокирана од монструозниот чин  на свирепо убиство на невино дете заради некакво си користољубие?! Зарем има такви пари, заради кои може да се одземе нечиј живот, особено на младо дете кое никому ништо ниту згрешило ниту има било каква вина или поврзаност со нечии гнасни и монструозни планови и умисли? Народот е на работ на трпението кое полека го губи, зашто кога неправдата станува закон, правдата станува обврска која народот ја презема во свои раце... Токму затоа и илјадниците повици и барања за враќање на смртната казна, па дури и за јавна егзекуција на крвниците кои по вакво злосторство заслужуваат и многу повеќе од тоа, заслужуваат - линч! А оние кои сознанието за злосторот го криеле цела седмица заради сопстевните интереси ако е тоа навистина така, заради своите фотелји и кариери, не заслужуваат повеќе ниту една минута да владеат! Заслужуваат и морална и политичка одговорност огледана во нивна моментална оставка! Психопатите со окрвавени раце секако ќе бидат изнесени пред лицето на правдата, само прашање е дали овој пат соодветна правда ќе има? И која е таа казна која може да замени еден вака насилно одземен невин детски живот? „Заб за заб, око за око“ - вели старата поговорка која не случајно е измислена и кажана. Ако треба да посегнеш по нечиј  детски живот заради користољубие, сигурно не заслужуваш да живееш, зашто љубов во таквите никогаш и немало, а корист од нив повеќе нема ниту ни да има. Најпеколна сепак ќе им биде казната од Бога, со која до крајот на животот треба да живеат носејќи ја малата Вања на душа... Ако воопшто душа имаат ваквите безбожни ѕверови? Зашто да имаа и трошка од истата таа душа не би ни помислиле, а камоли осмислиле и реализирале ваква свирепа егзекуција , вакво крваво ѕверство на малолетно дете без никаков повод и причина! Затоа ако веќе злосторот е монстриуозен и казната треба да биде еквивалентна... А постапката, брза и безмилосна! Онаа судската, секако, кога веќе законот не дозволува поинаку! И додека јавноста се уште не може да се соземе од гнасното злосторство, македонските јавни личности, естрадни уметници, ТВ водители, модели, спортисти, актери... сочувствуват со болката на мајката и блиското семејство и се простуваат од малата Вања преку своите профили на социјалните мрежи. И кај нив, како и кај сите нас, емоциите се измешани. Тага, болка, жал, неверување, гнев, бес, желба за правда, за одмазда кон бездушните крвници... Емоции кои се огледаат во споделените постови на нивните Фејсбук и Инстаграм профили... Ова е само едно мало парче од нивниот „ѕид на плачот“, но и од нашиот „ѕид на срамот“... На сите нас како народ што дозволивме да завршиме како „забегано општество“ во кое психопати и убијци, монструми и крвници слободно се шетаат со окрвавени раце, а некои од нив да бидат во одреден период и инволвирани длабоко во власта. Почивај во мир Вања, нека ти е светол патот мал ангелу и прости ни, ако можеш... Ако прошка воопшто и заслуживме!   Фото: Социјални мрежи/Facebook/ Instagram/]]>

Шакира повторно на суд: Kолумбиската пејачка се соочува со сериозни обвинувања (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-povtorno-na-sud-kolumbiskata-pejachka-se-soochuva-so-seriozni-obvinuvana-foto/ Wed, 27 Sep 2023 07:34:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319865

Колумбиската пејачка Шакира се соочува со нови обвиненија. Шпанското обвинителство сега ја обвини за измама на државата од 6,7 милиони евра во 2018 година. Веќе се очекува да и се суди во Барселона во ноември поради случајот со неплаќање данок од 14,5 милиони евра за периодот од 2012 до 2014 година. Таа цело време ја негира вината, а во случај да биде осудена може да се соочи со 8 години затвор. Во новите обвиненија, обвинителот тврди дека пејачката не пријавила профит од 12,5 милиони долари во 2018 година како аванс за нејзината светска турнеја „Ел Дорадо“. Обвинителите тврдат дека таа престојувала во Шпанија и затоа била обврзана таму да плаќа даноци на нејзиниот приход, без оглед на тоа каде е заработен. Наместо тоа, таа, наводно, ги пренасочила парите кон „компании со седиште во земји со ниски даноци“. Шакира е обвинета и дека не платила 5,4 милиони евра данок на доход, а се проценува дека должи шест милиони откако ќе ги земе предвид пресметаните камати и доброволните плаќања. Таа е обвинета и за измама на државата од 773.600 евра данок на богатство, што резултирало со долг од 625.190 евра. Адвокатскиот тим на Шакира рече дека таа не добила никакво известување за новиот случај во Мајами, каде што сега е сместена. Фото: Принтскрин/Епа-Ефе]]>

Осуден Дарко Лазиќ – еве каква казна доби пејачот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/osuden-darko-lazik-eve-kakva-kazna-dobi-pejachot-foto/ Tue, 12 Sep 2023 11:18:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317642

Пејачот Дарко Лазиќ е законски осуден на парична казна од 190.000 динари и 10 месеци забрана за управување со возило од Б категорија за два сообраќајни прекршоци што ги направил на крајот на август годинава. Според неофицијални информации од медиумите, полицијата и пејачот не поднеле жалба на оваа пресуда, па таа станала правосилна. Да потсетиме, Лазиќ на 23 август предизвика сообраќајна несреќа на автопатот во Белград, кога одзади налета на комбе со БМВ-то што го управуваше. Како што тогаш пишуваше Информер, во текот на истрагата на полицајците им покажал возачка дозвола издадена во Чешка бидејќи претходно му била одземена српската. Инаку, на Лазиќ му е одземена возачката дозвола поради големиот број казнени бодови, а му е забрането да вози до февруари 2024 година Фото: Немања Николиќ/ Петар Алексиќ]]>

Миљана Кулиќ му се врати на стариот порок: „Задругарката“ уловена на дело (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/milana-kulik-mu-se-vrati-na-stariot-porok-zadrugarkata-ulovena-na-delo-foto/ Mon, 08 May 2023 12:23:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301069

Миљана Кулиќ беше дисквалификувана во шестата сезона на реалното шоу „Задруга“, а со оглед на тоа дека на ТВ „Пинк“ ќе треба да и плати сума од 100.000 евра, тие пари очигледно се обидела да ги собере со коцкање во надворешниот свет. Миљана е снимена со автомат, а пред тоа објави видео со синот Жељко и момчето Ненад Мачановиќ Бебица. Кулиќ седела кај машината, а како што можеше да се види на видеото, таа ставала десетици банкноти од 2.000 во машината. Да потсетиме, Миљана Кулиќ неодамна беше дисквалификувана од „Задруга 6“, а пред да влезе во реалното шоу, во Турција направи операција за намалување на желудникот, по што нејзината здравствена состојба се искомплицира, па беше во Ургентниот центар на лекување денови. Фото: Принтскрин/ТикТок]]>

Лазаров му порача на Марјан – Доказ дека правдата на крајот секогаш доаѓа: “Гледај да не спиеш сега ти со мажи во затвор за спас, славен веќе си“ https://arhiva.vistina.com.mk/lazarov-mu-poracha-na-marjan-dokaz-deka-pravdata-na-krajot-sekogash-doaga-gledaj-da-ne-spiesh-sega-ti-so-mazhi-vo-zatvor-za-spas-slaven-veke-si/ Wed, 05 Apr 2023 10:27:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296660

На таканаречениот новинар на самопрогласениот медиум „ДоказМ“,  Марјан Стаменковски,  првостепениот суд експресно му пресуди за сите „гнасотии“ што јавно ги објавуваше, меѓудругото и за познатите личности, крадејќи цели авторски текстови од останатите релевантни портали меѓу кои и Вистина.ком.мк, на кои им лепеше вулгарни „порно“ наслови и додаваше измислени компромитирачки содржини... Колку за пример: Ова е оригиналниот текст и наслов на еден од нашите написи... Додека ова се пиратираните копии на „Доказ М“, украдени истиот ден, со сопствено додадени гнасотии, најчесто само во насловот, но понекогаш и во содржината. Изрекувајќи му казна од три години и еден месец затвор на Стаменковски, тој меѓу останатото е осуден за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци. За злоупотребата на личните податоци доби казна и од 5 илјади евра. Судот му забрани да регистрира домеин или да биде сопственик на портал следните 10 години, а и порталот Доказ ќе престане да постои бидејќи Стаменковски е негов сопственик. По казната, колку тоа сурово и да звучи, на многумина „им олесни на душата“ зашто познати естрадни личности, пејачки, манекенки, мисици, модели, новинар(к)и, ТВ лица... „немаа дерман“ од измислиците на „великиот новинар“ кои го уриваа нивниот углед и интегритет, ја валкаа нивната личност, нарушуваа приватноста, ги загрозуваа нивните семејни односи... Еден од многумината кој  „изгорел“ од насловите и написите  на споменатиот „креативец“, е и јутјуберот Стефан Лазаров, кој по објавувањето на пресудата, како едвај да дочека да му испорача пост на своите Инстаграм приказни со содржина која допрва осудениот ќе има време да ја анализира. Дали тоа кармата е кучка, па правдата можеби е спора, ама на крајот секогаш доаѓа, ДОКАЗ е епилогот на целата приказна во која кармата „докажаниот“ го стигна. Стефан Лазаров само го начекал моментот  да го потсети на старата поговорка: „Кој за меч се фатил, од мечот и завршил“, па на свој начин на „пријателот“ со судска пресуда  му порачал: „Еден од насловите за мене. А буквално за секој од јавните личности имаше напишано страшни гадости и лаги. Искрено, сметам дека 3 години се малку. А јас сум се смеел на вакви работи, ама знам дека има уништено фамилии со лажни информации. На крајот правдата секогаш доаѓа, дали на ваков или онаков начин. Поздрав пријателу, гледај да не спиеш у затвор ти со мажи сега за спас, славен веќе си“ - му порача во постот Лазаров на Марјан - Доказ. Фото: Принтскрин ДоказМ/ Вистина.ком.,мк/ _lazarovv  ]]>

„Го изгубив стариот живот“: Раперот Ша откри колку го чинеше врската со Тара Симов (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/go-izgubiv-stariot-zhivot-raperot-sha-otkri-kolku-go-chineshe-vrskata-so-tara-simov-foto/ Mon, 20 Mar 2023 10:56:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294139

Раперот и поранешен задругар Ненад Алексиќ Ша откри како неговото учество во реалното шоу „Задруга“ влијаело на неговиот приватен живот. Познато е дека Ша се развел поради неговата врска со Тара Симов во Белата куќа. Ненад овој пат откри дека ѝ ја платил казната на Тара од 50.000 евра, но дека не жали толку колку за неуспехот и пропаѓањето на бракот. – Потпиша казна од 50.000 евра за лично да и платиш на Тара – рече Далила. - Тоа не е ништо во споредба со она што го изгубив поради тоа што се случи во  реалното шоу. Тоа е премногу сериозна бројка, но во споредба со она што го изгубив со потпишувањето на документите за развод, тоа не е ништо! Сакав да останам чист кон сите - изјави Ша. - Ако некој ви рече: „Еј, плати 50.000 евра за да си го вратиш стариот живот“, дали би платил? - праша Далила. - Не, не сакам да ми се врати стариот живот. Го изгубив стариот живот, сега повторно се пронајдов себеси и пак сум стариот Ненад. Тоа е една премногу сериозна животна лекција – рекол раперот. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Џорџина направи скандал: Сопругата на Роналдо мора да плати казна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dhordhina-napravi-skandal-soprugata-na-ronaldo-mora-da-plati-kazna-foto/ Fri, 03 Feb 2023 13:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287348

Со заминувањето во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо доби неколку привилегии на сметка на строгите закони во таа земја, заедно со неговата невенчана сопруга Георгина Родригез. Сепак, фактот дека тие не можат да одат против сите правила покажува и следниот случај кога Џорџина се облекла несоодветно за саудиските закони. Излегла на вечера со Роналдо и го прекршила кодексот на облекување со тесен фустан. Наместо да го покрие целото тело, како што е закон во таа земја, Џорџина облекла тесен, проѕирен и краток фустан, со што го прекршила правилото и се соочила со дополнителна казна. Бидејќи ова и е прв прекршок, ќе плати казна од 100 риали, што е нешто повеќе од 25 евра. Ако продолжи да ги крши законите, ќе мора да плати двојно повеќе. Фото: Принтскрин/Епа/Ефе/Твитер]]>

По тепачката со сестра и Едита, Инди во нова неволја: Пејачката фатена без возачка, казната парична или затвор и нова забрана (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-tepachkata-so-sestra-i-edita-indi-vo-nova-nevolja-pejachkata-fatena-bez-vozachka-kaznata-parichna-ili-zatvor-i-nova-zabrana-foto/ Wed, 01 Feb 2023 11:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286872

Пејачката Индира Арадиновиќ Инди утрово била запрена од сообраќајната полиција по што и е поднесена и е прекршочна пријава за возење без возачка дозвола, која пред неколку дена и била одземена. Пејачката била запрена во белградската населба Карабурма, каде што таа живее.  Според сознанијата добиени од полицијата, претходно на  три месеци и била одземена возачката дозвола. Според законот, за ова дело е предвидена казна затвор од најмалку 15 дена или парична казна од 100.000 до 120.000 динари (околу 50-60.000 денари) и 14 казнени поени. Заедно со овие мерки следува и нова забрана за возење од најмалку осум месеци. Да потсетиме, минатата недела изби голем скандал кога во медиумите се појави видео од тепачката меѓу сестрите Инди и Едита Арадиновиќ. „Не можам да зборувам за самата причина за конфликтот и за активирањето на истиот. Премногу е интимно. Веднаш потоа со Едита отидовме на кафе, мама беше со нас, не прегрна и бакна“ - кусо изјави тогаш Инди. Фото: Илустрација/Инстаграм принтскрин/indy_ara_indira
]]>

Хаос во „Задруга“ откако големиот шеф ја донесе најстрогата казна досега https://arhiva.vistina.com.mk/haos-vo-zadruga-otkako-golemiot-shef-ja-donese-najstrogata-kazna-dosega/ Mon, 19 Dec 2022 11:21:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280684

Душица Јаковљевиќ откри дека покрај намалувањето на буџетот, задругарите биле казнети и со одземање на правото да се видат со нивните семејства. Имено, откако Зорица Марковиќ го прочита писмото на Големиот шеф со кое задачата „Лисицата на судбината“ беше прогласена за неуспешна, следеше жестоката одлука на големиот шеф, а нема сомнеж дека ќе направи хаос во Белата куќа. - Тоа што нема да го добијат е она што го посакуваат апсолутно сите. Тоа е она што се плашат дека нема да го добијат. Годинава семејствата на задругарите нема да дојдат за Нова Година. Тие се самите виновни - најави Душица. Да потсетиме дека во текот на вечерта Големиот шеф ја прогласи задачата „Лисицата на судбината“ за неуспешна затоа што на повеќето парови не им ставиле лисици за време на задачата, како и затоа што била украдена тетратката на контролорот. Задругите беа казнети со кратење на буџетот. Но, тоа не е се’. Казнени се и Александар Зауер, диџеј Тамарис, Дама Ѓогани, Микица Бојаниќ, Лепи Миќа и Софија Уна Маниќ поради спиење по вечерното будење. фото:Јутјуб Пинк/принтскрин Задруга]]>

„Шокирани сме“: Семејството на покојниот Шаулиќ револтирани од судската казна за причинителот на сообраќајката во која почина Шабан https://arhiva.vistina.com.mk/shokirani-sme-semejstvoto-na-pokojniot-shaulikj-revoltirani-od-sudskata-kazna-za-prichinitelot-na-soobrakjajkata-vo-koja-pochina-shaban/ Fri, 21 Oct 2022 10:36:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272424

Само што семејството Шаулиќ го ожени Михајло, стигна и не баш пријатната вест. Имено, причинителот на сообраќајката во која загина кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, Турчинот Алсин Левент, судот во Германија ја намали казната за три месеци поради тоа што судскиот процес траеше долго. Алсин прво беше осуден на три години и три месеци затвор, а таа казна, според многумина, не била задоволителна. Семејството Шаулиќ сега првпат се огласи по скандалозната одлука на Окружниот суд во Гитерслох, пишува „Република“. - Шокирани сме од информацијата. Не затоа што Шабан беше голема ѕвезда, туку затоа што беше сопруг, татко, дедо... Поднесовме жалба и не сакавме да одиме на судење затоа што не ни се допаѓа. Не можеме да разбереме дека германскиот правосуден систем не го почитува човечкиот живот - се вели во соопштението на семејството Шаулиќ. Гордана Шаулиќ после се’ е присебна. - Видов, што да ти кажам? Толку е мизерно, но самиот суд е мизерен. Под секаква чест, хуманост и достоинство е за два животи и еден инвалид, страшно! И ова сега... На стартот ни ја одбија жалбата, затоа што баравме повеќе, се жалеа, па го очекувавме овој исход - истакнува Гоца за „Пинк“. - Знаете како, знаев дека најверојатно ќе го сретнат, тој сепак е нивни граѓанин, на тоа се сведува се’. Сепак, единствено што можам да кажам е одредено задоволство е тоа што еден германски весник на најчесен и најправилен начин напиша дека ова е срам и срам за германското правосудство. Ќе морам да разговарам со адвокат, но мислам дека немаме дополнителни жалби. Колку и да очекуваш некои работи, пак те удираат. Што значи тоа, влегуваш во кола издрогиран, пијан, без возачка дозвола, со два-три пати поголема брзина и убиваш две лица и едно осакатуваш, тоа покажува дека системот дозволува секој да убие некого, а не да го држат одговорни за тоа. Една голема трагедија што ги снајде три семејства, можев се да кажам, но еве, не сакам да кажам нешто сега што не треба. Кобната сообраќајна несреќа се случи на 17 февруари 2019 година на автопатот кај градот Гитерслох. Пијан возач удрил одзади автомобил во кој биле Шабан Шаулиќ, Мирсад Кериќ и Слободан Стојадиновиќ. фото:Лука Шарац/АТА Images]]>