казино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Nov 2023 15:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png казино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Евроамбасадорот Гир ја потврди злоупотребата на европското знаменце со кој се турка и Законот за игри на среќа https://arhiva.vistina.com.mk/evroambasadorot-gir-ja-potvrdi-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse-so-koj-se-turka-i-zakonot-za-igri-na-sreka/ Thu, 09 Nov 2023 15:58:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326274

На денешната прес-конференција евроамбасадорот Гир потенцираше дека во контекст на Собранието извештајот забележува прекумерна и некогаш несоодветна употреба на забрзаните процедури, повикувајќи на основното начело дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласат со ЕУ нормите и стандардите, а не да се скрати дебатата за важни прашања. Длабоко сме загрижени што и покрај апелите од Европската Унија да не се врши злоупотреба на европско знаменце за скратување на дискусија при носење важни закони праксата во нашата држава продолжува и тоа за предлог Законот за игри на среќа кој ќе и нанесе непоправливи штети на нашата земја. Слична беше препораката и во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија за 2022 година каде се истакнува дека „Потребно е правилно планирање и консултации за да се ограничи употребата на скратени постапки за да се овозможи ефективна контрола и разгледување на законодавството“, но властите во нашата земја за жал остануваат глуви на препораките кои не се во нивна корист. Иако ЕУ во Извештајот за напредокот на Северна Македонија објавен во 2021 година, забележа дека „Суштинските закони се носат по скратени процедури и со знамето на ЕУ што го скратува рокот за дебата“, државата упорно продолжува да го турка предлог Законот за игри на среќа кој ќе остави катастрофални последици за целото општество со тоа што повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректно поврзани граѓани со индустријата ќе останат без приход и работа, а државниот буџет без повеќе од 280 милиони евра. Посочуваме и дека евроамбасадорот Гир на почетокот на годината кога АСОМ се обрати за поддршка од ЕУ, јасно апелираше дека европското знаменце треба да се употребува само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавната дебата при носењето на важни закони. Нашата Асоцијација во повеќе наврати истакна дека Законот за игрите на среќа и забавните игри не подлежи на обврска за усогласување со донесена ЕУ Директива. Членките на Европската унија немаат усогласено и донесено Директива која е правно обврзувачка за членките на Унијата и која истовремено ќе преставува обврска за пристапните членки на ЕУ да ја транспонираат таа директива во сопственото законодавство. Бараме Владата да ја послуша јасната порака која доаѓа од Европската Комисија и да престане со деструктивни чекори да ја уништува иднината на државата. Како Асоцијација бараме и итно повлекување на предлог Законот за игри на среќа кој насилно се турка со европско знаменце.]]>

По низата скандали, итно бараме да се поништи незаконскиот јавен повик на Државна лотарија за приредување на онлајн игри на среќа https://arhiva.vistina.com.mk/po-nizata-skandali-itno-barame-da-se-ponishti-nezakonskiot-javen-povik-na-drzhavna-lotarija-za-prireduvane-na-onlajn-igri-na-sreka/ Wed, 08 Nov 2023 12:03:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325994

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) итно бара да се поништи јавниот повик на Државна лотарија за основање на три трговски друштва за приредување на онлајн игри на среќа, бидејќи истиот ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. По објавените скандали во медиумите за работата на Државна лотарија и влезот на Финансиската полиција во ова акционерско друштво за приредување на игри на среќа, се потврдија нашите предупредувања, дека тендерите на Државна лотарија се незаконски и дека зад нив се кријат владини интереси. Овој јавен повик го спориме од самиот почеток бидејќи беше донесен тајно и на мала врата, комплетно нетранспарентно и беше очигледно дека е креиран и веќе договорен за странски компании. Во повикот на кој не учествуваше ниту една членка на АСОМ се бараше искуство во приредување интернет игри на среќа во период од најмалку 3 години од денот на поднесување на понудата, искуство од најмалку 8 години во развој, поддршка и маркетинг на интернет платформа за игри на среќа и содржини на игри во две држави во Европа од кои една на Балканот и 40 милиони евра приход само од интернет игри на среќа. Повеќе од јасно беше дека овој повик е наменет за странски договорени компании бидејќи државата веќе десет години ги дискриминира домашните компании и не им дозволува да организираат игри на среќа на интернет, преку неносење на подзаконските акти кои ги пропишува постоечкиот закон. Дополнително, физибилити студијата со која се правда потребата за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа беше откриено дека е потпишана од неовластен проценувач, што уште еднаш докажува дека се работи за нерелевантен документ, за кој очекуваме да реагираат надлежните институции. Објавените информации во медиумите за наместените тендери на Државна лотарија ја потврдија нашата теза дека новиот предлог Законот за игри на среќа се турка во Собрание за да се направи обид  да се озакони незаконскиот тендер на Државна лотарија, во услови на низа неправилности во Државна Лотарија, кога Финансиската полиција го чешла нејзиното работење. Сега веќе целосно излезе на виделина дека новиот предлог Закон за игри на среќа и незаконската Владина одлука за основање на три нови друштва за приредување на интернет игри на среќа крајна цел е преземање на Владата на бизнисот со игри на среќа, а не заштита на малолетниците како што тоа се претставува во јавноста. Токму затоа итно бараме пратениците да го отфрлат новиот предлог Закон за игри на среќа кој ќе значи крај на легалната индустрија на игри на среќа и инсистираме да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата. Јасно истакнуваме дека нема да дозволиме Владата да изврши упад во бизнисот со игрите на среќа и да затвори една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра и вработува над 10.000 лица. Веруваме дека надлежните институции професионално ќе ја завршат својата работа и дека на виделина ќе излезе вистината за незаконското работење на Државна лотарија кое нанесува штета на целата држава.]]>

АСОМ со писмо до пратениците: Заштитете го сопствениот народ, не работете во корист на скриени владини интереси https://arhiva.vistina.com.mk/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/ Tue, 31 Oct 2023 09:55:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324644

Кажете СТОП на неевропскиот и неуставен предлог Закон за игри на среќа и заштитете го сопствениот народ, порача Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во писмото кое го упати до пратениците од Комисијата за европски прашања.
„Предупредуваме дека овој закон ќе донесе катастрофални последици за целото општество со тоа што повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректни работници ќе останат без приход и работа. Станува збор за ваши сограѓани чија поддршка во изборниот процес сите ја баравте ветувајќи подобри услови за живот во нашата земја. Сега овие луѓе кои плаќаат кредити, ја планираат својата иднина и иднината на своите деца, ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза.“- истакнува АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата посочува дека новите предлог- измени ќе предизвикаат непоправливи економски штети за целата држава бидејќи ќе придонесат за затворање на една важна индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од над 280 милиони евра. Се истакнува дека апсолутно се неприфатливи предлог измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците.
„Веруваме дека и самите вие сте свесни дека местото на овој закон не е во Комисијата за европски прашања и дека се прави сѐ овој неевропски закон насила да се избутка. Дека нашиот став е издржан и правилен укажува и фактот што вие како Комисија за европски прашања при Собранието на РСМ во заклучокот од одржаната седница по предлог текстот на законот му укажувате на Собранието посебно да го оцени аспектот за усогласеноста со ЕУ легислативата.“- потенцираат од АСОМ.
Од АСОМ посочуваат дека Собранието на РСМ нема преземено обврска за усогласување со препораките на ЕУ, па од таа причина означувањето на предлог текстот на законот со ЕУ знаменце е со целосна спротивност и со усвоените акти на Собранието за преземената обврската за усогласување со ЕУ легислативата.
„Ве повикуваме вас како Комисија за европски прашања да ги заштитите граѓаните на оваа земја и да го отфрлите овој закон кој е фатален, ја стимулира сивата економија и поттикнува криминални активности, што се покажа како пример во нашето соседство. Живееме во демократска земја во која на недемократски начин насилно се турка предлог законот кој е создаден без дебата и без консултација со претставниците на игри на среќа, далеку од очите на јавноста без да се земе во предвид мислењето на експертите и познавачите на индустријата. Немојте да бидете дел од овој заговор и немојте да поднесете одговорност за донесувањето на закон кој не е во корист на нашата земја.“- велат од АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата предупредува дека овој закон веднаш штом ќе стапи на сила ќе донесе катастрофални последици за вработените во индустријата на игри на среќа, и ги повикува пратениците да не бидат заложници на нечии интереси, да реагираат на време и да ги заштитат граѓаните кои им ја доделиле сопствената доверба.
„Во повеќе наврати повторивме дека бараме итно повлекување на законот, формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски и функционален закон, но наидовме на молк.“- истакнуваат од АСОМ.
АСОМ во писмото јасно посочува дека нивен интерес е самата индустрија да напредува, играчите и малолетниците да се заштитени и едуцирани, а легислативата да се европеизира.
„Апелираме до вас да имате слух за нашите барања и вашата одлука во врска со овој закон да ја донесете врз база на факти, раководејќи се од поривот да направите добро за граѓаните кои ги претставувате, а не да работите во корист на скриени владини интереси.“
Асоцијацијата во писмото потсети на нивниот предупредувачки собир пред Собранието преку кој покажува колку се сериозни во своите намери да се спречи носењето на штетниот предлог закон.]]>

Од „Ѕвездите на Гранд“ до спој со Анастасија Ражнатовиќ – македонската кандидатка во друштво на ќерката на Цеца (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/od-dzvezdite-na-grand-do-spoj-so-anastasija-raznatovikj-makedonskata-kandidatka-vo-drushtvo-na-kjerkata-na-ceca-foto/ Fri, 03 Jun 2022 08:07:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252944

Како се наближува финалето на популарното регионално шузичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, така се повеќе се слуша и зборува за македонската кандидатка Андријана Петрушовска која е се ‘ поблиски до главната вечер за која е таму уште од почеток. Дека одлично и оди и на последните снимања покажува тоа што таа повторно беше во Белград, каде случајно или не, се спои со ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија.
Нивна заедничка фотографија осамна на профилот на Андријана, а девете се заедно во казино. Андријана се пофали со овој момент, па јасно е дека учеството во ова популарно шоу ја носи и до познатите музички ѕвезди во Србија. Дали играле на апарати или фрлиле коцка, не покажаа фото- момент, но штом беа таму, веројатно и се препуштиле на забавата и си ја пробале среќата. Инаку покрај одличниот настап, Андријана секоја емисија во музичкото шоу внимание остава и со своите впечатливи стајлинзи, особено сега кога таа беше облечена како „cat woman“. Налик на ликот од филмовите за Бетмен – „човекот лилјак“, македонската „бет убавица“, покрај вокалот уште еднаш покажа, со каков телесен раскош располага.
Покрај тоа, Андријана веќе има договорени настапи низ Македонија кои ги најавува на Инстаграм, а работи и на нова песна и спот.]]>

„Ќе немам ни за леб“: Наташа Беквалац проговори за бизнисот и вилата која ја издава за 800 евра https://arhiva.vistina.com.mk/kje-nemam-ni-za-leb-natasha-bekvalac-progovori-za-biznisot-i-vilata-koja-ja-izdava-za-800-evra/ Thu, 02 Jun 2022 08:07:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252816

Пејачката Наташа Беквалац признава дека и покрај работата и изнајмувањето на прекрасна вила во Ченаи за 800 евра дневно, не успева да заштеди пари. - Да бидам искрена, трошам толку многу пари што не знам како напредува, се е толку лудо. Што се однесува до летото, два месеци ќе го реновирам станот, а месец и пол ќе бидам со моите ќерки на многу убави дестинации - рекла Наташа, а пејачката открила дали има кутија за „црни денови“
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

- Не, не дај Боже да се случи нешто, па буквално нема да имам ни за леб. Мојот однос кон парите не е променет. - Метафорично да. Кога станува збор за коцкањето, неколку пати го почувствував тој шарм и мислам дека многу лесно, ако го правам тоа континуирано, не можам да излезам од казиното. Не ми се допаѓа како порок, но секогаш вреди да се коцка како забава,вели пејачката. фото:Инстаграм Наташа Беквалац]]>

Знаат (зо)што плаќааат: Едно од најпознатите американски казина на Станија и нуди милион долари, за силиконската убавица да биде едно од нивните заштитни лица! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/znaat-zo-shto-plakjaaat-edno-od-najpoznatite-amerikanski-kazina-na-stanija-i-nudi-milion-dolari-za-silikonskata-ubavica-da-bide-edno-od-nivnite-zashtitni-lica-foto-video/ Mon, 09 May 2022 11:30:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249410

Познато е дека Станија Добројевиќ со години живее на релација Србија-Америка, нејзиниот живот наскоро радикално ќе се промени, а старлетата ќе треба да ја донесе најважната животна одлука, по што можеби засекогаш ќе ги напушти границите на Србија. Имено, како што открива извор близок до Добројевиќ, таа неодамна добила понуда да биде заштитно лице на едно од најпознатите американски казина, а сопствениците се подготвени да искешираат дури милион долари за петгодишна соработка.
„Животот на Станија е полн со предизвици и промени, но никогаш не се нашла во ваква тешка ситуација. Таа моментално престојува во Америка, а големи се шансите наскоро и трајно да се пресели таму“ - рекол изворот, и открил што ја навело Станија до таква одлука.
„Таа доби понуда од едно од најпознатите американски казина да биде едно од нивните заштитни лица. Кога првпат отишла во САД како студент, Станија работела како крупие во казина и со години била успешна во тој бизнис. Таа е привлечна, добра е во комуникацијата со луѓето, а исто така умее и со парите. Искусна е во бизнисот и се смета за идеална за оваа позиција. Откриле дека е дистрибутер на американска компанија која се занимава со препарати за слабеење и решиле да и дадат понуда која не се одбива, за трајно да ја задржат во Америка“ - изјавил соговорникот  раскажувајќи ги деталите.
„Неодамна имаа официјална средба на која и понудија идеални услови. Доколку потпишела договор, би била обврзана да живее во Америка најмалку пет години, за што би добила огромна сума пари. Нејзината годишна плата би била 200.000 долари, а бидејќи се работи за петгодишен договор, во тој временски период би заработила милион долари“ -  открил соговорникот кој додава дека доколку Станија потпише договор со американска компанија , нејзината љубов со Марко Марковиќ нема перспектива. „Станија се уште не ја прифатила понудата, размислува за тоа, бидејќи е свесна дека мали се шансите да и успее врската со Марко доколку се пресели во Америка. Веќе еднаш  бил одбиен за виза, а доколку тоа се повтори, тоа би било крај на нивната врска. Ова е одлука која може да и го промени животот, со тие примања би ги обезбедила себе си и семејството, а  за донесување на одлуката нема многу време за размислување“ – заклучил соговорникот.
Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic
]]>

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година https://arhiva.vistina.com.mk/osvoila-nad-200-000-evra-vo-kazino-vo-francija-za-nova-godina/ Mon, 03 Jan 2022 13:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233576

Жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, Бретања, Франција… Инаку, како што изјави вчера директорот на казиното, 40-годишничката ставила само 80 евроценти во автоматот. – Таа е почетничка со коцкање и автоматите, и била на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра – што е втор најголем џекпот во ова казино од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години!, изјави директорот на казиното „Бариер“ (Barrière), Франсоа-Стефан Верне. Тој раскажува и како луѓето честопати и не сфаќаат што им се случува во такви мигови. – Жената беше „малку изненадена“… Ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ, рече тој. Во истото казино, во 2011 година, играч освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи. извор: Курир.мк]]>

Лепа Лукиќ ги „списка“ сите пари од државната помош на комар: Фолк легендата штом ги добила, ги потрошила сите 90.000 динари во казино https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-lukikj-gi-spiska-site-pari-od-drzavnata-pomosh-na-komar-folk-legendata-shtom-gi-dobila-gi-potroshila-site-90-000-dinari-vo-kazino/ Tue, 20 Apr 2021 10:22:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199738

 За легендарната српска фолк пејачка Лепа Лукиќ (81)  се зборува дека се коцка поголемиот дел од својот живот. Последните години претежно во казиното на Теразије, а сега се вели дека на овој порок ја „потрошила“ и државната помош од 90.000 динари што ја доби како естраден уметник заради коронапандемијата. Имено, споменатата помош им беше дадена на сите што уживаат статус на независни уметници во Србија и штом мерките малку се олабавија и се отворија казината, Лепа отишла право во едно од нив. Играла она што обично го прави - блек џек и покер, малку добила малку изгубила, но не била премногу нервозна. Познато е дека Лепа има канадска пензија и дека не мора да се грижи за стабилен месечен приход. На крајот, сума сумарум, таа отиде дома речиси со празни раце. Сепак, таа воопшто не ја загрижуваше, бидејќи во текот на годините на нејзината кариера можеше да заштеди, па затоа не е во криза, а истовремено има и канадска пензија“ - изјавил извор близок на фолк легендата за српски Курир. Фото: Инстаграм принтскрин: lepa_lukic_official

Зоки – Фаци распука по македонските јавни лица: „Пејачките денес имаат секс за сок и тост!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-faci-raspuka-po-makedonskite-javni-lica-pejachkite-denes-imaat-seks-za-sok-i-tost-video/ Wed, 03 Feb 2021 08:48:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187928

Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки - Фаци, познат македонски естраден новинар кој  нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ... Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања, но и по контроверзниот начин на ооднесување, облекување, живот... Oсобено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „плесне в лице“ пред камера или зад неа, сеедно... До душа,  „му го плескале“ и нему, но никогаш ниту се налутил, ниту изреагирал непријателски, напротив... Секогаш се водел по максимата: „Не сум толку несериозен, работите да ги сваќам сериозно“, па затоа можеби и толку долго опстојува во јавниот живот иако повеќе не во професијата. Имено, Зоки- Фаци од пред една година работи во маркетингот и го работи ПР-от на најпознатото и најголемо казино во Македонија, кое покрај она на излезот од Гевгелија, на самиот граничен премин со Република Грција, лани отвори и во Скопје, во срцето на градот, на самиот плоштад Македонија, во големиот хотел на истата локација. Фаци деновиве му беше гостин на младиот колега Стефан Лазаров кој го „провозе“ во своето „драјв ток шоу“, па го „протресе“ со прашања на кои Зоки не одолеа да не даде „сочни“ одговори кои ќе ја заскокоткаат јавноста, а некои од јавните лица ќе ги изнервираат, налутат, шокираат, запрепастат... „Светските ѕвезди направија кариера не само од песните туку од многу други нешта, како голотијата, на пример... Една Мадона или Џеј Ло, еве сега на пример, на 50 и кусур години гола снимаше спот... Добро и Тамара кај нас се соблече своевремено за календарот на еден познат наш бренд за вода, ама јавноста ја исплука. А жената беше баш убава, згодна, млада... Што и фалеше? Ама ете, мора да биде проститутка зашто се соблекла гола! А оние што работат во банка и обложувалница, тие не се  е*ат, тие се фини девојки? До душа за тие пари јас би се соблекол и пиштол гол, и тоа качен на коњ“ - му објаснуваше Фаци на младиот колега, за тоа како се станува ѕвезда и како голотијата кај нас се доживува! Во својата новинарска кариера, наводно  заради својата отвореност добил и ќотек, односно бил сериозно истепан, особено кога пред 10-ина години беше начекан навечер пред неговата зграда од две маскирани лица и удрен со шипка во главата, а медиумите и истрагата подоцна тоа го третираа како обид за убиство!? „Никогаш не го фатија сторителот, иако се шушкаше кој е во прашање, ама ете... Паднав во бесознание и кога се освестив, бев сиот облеан во локва крв, а ме најде соседот. Но, тоа не ме обесхрабри, јас продолжив емисијата да си ја работам со љубов и се' што обајвував во неа беше вистина, иако жолтиот печат понекогаш знаеше тие настани да ги преувеличи“ - раскажува Фаци за своето ТВ искуство. На прашањето дали во Македонија постојат ѕвезди, Зоки- Фаци категорички тврди: „Не! Последна ѕвезда во Македонија беше Тоше Проески! Имавме можност и сакавме да направиме вистинска естрада како што имаат една Србија или Бугарија, ама нашиве пејачки како Калиопи или Елена Ристевска се 'стерилни'. На пример, кога Елена Ристевска се мажеше, прв земав камера, снимав дело од атмосферата, а кога се разведе, ја снема и буквално го исклучи телефонот, зашто тоа е приказна која не смее да се раскаже во јавноста!? Фаци смета дека во Македонија нема класични старлети како Сораја во Србија да речеме, иако тврди дека некогашното момче на Александра Накова кога била млада и анонимна, му пришло на маса во еден локал и му дало 500 евра со зборовите: „Ти создаваш познати, сакам од ова девојче од Гевгелија да направиш ѕвезда“, па Александра Накова е тоа што е денес, тврди Фаци, кој распука по денешните млади пејачки: „Ма врска немаат... Денес тие се е*ат за сок и за тост... За една пијачка!“ - тврди контроверзниот Фаци, кој има своја теорија зошто еден Влатко Лозаноски не може да го наследи Тоше или зошто момчињата од „2 Бона“ во своите спотови го имаат сето она што приватно го немаат, а не пропушти да го искоментира и можеби единствениот поконтроверзен јавен лик од него, Боки 13-ка: „Ми се јавува едно утро Бокица кога ја правеше '1 ТВ' и ми вика: Зоране, јас тебе ич не те сакам, ама ти ја  почитувам професионалноста и твојот труд. Ајде дојди во телевизија да се договориме да правиш емисија. Во денешно време генерално не постои морал. Отвори Инстаграм и види дали има една морална девојка? А во последно време и мажи! Тие се полоши, тие се прифаќаат...“ - тврди Фаци убедувајќи не дека тоа е реалноста. Што се уште му раскажа поискусниот колега на младиот водител, а преку  видеото на неговиот Јутјуб канал и на целата јавност, погледнете од видеото во кое е содржан разговорот на Зоки - Фаци и Стефан Лазаров. https://www.youtube.com/watch?v=jMW3nQgCnDs    ]]>

Лепа Брена доживеала нервен слом поради она што го направиле синот и идната снашка во Монако https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-doziveala-nerven-slom-poradi-ona-shto-go-napravile-sinot-i-idnata-snashka-vo-monako/ Mon, 06 Jul 2020 10:23:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157234

Лепа Брена била непријатно шокирана поради синот и потенцијалната снашка! Фолк sвездата ги покани наследникот Виктор Живојиновиќ и неговата девојка Сандра Миљаковиќ да и се придружат во Монако, каде има  стан, но не очекуваше дека ќе отидат во казино веднаш по слетувањето на аеродромот, каде што изгубиле дури 10.000 евра! - Ова е и прв пат на Сандра во Монако, таа сакаше да ја посети целата земја, но Виктор прво ја однесе во казино. Таа имаше почетничка со среќа и штом седна пред слот машини, таа доби над 3.000 долари! Ми рече дека скокнала од радост, но сè се смени кога Виктор отиде на рулет - вели пријателка на Сандра и продолжува: https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lepa-brena-spodeli-selfi-so-novata-snashka-sandra-rusokosite-bleskaat-foto/ - Виктор изгубил се’ што добила Сандра, но и сите пари што ги однеле во Монако! Таа ми кажа дека потрошиле околу 10.000 евра за пет часа во казиното! Со празни џебови се вратија во станот на Брена и Боба. Виктор побарал од неа да разговара со неговата мајка, затоа што бил убеден дека ќе биде поблага кон неа. - Сандра и објаснила дека тие најпрво добиле многу пари, а потоа изгубиле сè што донеле. Брена тогаш почнала да вика кон нив и се заканила дека ќе ги одведе назад во Белград со првиот авион. Сандра само молчела, никогаш не ја слушнала Брена како вика. Боба ја поддржал Брена, и му рекол на својот син дека треба да се срами. Виктор замолкна и тој ден не излегоа на друго место - вели изворот. Страстите не смилиле до следниот ден. Кога пејачката и снашката двајцата отидоа во Ница. Сандра ми кажа дека одлично се забавувале и дека и ветила на идната свекрвата дека никогаш повеќе нема да влезе во казиното - вели изворот за Еспресо.рс]]>